1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Nigredo Odor, Snow-Star, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Викаш немал услови за тоа? А дали знаеш како умрел Џефри? Некој друг затвореник го претепал до смрт со шипка. Значи не било постојано под надзор и можеле да си набават шипка или некој друг метален па и остар предмет. Ако тој затвореникот можел да го убие, уште полесен бил обратниот случај за човек кој имал искуство во убивање.

    @Dim40 ти па ко ќе се избациш со некое меме :D Имам прошетано многу земји на 3 континенти и имам запознато стотици различни верници. До сега немам сретнато ниту еден верник што вели дека му требала религија за да сфати дека не треба да убие човек. Ја разбирам дека главна дејност на атеистите е да се прават паметни и да исмејуваат верници, ама дај бар тоа да имаме некаква допирна точка со реалноста, а не вака.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А шо праиме со луѓе што се декларираат како православни, а во исто време и атеисти? :) Познати ти се овие луѓе? Ги има доста. Последно што зборев со еден другар, он велеше дека е православен, ама не верува во Господ. И кога го прашав па како може да си православен ако не веруваш у Бог, ми рече: Па не сум шиптар да бидам муслиман :D
    И сега што е он според тебе? И православен и атеист, пошто и едното и другото ги користи како идентификација?

    Со ваква комична дефиниција за „христијанин“ е крајно нерелевантно да се критикува христијанството само затоа што одредени поединци кои за себе рекле дека се христијани направиле било што.
    Вакви пародии од „дефиниции“ може само да се најдат кај нас и евентуално во балканот. Во светот дури и дете на улица да прашаш што е христијанин, или ќе ти рече не знам, или ќе ти рече човек што го следи или што се води по учењето на Христос.

    Па и логично е луѓето што го следат учењето на Буда се будисти. на Карл Маркс - Марксисти, на Платон - платонисти, на Христос - христијани. Оксиморон е некој да го следи учењето на атеистот Карл Маркс, а да се нарекол христијанин, ама оксиморони постојат во светот, затоа и го измислиле тој збор. Ама уште поголем оксиморон е кога некој денес при здрав памет ќе не убедува нас тука дека Хитлер бил Христов следбеник :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Пушти го @Dim40 16 години има.
    Патем, оној што го убил Џефри бил во затвор за увиство. Тврдел дека Бог му рекол да ги убие. После тврдел дека Бог му рекол да го убие и Џефри. Години подоцна признал дека го убил затоа што Џефри имал одвратна смисла за хумор и бил мразен помеѓу затворениците. Поради тоа што бил толку "мирен" и се закачал со сите не го сакале ни затворениците ни стражарите, ама стражарите го чувале, затоа што морале. Џефри НИКАДЕ не одел без придружба. Затвореникот што го убил претпоставува дека намерно бил пуштен без придружба тој ден бидејќи и стражарите го сакале мртов.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @DAngel a да се префрлиме ние на некоја тема за Criminal Minds серии? :) Ова е баш добра приказна за таква серија.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Пораката му е на место. Јас имам сретнато куп верници кои зборуваат како светот ќе пропаднел без религија, оти луѓето ќе заборавеле што е морал. И на форумов има такви мислења.
     
    На Gosh и Dim40 им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Затоа убаво реков — во овој контекст. Реков дека е субјективно христијанското учење, бидејќи сите гледаме дека ти и православните на форумов речиси за ништо не се согласувате низ темиве, очекувам на сличен начин и Хитлер да не се согласува со вас за вистинското христијанско учење.

    Муабетов е ист како ИСИС и муслиманите. Олабавете аман, сфаќаме дека не се сите муслимани како нив, ама уште стои фактот што и тие се движат според некоја своја идеологија, што е барем инспирирана од исламот.

