1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Дали сметате дека моралот е директно поврзан со религијата или потекнува од свесноста на секое човечко суштество?
    Дали мислите дека религијата е потребна да се одржува моралот на заедницата?
    Дали сметате дека (не)припаѓањето на одредена религија ве прави добра или лоша личност и зошто е тоа така?

    Воглавно, дали моралот на еден човек зависи од неговите религиски погледи?
     
    На WildMk, Tanjamm, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.263
    ... ама треба само искрено да се покаеме за нашите гревови, и Господ ќе ни прости и ќе одиме во рајот... :l:

    FB_IMG_1502869764476.jpg
     
    На Snow-Star, CameliaMiller, Purelove92 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Му ја прочитав накратко биографијата. Навистина моќна приказна.
    Зарем не ти е мило тоа што овој психички болен злосторник искрено се покајал и се променил? За тоа што го направил, он толку жалел што велел дека е грев против Бог тоа што он продолжува да живее. Ако е искрено покајанието, тоа е супер. Замисли сите луѓе на светот да се покајат за своите гревови, колку убав би бил светот.

    И нема потреба да земаме сериски убијци за примери. Шо демек, ако ја и ти не сме сериски убијци демек ние сме добри, безгрешни? Кој знае колку убиства би направиле да ги имавме истите психички дијагнози како Jeffrey Dahmer: borderline personality disorder, schizotypal personality disorder, and a psychotic disorder.
     
    На BabyCakes, Nigredo Odor, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.263

    Да, се променил и покајал само оти го фатиле и го пикнале у затвор...

    Може требало пред да го стори ова, да се покае и да го промени размислувањето...

    Али океј, баш поради таквите како него и таквите како тебе нема правда на овој свет.
     
    На CameliaMiller, Purelove92, Dim40 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    У затвор имал шанса да чуе за Исус. Во сите светски затвори има христијански мисионери кои посетуваат затвореници и таму го нашле. Пред тоа можеби немал шанса.
    А не сфаќам зошто од скриени мотиви би се покајал у затвор. Неговата доживотна казна немало да му се намали ако се покае. Немал никаква потреба да изјавува такви работи.

    Зошто заради таквите како мене нема правда на овој свет? Дали јас некаде пишав дека треба да биде ослободен од затвор или сл? Или само колку да се пишело нешто?
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ако човек има чисто срце и мисла, верува во доброто и прави добро, не му се потребни религија, Исус, Господ, Дева Марија... Свесно навлегување во верата, нејзино проповедање - јасно дека настанува од себични мотиви: да се оди во рајот, да се избегне казна... за некои и паричен надомест на овој свет.
     
    Последна измена: 16 август 2017
    На Any05, CameliaMiller, marchi-cool и 6 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако. Е тоа АКО е проблемот. Проблемот е што нема човек со чисто срце и мисла. За жал постојат само луѓе со нечисти срца и луѓе што мислат дека имаат чисти срца. Токму затоа имаме потреба од Исус. А се сложувам дека Религија не е потребна. Ни на најголемиот душман не му посакувам религија. Но му го посакувам Исус.

    Иначе, секако дека постојат верници кои од лажни и себични мотиви станале верници, исто како што постојат и атеисти кои од лажни и себични мотиви станале атеисти и деноноќно и неуморно проповедаат атеизам.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Еве и убиецот денешен, од Велес, вришти со икони по ФБ.
     
    На Snow-Star, CameliaMiller, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Најчесто тие што шернуваат икони се суеверни православци кои во реалниот живот си живеат исто како атеистите. Воопшто не се водат по Исусовото учење, а не го ни познаваат, пошто не отвориле Библијата у живот. А и кога би отвориле би знаеле дека икона не се ни спомнува во целата Библијата со исклучок на иконата на ѕверот (ѓаволот), а плус има и јасна забрана за правење идоли и слики за религиозна употреба (2та Божја заповед).

