1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и медицината

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 20 ноември 2016.

  1. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Јас како верник сум во позиција да застанам во одбрана на она во кое што верувам. И ако треба и некултурна :D ќе делувам во одбрана на она што е вистина. Оти овде не доаѓам заради вашето мислење за мене, туку за вадењето на вистината на виделина, каде шо вие не сакате да ја видите. По стооти пат ти кажувам дека се она што ти го сакаш јас го имам во непосредна близина, имено, излекуван од канцер благодарение на Свети Нектариј Егински (и воцрковениот живот се разбира), со сета пропратна медицинска документација (да не ја заборавиме и неа). Ама ти ми се качуваш на глава, јер атеист односно бидејќи верата не се докажува (ама па се гледаат последиците од верувањето :D )(па овде доаѓа моментот дека ти си на погрешна тема освен ако не си боготрагател зашто провоцираш со едни те исти непотребни прашања, материјални докази, да не треба на домашна адреса да ти се донесе некаков доказ), и веројатно отповеќе слободно време да ми го мериш секој збор. Тогаш кога ќе престанеш со пристрасност и кога ќе видиш (ама за тоа треба да ти се отворат очите) каков темперамент е Евангелос во дискусииве (па после дрзни се да ме коментираш мене како дискутант) ќе можеме на иста бранова должина да дискутираме. Во никој друг случај на пристрасност! Поздрав!
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Секако, тоа си е твое право - да го браниш она во што веруваш. Но, не знам зошто моите прашања ги доживуваш како напад врз твоите верувања - бидејќи навистина тоа не се. Ти изнесуваш одредени тврдења, јас само побарав докази за истите. Ако тоа што твојот збор не го земам здраво за готово ти го толкуваш како напад од кој треба да се браниш, во ред - но ти повторувам дека мојата намера не е таква. Ти велиш дека сакаш да ја извадиш вистината на виделина, истото го сакам и јас - но, наместо со сведоштва, со објективна анализа и докази.

    Навистина ми е мило ако имаш близок човек кој успеал да го победи канцерот и нема да речам дека не ти верувам - напротив, ќе ти предложам да го доставиш целиот случај, сосе сведоштва и целокупната медицинска документација до некоја организацја која се занимава со проверка на вакви случаи, како CSICOP, на пример, или пак до некое медицинско лице кое ќе го објави во научно списание за медицина.

    На ваков начин, не само што ќе ме убедиш мене, туку ќе убедиш милиони луѓе низ светов - и лаици и научници во вистинитоста за чудесното излекување, и ќе допринесеш многу повеќе кон „вадењето на вистината на виделина“ отколку со, да речеме, пишување по форумов.

    Ти велиш дека јас, како атеист, не можам да бидам убеден, но јас ти тврдам дека моето убедување е многу лесно - и ти кажав и како можеш да го направиш тоа.

    Навистина не сфаќам зошто по не знам кој пат го спомнуваш @EvAngelos (и тоа без да го означиш) во дискусија која се одвива помеѓу тебе и мене, на тема неповрзана со него. Ако имаш некој проблем со начинот на кој дискутира Евангелос, ти предлагам истиот да го решиш со него, наместо без потреба да го вовлекуваш во дискусија во која не е засегнат.

    Она што јас го напишав во однос на зборовите кои ти ги употреби во дискусијата со мене не беше никакво „дрзнување“, туку опсервација на речникот кој го употреби - ништо повеќе од тоа.

    Јас сум тотално непристрасен на темата „Религија и медицина“ и ќе прифатам аргументиран и научно поддржан доказ за медицински чуда во било која религија, без исклучок - без разлика дали се работи за христијанство, ислам, хиндуизам или вуду.

    Дали ти можеш да тврдиш дека ја имаш истата непристрасност? :)

    Те поздравувам!
     
    На EvAngelos, theowndemon, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562

    Ок. Ќе гледам да не ти поставам никакво прашање во продолжение за навистина да немаш повод да ми одговараш. :D Јас можам и да ти кажам дека спасението е во Црквата, ама ти ќе ми навалиш со рој прашања кои мене не ми се важни и ништо не ми менуваат. Ако ти не ми веруваш за спасението, нема ни да ми веруваш за ништо друго во религиозната сфера. Толку.

