1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и медицината

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 20 ноември 2016.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Верувам @EvAngelos во моќ на молитва, реков и погоре и дома ми се докажало за свои родители и на одреден светец кога сум се молела.
    Не знам што толку се возбуди.
    :)
    Молитва си е молитва, дал е од Православен, да од Католик...
    Да го напишев ја ова, ќе бараше историја на болести да провериш и истажуваш. :D
    Мило ми е за Nekoja.
    Господ е голем, ги помилува и оние кои скршнуваат од патот негов. Слава му.
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    штета што тоа се случи пред добри 15год инаку би ти ги сликала потписот и печатот на докторот што тврдеше дека ке умре за 40 дена..инаку тоа што го постирав за бабами односно на секоја тема на која пишувам на фрумот не очекувам лајк едноставно до колку можам да помогнам на некој или ако ми треба совет или некое си мое мислење пишам без да очекувам лајкови......
     
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    8.460
    Родригез, живо сум заинтересирана: познаваш ли ти некого што се излекувал од рак само со помош на конвенционални методи (операција, хемотерапија и зрачење)? Јас еве, познавав луѓе кои се лечеа само на ваков начин, и едни од нив болеста ги совладуваше побрзо, некои покасно, а некои (со рана дијагноза) болеста им беше во ремисија неколку години, за потоа пак да се врати. И ниеден од нив не се излечи на ваков начин, за жал. И не сакам да чујам дека тоа што делува кај еден може да не делува кај друг. Ако нешто е спасоносно за еден човек, тогаш е спасоносно за сите, бидејќи сите сме едно, на крајот од краиштата.
    И друго, ако медицината хроничните болести ги прогласила за неизлечиви, (добро е и вака, голтајте апчиња) тогаш која болест по ѓаволите, за нив е излечива со нивни методи? Грипот и главоболката можеби? Нека, фала, можам и сама!
     
    На Petra777, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Не бе срце, не барам јас тоа. Не ми е потребно. Мене ми е доволно да знам дека баба ти се излекувала. Докторите кажуваат дека таквите проценки се од старт промашени. Докторот нема алатки на располагање со кои шо може да утврди уште колку време му останува на некој болен, макар бил и целиот во метастази. Луѓето живеат долги години во ужасна здравствена состојба.
    Другарот Евангелос бара проверки од тој тип. Така тој се изјаснува на форумов, тој му е начинот за да поверува дека навистина се случило нештото.
     
    На Bulgarian, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Petra777 и @agios не се секирајте, јас не верувам наивно ниту во чудата што се случуваат во протестантските цркви (тука и во светот). И нив ги проверувам. Тоа е така затоа што над христијаните Христос не повика на разумна Вера, а не на слепа Вера. И како што пишав и претходно, Светото Писмо не учи да ги испитуваме духовите и чудата. Ми е гајле што вие се зезате со мојот позитивен скептицизам, мене ми е важно да сум послушен на Бог и Светото Писмо.

    Проблемот е што вие викате урааа на православните чуда без да ги проверите, а кога девојкава сподели за чудо во протестантската црква, одеднаш штама, нема ура, нема алелуја, нема слава на Бога, туку само штурци :) Некако не ви се уклапа во вашите убедувања, па јас сум ви крив.
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Фала на убавите зборови. Одлично ми е здравјето, за слава на Бог :)
     
    На A-j-a и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Јас кога би бирал меѓу смрт и исцеление од страна на бајачи и друговерци, одма би го повикал парохискиот свештеник, би ги примил светите тајни исповед и причест и би го замолил да ми го чита канонот за побрз исход (излез) на душата од телото. Не е битно кога ќе умреме, туку битно е како ќе живееме и какви ќе бидеме во часот на смртта, односно каков одговор ќе дадеме на Страшниот Непоткуплив Суд. Џабе ми уште и 200 години да живеам, ако умрам надвор од заедница со Бога и со Неговата Црква. Патријархот Јаков имал повеќе од 100 години кога фараонот го прашал колку е стар, а тој го кажал бројот на годините - жалејќи се дека се малку и во тага се поминати. Џабе ни долг живот во таги, ако знаеме дека Христос и Небесната Црква не` чекаат да се причислиме во тоа прерадосно литургијско собрание.
    Се надевам дека баба и` на @***nekoja*** е се` уште жива, Господ нека и` дава здравје! И најбитно од се` од срце им посакувам на целото семејство да се вратат на патот на спасението, односно во Православната Црква. Значи, цената која ја платила бабата е превисока, не би ја платил и да не даде Бог да ја плати никој, особено не некој мој близок. И на Јов праведниот му продаваа слично, дури се наоѓаше на буништето, ама тој си остана верен на Бога.
     
