1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и медицината

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 20 ноември 2016.

  1. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Vie sto tvrdite i veruvate na videa od int deka nekoj se izlecil od maligen tumor,leukemija,Vilsonova, Fabrijeva, Gosheva, Retov sindrom, Cistična fibroza...odete slobodna vo nekoja bolnica,dokolku sakate ke ve upatam i kazete im na bolnite kako pravilno treba da se molat i koj svetec da go pobaraat za da ozdravat.
    Nekoi od pogore bolestite sto gi nabrojav ni medicinata ne moze da im pomogne zatoa sto se neizleclivi bolesti i nema soodvetni lekarstva za niv,no sepak ima lekarstva koj im go prodolzuvaat zivotot i ovozmozuvaat da imaat podobar i pokvaliteten zivot.
    Da ne dade Gospod da se razboles od nekoja teska bolest,zatoa sto molitvata nema da ti pomogne da ozdraves.
    Ama mnogu e lesno zdrav na bolen da kazuva sto treba da pravi.
     
    На Lady Phoenix, Peppermint, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Сакате да кажете дека Вашиот случај бил измислен? Ги потплативте докторите за да Ви ја запишат дијагнозата? Срамота е ова што го пишувате. Какви му се на човека делата, така мисли дека делаат и останатите. Ви пишав догледајте го до крај и од Париз доктор го прегледал девојчето и дал лоша прогноза.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам,нема смрт без суден ден:(
    Моја блиска особа,одеше од Црква до Црква,од Манастир до Манастир,со куп книжиња и молитви,и ништо не помогна;(
     
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Мене ме интересира дали знаете случај каде современата (западна) медицина излечила некоја хронична болест? Тука мислам на шеќер, висок притисок, висок холестерол, канцер, автоимуни болести и сл. Значи не терапија која ги држи под контрола или прикрива симптомите на болеста, па ако прекинете со „лечење“ болеста се враќа зошто никогаш и не си ни заминала, туку нешто што еднаш засекогаш ќе ве ослободи од нарушувањето?
    Јас лично не знам ваков случај некој да се пофалил дека е излечен од „апче“. А сепак, авторитетот и влијанието на медицината не е нарушен и покрај тоа што нуди само шминкерски услуги за болните, што едно „лечење“ може да им предизвика друго нарушување, нус појави, вртење во маѓепсан круг. А излекување никогаш нема да видат. Зарем ова не е апсурдно?
    Ама затоа знам неколкумина кои со помош на храната, т.е. со пост успешно се избориле (или се борат) со болештини, некои од нив баајги страшни, и на сите овие луѓе им е заедничко што лекот го пронашле откако се смениле себеси, својот светоглед кон нештата, вклучувајќи го тука и духовниот аспект од животот.
     
    На Biljarkata, A-j-a, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Ама и во тој случај,ако се врати на првобитната исхрана,болеста повторно се враќа:(
     
  6. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Пардон шо те цитирам, ама не прашуваш за видео клипчиња, не веруваш на сведоштва, за секој можен збор ти треба дупла проверка, правиш од сопствениот (човечки, ограничен, подложен на распадливост) разум божество, ти сигурен си дека веруваш?
    Тебе и небото да ти се отвори и небесна светлина да те осени ќе пробаш да си докажеш дека тоа е светлина од канделабрата или...?

    Живи примери за излекувани од рак имаш во сведоштвата што ги постирав.
    Имам потреба уште еднаш да ти укажам на нешто за кое претходно ти зборував. Имено, начинот на кој протестантите, луѓето што ги посетуваат „службите“ на Кајшаров и другите, ја исповедаат нивната вера односно успеваат да се одржат.