    Мене ми е интересно што секое мое мислење кон тебе, дури и во другите теми, го сфаќаш како напад на христијанството.
    Упорно пробуваш да ми докажеш дека Хитлер не го следел христијанското учење, упорно пробуваш да го оттргнеш од твојата група. Ова води кон твојата очигледна поента: Нема христијанин што не е неморален. Ако случајно се најде некој таков, не е тој вистински христијанин or dare I say... атеист е. Ете, easy peasy lemon squeezy. :D

    Сфаќам, се вадиш на тоа дека од христијанското учење тече морал. Ама и ти ќе согласиш дека дефинитвно е мал процентот на луѓе (христијани) кои се водат по за тебе вистинското христијанско учење. Па ако сите тие луѓе ги наречеш атеисти ќе излезе дека сме дааалеку повеќе од тие 7% сосе агностици :lol:

    Во кој ли процент да ги ставиме сите тие православни што кршат заповеди со бакнување икони, сите мафијаши што вршат bullying на улица со крстови околу вратот, а после се му се молат пред легнување? Или тие што вршат геноцид на друга религија, а сепак вистински веруваат дека постои Бог? 8-| Знам, знам, не се тие Christians™, ама како што не одат по христијанското учење, не одат ни по муслиманското, ни по будистичкото, ниту пак го исполнуваат првиот услов да бидат атеисти. Што се тие? :)
     
    На Nigredo Odor, CameliaMiller, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ја и православните не се спориме за христијанското учење. Тоа си е јасно и недвосмислено, убаво објаснето во Новиот завет. Ние спориме околу додатоците на христијанството, сите оние примеси и човечки преданија што црквите ги прифаќале и „охристијанизирувале“ низ вековите далеку после Христос.

    Сепак, лесно е да се рече „ај бе не се расправајте, вистината е субјективна, ти си сфаќаш вака, тој онака и тоа е тоа„ :) Ваквите изјави звучат доста миротворски и толерантно, ама немаат некој ефект на дебатата за оние кои што се разбираат за што дебатираат. Тоа е исто како ја сега да се вмешам у некоја дебата за Game of Thrones и да им солам памет, да ги смирувам, а уствари ја немам ни една епизода гледано :)
    Слично и овде, за да ја сфатиш суштината на дебатите, мора барем 1-2 евангелија да имаш прочитано и барем основни податоци за ранохристијанската историја. Или барем да пробаш да не разбереш во дискусиите, без да не критикуваш зошто се караме. Поставувај прашања, слушни ги двете страни, разум и логика си имаш таман, и верувам лесно ќе увидиш што држи, а што не држи вода. Не се тоа Endless дебати како што делуваат бидејќи има многу реплики. Тоа се многу прости работи, но луѓето не сакаат да сметат став затоа што се индоктринирани во своите верувања, затоа што често пати исклучуваат и мозок во овие теми и менувањето на верски став го сметаат за „предавство“ на верата на татковците. Кај некои им е страв и заради осуда од роднини и околина, па така се приморани да веруваат и во работи што им немаат логика.
    Еве земи ја битер-свит на пример. Сабајлето искоментира дека бањање за празници ниакде немало во Библијата и дека тоа е измислено од човек и затоа не е христијански да се прави тоа. Кога на ова и приговорив дека и иконите и молењето на светци и обожавањето на Богородица, свети води, бројаници итн ништо од тоа нема во Библијата и дека според истата логика и тие не се христијански, на тоа ми рече дека за тоа си имало друга тема :) Она е доволна паметна да види дека тоа се двојни аршини, дека тоа е контрадикторна логика, ама што да прави, нејзините биле православни и она мора да е православна по секоја цена, макар тоа немало никаква допирна точка со разум и логика.

    Ова само ти давам еден пример да видиш дека не се работи за тоа дека христијанството или Библијата се субјективни и секој може да си ги толкува како сака. Ваквата изјава за жал најчесто излегува од устите на луѓе што никогаш не отвориле Библија. Оние што ја прочитале Библијата, знаат дека таа си е доволно јасна и дека поголемите поделби на црквите речиси воопшто не биле мотивирани од различно разбирање на Библијата, туку од други причини.