    На korisnichka, Rama, Bulgarian и 3 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @***nekoja*** , мене, а верувам и повеќето, нè интересира дали откако се случи ова и откако ти почна да посетуваш евангелска црква, твојот духовен живот се смени на подобро или на полошо?
    Исто и за баба ти, дали и она почна да ја посетува евангелската црква и дали животот ѝ се смени на подобро или полошо?
     
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Секако дека познавам. Додуша, познавам и такви на кои конвенционалните методи за жал не им помогнале. Од друга страна, во моја близина имав и луѓе кои се одлучија за „алтернативни“ методи и од кои, за жал, никој не се спаси.

    Всушност, јас не знам за човек кој имал рак, а од самиот старт одбил конвенционална терапија. Ако познаваш ти некој таков, или уште подобро, ако знаеш за некој таков кој успеал да се излечи од рак со помош на нешто друго, те молам сподели го неговиот случај тука.

    Впрочем, постои организација која функционира на светско ниво и која се занимава со верификација на натприродни појави и чуда, наречена CSICOP, па те повикувам и тебе и сите кои имаат некое медицинско или какво било друго чудо да го споделат со нив, за да биде подложено на анализа.

    Ти можда не сакаш да чуеш, ама јас сепак ќе ти кажам дека не си во право. Сите луѓе се слични, но никој не е ист, а како некој ќе реагира на даден третман зависи од повеќе фактори - генетски предиспозиции, минати заболувања, општа здравствена состојба, имунолошкиот систем, и низа други работи. Да се очекува дека сите исто ќе реагираат на дадено заболување и даден лек е наивно и смешно.

    Патем, ако сите луѓе се исти и ако тоа што е спасоносно за еден е спасоносно за сите, зошто тогаш молитвата е спасоносна само за некои, а не за сите? :)



    Всушност, ја отворив темава зашто сакав нешто друго да пишам.

    Она што најмногу ми пречи кај натприродните „излекувања“, односно излекувањето со вера и молитва се неколку работи – прво, недостатокот на објективни (или, во повеќето случаи, било какви) докази за излекувањето на болеста. И второто, можеби и поважно, товарот на вина кој се наметнува врз болниот, во случај на неуспешно излекување.

    Зошто велам вина? – затоа што, во најголем број на случаи, а евидентно и од некои од мислењата на темава, натприродно излекување може да се постигне само ако „човек навистина верува“, „искрено се моли“, „има силна верба“, итн. Доколку човек кој е верник не успее да се излекува на ваков начин од некоја болест, според оваа логика следува дека или молитвите не му биле доволно искрени, или вербата не му била доволно силна, или пак дека направил нешто поради што не ја заслужува Божјата милост и излекување. На овој начин, на болниот не само што нема да му стане подобро и болеста која ја има нема да се излекува, туку ќе му се наметне и грижа на совест, поради тоа што неговата молитва не била услишена. Можам само да ја замислам душевната состојба на верниците, кои сигурно ги има во милионски бројки, кои се прашуваат како и со што ја заслужиле болеста која ја имаат и зошто Бог им го ускратил лекот за неа.

    И трето – недостатокот на какви било статистички податоци за стапката на луѓе излекувани на натприроден начин. Кажете што сакате за конвенционалната медицина, ама барем за неа имаме одлични статистики – многу е едноставно да се провери колкава е стапката на излекувани луѓе од дадена болест и со која терапија.

