Форумџика на годината

Релација врска - брак !

Дискусија во 'Врски' започната од vodolija008, 4 мај 2012.

  1. vodolija008

    vodolija008 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите !
    Според мене- имам огромен проблем. Со дечкото сум веќе година и пол, а пред тоа некој месец само излегувавме. Преубаво ми е со него. Значи тој е СЕ што сум сакала од секогаш. ТОЈ е мојот принц на бел кољ. Никогаш не сме зборувале на темата брак со него, но дури сум со него, ми се омажија голем дел од другарките...одеднаш. (имам 22 год). Многу често сум размислувала како ќе биде со него, каква ќе биде нашата свадба, нашето дете. Многу го сакам. Пред некој ден започнав разговор на темава брак - ептен од околу - за да го видам неговото мислење. Но, разочарување. Тој кажа дека ете...ќе одиме. Но - индиректно кажа дека тој нема размислувано за брак со мене. Е СЕГА, ни јас не сакам утре да се земеме, но еден ден да. Супер би ми дошле некои утешувачки совети :).
    Се ќе направам само тој да биди мојот иден сопруг.
     
  2. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    не брзај сеште си мала.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    драга водолија,не вреди да си кроиш планови за некој кој очигледно не те гледа како негова сопатничка :!: .така само ќе се понижиш,а и набрзо ќе увидиш дека тој не таков каков што ти го перципираш,зошто совршен човек не постои!најдобро прекини ја врската со него ако не добиеш понуда за брак од него,и барај го соодветниот партнер!но,имаш уште време,млада си да стапиш во брак,но зависи кај сите е различно,ако се чувствуваш подготвено,зошто да не?
    но,гледај ги реално работите,зашто ова твоето е повеќе опсесија и идеализирање отколку љубов :emo:
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Не сум долго време во врска но имаме планирано заедничка иднина. Но во последно време имам одбивност кон бракот и мислам дека нема да се мажам.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    А како сакаш да ти одговорил? Ти 22, а тој ако е иста или само малку поголем од тебе, многу нормално дека прашањето за бракот му е нешто посериозно и посложено. И сигурно не само со тебе, туку со никој нема размислувано за брак. Не знам зошто брзаш. А ако е затоа што одеднаш сите другарки ти се омажиле, тоа не е причина да и ти веднаш сакаш/мораш да стапиш во брак. Бидејќи сите тоа го направиле одеднаш (џоа тренд :D) сега одеднаш и тебе ти текнало. И од дечко ти бараш нешто, абе ајде :D
     
  6. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Не е никаков проблем ова твоево а најмалку ОГРОМЕН.... преубаво ти е со него уѓивај не се напињај за ништо, најмалку за брак се што треба ќе си дојде на свое место. ако почнеш да се опседнуваш (а по муабетов почнуваш) со брак па уште и какво бебе ќе имате отиде јабана:@ ... уживај во времето и љубовта која ја делите меѓусебно ќе ти фалат овие моменти ако го изгубиш поради својата опсесија. :mm:
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @vodolija008 Тоа што ти посакуваш и што може да се случи во иднина не може никој да знае. Она што е најдобро во овој период е дека не се работи за никаков огромен проблем, туку за форсирање на врската со желба некогаш да прерасне во брак верувам поттикната од ситуацијата на другарките кои веќе го изговориле судбоносното ДА. Животот е пред тебе и дозволи си да ги живееш моменти што ти ги пружа без непотребни планирања за брачна заедница и дете. Тоа што дечкото индиректно ти одговорил на твоето прашање значи дека не е подготвен за толку сериозен чекор, а и ти не посакуваш поскоро тоа да се случи кажува многу за вашата моментална зрелост. И никогаш не го споредувај твојот живот со нечиј друг. Се ќе се подреди на свое место само кога ќе му дадеш време на времето зачинето со трпение.