    Исмевање со такви „новинарски написи“ како сликата преземена од оној фејсбук лик кој шо има кредибилитет малку помал од борчево пред зграда ти оди во прилог ама не е вкусно од твоја страна. Оти повторно правиш обид да го оправдаш својот „незаостанат?, рационален(?!), исправен?, модерен“ начин на верување, кој шо нема ништо заедничко со принесувањето зејтин во црквата и палењето на свеќа (ова најчесто го користи длабоко несреќниот Кајшаров за да каже дека тоа што неговите поданици се тресат како штотоку излезени од проба на госпел хор, занимавањето си биоенергија и Господ знае што уште не, е поисправно од претходно наведеното или со некои пагански моменти од минатото (да, јас сакам да сум потполно во вистината и го признавам нивното постоење, токму затоа што сметам дека одредени начини на прославување од минатото кои не биле доволно христијанизирани треба да се осветат и да се преобразат за да му бидат угодни на Бога а оние кои шо не чинат потполно да се отфрлат). Меѓудругото поради тоа што една неука баба која сепак успеала (на - за неа блиски начини, макар не биле совршени) да го одржи и да го пренесе православието низ векови исламизирање на овдешните поколенија заслужува признание до небо.

    Зашто во нашата традиција е да се палат бадникарски огнови. И тоа ни го пренеле нашите предци. И тоа е прекрасна прилика да се собереме околу огнот и да пееме божиќни каланди со кои шо ќе го наговестуваме Христовото раѓање. Да не биле „бабиве“ тоа немало да го имаме. Во ова ти треба да ја препознаеш живата радост на сите присутни кои го навестуваат раѓањето на Спасителот. Но тебе ти е полесно да ги видиш колбасите кои шо ги вртат на тој оган. И ракијата шо ја пијат. И пцовките шо ги кажуваат. На таков собир ни јас не би се радувала. Ама треба да знаеш дека тоа е повод повеќе да ја сакам мојата вера и да ја исправам. Таму каде што јас можам. А не да станам протестант односно да ја најдам мојата вера „исчистена“ од сите овие промашувања, нашминкана и принесена како модерен идол на денешното општество. Јас и не сакам да му се допаднам на светот.

    Оти јас знам и свештеник кој што служел Литургија во својата затворска ќелија со обично парче лепче, на обична масичка или на под, на минусни температури. Ти можеш да го направиш луд или еретик, ама него Господ го направи светија и му ги остави моштите нераспадливи. Значи не се работи секогаш за запазување на некаков ред, се работи за надразумна вера.

    Да не правиме муабет дека лекувањето на болестите е можно по молитвите на Свети Јован Крстител и на Свети Апостол Петар и на сите споменати. Само лошо е спакувано, сензационалистички, очекувано од денешните „новинари“, тешки непознавачи на православното христијанство.
     
    На Bulgarian, Bitter-Sweet, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сигурен сум. Се помалку од ова се нарекува „Слепа вера“. Живееме во време на високософистицирани лаги. Интернетот е преполн со лажни информации, новинарски сензационализам, фотошопирани слики, монтирани видеа, непроверени факти, сведоштва во текстуална или видео форма од луѓе што се излекувале кај разно-разни исцелители, светци, бајачи, попови, оџи, ТВ евангелисти итн. Доколку слепо веруваме на секое сведоштво, тогаш би требало да им веруваме на сите овие и нашата вера ќе биде каша попара. А вистината е една и апсолутна.

    Вака Светото Писмо не учи нас христијаните:
    Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ (1 Јованово 4:1, Библијата)
    испитувајте сè, задржувајте го доброто.“ (1 Солунјаните 5:21, Библијата)
    Испитувајте што Му е угодно на Господа!“ (Ефешаните 5:10, Библијата)

    А за антихристот пак во Светото Писмо пишува вака:
    „Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат.“ (2 Солунјаните 2:9-10, Библијата)

    Ете затоа е важно за христијаните првенствено да му веруваат на Божјиот Збор (Светото Писмо), а разно-разните чуда внимателно да ги испитуваат и проверуваат за да не бидат заведени. Позитивната скептичност, внимателноста, испитувањето, проверувањето, љубовта кон вистината, потрагата по вистината итн. - сите овие се доблести кај верникот, а не недостатоци.
     
    На Bender Rodriguez, baba Rada, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Да ви кажам на сите дека молитвата помага. Еве едно видео од човек што посведочил и се уверил, изгледајте го цело. :D

     
  9. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562

    Ти благодарам за цитатите, ама во конверзација со мене не мора да ми цитираш, јас сум православна христијанка и овие редови ги знам. Благодарение на овие зборови јас сум - православна, а не протестант (или било каков друг христијанин). Ова е повик до другите на форумов „да ги испитуваат духовите“.

