1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и медицината

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 20 ноември 2016.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.311
    Дали верувате дека со молитва и вера може да се искорени тешка или пак неизлечлива болест ( да, неизлечлива - ја разбирам иронијата )?

    Дали сте се излечиле од некоја тешка или пак неизлечлива болест, само со верба во вашиот Бог и молитва?
    Ако не, дали познавате некој таков?
    Дали во овие случаи, предходно било поставено медицинска дијагноза ( спроведено испитувања т.е. писмен доказ ), или пак болниот сам си се дијагностицирал?
    И ве молам само вистински примери, а не ликови од Библија или пак со статии од квази - новинарски статии од интернет.

    Дали вие што им велите на поединци да не посетуваат лекар, туку верата ќе им помогне - дали вие го практикувате истото? Кои се вашите искуства?
    Дали истото би го препорачале на ваш близок, родител или дете?
    Дали ако детето ви е смртно болно, нема да го лечите , туку само ќе се молите, па ако загине, ќе си речете Бог така сакал - така требало да биде?
    Дали ќе превземете лична и морална одговорност за неговата смрт?
    Дали самите би се пријавиле да лежите затвор за небрежност кон детето?

    Ако има, кој е рецептот за тоа чудесно лекување?
    Бидете хумани и добри верници, па прецизно и точно споделете го за да помогнете на страдалниците, меѓу кои има бебиња, деца, сиромави...

    Моето мислење е дека молитвата помага при полесно справување со стресот и лошите мисли, ама не лечи.
    Исто така, не ја гледам ни логиката некој да те разболе, само да те падне на коленици и да те присили да му се молиш за да те оздрави ( инаку наречено садизам, и стриктно човечка карактеристика ). Секако, освен личното задоволство од чусвтвото на моќ.

    Од излечениве, ретко кој е со медицинска дијагноза.
    Од оние со дијагноза, кај психичките болести сметам дека е некој вид на аутосугестија и самопомош, во вид на молитва која им помага и лечи.
    Додека пак кај телесните болести, е самиот организам т.е. стагнација или повлекување на болеста.
     
    Последна измена: 20 ноември 2016
    На ♡BuBaLe♡, Dabria, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @Gosh јас не познавам некој тука на форумов што е религиозен да рекол да не се посетува лекар. Мислам сама си даваш слика колку си информирана за темата која ја отвараш.
     
    На Milobebence, sjdgo, Ishimaru и 8 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.436
    Пол:
    Женски
    Порано луѓето поќе религиозни биле, па лекари имало. Колку и да е некој религиозен, покрај терапијата, доколку си верува добро е и да си се моли, да оди на разговор со свештеник. Некој шо смета дека медицината треба да се отстрани само поради религија, е апсурдно.
    Дури и ете нахнадни информации од овој семестар, луѓето кога одат во болница, претежно кога се дијагностицирани со посериозна болест или се на смртна постела - стануваат многу порелигиозни и веруваат во Бог безразлика дали Му се молат или Му се лутат за својата состојба.
    upload_2016-11-20_16-3-37.png
     
    На ♡BuBaLe♡, Ketchup, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Иако се ретки, постојат верници во светот кои се лечеле само со молитва. Се разбира многу од нив и починале. Не е дека Бог не можел да ги излечи ако сака, но тоа што го правеле е искушување на Бог т.е. принудување на Бог да направи чудо. Тоа во Библијата е забрането на повеќе места и дури и Исус кога бил искушуван да принуди од Бог Отецот чудо, одговорил дека не треба да го искушуваме Бог за такви работи (ев Лука 4:12, Библијата)