    Шо се однесува до речникот, па ја уште и ти се извинувам човече, туку речи те штедам.
    Кога зборам за пристрасност мислам на тоа што не му копаш по значењето на зборовите кога се дрзнува да зборува за работи шо не го занимаат колку шо се прави дека го занимаат. За повеќе прочитај си во дискусиите меѓу него и Ортофил. Ова во однос на тоа шо ти мене ме карактеризираш како ваков или онаков говорник додека во исто време си расфрлате лајкови со другарчето. За тоа да бидеш непристрасен, ако можеш мислам. И последен пат ти велам, престани да ме тагнуваш. :D
     
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @agios Кратко кажано, @Bender Rodriguez не ги побива твоите тврдења дека луѓе биле излекувани од светци и цркви, само просто и едноставно ти бара медицински доказ, што е сосема разумно. Ако функционира, зошто тоа да не биде за цел свет? :)
    :d::drunk:
     
    На Lella, Bender Rodriguez, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  5. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Ти верничка си?
     
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @agios Еве, да речам не сум, каков одговор ќе ми дадеш и што има врска тоа? :)
     
    На Bender Rodriguez и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Незнам за тебе која е правата дефиниција за ВЕРНИК, но ако ти се сметаш за прав верник, тогаш не треба да не убедуваш да веруваме во тоа што ти веруваш, по твојот верски кодекс ти не треба да водиш дискусија со карање, на секоја навреда не би требало да враќаш со навреда...треба да имаш отворен ум и топло срце, само што тоа искрено досега кај тебе не сум го прочитала.
     
    На GirlLove, Bender Rodriguez, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    |(
    Ниту ќе дознаеш.
    Ако ми одговори дека не е верник, нема зошто да го поминувам истото како со Bender Rodriguez.
    Од кога отворен ум и топло срце се читаат? :D Затоа те имаме тебе, да прочитаме што е отворен ум и топло срце. Скоро па ова ---> :angel:
    Срце оно бе, ај фино те молам не закачувај ми се, шо уопште потскокнуваш.
     
    На Orthophill, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сега се РАЗГОЛИ скроз, сите те видоа во право светло....ти од верничка немаш ни В.
    (facepalm)
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @agios Кога веќе си се нафатил на дискутирачкото оро, биди на место, па дообјасни, каква врска би имало доколку не сум верник? :)
     
    На EvAngelos, Bender Rodriguez, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Така срце. Затоа те имаме тебе да ни демонстрираш што е верничка. Твој е подиумот, повели. :D Aj папа. :*
     
    На Orthophill, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    За луѓето не е можно, но за Бог е можно. Се е можно за оној што верува. Ете рецепт.
     
    На agios, A-j-a, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Се обидувам да те сфатам, ама навистина не можам. Од една страна, ме замолуваш да не те цитирам, а од друга, ти ме цитираш мене, притоа не одговараш на ниту едно од прашањата кои ти ги поставив, и наместо тоа, пишуваш за некои сосема трети работи, неврзани со она што го дискутираме, или барем она за што јас се обидувам да дискутирам.

    Каква врска има, на пример, ова, со она за што зборуваме неколку страници наназад?
    Освен ако не се работи за некоја инфантилна потреба да го имаш последниот збор во нашава „дискусија“, друга причина за тоа што ме цитираш, без да се осврнеш на ниту едно мое прашање јас не гледам. Ако е ова во прашање, без проблем ќе ти дозволам да го имаш последното мислење во нашава дискусија, но не без претходно да констатирам дека очигледно одбиваш да одговориш и да презентираш непристрасен, научен доказ, затоа што и самата го немаш и дека твоето, не баш умешно, ескивирање на моите прашања се должи токму на овој факт.

    Толку на темата „докази“ за чудесни лекувања од неизлечиви болести.

    А во однос на ова:
    Повторно, морам да констатирам дека вмешувањето на други ликови од форумов, кои немаат никаква врска со нашава дискусија, не е ништо друго, туку најобичен обид да ја свртиш дискусијата во некоја друга насока, поради недостаток на аргументи во дискусијата која јас и ти ја имаме.

    Навистина е жално што наместо да презентираш барем еден аргумент во прилог на твоите твдрења, ти се обидуваш да ја направиш дискусијава да биде за мојата личност или за Евангелос. Не знам, можеби целта ти е да ги „дискредитираш“ моите аргументи и прашања со тоа што се обидуваш да направиш некаква асоцијација помеѓу мене и Евангелос, кој, како што за жал знаеме, е своевидна persona non grata во темите во кои доминираат православните.

    Јас форумџиите кои ги лајкуваат твоите неаргументирани мислења не ги анализирам, ниту се обидувам да проникнам во причините кои стојат позади нивните лајкови, па ти препорачувам и тебе да не го правиш тоа со моите мислења.

    Ако имаш некои издржани аргументи кои би можела да ги презентираш во прилог на она за што зборувавме или пак, ако се решиш сепак да одговориш на некое од моите прашања - во ред, тука сум да го чујам она што имаш да го кажеш и да дискутираме, во спротивно, се сложувам со тебе - и јас навистина не гледам цел во водење понатамошни празни муабети.