    А плус и овој човек, еве дури и да бил верник, убил само 1 човек. Па што е тоа во споредба со еве на пример само атеистите Сталин и Мао Це Тунг кои имаат убиено околу 100 милиони луѓе.
    Понатаму Француската атеистичка револуција, геноцидниот режим на Пол Пот кој уби четвртина од популацијата на Камбоџа, сојузот на воинствените безбожници (The League of Militant Atheists ) кои убија неколку десетици илјади христијани во Советска Русија, режимот на атеистот Плутарко Елијас Каљес кој за 8 години уби или прогони 4000 свештеници и кој знае колку верници.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @EvAngelos со сета почит, не сум на темата за да читам протестантски предавања. Ако некоја религија е вистинита, верувај ми не е протестантството. Ова го кажувам од лично искуство, нема да навлегувам во темата повеќе. Библијата секој си ја толкува како сака. Во мојот реален живот секојдневно сум опкружена со луѓе од најмалку 5 религиски определби и никогаш не се случило некој да проповеда религија на другиот. Се случило да седнеме на маса и да разговараме за разликите помеѓу одредени религии ама никогаш немало проповедање како што го има на форумот. На форумов сите најјаки, а?
    Поента ми беше дека може да се изјасниш како огромен верник, а сепак да си една ужасна личност, како оној што го зборевте со Гош, и овој од Велес.
    Јас верувам дека и да не ги малтретираш луѓето со твојата религиозна определба секојдневно, и да не си најсовршениот верник, Бог повеќе ќе цени што си направил за другите и како си го живеел животот, а не што си направил за себе :wasntme:
     
    На CameliaMiller, marchi-cool и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @DAngel шо ти стана бе? Доаѓаш и коментараш на категоријата за Религија и се буниш зошто овде се дискутира за религија? :) Ко ја сега да отидам на категоријата Секс и да пишам: што ви е на вас бе, овде само за секс зборите, да не сте сексуално опседнати? :D

    Шала на страна, на категорија за Религија е нормално да се дискутираат теми за Религија, филозофија на религиите, атеизам, натурализам, нормално е да се спомнат зборови како Библија, Куран, Исус, Мухамед, Ниче, Ричард Докинс, Кристофер Хиченс итн. Ако некој смета дека овие теми се „проповедање“ или „наметнување на вера“, или општо ако не му се дискутира на овие теми, тогаш на таквата личност не и е овде местото и нема потреба да влегува во оваа категорија.
    Но, извини вака, али малку е глупо да доаѓаш овде, да проповедаш атеизам и кога некој ќе ти даде контра аргумент, да велиш: „не сум овде да читам протестантски предавања, не ми проповедај“ :)
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @EvAngelos не сум атеист и никаде не проповедам ниту една религиска определба, само реков дека ако човек се декларира како верник не значи дека е добар. Ова "убил само еден човек" многу лошо звучи. Зарем животот на тој еден човек не е доволно вреден? И на крај, што е подобро, да живееш како атеист и да не убиеш ни еден човек или да живееш како христијанин и да убиеш само еден?
    И не е само религија, еве и во секс религиозни теми, и во наука, во секоја категорија на форумот или некои екстремно религиозни, или екстремно нерелигиозни, или некои екстремно десни, обавезно се најде некој екстремист да шири како сите освен тој не се во право. Ништо во екстрем не е добро. Темата е атеизам, а не дали во библијата се спомнуваат икони или не.
     
    Последна измена: 17 август 2017
    На crimson, theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А што е подобро, да живееш како верник и да не убиеш ни еден човек или да живееш како атеист и да убиеш 100 милиони луѓе? Ако веќе си ги вртиме прашањата како што сакаме нели, тогаш може и вака да се формулира.