    Од друга страна, колкава е стапката на луѓе кои се излечиле од, на пример, рак или неплодност, со посетување на одреден манастир и бакнување на свети мошти – никој не знае! Секако, за неколкуте успешни случаи ќе слушнеме сензационалистички информации и сведоштва (кои, повторно се со, благо речено, сомнителен кредибилитет), но што е со илјадниците луѓе кои го посетиле истото место, ги бакнале истите свети мошти и не се излекувале? Колкава е нивната бројка и која е всушност стапката на чудесни излекувања, за жал, на никого не му е познато, бидејќи никој не се ни труди да води некаква евиденција.

    Постои едно место за кое се водат податоци, а тоа е католичкото светилиште во Лурд. Во своето речиси 150-годишно постоење, и од стотиците милиони болни кои го посетиле за ова време, Католичката црква признава само 67 чудесни излекувања, верифицирани од нивната „независна“ лекарска комисија. Кога некои од овие „чуда“ биле анализирани од навистина независни медицински лица, откриени се недоследности, но тука збориме за истите луѓе кои ја прогласија и Мајка Тереза за светица која правела чуда, па не ни треба да очекуваме којзнае каква рационалност и непристрасност.

    Но, дури и навистина да имало 67 излекувања кои не можат да бидат објаснети од науката, процентот на излекувани луѓе е толку мал во споредба со бројот на луѓе кои го посетиле, што секако е статистички незначаен за да може да се смета за доказ за„чудесно“ излекување, а не спонтана ремисија на болеста.
     
    На crimson, baba Rada, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Добро де. Проверувај си. Тој процент шо нема да го провериш, а Е вистина, е вера.
    Свети Нектариј Егински и чудата шо се случуваат по неговите молитви, а по Божјата милост не се од вчера. Плус знам пример од мојата најблиска околина. Живо сведоштво. Тоа е тоа. Во дискусија со тебе чувствувам како да спорам со атеист. Просто чудесно.
    Дека ти одиш начекуваш мислења од православци и се отепуваш од лајкови и позитивни коментари. Како не. Ајде, не менувај го контекстот на нашите мислења. Мене не ме интересира се и не скокам на се, како ти што се палиш на скоро се шо е поврзано со православие. И еден куп прашања шо ги игногираш оти немаш што да ми одговориш. На пример за Лора. И за Лора. И зошто ја темелиш твојата вера на негирање на православната вера. И Лора. И многубројните сведоштва за исцелување од кое ниту едно немаш прочитано. И Лора.
    Ае пријатно.
     
    На korisnichka, Rama, Bulgarian и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos наместо да не цитираш, оди помоли се , прошетај со пријатели, девојка....
    Престани да солиш памет.
    Нема да говорам за личен живот , за кој се излечил со молитва, со било што поврзано со Религија.
    Ја кажав мене што ми помага, кој сака да верува ќе верува.
    Земи еве картон еден, напиши реклама да знаат сите низ градов , овде не ти успева баш. Побројни сме секако ние Православни, сведоци сме и ние за чуда , ти реков гуглај за Св. Некариј за исцелени од рак , 15.000 не е мала бројка .
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
  13. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    да сите од моето семејство одеме во евангелска.....а дали животот ни се промени да...во секоја смисла да...
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека баба и` на @***nekoja*** е се` уште жива, Господ нека и` дава здравје! И најбитно од се` од срце им посакувам на целото семејство да се вратат на патот на спасението, односно во Православната Црква. Значи, цената која ја платила бабата е превисока, не би ја платил и да не даде Бог да ја плати никој, особено не некој мој близок. И на Јов праведниот му продаваа слично, дури се наоѓаше на буништето, ама тој си остана верен на Бога.[/QUOTE]
    за жал баба ми повеке не е жива ама нејзината смрт не беше од ракот....инаку ние сме на прав пат верувам јас дека сум спасена цената за нашето спасение ја плати исус....позз
     
    На Sky-butterfly и EvAngelos им се допаѓа ова.
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Точно.
    Тогаш бев само номинална православна христијанка. Една тетка ми беше подарила икона на свети Јован Крстител, мала пластифицирана, со молитва против главоболка од задната страна. Еден ден силно ме болеше глава. Ја прочитав молитвата и престана болката. Се преродив. Тогаш поверував. Слава на Бога.
     