    Поздрав!
     
    На Lella, theowndemon, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.113
    Ве читам 6 страни, и кога ќе прочитам ,, се е можно за оној кој верува ;треба само повеќе и посилно да веруваш или пак да се молиш,, ми се наметнува прашањето - Кои сте вие, и како не ви е срам вие на некого ви најтешките маки, да му кажувате индиректно или директно дека не верува доволно?!

    Дали тоа би го кажале у лице на мајка чие што дете умрело - извини госпожа, али со наредново дете повеќе да веруваш, иначе правец Бутел ?!
    Па и да е така, нели Бог сите ги сака и им простува, што има да мери кој колку и дали верува или колку му се моли? Или работи со систем на корупција и уценување - кој сака да оздраве, нека ми се моли од дното на петни жили да му го излечам детето од болеста која јас сум ја измислил и сум му ја дал ( оти он нели се создал, и све знае и све прави со причина )?

    Или пак не е толку моќен и способен да излечи од тешки болести, туку само од главоболка и старечко перде? Или пак намерно не ги лечи тешкиве болести кои си ги измислил сам , за да ве уценува, па така си ја одржава фан базата?

    И немојте буквално со глупи филозофии и вртење на демагогии да ми објаснувате ,, ама он све создал и све знае, али не ни ги дава болестите; а и да ни ги дава,со тоа само ни ја тестира верата и не прави издржливи - ама ако веруваш јако ќе оздравиш, а ако умреш лесна ти земја.,,

    Ако толку ве сакаше, немаше да ви дава болести во прва рака, а потоа па дури и ќе ве лечеше од нив.

    Мојот став е тој - не постои Господ, а и да постои пак не би го почитувала, баш поради ова што го пишувате во темава.
     
    На Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Ок. Немам шо повеќе да ти кажам, цирка три мислења погоре требаше да се согласиш со тоа. Мојата цел е да зборувам за вистината. Освен што малку застранив во последните неколку мислења занимавајќи се со удостојување на неповикани ликови. Се што можеше да примиш ти кажав, останатото ќе ти остане неодговорено се додека не поверуваш. Најважно, моето и твоето стојалиште се дијаметрално спротивни, ти затоа не ме сфаќаш. Те замолив да не ми се обраќаш затоа што немам што повеќе да зборувам со тебе, и во некои од последните мои мислења НЕ те цитирав за разлика од тебе кој повторно и повторно ме цитираш како дете што се заборавило играјќи. Знаеш шо е инфантилно? Да го провоцираш соговорникот со „немаш аргументи“ (иако се трудам да ти го објаснам моето стојалиште на за тебе како атеист најопиплив можен начин) и да се повикуваш на мојата култура на дискутирање или на евентуалниот морал кој шо треба да произлезе од мојата религиозност, само затоа што се изјаснувам како верник. Поздрав!
     
    На Orthophill, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Извини @Gosh не те дочитав. Затоа ќе ти коментирам до каде што те читав. Да, Бог простува. Ако побараш да ти прости. Нешто најприродно. Бог еднакво ги сака и малите и големите, и тие што им оди се и тие што се во животот испромашиле. Но најнормално е ако сакаш со некој да си во добри односи да му побараш да ти прости ако нешто си му згрешил.

    ... Е сега те дочитав :) немаш од кого да бараш прошка, во тој случај ќе се потрпеш на медицината и немој да се лутиш некому што не постои ;)
     
    На Orthophill, Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Имам 3ца познаници што од најголеми атеисти, кажуваа за пост како бил измислен за чистење на организам , за тоа дека молитва е плацебо и сл, за жал се додека маката не ги натера , животот не им удри шамар па поверуваа во Бог, во неговата сила и станаа најголеми верници.
    На никој не посакувам на ваков начин да се свести.
    Можда некој ќе се изнасмее сега , пак ќе речам , недај Боже да осети некој на своја кожа.
     
    На agios, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Gosh и јас, како христијанин, се изначитав глупости на темава. И за мене се глупости тоа дека ако посилно веруваш или ако „доволно“ веруваш дека ќе бидеш исцелен, а ако малку веруваш дека нема. Или пак дека ако му се молиш на некој си починат човек (тој Нектариј) дека тој е задолжен за клиниката на Онкологија да ги лекува таму болните од рак.

