1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и медицината

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 20 ноември 2016.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Недај Боже,да те снајде болест:(
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Тој што верува е исцелен.
    Мене од Крстена вода ми поминува главоболка.
    За Св. Никола Слава му, имам повеќе приказни за болни од семејството кои не сакам да ги раскажувам овде, низ молитва кон него биле успешно излечени , со медицинска помош секако, но има и без , т.е само со молитва.
    Порано и моите биле скептици,не продолжиле да го слават неговиот ден, имам пишувано како повторно почнале да ја слават. Не случајно баш на тој ден се случувале неубави работи, сето тоа било порака да си ја вратат славата.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сериозно, познаваш некој таков од Македонија со медицински потврдена дијагноза? Не мора да е од Скопје, би отишол до било каде да го проверам случајот.
    Зарем не е сомнително тоа што сите тие исцелените се или таму некаде далеку, во Африка или во 9ти век..
     
    На elimkd и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Грцка Првославна Црква во Атина мислам ги има тие податоци. Изгуглај , на моб сум , ако можеш и отиди, од моштите на Светецот миросуваат со масло и лечат.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека се е до нашата потсвест. Ако имаме силна желба за да оздрави некој болен мислам дека потсвеста многу помага тука во зависност каква е нашата мисла и молитва. Ако имаме лоши мисли и уверувања за страв од смрт тешко дека ќе успееме да се излечиме или некого да излечиме со нашите молитви. А во врска со медицината тоа е сосема друг муабет.
     
    На joy1 и Florenсе им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ова е најчест случај на „исцеление“ - главоболката. Дали знаеш зошто? Затоа што главоболките често пати неочекувано доаѓаат и неочекувано си заминуваат и нема начин да се провери пациентот. Тие се најлесни за манипулирање со плацебо ефект. Истите можат да се „лечат“ и со медитација и со хипноза, и со Кајшаров и со Иван Исцелител, со бајачи, со самосугестија итн.
    Затоа од исцеленија се признаваат само оние со медицински потврдена дијагноза.
     
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ти го викаш плацебо , јас го викам Божјо чудо. Тука се разликуваме јас и ти, можеме до утре да се убедуваме, а не сакам да губам драгоцено време. Позз
     
    На Sky-butterfly, agios, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  9. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    17.687
    Не знам дали причава е за во оваа тема, ама ќе пишам тука
    Пред неколку години имав тртки (вајдата така се викаат) на прстите на рацете, година дена нема што не пробав за да ги снема. Не течен азот, не масти и секакви препарати за кои се изнафрлив пари до секакви бабини деветини ко да ги лизнам сите со првата плунка насабајле, да ги намачкам со млеко од смоква, да поминам со рацете низ првата роса на растенијата наутро... Кога човек е на мака се и сешто пробува само да си го најде чарето
    После година дена мал милион неуспешни обиди, баба ми ме однесе кај една албанка баба да ми ги забае. Отидов кај бабава како најголем скептик. Ми баеше со некое гранче од орев и ми рече една недела да не мијам раце и да не ги гледам. Иако не и верував сепак ја послушав. Една недела не миев раце и не ги гледав. Со хируршки ракавици јадев па ги фрлав, со ракавици одев во купатило, со ракавици залепени на горниот дел (за да не ми влегува вода внатре) се бањав и така помина таа една недела... За време на таа недела бев максимално сконцентрирана да не ги гледам. И кога конечно помина таа една недела и ги погледнав рацете.. Тртките ги немаше. :| Отидов кај бабата да и кажам дека ги нема више и ми рече дека она не бае туку дека само се моли и таа нејзина молитва помагала...

    Колку ова држи вода не знам, ама мене ми ги снема тртките :|
     
  10. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Ако ме прашате која е втората најјака енергетика или што и да е, после Господ, ќе кажам дека е вербата. Дури некои сметаат дека Бог не постои, туку дека тој постои само во нашата верба. Многу е битно да веруваш во нештото со огромно верување без трошка сомнеж без двоумење и навистина ќе се исполни чудото во кое си верувал.. што е многу тешко.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Повелеле! Се надевам ќе го изгледате.
     
    На Milobebence, korisnichka, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека болест се лечи со молитва.
    Болест се лечи само со соодветна терапија и со апчиња.
    Никој не може да ме убеди дека ќе се излечи ако пали свеќи во црква.
     
    На elimkd и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не си ме разбрал. Не ја прашав јас за видео клипчиња. Видео клипчиња за исцеленија и чуда на интернет има колку сакаш и тоа на разни религиски сајтови од сите вери и невери. Не паѓам јас на таква пропаганда.
    Јас ја прашав дали познава некој таков од Македонија со медицински потврдена дијагноза? Не мора да е од Скопје, би отишол до било каде да го проверам случајот.