    Да, точни ти се констатациите во врска со лажните информации и новинарскиот сензационализам, тој и понатака ќе постои и ќе се јавува во поагресивни форми. Јас алудирам на вашето исповедање на верата како протестанти. И мене ми е непоимливо како „православните христијани“ (сигурно не се тоа) оделе во дворот на некоја црква каде се наоѓало „трудно дрво“ од кое тие очекувале помош за добивање рожба. Дрво. Во двор на црква. На црква!

    Ама ти упорно се фаќаш за слични малоумни написи, информации, дезинформации кои ем го загрозуваат автентичното православно христијанство (добро, не го загрозуваат баш, онака, му се фаќаат за малото прсте зашто гледам многу млади во црквата и на нивната ревност ја полагам мојата надеж во блескавата иднина на православната црква во Македонија, Слава Богу за одличната постава на млади свештеници шо возат велосипеди и на бројните манастири) ем им ја разнишуваат верата на оние кои и не се утврдени или воцрковени затоа што им е срам да ги вбројуваат и нив во таква група на неумни луѓе.

    Тебе лично би требало да ти е понижувачки да се занимаваш со написи кои ја извитоперуваат сликата за правослвието а кои во најмала рака ти предизвикуваат смеа, зашто како христијанин си повикан на повисока цел, спротивна од исмевањето со не толку паметни избори (какви што наведов погоре) кои православните (ама не вистинските православни) сепак ги прават кај нас. Мислам, не мора да го користиш ова за да ја зајакнеш сопствената пропаганда, тоа е многу провидно и инфантилно.

    А што се однесува до православието, чудата отсекогаш постоеле и секогаш ќе постојат, зашто тие се спроведување на Божјиот збор во дело, (кога би немало такви дела преку кои се пројавува Божјата милост, за мене прва таков Бог не би постоел, Бог чии зборови би останале на лист хартија, во музејските депоа на историјата - информативно, тоа за мене е дефиниција за простестантизмот, па и римокатолицизмот) чисто Негово сведоштво, затоа и се пројавуваат преку светителите кои постигнале совршенство во телесната и духовната чистота, како што Апостол Павле вели „и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“, богови по благодат.

    На оној кој верува не е му е потребно чудо, нели, ама и тебе кој се претставуваш како верник не ти треба десеткратко проверување на некоја информација. Нешто се проверува, ама нешто и се доживува. :) Зашто просто не може секоја информација да се провери. Ако одиме по таа логика, ништо не е вистина! Се на интернет е една голема непроверена лага, а богами е лага и муабетот од комшиката од втори спрат. И дечките пред коперација што бистрат политика. Твојата неможност да се смириш пред одредени информации, како што се информациите за реалното исцелување на малигни болести кои се случиле преку Свети Нектариј Егински (патем не те видов некаде да искоментираш нешто за случајот на Лора која повторно проодува по молитвите на Свети Гаврил Велички?) би било исто како Тома кога го ставил прстот во Христовите рани да тврди дека пред него стои восочна фигура а не самиот Христос. Имај чувство за она што е претерано.

    За шо ќе се фатеше како протестант ако не беа тие лажни новинарски информации? Или понекогаш сме сериозни во врска со овие написи, а некогаш само треба малку да се насмееме и да не си го мериме секој збор?
    Едно е проповедање, друго е пропаганда. Не можеш на луѓето да им држиш предавања за тоа дека јаболкото е супер овошје преку поставување на тезата дека крушите се лоши. Треба да се задржиш на првото, ако имаш нешто да расправаш за тоа. Попластично мислам не може ни тригодишно дете да објасне.
    Една поговорка вели дека тој што знае кажува (потврдува), оној што не знае - негира.
     