    Темата е атеизам, но ете ти погоре пиша дека убиецот од Велес се расфрла со икони на фејсбук. Со тоа ти сакаше индиректно да кажеш дека тој бил верник (христијанин) и тоа тесно да го поврзеш со неговото убиство, демек верата ништо не значи за тоа дали човек е добар или лош. Епа во оваа насока јас ти аргументирав дека има верници и „верници“, дека секој што шернува икони не е по дифолт верник и дека таа поврзаност што ја правиш не е оправдана/релевантна. Дополнително ти аргументирав дека тој човек најверојатно не ни читал Библија, што би значело дека не се ни водел по учењето на Исус, што значи практично дека не бил христијанин по вера. Велам „по вера“, бидејќи има многу атеисти што се декларираат како христијани по традиција, бидејќи нели тие не се албанци за да бидат муслимани и тоа по дифолт ги прави христијани.[/user][/user]
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да почнеме по ред тогаш.
    Тоа Џефри Дамер што тој се покајал нема да ги врати оние кои ги убил, ниту ќе им помоне на нивните семејства. Тоа што се покајал не гарантира дека нема да го стори делото пак и да се покае. Плус, каква вредост има покајание од психички нестабилна личност? Не слушнал за религија, слушнал во затвор, па станал голем верник одеднаш, нема врска што убил 17 млади. Битно се покајал.
    Токму заради тоа со Дамер го поставив така прашањето, затоа што ми изгледа дека кај тебе највисоката морална вредност е религијата, па и да е убиец, барем е верник. Според твоите зборови звучи 'ко да си во некоја ситуација да бираш би застанал во секое време на страната на верник кој е убиец, а не на атеист кој живеел по највисоките општествени морални вредности.
     
    На CameliaMiller, Gosh, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Cамо го потврдуваш тоа кое во другата тема се обидуваше да ми го негираш: дека посветени верници = луѓе кои се плашат од она што се и од она што би можеле да станат.
    На човекот не му е потребна верба во фантастично зачнатото бебе Исус за да се унапредува. Никој не е идеален, ама не можеш да кажеш дека сите се зли и нечисти. И Исус си имал свои моменти, во Библијата е опишан како губи трпение, станува гневен, арогантен, потценува... За небесниот му татко, подобро да не почнувам. Значи, секој има жолти минути и тоа е нормално.



    „Атеистите ова, атеистите она“... Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?
     
    На CameliaMiller, Anacid, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2017-07-24-00-06-54-1.png
     
    На CameliaMiller, Avery, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не сум рекол дека нема врска што убил 17 млади. А дека е битно тоа што се покајал и те како е битно, само не знам зошто ве лути тоа што се покајал, наместо да ви е мило.

    Пази ја статистикава:
    Џефри Дамер како неверник убил 17 луѓе.
    Џефри Дамер како христијанин убил 0 луѓе.

    17 е многу повеќе од 0, како сакаш гледај.


    Не знам зошто таков впечаток си добила за мене. Тоа сигурно не произлегува од моите постови, а приватно не ме познаваш.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Lella сериозно веруваш дека Хитлер бил христијанин? :) Оф мори мајко, ајде кажи што според тебе претставува христијанин? Човек што како бебе го потопиле во црковна вода или човек што го следи учењето на Христос?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    6 месеци додека бил во затвор бил христијанин. Баш и немал некои услови да убие човек :?:
    Плус, и додека не бил во затвор успевал да се контролира подолго од тоа :D
    Ништо не гарантира дека не би убил пак, да имал соодветни услови и соодветна провокација 8-|
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Во овој контекст, христијанин претставува личност што се идентификува како христијанин. Колку тој го следел „вистинското“ учење на христијанството нема што јас и ти да одлучуваме, бидејќи тоа е крајно субјективна, а и небитна работа.

    И тој си имал некое сопствено изобличено сфаќање на Библијата како што си имаат радикалните исламисти за Куранот и како што ти велиш дека си имаат православните христијани, на пример.

    Јас сфаќам дека во светот има неморални атеисти, но не чувствувам потреба да се оградам од нив бидејќи и јас сум атеист — нешто што ти не можеш да го го кажеш за себеси.
    Ти ги делиш христијаните на lost-in-translation-Christians и Christians™, на тој начин што за секое неморално дело што ќе го сторат велиш ноуп, не е овој од нашиве.

    Моралот тебе не ти извира од христијанското учење, како и на никој друг христијанин, барем се надевам дека е така. Бидејќи ако единственото нешто што те држи да не крадеш, убиваш и спиеш со жената на ближниот е да не гориш во пеколот, then we have a problem.
     
    На Nigredo Odor, CoverGirl10, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.