1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа е донекаде во паганските религии, во монотеистичките не може и не смее поединецот да помислува на божански атрибути, тоа е мега-ерес, квалитетот и квантитетот на Бог се недофатливи и неспознатливи за луѓето и останува само тоталната покорност и апсолутна вера.

    Во минатото имало и некои морални параметри кои биле на сила преку религиите кои овозможувале опстанок, и покрај пропратното зло, денес е веќе целосно беспотребна религијата и време е да се придружи на птицата Додо, Комодоре 64, Нетскејп Навигатор и светликавите диско топки.
     
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Католичката црква во Франција го решила проблемот со гнилите протестанти на едноставен начин, со клање :devil:
    Протестантските маси, заведени од Сатаната лично, преку учењата на Лутер, Калвин, Хус, Нокс и слични лажни пророци се обиделе да дигнат глава, се занесувале со власт - и во еден единствен ден биле масакрирани околу 110.000 од нив, познатата Вартоломејска Ноќ, координиран 24-часовен погром.
    После тоа, Париз со месеци смрдел на лешеви, Сена се прелила надвор од коритото од лешевите, стаорци и кучиња јаделе мртви протестанти по улици :worried:

    Така рисјаните ги решавале теолошките разлики :party:
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Да, ама нема логика, сега ќе ти кажам зошто.
    Мејнстрим монотеистичките религии кои ги спомна, преку религиските списи човекот го спознаваат со (според нив) етичките и моралните кодекси кои сметаат дека би му вградиле подобар вредносен систем за подоблесен живот на овоземниот свет, додека после смртта и во Божјото кралство. Следствено на ова, Бог нема да те прими на портата ако не си ги следел Библиските закони и вредностите кои тој ги одобрил in the first place. :) А штом ги одобрил значи или ги има, или му се допаѓаат, што и не е така буху, непознато за нас, нели?

    Тоа што Библијата е напишана од паганси свештеници е ирелевантно. Битно, ако тие квалитети Бог не ги сака и (поседува) ти нема да бидеш до него.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    Ова сериозно или се зезаш?
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во прв план е спасението а.к.а вечниот живот. Моралните прописи се помалку битни за секојдневието бидејќи со едноставно покајание може све да се среди, ете погоре Евангелос (калвинистот :devil:) пишуваше за канибалот-серијаш кој убил 17 души и после се покајал...сеа е во рајот ваљда :devil:

    Библијата којзнае кој ја пишувал и составувал, се е тоа плагијат на плагијатот на плагијатот, превод на превод на преводот...
     
    На Gosh, Lella и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ете вака се држеле овчичките мирни и послушни:


    Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.
    ЕВРЕИ 13:17

    Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени. Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда. Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа. Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носиш напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло. Затоа треба да и се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста. Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа. Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина: кому страв - страв; кому чест - чест!
    РИМЈАНИ 13

    ...И така, речи ни, што мислиш Ти! Дали е дозволено да му се дава данок на царот или не?“ ...Покажете ми даночна монета!“ Тие Му донесоа денариј. И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?“ Му рекоа: „На царот!“ Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!“
    МАТЕЈ 22:17

    Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело
    ТИТ 3

    Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро!
    ПРВО ПЕТРОВО 2:13-14

    Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и тој е спасител на Телото! И како што Црквата му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во се на своите мажи.
    ЕФЕСЈАНИ 5:22

    Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа!
    КОЛОСЈАНИ 3:18

    ...да бидат разумни, чисти, добри домаќинки, покорни на своите мажи, за да не се хули Божјото Слово.
    ТИТ 2:4-5

    Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простотата на своето срце, како Христа! Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја! Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе, знаејќи дека секој - роб или слободен - ако направи нешто добро, ќе го добие тоа од Господа!
    ЕФЕСЈАНИ 6:5-8

    Робови, слушајте ги во се своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа! Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе, знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството.
    КОЛОСЈАНИ 3:22-24

    Опоменувај ги робовите за да им се покоруваат на своите господари, да настојуваат да им угодат, да не им противречат
    ТИТ 2:9

    Слуги, покорувајте им се на своите господари со целосен страв, но не само на добрите и кротките, туку и на суровите!
    ПРВО ПЕТРОВО 2:18

    „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
    ПРВО ПЕТРОВО 5:5

    Така, пред се да се прават просби, молитви, молби, благодарности за сите луѓе, за царевите и за сите кои се на власт, за да можеме да проживееме тих и мирен живот во сета побожност и чесност
    ТИМОТЕЈ 2
     
    На Црна Ружа, Gosh и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Ружа, некој спомна дека убиецот бил ментално болен.
    Ако е тоа вистина, тогаш не може да се суди човек кој не бил потполно ,,свој'' додека ги извршувал злоделата. Од друга страна покајанието е човекова особина, независно од религијата. Што значи дека ако нечие уверение е насочено кон мислата дека религијата ќе го ,,искупи'' за гревовите, или ако е тоа негова доволно јака автосугестија која ќе го спречи од повторување на стореното, за мене е legit.