    Христијаните веруваат дека Бог го дарувал човекот со разум и интелигенција да го истражува своето тело и природата околу себе и да дејствува за да си го олесни животот, меѓу другото и во полето на здравјето.
    Христијаните биле двигатели во природните науки, во медицината, па и во отварањето на болници.
    Има многу познати медицински научници кои биле христијани. На пример Ернест Борис Чејн е христијанин и Нобеловец по медицина кој го продолжил делото на Александар Флеминг, со кого ја делат Нобеловата награда за откривањето и усовршување на пеницилинот - првиот антибиотик.
    Еве една позната изјава од Чејн:
    [​IMG]

    Понатаму Франсис Колинс e христијанин и директор на Human Genome Project и еден од најзаслужните за декодирање и мапирање на човечкиот ген што е основа на современата хумана генетика, лоцирање генетско наследни болести, нови стратегии (кои сеуште се во развој) за мапирање на канцерни клетки и нивно селектирано уништување итн.
    Франсис Колинс бил атеист и станал христијанин преку научните откритија и восхитувања на Божјиот дизајн во човечките клетки. Еве една негова изјава:
    [​IMG]
     
    На Ketchup, Victorian, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  5. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    555
    Примери за излекувани луѓе од инвалидитет и форми на инвалидитет. Ако ви се чита.

    http://www.dnevnik.mk/?ItemID=7F37B268092E5E42AD00F3001CA9D745

    http://www.vaseljenska.com/drustvo/sveti-nektarije-eginski-cudotvorni-iscelitelj/

    Напомена, не се работи за квази новинарски статии. Првиот случај е за девојчето Лора, со чија што мајка неколку телевизии имаа направено интервјуа и потврдија дека нивното девојче повторно оди благодарение на тоа што на Лора и била прочитана молитва на гробот на Свети Старец Гаврил Велички, кој што се наоѓа во дворот на Лесновски манастир. Девојчето и ден денес е живо, здраво и исправено на нозе.

    Вториот линк дава неколку примери за исцелување по молитвите на Свети Нектариј Егински Чудотворец. Побарајте на нет има безброј сведоштва за излекувани луѓе по молитвите на овој светител кој што е најмногу познат токму по тоа што помага на луѓе кои се болни од рак. Неговите свети мошти во Егина се секојдневно посетувани од стотици луѓе од целиот свет. Неговиот спомен се празнува задутре, на 22 ноември. :) Не знам пример некој да се излекувал од рак со автосугестија и позитивни мисли, да, тоа влијае благотворно на општата психичка состојба на пациентот, но во случајов зборуваме за дејство на молитвата прочитана над свети мошти, целивање на светите мошти, претпоставувам и причестување и редовно присуствување на светите божествени Литургии од страна на луѓето што имале здравствен проблем.

    Значи, треба силна вера. (ако зборуваме како религиозен човек би се справил со конкретен здравствен проблем)

    Од друга страна, ако човек е болен, а свесно го запоставува сопственото здравје, не одејќи на доктор, туку очекувајќи единствено Божја помош, односно да му се случи божјо чудо, тој човек поскоро го гневи Господа и бара од него нешта што не може да се случат. Таквиот човек е дрзок кон Господа. Зашто не може с и т е болни од рак што ќе отидат да се поклонат на моштите на Свети Нектариј Егински да се исцелат, оти или немаат силна вера или ракот премногу напреднал, или едноставно божјата промисла за тој човек не била да се исцели. Пример, се случува човек да нема пари, да не може да помине низ едноставна дијагностичка постапка а во меѓувреме ракот да метастазира и да делува животозагрозувачки. Тогаш кој е виновен, медицината или религијата, здравствениот систем или божјото (не)делување, докторот или Господ?
    Ако ткивото што се појавило мора хируршки да се отстрани, човек не смее да одбие да се отстрани, зашто впрочем сите научни откритија што се случиле и во областа на медицината се токму од Бога дадени или допуштени (Евангелос спомна во неговиот пост одредени заслужни луѓе). За ние да се ползуваме од нив. Но како што гледате во погорните примери, Божјата волја за некои луѓе е успешно да го поминат искуството на тешката болест (што не значи дека нема да се соочат со некое друго негативно искуство, животот носи се), преку конкретните примери на молитвено исцелување. И тоа е легитимно. Трагичниот момент кој што порано или подоцна секого од нас го стигнува е појавата на тешка болест на некој наш близок или кај нас лично. Што да се прави во дадениот момент? Човек ако верува, уште повеќе да му се засили верата и да биде свесен дека без Божја помош н и ш т о добро не може да се случи. Од перспектива на вечноста, за која религиозниот човек верува дека ја има, како пространство кое постои после овој свет, болеста не е ништо конечно ниту го условува нашето спасение.