    На Rama, Petra777, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кога студентите по медицина учат за Плацебо ефектот (Placebo effect), прв и основен пример е лекувањето на главоболка. Еве ти статија за тоа од најпознатиот онлајн медицински сајт WebMD (кликни тука). WebMD значи Web Medical Doctor. Затоа и неслучајно скоро сите примери на излекувани од светци, исцелители, бајачи, гатачи, ТВ евангелисти и слично се примери со главоболки :)

    За тие што не знаат, плацебо ефектот е третирање со третман кој нема никаков ефект (на пример капсула полна со обична вода) се дава на пациент на кој му се сугерира дека тоа е лек против неговата болест. Докажано дека автосугестијата на плацебо ефектот делува кај главоболките (особено кај оние што без некоја посебна причина се појавуваат и си заминуваат), во зајакнување на имунитетот, психички расположенија и сл.

    Плацебо ефектот не мора да е со помош на лажна капсула. Истиот може да се постигне и ако на некого силно го убедите дека на пример со слушање на некоја музика ќе му помине главата, доколку мириса некое миризливо стапче, со гледање во некоја слика, или пак со читање на некоја молитва.

    Сепак, со плацебо ефект не можете да лечите сериозни болести. Доколку ве нападне некој вирус, плацебо ефектот нема да помогне се додека вашите антитела не го убијат вирусот во вашето тело (после неколку дена). Со плацебо ефект не можете да лечите рак, леукемија, со плацебо ефект не можете да забремените. и сл.

    Еве ако не ми веруваш @korisnichka кога, не дај Боже, ќе заболиш од вирус, пробај да ја читаш неколку саати молитвата од иконата на св. Јован Крстител и кажи ни дали ќе ти помине.
    Симптомите за вирус се покачена температура, болки во главата и мускулите, омалаксаност, печење во очите, грлото, немање апетит, понекогаш нагод за повраќање и плус доказ дека имаш вирус е ако некој со кој што си била во блиска комуникација исто така ги има истите симптоми.
     
    На Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @Gosh вербата во Господ според мене е да си го најдеш својот душевен мир. Јас верувам во Бога и се молам да е се во ред со моите најблиски, секогаш тивко во себе, никогаш гласно. Но јас не верувам во прочитаното дека со молитва се лечи се, се "лечи" со верба во Бога. И ако самата личност е спремна да се бори за себе и својот живот. Според мене, религијата нема врска со медицината. Кога велат "се е во Божји раце" тогаш дефинитивно треба силна верба во Бога.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Не се секирај знам што е плацебо ефект. Но и трипати повеќе да си напишал, ти не можеш да пишуваш во мое име, а јас напишав дека се преродив.
     
    На Rama, Bitter-Sweet и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве неколку научни студии објавени преку националниот центар за биотехнологија (NCBI) во САД. Кликнете на насловите, линкувани се.

    Плацебо ефектот во третирањето на мигрената и другите главоболки
    Третирање на мигрената и плацебо ефектот
    Важноста на плацебото во истражувањето на главоболката

    Баш како што кажав и погоре, плацебото најмногу и најчесто делува кај главоболки, па затоа не е ни чудно што „исцелитетилите“ најчесто „лекуваат“ главоболки :)
     
    На MilaP, Gosh и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Заинтересиран за Св. Нектариј Егински, за кого признавам дека не бев чул, се решив да побарам по интернетов нешто за него. Сепак, бројката од 15000 луѓе излекувани од рак спомената овде е навистина импозантна и тешко е за верување дека би поминала незабележана од медицинската и научната заедница не само на овие простори, туку и во целиот свет. Напротив, за очекување е дека на темава би се направиле бројни научни истражувања и дела.

    За жал, наидов на она што и го очекував – низа православни страници и портали, повеќе на балканскиве јазици, нешто помалку и на англиски, со сведоштва и ништо повеќе од тоа. Името на Св. Нектариј не го сретнав во ниту еден непристрасен извор, а уште помалку во некое научно списание или медицински извештај – ниту за еден случај, од наведените 15000!

    Патем, го прочитав и неговото житие - само мене ли ми е иронично што и самиот Св. Нектариј починал од рак на простата, поради што претходно бил и хоспитализиран?
     
    На MilaP, Gosh и EvAngelos им се допаѓа ова.