Нема потреба да ме информираш за Библијата. Одамна се имам ја информирано за неа и тоа во академски кругови, а не на форум Ние христијаните ги почитуваме Библиските книги како Господ да ги напишал затоа што веруваме дека Бог ги водел писателите и тоа го потврдил со докази. Старозаветните писатели на Библијата (оние пред Исус) го потврдиле своето водство од Бог на пример со тоа што претскажале стотици детали кои што се случиле неколку века подоцна. Плус и Исус јасно кажал дека тие се Божјо слово. Новозаветните писатели (учениците на Исус) исто така го потврдиле своето водство од Бог бидејќи биле овластени од Исус кој кажал за нив дека ќе слезе Светиот Дух и ќе ги упати во целосната вистина, дека ќе ги води и сл. Исус пак од друга страна има право да овластува затоа што тој е Божјиот Син, а веруваме дека е Божјиот Син затоа што Неговите чуда се неоспорливи и не ги негирале дури и најголемите непријатели на Исус од тоа време. Плус и Неговото воскресение е силно аргументирано и затоа ние христијаните веруваме дека е многу разумно да се верува во Него. Секако ги почитувам и толерирам сите што одлучуваат да не му веруваат на Исус. Тоа е ствар на избор. А што се однесува до лошите работи... не постои нешто такво како „лоши и добри работи“, освен ако пред тоа не претпоставиш дека постои некој апсолутен морален закон. Тоа е исто како некој да дискутира за топло и ладно, а негира дека постои температура
Еве ја книгата за која зборував во некои од претходните мислења - The Faith Healers од Џејмс Ренди - човек кој како претставник на CSICOP ја пропатувал цела Северна Америка и дел од светот со цел испитување на разни тврдења за чудесни излекувања и разоткривање на методите со кои т.н. faith healers ги измамуваат оние луѓе кои веруваат во ваквото (из)лекување. Интересна книга, без разлика на тоа дали е човек верник или не, за онаа другата, најчесто запоставена страна на чудесното излекување - рационалната. Може да ја симнете на следниов линк.
Какво мислење (искуство)имате во врска со православен психолог или психијатар во Македонија, дали би посетиле, дали знаете некој овде? Ја имам прочитано Униние и депресија од руски православен психијатар, па би сакала ако некоја има искуство да сподели мислење.
Не знам како да го кажам ова, ама не е ниту молитвата ниту вербата во Бога она што му помага на болниот. Неговиот мозок му помага доколку тој има силна верба дека одредено нешто би му помогнало. За оние религиозните Господ и молитвите се лек, за другите верба во медицината или во некое лице кое може да ни помогне во оздравувањето. Мајка ми веруваше дека демек Господ и помагал. Друга жена која боледуваше од рак веруваше во промените кои ги направи во исхраната, веруваше во благодетите на алтернативната медицина, веруваше во сопствената моќ да ги промени нештата. Вторава жена успеа, се потпре на медицина и на себе си бидејќи знаеше дека човек сам на себе може најмногу да си помогне. Сите овие книги како ”Моќта на потсвеста” и слични на неа всушност тоа ни го кажуваат, дека сите работи почнуваат прво од нас, и важно е да се верува силни во нешто. Без разлика дали е тоа Господ или нешто друго.
Najvazhni se struchnosta, profesionalizmot, humanosta. Ne znachi deka golem vernik e i pameten i talentiran i si ja znae rabotata. Chovekot shtom bil dobar hirurg, bil i inteligenten/nadaren. Inaku, religioznosta e samo okolnost. Lugjeto na koi od doma kako mali redovno im zboruvale za Gospod, pochesto stanuvaat vernici.