    Имаше еден афоризам во врска со верувањето/неверувањето...ако не веруваш можеш да изгубиш многу, а ако веруваш можеш само да добиеш. Ама ова не со намера да се убедуваме да (не)веруваме :)
     
    На Chica.Loca, Petra777, joy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Многу е тешко да се каже дали постои случај во кој некој успеал да се излечи со молитва – пред се, бидејќи најголемиот број на луѓе покрај молитвата, примаат и конвенционална медицинска терапија. Ретки се тие, иако постојат и такви религиозни групи, кои одбиваат медицинска терапија за сметка на молитвата и, за жал, завршуваат неславно. А за тоа дека постои медицински документиран случај за излекување само со молитва, барем јас не сум слушнал – а да постоел, верувам дека сите ќе сме го знаеле.

    За тоа дека молитвата помага, апсолутно верувам – секако, ако човекот кој се моли е верник. Дури и во случаи на терминална болест постои нешто што се вика спонтана ремисија, нешто што верник со полно право би можел да си го протолкува како Божјо чудо. Моќта на умот над телото, т.е. автосугестијата, е нешто исклучително и за истата постојат многу документирани медицински сведоштва. Пред некое време гледав случај на епилептичар кој во младоста го врзувале додека имал напади за да не се повреди – истиот човек, сега возрасен, добил епилептичен напад во болница, за време на кој на рацете му се појавиле траги, како да бил врзан со јаже, иако во моментот воопшто не бил – на огромно чудење на присутните лекари. Некои научници веруваат дека и појавата на „стигмата“ кај католиците е резултат на автосугестија.




    Всушност, сакав да го искористам мислењево за да напишам нешто друго. Скоро читав за т.н. faith healers – теле-евангелисти или проповедници во шатори кои држат церемонии на излекување низ различни градови, луѓе кои тврдат дека само со својот допир (или збор) можат да излекуваат човек од било каква болест, а се особено популарни во САД. Кај нас, за среќа, вакви луѓе нема, но затоа има голем број на бајачи и исцелители, од кои барем дел тврдат дека преку нив делува Бог и дека успешно лекуваат од разно-разни заболувања.

    Еден лекар, на чие име за жал не се сеќавам, дал одлично објаснување за принципот на кој функционираат исцелителите и според кое, дури и на болниот да не му стане подобро – тоа не е доказ за тоа дека исцелителот е уствари најобичен измамник.

    Еве го објаснувањето во кратки црти:

    Секоја болест, без разлика дали е акутна или хронична, излечива или терминална, следи одредена шема на развој.

    1.png

    Како што може да се види, речиси секогаш постојат периоди на влошување, подобрување или стагнација, кои наизменично се сменуваат, пред болеста да заврши – со излекување или со смрт. Или, во случај на хронична состојба – да остане горе-долу непроменета.

    Логично е да се претпостави дека човек ќе побара помош од исцелител кога се наоѓа во фаза на влошување на болеста (означена со точка А). Во тој момент, постојат 3 можни исходи:

    2.png

    1. На човекот ќе му стане подобро, по што исцелителот ќе го прогласи „лечењето“ за успешно. Ако ова се случи навистина во моментот кога подобрувањето ќе доведе до оздравување – и болниот ќе биде убеден во исцелителските моќи на исцелителот, без разлика што претходно најверојатно примал и конвенционална медицинска терапија.