    Сепак и понатаму се поставува прашањето зошто лежел во затвор наместо во ментална институција? И дали неговото покајание е вистинско after all?

    Како и да е, @Bitter-Sweet ми го постави прашањето околу релевантноста Библијата.

    Битер, текстовите од Библијата не само што доживеале многубројни преводи и промени низ вековите, туку истите биле пишувани од свештеници кои и покрај тоа што примиле оригинално духовно учење од своите учители и преносители, голем дел од текстовите интенционално ги претвориле во паганизам и ерес, од причина што поведени од сопствените сфаќања и побуди решиле да прават измени во своја корист. Тоа не е мој став, туку став на историјата, (иако историјата е маневрантно поле, а толкувањата субјективистички), сепак многубројните искази на историчарите говорат дека Библијата не е чиста Божја реч.
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor какви свештеници, какво додавање... Библијата не смее да се менува. Единствено само има некои разлики во различни преводи, но ништо не е додавано и одземано. Тоа се зборови на апостолите и пророците, кои останале зачувани низ вековите... тоа не смее да се менува.
    Светото Писмо или Библијата е збир на свештени списи, книги кои се вдахновени од Светиот Дух, чувани во Црквата и толкувани низ вековите во периодот од 13 век пред Христа, до последните новозаветни списи од крајот на 1 век после Христа. Во Библијата е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувани преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото. Во Стариот Завет книгите со божествено потекло, дадени на човекот преку Мојсеј и другите пророци се сметаат за толку скапоцени, што луѓето ги нарекуваат само Книга на Заветот (1 Мак 1,57; Сир 24,25; Дан 9,2).
    Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји упатен до секој човек.
    СТАР ЗАВЕТ
    Канонот на Стариот Завет претставува корпус на канонски книги што го сочинуваат првиот и поголем дел од Светото Писмо, а во кои е пренесена подготовката за доаѓањето на втората Ипостас на Света Троица, Господ Исус Христос во светот. Изразот „Стар Завет“ е христијански термин што потекнува од Посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните: „Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот Завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува“ (2 Кор. 3,14). Еврејскиот израз за завет е „b’rith“, што во Септуагинтата е преведен на διαθήκη, со значење: сојуз, завет, и го означува сојузот склопен меѓу Бога и човекот, Израилот, чијашто врвна цел била да го подготви човештвото за доаѓањето Христово.
    НОВ ЗАВЕТ
    Канонот на Новиот Завет претставува збирка на 27 боговдахновени книги напишани од светите апостоли, во која се открива и исполнува Божјата икономија и домострој на спасението на човекот. Новиот Завет е уште и основна содржина и критериум на апостолската Црковна традиција, со што се потврдува дека изворот на нејзиното богословско учење и литургиска пракса е ист; тој е исполнување на Стариот Завет, како договор меѓу Бога и избраниот Божји народ, кој бил со временски ограничен карактер (Мт 5,17). Новиот Завет, како нов сојуз, ги открива Божјите заповеди на потполно ново ниво (суштината е дадена преку проповедта за блаженствата), но со иста цел како и оние од Стариот Завет – а тоа е водење на човекот кон спасението и неговото обожување.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Bitter-Sweet

    Не, Библијата не е чиста Божја реч.
    Прашај било кој историчар надвор од круговите на Црквата.
    Не навлегувам во тоа дали смее да се менува или не, само ти пренесувам што историјата има да каже во врска со тоа. Мојсеевите книги во Стариот Завет повторно според историчарите не ги запишал Мојсеј, туку разноразни свештеници, вклучително со посланијата на Павле во Новиот Завет.

    ..Се на сѐ не си критички настроена, затоа и размислував дали воопшто има поента да ти реплицирам. Бидејќи освен копирани реченици од Википедија, или други извори со теолошка содржина не гледам некаде да пласираше факти.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    Оф топик сме и не планирам да продолжам да дискутирам на оваа тема. Доволно информации и факти имам за да верувам во ова што го пишувам. А ти и самата не изнесе никаков доказ за тоа што го пишуваш.
    @Nigredo Odor

    Се извинувам за досегашните оф топик коментари. Веќе бев опомената.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ја прочитав вашата преписка со битер. Никаде не видов ни од тебе факти дека Библијата е менувана или пак пишувана од пагански свештеници.
     
