Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.492
    Пол:
    Женски
    Зошто во друга тема ваквото мислење ми беше офтопик, ќе напишам тука накратко. Не треба религија како основа за да сме морални. Мојот морален код пример, се заснова на непровредвање друго живо суштество. Лошо е ако како резултат има некој повреден ( пр. изневерување наспроти секс надвор од брак со дозвола од партнер, ова чисто оти то прочитав нагоре). Првото не е во ред зошто при изневерување повредваме партнерот, второто е океј оти нема жртви. Али ако сепак има е morally questionable. Јас, вака разликвам добро од лошо. Нормално има нијанси на сиво и мора некогаш да се разграничат ама генералниот концепт или да речиме шема, е та. Религијата не ми е основа за ова. Од кога се ослободив од неа поинаку го гледам светот. Шо не значи дека некој со помош на религија не можи да е морален човек. Напротив. Секој си наоѓа шо му функционира, а шо не. На некој религија, на некој не. И зато не можи да е точно да се речи дека едното е апсолутно точно или пак другото. Прво, не знајме како влијае на човекот. Второ, како и да вртиме сите различни го гледаме моралот или бар некои ситници околу него ( према мене незначајни) и прајме pick and choose. Тоето.
     
    На Lella и WildMk им се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Моралот и честа се многу посилни од многу нешта. Човечкиот став и карактер се гради врз честа и моралот.
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Баш христијанството? Ако веќе бараме корени, повеќе логика има да се свртиме кон постарите религии, не само хиндуизмот, туку и конфучијанизмот, таоизмот, будизмот. Би рекла дека тие имаат пософистициран морал од Абрахамските религии кои се служат со овци, гуски, магариња за да пренесат поента. Плус, тврдењето дека христијанството е основата на моралот имплицира дека пред Исус не постоел морал, што е малце far-fetched.

    Океј, сфаќам. Прељубата е јасно дека е морално погрешна бидејќи свесно повредува некој друг. Блуд е премногу отворен поим и не би го коментирала. Што се однесува до наметнување ставови, моралот не го сметам за став, бидејќи не мислам дека може да биде различен. Сметам дека е апсолутно дефиниран. А кога сме кај либералност, тука автоматски спаѓа немешање во штипки на друг, така што муабетов би имал смисла само во контекст на религиозните луѓе и нивните осудувачки навики.

    Зборот ми е, нема моралот да ни пропадне во вода ако ги оставиме религиите зад нас бидејќи религиите сами по себе се производ на тој морал. Прељубата е погрешна и во свет со идеја за Бог во него, и во свет без идеја за Бог во него. Ерадикација на религиите не значи крај на моралот. А сега ти размисли си дали е „поморално“ да бидеме добри бидејќи над глава ни виси закана за пекол или да бидеме добри и покрај тоа што над глава не ни виси закана за пекол. :)
     
    На WildMk, Amellie13, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Вие мислите дека забраната за сексот надвор од брак туку така е донесена во религијата? Со тоа порано се спречувале многу проблеми, кои денес ги имаме. Помалку партнери, помалку спб, помалку секс надвор од брак, помалку деца без родители или без еден родител, помалку абортуси и слично.
    Либерализмот не се бори за спречување на такви проблеми, туку се бори за живеење на максимум, кој што мисли дека е правилно тоа да прави и дека тоа е ок. Тоа не е морал, бидејќи е спротивно на она што првично е речено дека е морал.
    Па незнам колку си запознаена со другите пагански религии ама тоа и не баш може да се нарече морално бидејќи правилата кои тие ги имаат обично водат кон нешто лошо. Пример принесување човечки жртви или животни, самоповредување и слично.
    Инаку нема потреба да бидеш до толку "екстремист" за да бараш религиите да исчезнат. Со тоа не си ништо поразлична од некој религиски фанатик. Кога веќе се бориме за слобода и се тоа мислам дека е најдобро да оставиме на луѓето да си бидат тоа што ќе одлучат да бидат. Живеј едноставно како личност со отворени гледишта, дружи со такви луѓе во таква средина и тоа е тоа. Ниту некој може религија да искорени ниту пак либерализам, прекумерна слобода и слично. Ако не си религиозна нема потреба да ти виси на глава тоа дека ќе завршиш во пекол. Бидејќи ти како атеист нетреба да веруваш во тоа воопшто, а не да се плашиш од тоа. Со исчезнувањето на религиите и верниците пеколок ако постои ќе постои и после тоа.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Да де, ова било идеално решение за пред 2000+ години, сега за среќа имаме сексуална едукација и методи на заштита. Така што, ова оправдување на забраната за секс пред брак веќе не важи и нема зошто уште да се замараме со тоа.