    2. На човекот нема да му стане ниту подобро, ниту полошо – бидејќи се наоѓа во фазата на стагнација на болеста. Повторно, исцелителот и ова го прогласува за успех, бидејќи ете, болеста не се влошила – но на болниот му кажува дека ќе му бидат потребни уште „третмани“ за да се излекува.

    3. На човекот ќе му стане полошо или можеби дури и ќе умре – во тој случај, вината е во болниот, а не во исцелителот – бидејќи немал доволно верба или имал некои гревови.

    Во секој случај, секој успех му се припишува на исцелителот, а за секој неуспех – крив е болниот! Е, драги мои, тоа ви е принципот според кој фунцкионираат исцелителите. А подобар бизнис-модел за заработка од оној во кој вие никогаш немате вина туку само заслуги – здравје!
     
    На Ishimaru, Kitten, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  7. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    555
    На Victorian, Orthophill, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Има нешто заедничко за овие денешни „чуда и исцеленија“, а тоа е дека сите се или географски далеку од нас (тешко проверливи) или пак временски далеку од нас (исто така непроверливи), или пак се од нашава земја, ама повторно се сомнителни, го нема докторот да го потврди чудото, да покаже историја на болеста - на пример рак во четврт стадиум кој потоа исчезнал без никакви медицински терапии. Јас искрено до сега немам запознаено лично таков случај, иако не оспорувам дека постоел или постои таков случај. Сепак од библиското учење сметам дека тоа денес е редок случај, затоа што Бог одлучи вистината за Него да се шири преку проповедање на евангелието, а на преку чуда и знаци. Исус јасно кажа дека „Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.” (Исус, ев. Матеј 16:4, Библијата)

    Што се однесува до новинарскиот сензационализам, да бидеме искрени, тие секогаш претеруваат. Како што повеќето знаете и моето исцеление го имаше по сите весници и веб портали со наслов „Мене Бог ме излечи од рак“. Еве еден од тие линкови: http://mkd-news.com/svedoshtvo-na-patsient-od-onkologija-mene-bog-me-izlechi-od-rak/
    Еве и продолжение на таа објава: http://mkd-news.com/zhiv-i-zdrav-i-denes-ova-e-zlatko-patsientot-od-onkologija-kogo-bog-go-izlekuva/

    Јас би можел на долго и широко да зборувам за Божјата силна рака при целиот процес на мојата битка со ракот и повеќето што лично ме знаат ќе ви посведочат дека Бог навистина имаше голем удел во моето исцеление. Но сепак, сепак не можам да кажам дека објективно, за широката публика, моето исцеление е недвосмислено натприродно чудо бидејќи иако јас бев во трет стадиум на ракот, сепак имав хируршки интервенции и земав хемотерапија.
    Иако има неколку клучни моменти и одлуки кои „случајно“ ги направив и играа клучна одлука во моето исцеление, сепак некој атеист може и нив да ги толкува како случајност и среќа. Затоа велам дека моето исцеление не е јасен и недвосмислен знак за широката публика дека Бог натприродно ме исцелил, како што тоа биле чудата на Исус на пример кој направил 4 дена умрениот Лазар да воскресне или пак слепородениот да прогледа. Ако некој го интересираат деталите за „Божјата силна рака при мојата битка со ракот“, би можел да ги кажам... иако тие се нешто интимно за мене и ми треба емоционална сила да ги споделам јавно на форум :)
     