    Жал ми е ако така си ме перцепирала. Ниедно мислење не го сфаќам лично, освен кога некои апла ме напаѓале со ad hominem аргументи, со клевети, навреди и сл. На сите спротиставени мислења гледам како на една дискусија, дебата. Не влегувам воопшто со емоции и гледам да сум доволно јасен и прецизен во мислењата, како и повеќето машки нели кај кои што емотивната страна е помалку развиена од рационалната :) во споредба со женските.

    Не, не, не одам до таму :) Ниту пак некогаш ќе тврдам дека христијанството е здружение на морални граѓани. Ама за Хитлер да ќе спорам. Еве докажи ми дека бил христијанин. Покажи ми дека се молел, дека имал основни познавања од Библијата, дека редовно посетувал некоја црква.
    Знаеш, во првите три века кога христијанството било илегална религија, кога ги апселе христијаните со цел да ги затворат или погубат, римјаните не прашувале „Здраво, дали ти се идентификуваш како христијанин? :) Нормално дека никој будала нема да рече да ја сум христијанин. Ниту пак имале крстче на ланче, ниту бројаница, ниту тетоважа од Богородица на рамо. Начинот на кој римјаните докажувале дека тие биле христијани биле со реални практични докази. Биле фатени на дело како го слават Исус, како сведочат за Исус, како земаат причест, како чуваат свитоци со делови од Библијата итн. Крајниот тест било да го проколнат Исус, да се поклонат пред императорот и да принесат жртва на римските богови. Ревносните христијани тука гинеле, биле фрлани во гладијаторски арени и растргнати од кучиња и лавови, или спалени на клада или распнати на крст како Исус.

    Одлично прашање. Веројатно треба на секој поединечно да му се тестира светогледот за да се одгатне во што тој/таа точно верува, но според твојот опис, мислам дека овде најверојатно станува збор за традиционални суеверни православци. Повеќето од нив веруваат во Бог на ист начин како што веруваат дека ако црна мачка им го пресече патот, ќе ги следи несреќа. Ако ги прашаш малку повеќе за тоа како го замислуваат Бог, прво ќе ги збуниш со прашањето, второ ќе ти го опишат или како на македонските народни приказни, или како некоја виша сила, енергија - со што излегуваат не само од рамките на христијанството, туку и од теизмот воопшто и повеќе одат кон пантеизам. Често пати и нивните светогледи се контрадикторни. Некои од нив иако имаат крстови и вапцаат јајца за Велигден, ќе речат: Абе каков живот по смртта, еден е животот, јади пиј весели се, после ќе умреш, ќе те јадат црви и толку од тебе.
    Што се тие? :)
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Немаш муда да ме означиш @EvAngelos ? :D Што ме спомнуваш така кукавички? Немам време сега, утре ќе добиеш објаснување.
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Најдобро кажано :)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, CoverGirl10, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не бре за муда, туку што фајде ако те означам? Друга дискусија си тераме овде. Со тебе ја завршивме дискусијата на таа тема. Ти убаво си кажа дека на таа тема не било тоа темата и тоа е тоа :) нема врска што користиш двојни аршини во верата и што за „иконите, молењето на светци, обожавањето на Богородица, светите водички и бројаници“ си мајка, а за „бањањето на празници“ си маќеа :)
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Моралот на поединец зависи или од религија или од идеологија, најчесто и микс од двете гледишта.. Мое мислење. :)
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Јас сум православна @EvAngelos а не протестант, remember? Православие и некои измислени обичаи не е исто. Икони, светци, бројаници, тоа е православие, бањањето и огновите за Бадник не се православие. Немој ти мене двојни аршини, си ја познавам својата религија. И ова, не се дрзнувај уште еднаш да пишеш за моите претци кога немаш поим. :)
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Крајно време е да ги отфрлиш шизматичките ереси на калвинизмот, покај се и врати се назад при единствената соборна црква, онаа Римската!
    Ако немаш одлучност сам да го сториш тоа, обрати се во најблиската католичка црква, во секој случај дежурниот свештеник ќе ти даде напатствија како да се ослободиш од измамничките канџи со кои Лукавиот и неговиот апостол Жан Калвин те држат заробен! :devil:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Двојни аршини употребуваш кога велиш дека никаде во Библијата не пишувало за „бањање за празници“, дека тоа е измислено од луѓе и затоа не е христијански, а потоа велиш дека нема врска тоа што никаде во Библијата не пишува ни за икони, молење на светци, обожавање на Богородица, свети водички, бројаници, митарства итн.
    За да немаш двојни аршини, одлучи се, дали тоа што нештото не е спомнато во Библијата има врска или нема врска. Ако има врска, тогаш употреби ја истата логика и за сите останати подоцнежни небиблиски додатоци во православието, а ако нема врска, тогаш не ги критикувај они кои не се бањаат за празници, или барем не со аргументот „ама тоа никаде го нема во Библијата“ :)
    Зошто не со тој аргумент? Затоа што со тој аргумент си ја сечеш гранката на која што седиш :)