    Не сакам да ти се мешам во твојот атеизам, но би сакал чисто да ти предложам да не го темелиш атеизмот на основа на глупостите што си ги читала, ги читаш и ќе ги читаш и гледаш и слушаш од разно-разните ткн. „верници“ кои најчесто нивната „христијанска“ вера воопшто и не ја темелат на учењето на Исус Христос и на Светото Писмо. Ти си една од поинтелигентните и разумни на форумов и верувам дека тоа до сега и самата го забележи дека има голема разлика помеѓу христијаните што му веруваат на Христос и христијаните што се водат по разни традиции, обичаи, по учења на разни ткн. „свети отци“ од 9ти или 13ти век или по разни непотврдени сведоштва на чуда и исцеленија што се случиле таму некаде далеку од проверливоста.

    На следниов линк имам напишано текст со наслов „Ако постои Бог, зошто допушта зло и страдање?“ Текстов го пишував кога и самиот поминував низ борбата со ракот. Доколку те мрзи да го читаш или пак ирелевантно ти е што Библијата вели на оваа тема, тогаш би ти ја издвоил само на кратко првата точка:

    Дури и слободно да речеме дека не знаеме зошто и од каде се болестите и зошто Бог не ги излечи сега и одма, од тоа НЕЗНАЕЊЕ не би требало да извлекуваме заклучоци за и околу Бог. Во спротивно ќе бидеме слични на античките пагани кои дупките во знаењето ги пополнуваме со "God of gaps". Тие не ја знаеле причината за громот и затоа си измислиле „Бог на громот“ и велеле дека Перун е тој што пушта громови од небото. На сличен начин некој може и немањето одговор на ова и слични прашања да го пополни со атеизам и да рече „е тоа е така затоа што нема Бог“. Значи како што има „богови“ кои пополнувале празнини во знаењето (God of gaps), така има и атеисти кои ги пополнуваат дупките во знаењето со атеизам (Atheism of gaps). Ни едното ни другото не е добро. Ние треба да извлекуваме заклучоци од тоа што го знаеме, од откриените факти за реалноста, а не од она што не го знаеме, од непознатото или од прашалниците.
     
    На Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @agios Јас двапати те поздравив и притоа побарав од тебе да не удостојуваш почесто со твоите знаења :) а сега со трет поздрав те замолувам да не се мачиш напразно,"немој да даваш очи на некој што не сака да прогледа".
    Јас одамна се повлечив од вакви дискусии...:)

    Можете вие колку сакате да се чукате во гради како сте атеисти и не се плашите од Господ,па да барате да ви полага сметки на вас,па да ги обвинувате Православните дека почитуваат "лажни светци"и притоа ги ставаат пред Господ,се можете вие,да ;)
    Ама ,верувајте било да сте лажни,или вистински верници,или атеисти,само еден ќе не суди сите!!
    И запрашајте се само,дали тогаш пред Него би можеле да го кажете истото ова што тука го вртите во круг и наметнувате?!
    Дали исто вака ќе имате во голема мера"непристрасност" и "аргументи"?!
     
    На agios, Petra777, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.113
    @korisnichka , те молам посвети две минуи од твоето драгоцено време, и прочитај го мојот пост, па супер би било и ако го разбереш. Не прашав дали Господ простува, ниту пак кого повеќе сака. Уште помалку побарав прошка, а најмалку па можам да се налутам на некој за кој сметам дека не постои .

    Инаку , не ти се извинувам, затоа што го прочитав твоето мислење, па затоа и ти возвратив. Логично, нели? Ако не го прочитам, како ќе знам што воопшто и да ти возвратам, така?

    @Bulgarian исто така не чита постови, а и да ги прочита , за џабе е - не ги разбира. Инаку, ќе го видеше моето познавање на темата од воведниот пост - во кој не сум навела ни еден член од форумов како пример, туку поставив општо прашање до оние кои не поддржуваат медицинско лекување.

    Е сега, кој си ја има мувата на капата...

    @EvAngelos, атеизмот како корен ја има најголемата глупост напишана, Библијата т.е. секоја Света книга.

    Инаку, за твоја информација, и овие книги се напишани од ,, разно - разни верници ,, т.е. обични луѓе, а вие ги почитувате како лично Господ да ги пишал, без разлика на нивната морална вредност.
    Напротив, дури и ги оправдувате лошите работи, оти од Него биле сторени.

    Одамна престанав да дебатирам со верници дали Господ постои, туку зашто, и покрај неговиот сомнителен морал, садизам и изживување, сеуште го почитуваат, па и веруваат во Него, оној кој треба сите да ги сака...

    Затоа што знаете дека не ги сака сите, туку само оние кои му се потчинети. Длабоко во себе, се плашите од Него, и да не горите во вечниот оган, па затоа си траете.

    Нема да ви забранувам да ме цитирате, ко други членови - но не ви ветувам дека воопшто ќе ви реплицирам ако дојде до тоа.