    На Kitten, PaLaVa, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Со молитвата најчесто луѓето се обидуваат да добијат нешто што немаат, во случајов здравје. Со самата молитва тие потврдуваат дека нешто немаат и се чувствуваат како да го немаат истото. Чувствата ја создаваат вибрацијата, а таа пак ја креира реалноста.
    Значи, ако човек верува дека не заслужува здравје, ако постојано вели дека го нема и ако го моли Бог да оздрави иако е грешен, тој има ниска вибрација спрема здравјето.
    Затоа луѓето во многу ретки случаи се лечат со помош на молитва. Освен тоа, @Gosh Бог не е тој што не разболува, ниту пак тој што има некаква желба да клечиме пред него и да се молиме. Бог никако не влијае на случувањата во нашиот живот, нив ги предизвикуваме само ние самите. Бог не ни дава болест, среќа, тага, пари итн. Самите креираме.
    Е сега оние кои се длабоко уверени дека ќе се излечат со молитва, на тоа и сведочат. Уверувањето ја создава реалноста.
     
    На Victorian, cooll, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За какви вибрации станува збор овде? И како тоа вибрацијата ја креира реалноста? Вибрација претставува осцилаторно движење на одредено тело. Навистина не ми е јасно како може одредени осцилации да креираат реалност.

    Како тоа уверувањето ја креира реалноста? Поточно, како тоа реалноста заивиси од нечии уверувања?
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Освен што сме енергија, ние сме и вибрациски суштества. Овде станува збор за вибрација што ја создаваме ние самите со помош на нашите мисли и чувства. Тоа што го мислиме и така како што се чувствуваме во моментов ја претставува нашата моментална вибрација.
    Таа може да биде висока и ниска. Доколку имаме негативни мисли, чувствуваме вина, немоќ, страв итн. имаме ниска, а доколку сме позитивни, чувствуваме среќа, спокој, благослов, благодарност имаме висока вибрација.
    Штом сме енергија, ние привлекуваме енергија.
    Ова е закон на привлекување, на многу им нема смисла, па затоа не очекувам некој да се согласи со мене ниту пак имам намера да убедувам некого.
    Како што кажав, доколку имаме висока вибрација, ние вибрираме во склад со позитивната енергија и истата ја привлекуваме во нашите животи. И обратно.
    Се изненадив што ме прашуваш за ова. Кога некој е уверен дека на пример медитацијата е нешто демонско, и кога таа личност би седнала да медитира, докази дека медитацијата навистина е дело на ѓаволот ќе се јават во неговата реалност, поточно неговото искуство со медитацијата би било според неговото уверување. А доколку друга личност, која е уверена дека медитацијата е корисна за него би седнала да медитира, повторно докази дека е тоа така ќе се јават во неговата реалност.
    Ако еден човек е уверен дека ќе се излекува со помош на молитва, тоа ќе биде така во неговата реалност. Овде веќе станува збор за плацебо ефект.
    Исто така, реалноста не е една. Реалности постојат колку што има луѓе на планетава. Затоа што секој човек различно гледа на работите.
     
    На ♡BuBaLe♡, Victorian и cooll им се допаѓа ова.
  12. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Што ќе ти е медицина... Си имаме ние Божји човек.

    [​IMG]
     
    На Kitten, crimson, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    Недај Боже,да дојде болест
    Не помага ни медицина,ни молитви
    Ај бај,да не дојде
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали постои некое научно истражување каде што се мерени овие вибрации кај човекот? Прашувам бидејќи постојат многу книгички и статии на интернет пишувани од луѓе кои не се водат по научни истражувања, туку чисто по нивната имагинација, па затоа ме интересира дали има некакви индикации да ова е вистина.

    Но уште повеќе ме буни ова второто. Еве дури и да земеме едно федерче кое вибрира со 30 осцилации во секунда. Како тоа вибрирање со висока фрекфенција ќе ни привлече на нас среќа, на пример положен испит или добри резултати на ренген снимката?

    Не е работата дали ни има или нема смисла, туку дали е вистина. Има луѓе на кои им има смисла и Земјата да е рамна плоча, ама објективно не е и тие живеат во заблуда. Дури има и такво здружение „Flat Earth Society“, а има такви луѓе и во Велес и Скопје. Затоа велам дека е важно да ги проверуваме информациите што стигаат до нас и да имаме некаков објективен метод со кој ќе разликуваме што е вистина, а што лага. Првата реченица што обично се предава на предавањата за интернетот е дека интернетот е „Глобално село“ и дека во него ќе најдеш се и сешто. Луѓето не се замараат дали информациите се вистинити, туку дали веста е бомбастична и дали ќе се шири и со тоа ќе им прави пари од рекламите.