    На Bulgarian, orevokrsacka, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Самата дефиниција за зборот „хроничен“ подразбира дека се работи за трајна и неизлечива состојба. Така да, ако некој се излечил од дадена болест, тогаш таа не била хронична. :)

    Патем, канцерот не е хронична болест, а буквално сите документирани излечени случаи се должат на западната, т.е. современата медицина. :)



    Во однос на видеата како докази за некое исцелување, ќе ги прифатам, но само ако во видеото учествуваат и соодветно обучени и непристрасни медицински лица, докторот кој ја дијагностицирал болеста за прв пат, резултатите од снимките и дијагнозата пред и по излекувањето, за да разликата, т.е. самиот процес на излекување биде евидентен. И нормално, ако излекувањето се случило во отсуство на било каква медицинска терапија за дадената состојба - во спротивно, ќе нема поента. И секако, истите тие компетентни медицински лица да потврдат дека за излекувањето нема рационално или медицинско објаснување, т.е. се работи за болест за која нема лек и за која не се познати случаи на спонтани ремисии.

    Се друго се празни муабети, сензационализам и ветар и магла.
     
    На Lella, Peppermint, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    баба ми имаше рак на градата 5ти степен заради безбедност мораа да и ја сечат целата града имаше пуштено метастази од скопје специјалист со потпис и печат кажа дека баба ми ке си замине од овај свет за 40 дена...дека 40 дена највеке ке живее...буквално секоја вечер станувавме и ја гледавме дали дише и ги броевме деновите (со сестра ми бевме мали па се мн плашевме) стравта во нас траеше се додека еден човек дојде и почна да ни зборува дека господ исус може да ја исцеле бабами (инаку човекот посетува евангелска црква) праша дали мозе да се молат за бабами секако имаше дозвола почнаа да се молат да постат и така секој ден се додека не дојде денот кога баба ми требаше да иде за скопје на контрола секако кај истиот доктор кој претходно беше кажал дека има живот само 40 дена...после сите анализи и прегледи докторо вика"не е можно оваа жена требаше да умре за неа немаше никаква надеж за живот" баба ми повеке немаше ниту рак ниту тие метастази секако дека примаше терапија но и самиот доктор кажа само господ го може овоа........да можно е господ секаква болест да излече само ако имаме вера...зарем во библијата не пишува дека исус е слепи исцелувал скати се проодувале а зошто и денденеска да не исцелува.....
     
    На Sky-butterfly, Bitter-Sweet и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Petra777 @agios ? @Bitter-Sweet ? @Orthophill ? па каде сте да ставите лајкче на претходниов пост? :) @***nekoja*** штотуку сподели толку интимно сведоштво, за исцеление што се случило во нејзиното поблиско семејство, за нејзината баба. Зарем не ви се допаѓа тоа? Или не ви се допаѓа тоа што оној кој се молел за неа бил протестант од евангелска црква? Да го заборавеше тој детал ***nekoja***, сите ќе наредевте лајкови на сведоштвово, а сега ни збор, ни лајк, туку само штурци :)

    Интересна е оваа појава, на чуда што се случиле во Рим во 9ти век безрезервно им верувате, а на чуда што од прва рака ги споделуваат луѓе овде на форумов што се случиле во Македонија во 21век не им верувате само затоа што протестант се молел.
    Ептен ме интересира како вие би го дефинирале поимот „слепа вера“? Однапред благодарам.
     
    На Lella, Sky-butterfly, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека без разлика дали е евангелист првославен или не знам од која религиј е сите се молат на еден бог..еден е господ и сите се молеме на истиот бог....за тоа без срам спомнав дека човекот беше евангелист....
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos полека малку, не сум го видела постот досега. :)
    Сега гледам. Немам јас ништо против ако членката припаѓа на протестантска религија, битно се докажало дека молитва лечи, нели? И баш ми е мило што се така добро завршило. Ете ќе ставам лајк за силата божја.
     
    На Petra777, baba Rada, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Браво, ево рука за кажаното ===Е
    Иначе не верувам дека членката е протестантка, а во суштина, според пишаното, не е ни од православната религија. Сеедно, битно ја и ти се согласивме за нешто :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @agios Жено,ти се поклононувам!! И аман дај нека те има почесто,ти се восхитувам на љубовта,верата и знаењето!!!!