    Не кажав дека се морално совршени тие религии. Ако всушност се навратиш на првото мое мислење, ќе видиш дека тврдам дека религиите се низок обид за пакување морал, без разлика за која религија се работи. Ама во моментот кога ти истапи со тврдењето дека христијанството го инвентнало моралот, морав да потенцирам дека има други религии (постари и поетички ориентирани) кои би биле подобар кандидат за тоа. А и христијанството си има свои испади од типот на жртвување, мазохизам, па и сексизам, хомофобија, оправдување ропство и други морални бисери.

    Немаше да бидам поразлична од религиски фанатик ако барав да се забрани религиозно определување и практикување религија. Тоа не го барам. Ако сакаат и во летечки пингвини нека веруваат, ич не ми смета сè додека не повредуваат некој друг. Што не е либерално тука? :) Просто потенцирам дека религиите не му нудат на светот нешто повеќе од тоа што светот веќе има. А штета имаат за извоз.

    Ајде уште еднаш ќе го напишам тоа што не успеа да го разбереш: Размисли си дали е „поморално“ да бидеме добри бидејќи над глава ни виси закана за пекол или да бидеме добри и покрај тоа што над глава не ни виси закана за пекол.
    Кој е морално супериорен во случајов? Некој што следи правила и прописи во град со полиција или во град без полиција?
     
    На WildMk, theowndemon и Amellie13 им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Секако дека може.Ама не како цивилизација.Зошто да одлучуваш во името на некој друг? Вистината е дека денеска воопшто не се ни следи моралниот код онака како што е зацртан во религиските учења.И тие што наводно се водат според Библија, Куран и сл. знаат да кажат 10 основни заповеди и толку, не дека тоа им е водич.Што води до тоа дека моментално најмногу се потпираме на религија, спиритуализам и сл. заради други причини, не примарно заради барање соодветен пример на морално однесување.Мојот пост беше конкретно повеќе насочен кон минатото.Е сега, ако некој смета дека може да си воведе ред во животот следејќи ја етиката дадена од религиски книги, па нема зошто да му замерам сѐ додека не премине во фанатизам.
    Точно, истото го напишав дека идеите веќе постоеле.На организираната религија ѝ го препишав огромното влијание кое успеала да го направи користејќи ги нив.
    Е сега зашто рековме постоеле, пак се вмешува религија и сѐ друго; верник ќе рече дека се всадени во нас од креаторот и нели подоцна соодветните книги ги сумирале, друг ќе се потпре исклучиво на еволуцијата и развојот на интелигенцијата, трет може да си направи мешавина од двете работи, четврт дека всушност моралот е само вештачки и сме во основа оперирани од морал..дали имаме уште да размислуваме?Уште многу.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    "Vanity. My favorite sin" - Devil's Advocate
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Моралот произлегува од човекот и од неговиот разум. Религијата послужила моралот да се задржи помеѓу простите народни маси кои не размислуваат со своја глава. Религијата не е Бог па моралот да биде нејзина креација. За тој што верува, Бог постои и надвор од религија, и без религија.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.