    Јас сум физичар по едукација и ги познавам енергиите. Постои потенцијална енергија, кинетичка, електрична, електромагнетна, хемиска енергија, нуклеарна и сл. но ниту една од овие не привлекува друга. Ниту пак постои позитивна или негативна енергија. Енергијата по дефиниција означува способност на едно тело да изврши работа. И толку. Таа не е персонализирана, нема ум, воља, емоции, интелигенција, нема дух во неа што ја преуредува реалноста.

    Силно те поттикнувам да не го занемаруваш научниот метод кој е докажан со илјадници години и чии плодови ние денес ги уживаме (возење со авиони, коли, користење електрична енергија, компјутер, телефони, современа медицина, антибиотици итн.) Ништо од ова не би постоело ако луѓето го негирале објективното и длабинско истражување, научниот метод. Денес се јавија луѓе со многу бујна фантазија, измислуваат теории и ништо од тоа не докажуваат, а нивните книги се продаваат како алва затоа што имаат интересни наслови и интересна содржина, која сепак се базира на научна фантастика, а не на вистина и објективна наука.
     
    На Kitten, crimson и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Ве читам неколку дена и сакав да се произјаснам на темава, ама немав време.

    Значи, прво сакам да кажам дека е ова моето лично мислење и сфатете го како такво, без да се наоѓате увредени и навредени, ок? :)

    Јас лично не верувам во исцелителна моќ на светците, всушност дека тие имаат некаква моќ и сила сега да исцелуваат и да се застапуваат кај Господ за нас. Не е ствар дали јас ги почитувам нив или не, туку сметам дека да, тие се живееле животот за Господ и некои имале некоја исцелителна сила, ама додека живееле на Земјата, ама не и дека ја имаат истата сега како умрени.
    Преку нив делувала Божјата сила додека беа на Земјата, му служеле на Него, беа луѓе посветени на Бог, предадени на Него, ама не ми е библиски потковано дека сега, како умрените, ја имаат истата моќ и дека треба да се молам и барам исцеление од некој светец.

    Самиот Исус кажал на своите ученици (потоа апостолите, потоа сите други посветени на Господа), дека им дава моќ и сила да изгонуваат демони, да исцелуваат итн.
    "Одете и проповедајте им дека небесното царство се приближува!
    Исцелувајте болни, враќајте во живот умрени, исчистувајте лепрозни, изгонувајте демони.
    Правете го тоа бесплатно, како што и вам таа моќ ви беше дадена бесплатно. ... " (
    евангелието според Матеј 10:7-8

    Друго, не се согласувам ниту со @EvAngelos во потполност.
    Не се согласувам дека нема исцеленија денес, сметајќи дека така го искушуваме Господ.
    Тогаш зошто Исус го кажал сето оваа погоре ако веќе не важи?
    Кој може да каже дека едно упатство од Него важи и денес, а другото не?

    Во посланието на Јаков пишува (5:14-15)
    "Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазат со маслиново масло во името на Господ.
    Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот, Господ ќе го оздрави и ако направил грев, ќе му прости."
    (Ова исто така може да се однесува на девојчето од другата тема што прашуваше околу анксиозноста и депресијата)

    Едно од старозаветни имиња на Господ е Јахве Рафа, што значи Господ исцелител.
    Не можеме ние да го ограничаваме Господ и да кажуваме дека денес Господ не работи и не исцелува чудотворно. Тоа би по мене било еретички. :)

    Да, би било тотално безумно, глупаво, немудро, да ако откриеш да си болен ти наместо да правиш што е до тебе, наместо да го искористуваш она што е дадено од Бог, медицината и докторите, ти само да седиш надевајќи се дека Господ ќе те исцели. Можеби ќе те исцели Господ, можеби не, ама не е препорачливо. Како што кажав, безумно е.