    Во контекст на темава,знам многу случаеви каде физички болни лица,со помош на молитва оздравеле,ама не би да споделам.
    Која би била поентата кога ионака ќе бидам "демантирана" ;)
    Е сега ќе си кажам за мене,досега ме чувал Бог од болести,ама па затоа по сплет на животни околности,динамики и тортури од овај брз 21 век,често сум патела или "само-дијагностицирала" од депресија...и погодете што?
    Еден куп молитви,крстена (света вода)пост,силна вера..ми помогнале да го надминам сето тоа,без никакви вештачки медикаменти!
    Само едно ќе ви кажам,молете се!
    Чуда се случуваат,и без разлика дали некој ве исмејува,ви ја вика слепа верата,погрешна..и прави мајтап на ваша сметка,наспроти се продолжете со силна верба да се молите во она што верувате ;)
     
    На Biljarkata, A-j-a и agios им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не бре срцка, зошто да бидеш демантирана? Нормално дека ќе бидеш прашувана. Натприродни исцеленија не се случуваат секој ден. Секако дека сите би не интересирало како што кога зошто..
    Сподели го тоа за Божја слава. Нека Бог се прослави преку тие евентуални чуда. Моето исцеление го имаше по сите весници и интернет портали. Секако дека има луѓе што го демантираат Божјиот удел во тоа, но јас не ги кријам деталите. Целата моја медицинска документација си ја чувам во папка (дури и фотокопија од историја на болеста), луѓето кои беа сведоци на деталите се овластени од мене да кажуваат на секому секаде, имам и слики, и разговори,

    Еве ако некој го интересира, можам и да споделам и за моментот кога ми се поврати ракот после првите 4 рунди хемотерапија и ситуацијата изгледаше безнадежно (крвта целосно ми падна со новите цитостатици) и како Бог преку многу молитви ме донесе до вистинското место за да го добијам вистинскиот медицински совет по што за кратко време следеше и моето излекување.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    бев првославна до денот кога се случи чудото сега и јас посетувам евангелска црква.....само да напоменам дек и првославието ја признава евангелска затоа што нема некоја голема разлика мегу двете цркви...доказ на тоа е со свештени лица од првославна црква знаат да дојдат и да слушат...;)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Прашањево ми е надвор од темата а радозналоста е огромна..Имаш огромно знаење, неоспориви аргументи и т.н.(ајде да не те фалам ама те обожавам)...Дали си добар сега со здравјето сакам да те прашам??
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Оди стави ми лајк на постот каде пишувам за Лора, па ќе и ставам јас лајк на ***nekoja***. Се зезам, не ми треба лајк.
    И јас знам интимно сведоштво на жена што живее во мојот град, која се исцели од канцер по молитвите на Свети Нектариј Егински. Со дијагноза од доктори, со хемотерапии, со зрачење, со често одење кај моштите на Свети Нектариј, со читање молитви, со редовен литургиски живот, со Причест, со се!
    Ама ако го напишев ќе ми речеше дека тоа не може да се провери.

    Ти провери дали сведоштвото на ***nekoja*** е вистинско, беше таму кога на баба и и ја поставиле дијагнозата, кога боледувала, кога докторите и кажале дека ќе живее уште 40 дена (никој не може да процени уште колку ќе живее болниот од канцер, самите доктори кажуваат дека таквите прогнози се невозможни, така шо овде на пасторот не може да му се препише ништо) кога дошол пасторот итн.?
    Не провери.


    (настрана од ова, како и да се случило се радувам за здравјето на нејзината баба)

    Добар обид ама не ти помина. :(
    Па вие шо сте лајкувале на неговиот пост демек еве Евангелос откри топла вода, православните не лајкнале. Ај сега по еден лајк зашто мене Евангелос ми глуми штурец и ми ги игнорира постовите каде што пишувам за исцелени луѓе во православието. Боже сачувај, за лајкови ли е работата на форумов. :) Значи ти не се радуваш на тоа што Лора повторно проодела, колку е тоа тажно. :(



    На крај сите ќе умреме.:bandit: Јас повеќе би се прашувала за тоа што ни следува сите нас отпосле, кога сите болести (вака или така исцелени или не) ќе поминат. Па да се види тогаш значењето и службата на свештениците, пасторите, православните, протестантите, верниците, атеистите...
     
    Последна измена: 24 ноември 2016
    На Bulgarian, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.