    Твоето „православие“ е детерминирано од историските правци и случувања што се десиле низ вековите, а и од победниците во војните. Да имала поинаков тек историјата, други новотарии ќе биде официјално прифатени од водството на твојата православна црква (МПЦ) и ти сега ќе си велела: бањање за празници е православие, а икони не се православие. Си ја знам ја религијата! :D
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos обожавањето на Марија Дева или Богородица не е ништо лошо со оглед на тоа што Таа е избраната која го родила нашиот спасител. Пофалните песни со право се измислени и се пеат за Неа. За Богородица пишува во Библијата? Пишува.
    Светците кои ти ги викаш обични луѓе, всушност не се само обични луѓе, тие се пример како ние верниците треба да се однесуваме спрема Бога, тие не се нарекуваат светци за џабе. Некои биле избрани од Бога, други самите си го нашле патот кон Него. Во секој случај, тие имале моќи. Во Библијата пишува за Св.Апостоли Петар, Павле... итн.? И за нивните моќи да исцелуваат? Пишува.
    Иконите ги претставуваат светците. Кога се молиме, ние не се молиме на парче дрво туку на светецот чиј лик е насликан на иконата и кој има моќи. Има куп икони пред кои луѓе се помолиле и чуда им се случиле. Пишува во Библијата луѓето да се молат? Пишува. Исто и за бројаниците. Бројаницата служи за молитва. Патем, еден е нашиот Отец небесен, ако му се помолиме на Св. Никола на пример, не значи сме го замениле Бог со некој друг. Се знае кој е светец а кој Бог и на кого за што се молиме. По вознесението Христово, апостолите беа тие кои луѓето ги следеа. Па светиите. Човек да се поклонува пред нив всушност значи да се поклонува пред Бога. Но ти тоа не можеш да го разбереш. :) Ти за Библијата си се фатил како за сламка, така е како што пишува, буквално, и точка. Всушност, има луѓе кои различно ја разбираат. Православието не отскокнува од она што го пишува во Библијата. Православието значи да се почитува и слави Словото Божјо и да се однесуваме спрема него. Тоа и го правиме. :) Затоа пишав дека бањањето за време на празници нема врска со православието, ниту палењето бадникарски огнови. Проблемот во православието е што често некои верници ја мешаат традицијата и паганските обичаи со верата.