    Ама кога дознаваш дека си болен, сепак се молиш, ја предаваш болеста во Неговите раце, бараш водство, бараш исцеление, правиш што е до тебе, веруваш дека Бог е со тебе, пронаоѓа начини, со молитва се здобиваш со верата дека можеш и дека ќе бидеш исцелен. Бидејќи верата ги преместува планините! :)

    Јас не сум фанатик да верувам дека тоа и ќе биде така, дека Господ секако ќе те исцели и тогаш кога медицината нема одговор, ама да не постојат такви исцеленија не е точно.

    Во контекстот на ова би ставила една библиска случка која може да се претстави и како (мојот) став околу ова прашање: "Тој ќе исцели, ама ако и не не исцели, пак ќе му служиме"
    Во книгата на пророкот Даниел (Стар Завет), кога царот Навуходоносор сакаше да ги фрли во огнената печка мудреците Седрах, Мисах и Авденаго, поради тоа што одбија да се поклонат на златниот идол на царот, бидејќи се поклонуваат само на Господ одговориле: "Нашиот Бог кому Му служиме, може да не избави од вжарената печка, и од твојата рака, цару; Тој и ќе не избави.
    Но, ако тоа и не го направи знај, о цару: ние нема да им служиме на твоите богови ..." (3 : 17-18

    На нашите блиски пријатели, пред два,три месеци детето им се запалило играјќи се со шише со боја, гледало некој експеримент на јутуб, почнало да гори буквално, беше клинички мртов.
    Докторите даваат реанимација 20 тина минути (ако точно запаметив пред да те прогласат званично умрен), кај детето помина многу повеќе (дали беше околу 40 тина минути), и му се врати пулсот!
    Сите се молевме за него. Докторката не сакаше да и дозволи на мајка му да го види детето бидејќи изгледаше ужасно, непрепознатливо, изгорено. Потоа и дозволи кажувајќи и дека можеби е тоа последен пат да го гледа. :(

    Беше во кома неколку недели, не знаеле дали ќе се пробуди, не знаеле дали ќе зборува, јаде, мисли, оди, ама секојдневно беше во молитвите на многу луѓе. Сега тој и јаде и оди и зборува и се сеќава. :)
    Уште е во процесот на целосното заздравување, ама оди кон тоа.

    Исто така, лично познавам двајца-тројца дечки кои со дијагноза од МАНУ имале хепатит Ц. Се молеле само и со проверка после некое време, исто во МАНУ, излегле со негативен резултат. :)

    Господ е голем и сеуште прави чуда. Ние се молиме и тоа е нашето духовното оружје, против темните сили на овој свет. Да, болестите не се од Господ, живееме во паднат, грешен свет, и тоа не по изборот на Бог.
    Со молитвата ги кршиме злите духовните устројства и тврдини, оти нели Библијата вели дека: "Нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места"
    (Ефесјаните 6:12)

    Не сум подржувач на тие тв исцелители, како Бени Хин мислам беше, немам никакво мислење за таквите како тој, повеќе сум скептична поради начинот на кој се прави сето тоа.

    Од друга страна не го познавам Бог само на интелектуален, разумен начин, бидејќи Бог е Дух и вистина, и ние го имаме Христовиот дух.
    Нели е тоа нешто големо, прекрасно, за оние што веруваат?

    Јас сум за еден баланс, интелектуално да, ама никако да не го ограничуваме Господ.
    На крај постои прашање, дали Господ самиот се ограничил од ваквите работи да исцелува на чудотворни начини, или ние луѓето сме го ограничиле Него, со нашето ( не)верување?
    (И тука не мислам дека оној што не се исцелил а се молел не е имал доволно вера, да се разбереме)

    Да повторам, не ми е поента да се убедувам со некого, ниту ги сакам многу ваквите дискусии. Посебно сметам дека ваквите доктринални прашања не секогаш се битни бидејќи спасението не ни зависи од нив, ама сепак тоа е моето лично убедување.
     