    Иначе конкретно за овој случај, девојчето најверојатно немало малиген тумор т.е. само се сомневале дека е малиген тумор. Од каде знам? Па дури и во самото видео дел од лекарите рекле дека „тоа не е ништо“. Еве линк од точната секунда каде се вели тоа. Зарем ако навистина била потврдена дијагнозата „рак на мозок“ некој лекар би рекол „тоа не е ништо“? :o Секако дека не. Но ако има некое нејасно ткиво, со непотврдена дијагноза, тука веќе има простор за претпоставки.

    Затоа велам батали видео пропаганди. Најди ми жив пример кого овој Нектариј го излекувал од рак. И нека ги донесе историјата на болеста, патолошкиот наод од малигното ткиво кое е земено со пункција (или пост-оперативно), заедно со снимките и потврдената дијагноза да може да се види кој тип на малиген тумор и кон стадиум бил. Јас еве лично за мене кога сакаш можам да ти дојдам со целата историја на болестата, со потврдена дијагноза што ја имав и каде што јасно пишува дека беше трет стадиум.
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Не ги извртувајте зборовите! Си кажуваат дека имало тумур од 7 цм. Ама не догледувате...
     
    На Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Никаде не гледам реална врска помеѓу религија и медицина, единствено заедничко може да им биде што едната "лечи душа "а другата лечи тело кај човекот т.с.помагаат во излекување.
    Кога со молитва би се лечеле разни болести, во кое јас лично не верувам..замислете да се лечи со молитва аутизам, слепило, искривување на рбет и ред др. болести, убаво би било, но не е можно, докази нема и не ни треба некој да ни докажува спротивно.
    Ако со молитва се лечело на пр. изгореницi, псоријаза идр. зошто тогаш во црквите, монасите или монахињите, произведуваат разни креми, сапуни, шампони, за одредени болести!?
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    Епа ај да се изјаснам и јас. Мое мислење е дека молитвата која е пропратена со силна верба може да излечи но зависно од болеста, неопходни се и медицински третмани. Ако се работи за потешка болест не може човек само да седи и да чека чудо. Потребни се и третмани но да, чуда се случуваат кога бараме помош од Бога. Пишав во друга тема порано... знам за случај каде муслиман кој не можел да се излече (не ми текнува од која болест...) а пробал се и сешто, на крајот побарал помош од православни свештеници и со нивна помош и заедничка молитва оздравел. Зошто од православни? Затоа што бил запознаен со чудата во таа вера. Вистина е ова, ама на некој ако не му се верува, нека не верува. И по интернет имам читано за случаи каде што медицината не успеала да помогне а молитвата направила чудо. Многу често го спомнувам ова: Чуда се случуваат на оние што во чуда веруваат.
     
    На Таа Сум, Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве директен линк од изјавата. Таму се вели, цитирам:

    „Колеги лекара чуде су и коментарише, једни да то није ништа, други да нече преживети ни месец дана.“

    Ете така, сега и останатите нека се уверат дали дословно цитирам или пак „извртувам“ како што ти ме клеветиш.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Имаш ли некаков контакт од тој муслиман, телефон, емаил, фејсбук, адреса, било што за да дојдеме до контакт со него и да го провериме случајов? Еве јас ќе организирам и новинар и телевизија да го сними овој случај и да направиме една реклама за православието и со тоа да го прославиме Бога или пак тој светецот што го излечил, ако навистина било така се разбира.

    На интернет можеш да читаш текстови и да гледаш видеа каде што и медитацијата лекувала и бајачите и гатачите лекувале, и надрилекари, и Кајшаров и Иван Исцелител и триста други „чуда“. Батали интернет, ајде да најдеме еден реален жив пример на човек кој бил исцелен од светец :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    Одамна е случајот снимен.
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И Кајшаров има доста видеа на интернет. И многу други ТВ исцелители низ цел свет имаат снимено „случаи“. Зошто, од сите тие илјадници видеа, би избрале да веруваме во 2-3 клипчиња, а во другите не? Само затоа што овие 2-3 клипчиња се од нашата вероисповед и од нашата деноминација? :)

    Јас си реков лично го познаваш тој муслиман. Ама ништо, по се изгледа никој на форумов не познава таков човек од прва рака кој бил исцелен од светец.
    Сепак, ако го најдеш тоа видео, прати ми го, би сакал да го погледнам.
     
    На crimson и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.