    А за темава конкретно, религијата не секогаш се врзува за моралот. Всушност, вистински верник нема проблем со вредностите, само квази верник може да застрани. А ги има многу такви.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаат допирни точки. Се доаѓа од свесноста на самиот човек. Зарем не сте приметиле колку верници, да не речам и свештени лица знаат да бидат морално изопачени?
    Слушате вести.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Никој не спори дека Богородица е спомната во Библијата. Јас ти реков за обожавањето на Богородица не пишува во Библијата. Тоа е нешто непознато во Библијата. Нема ниту еден пример на некој што ја обожавал Богородица, да и се моли, да и се клања, да ја нарекува пресвета, Царица Небесна, Господарка на ангелите, Спасение на луѓето итн. Исус дури не и се ни обраќа со мајко, туку со „жено“ - исто онака како што им се обраќа на сите други жени со кои бил во интеракција. Воопшто не ја издигнал на другите жени христијанки по нејзината духовност. Култот за обожавањето на Богородица започнува дури во доцниот 5ти век и потоа прогресивно се развива, заменувајќи ги разните богињи и „богови мајки“ во паганските религии како што се ширело христијанството.

    Повторно никој не спори дека постоеле апостолите Петар, Павле. Се разбира дека пишува за нив. Јас погоре ти пишав дека никаде во Библијата не пишува дека некој им се молел на овие, дека некој им се клањал или ги светкувал. Напротив, има директен пример каде што апостол Петар одбил да му се поклонуваат и дури го укорил оној што му се поклонил:

    „А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела на апостолите 10:26, Библијата)

    Епа ако светиот апостол Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата и еден од тројцата најблиските апостоли на Исус, не дозволил да му се поклонуваат, зошто мислиш дека сега би дозволил да му се клањаат на некоја икона која наводно го претставува него?
    И што мислиш како би изреагирал апостол Петар доколку влезе во православен храм и види верник како се клања на таква икона? Зарем нема да го укори како што го укорил и Корнелиј?
    И ако апостол Петар така изреагирал, што мислиш како би изреагирале другите апостоли или свети луѓе (христијани)?

    Повторно (смешно) ја спинуваш дискусијата од клањање на икони кон тоа дали во Библијата пишувало луѓето да се молат :) А бре девојче, никој не спори дека Библијата вели дека луѓето треба да се молат. Она што јас ти посочив е дека НИКАДЕ во Библијата не се спомнуваат икони, икони на светци, никаде во Библијата нема да најдеш апостол Петар да се поклонува на икона од Св. Јован Крстител и сл. Единствена икона што е спомната во Откровението е иконата на ѕверот (ѓаволот) (Откровение 13). Толку. Икони на светци нема. Охи.


    Тебе таа ти служи за молитва, на некои муслимани ѓерданот со бисери им служи за молитва, некој си користи гравчиња за молитва, четврт друго итн. Битно бројаници во Библијата не се спомнуваат. Не пишува.

    Оправдања и изговори за човечкото идолопоклонство отсекогаш имало и ќе има. И Израелците кога извајале златно теле и тие велеле дека не се клањаат на телето, туку дека тоа теле го претставува вистинскиот библиски Бог (ЈХВХ) на Авраам, Исак и Јаков. Ама сепак тој изговор не помина кај Господ и ги погуби сите до еден.
    И да се вратам на темата, во Библијата нема да најдеш ниту една икона на светец, ниту пак ќе најдеш како некој им се поклонува на апостолите и тие ја одобруваат таа постапка. Напротив, прочитај го погоре уште еднаш примерот со Петар и Корнелиј. Позз
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Знаев дека така површно ќе го сфатиш мојот коментар. Разликите се очигледни. Затоа ти си протестант а јас православна, никогаш нема да се сложиме.
     
    Последна измена: 18 август 2017
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не е само тоа разликата меѓу мене и тебе. Разликата е и во тоа што:
    - Работите кои ти велиш дека „ги пишува“ во Библијата, всушност погоре покажавме дека не ги пишува.
    - Работите кои јас велам дека не ги пишува, навистина не ги пишува, ги нема во Библијата. Ни за лек.
    Затоа внимавај дург пат кога ќе го користиш аргументот „тоа никаде го нема во Библијата, тоа го измислил некој човек и сл“. бидејќи со тој аргумент си ја сечиш гранката на која што самата седиш :)
    Подобра алтернатива ти е „Тоа го нема во православието“. Остави ја Библијата на раат, бидејќи таа само проблеми ќе ти направи во твоите верувања.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.