    Последна измена: 22 ноември 2016
    На A-j-a, sonuvana, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly Скај како се запалило пожар или станува збор за нешто друго.
    И да 40 мин. реанимација му правеа и на човекот кој почина роднините што искршија вратата во болницата.
     
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Допишав погоре.
    Љубопитно дете, сакало да направи некој експеримент што гледало на јутуб, со оган и спреј со боја.
    На јутуб има сешто, само последиците ги нема, ама тоа е веќе друга тема.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не реков дека денес нема исцеленија, туку дека денес тоа е редок случај. Ако пак не е редок случај, повели запознај ме лично со инвалид што бил во количка (со лекарска дијагноза за траен инвалидитет) и што проодел. Или запознај ме со слеп што прогледал. Или со некој што имал канцер и без медицински третман (операција, хемотерапија, зрачење) оздравел. Ако не познаваш лично некој таков во Македонија, тогаш верувам ќе се согласиш со мене дека тоа е редок случај.

    Јас дадов едно објаснување зошто тоа е редок случај. Затоа што Бог одлучи вистината за Него да се шири преку проповедање на евангелието, а на преку чуда и знаци. Ова не исклучува дека повремено, на некои локални места ќе се случуваат и вакви чуда. Но веројатно нема често и веројатно нема да има чуда кои ќе бидат знаци за целиот свет. Зошто? Затоа што Исус јасно кажа дека на лукаво и прељуботворно поколение нема да им се даде таков знак, освен знакот на Јона.

    „Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.” (Исус, ев. Матеј 16:4, Библијата)
    А знакот на Јона пророкот е Христовото воскресение, кое е знак проверлив за целиот свет и поткрепен со многу аргументи дека навистина се случило. Еве неколку од нив и јас ги имам напишано на следниов линк.

    Во една прилика Исус дури и му благодари на Таткото Небесен затоа што ги скрил чудата од умните и разумните, а им ги откри на децата.

    „Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на децата. Да, Татко, таква беше Твојата волја.“ (Исус, ев. Лука 10:21, Библијата)

    Секако дека ова не е единствената причина зошто Бог денес не прави често и насекаде чуда. Но она што е важно е дека чудата се суверено право на Бог и ние како верници не можеме да ги изнудуваме од Бог. Упорната молитва помага, но сепак крајниот збор го има Бог.
     
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Е па да, јас поставив прашање кое и самата го мислам. Зошто би тоа било така?
    Дали Господ се ограничил самиот да не прави веќе такви чудотворни исцеленија (или ретко), или ние верниците го ограничивме?

    Ако ние од старт не веруваме тогаш, зошто Бог би направил да се случи? Да ни се докаже ли?

    Можеби не во Македонија толку (мада познавам сличен случај, не целосно инвалидитет, ама водеше кон тоа, коските му се искривувале, сега целосно е здрав), ама по афричките племиња вероватно повеќе, оти тие се такви простодушни во верата, и не се потпираат толку врз сопствениот разум.

    "Блажени се тие што не виделе, а веруваат..."
    Може до утре да се убедуваме и да цитираме библиски стихови, јас го кажав своето мислење и убедување, свесна сум дека имаме разлики, ама тоа ми е во ред. :)

    Сепак, да се согласиме, треба да се молиме упорно и да веруваме, без разлика на крајниот резултат.
     
    На sonuvana и Victorian им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Лани ова време Ина Многуфина ја имаше шернато оваа слика (еве линк од фејсбук) штом мислам дека баш е на темава. Видете го линкот, има интересни коментари :)

    [​IMG]
     
    На Victorian и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.