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Целев на многубројните историски податоци Ангелос.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако, цели си ти, само изнеси бар некој од тие историски факти. Еве барем омилениот од тие многубројни податоци. Аргументирај ги твоите обвиненија за Библијата.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Тоа веројарно би било супер, но кој и каде го вели тоа? Ако мислите на она во Јовановото откровение 22:18-19

    „И Јас му сведочам на секого, кој што ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне поразии напишани во оваа книга. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му одземе дел од книгата на животот, и од светиот град, и од она, што е напишано во оваа книга.„

    Тоа се однесува на самата книга на Откровение Јованово, а не на Библијата во целост.

    Тоа се гледа веќе од самите зборови. Зборот Библија во превод значи Книгите. Ако мислел да не се одзема од Библијата тогаш би стоело: ако некој одземе од книгите - но стои: од оваа книга.

    Исто така вели „ако некој одземе од пророчките зборови„ - а Библијата не е само пророштво, таа содржи и поезија, историја, прописи и тн. Но Јовановото Откровение е типична пророчка книга т.е. откровение односно објава од духовниот божествен свет.

    п.с. Патем, многумина го мешаат зборот пророштво со претскажување, меѓутоа тоа не е исто, иако некои пророштва можат да содржат понекогаш и претскажувања.
     
    Последна измена: 21 август 2017
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не бил ментално болен туку психопат. Психопатијата е вредена состојба, пореметување и нема чаре за тоа освен рана детекција и изолација па дури и елиминација на таквите лица.
    Тие функционираат во општествата и ги планираат своите злочини однапред, не се понесени од емоции пошто малку ги имаат.
    Психопатијата не се лечи, џабе е ментална установа, или во бетонска коцка нека чмае до смрт или смртна казна. За среќа, останатите робијаши му пресудиле на Дамер :)

    Џефри Дамер бил создаден таков каков што бил од божанството :devil:
     
  16. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Секако дека религијата помага за да човек се изгради во добра личност. Јас верувам во бога и мислам дека тој многу ми помага да ги пребродам секојдневните предизвици и искушенија, со негова помош се надевам дека и понатаму ќе бидам она што сум досега. Можеби не сум безгрешна но моите гревови сметам дека се многу помали во однос на оние кои се ,,неверници".
    Секако поради се она што се случува во светот на што му се дава верски предзнак многу луге имаат мислење дека одредена религија односно припадниците на таа религија се лоши луге. Она што е сигурно е дека секоја религија учи на убави работи, но лугето како и се друго и верата се спремни да ја злоупотребат заради некои свои цели.
    Јас немам предрасуди, но никогаш не би била во врска или брак со припадник од друга религија, иако бог е еден но два начини на практикување на вера во една куќа не одат. Јас ја сакам молитвата, салам да си се прекрстам пред спиење да му се помолам на бога, да си имам некакво верско обележје дома а ако до мене лежи припадник од друга религија како?
     
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Според што го заклучуваш тоа? Што подразбираш под грев и како тој има врска со тоа дали еден човек верува или не верува во Господ?
    Ако сметаш дека неверувањето само по себе е поголем грев од сите други можни, тогаш не те прашувам ништо друго, но веројатно ти би требало да се запрашаш. :)
     
    На Mishela, theowndemon, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  18. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Не, не верувањето само по себе не е грев, но лугето кои веруваат сметам дека повеке ке се држат до оние верски начела кои пред се секој верник го прават подобар човек, отколку оној што не верува и не се плаши од божјата казна.
    Иако јас реално не се плашам од божјата казна затоа што таа е единствено праведна казна од сите казни што постојат.
    Оној што не верува во бога не е по дифолт лош човек, но има поголеми шанси да потпадне под влијание на разни пороци и неубави нешта, па ако сакате и помалку знаат да простат. Оној што не верува во бога верува во одмазда, око за око, заб за заб, а со самото тоа се препушта на гаволот и станува исто толку лош човек како тој што му нанел зло.
    Додека верникот простува и се моли пред бога за што помала казна за оној кој му нанел зло. Во вистинскиот верник никогаш нема ни тронка злоба, завист.... Вистинскиот верник се радува за успехот и благодата на другиот........
     
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас сепак сметам дека секој човек има чувство за добро и лошо, независно дали верува во Бог .
    Верникот повеќе би се држел до верските морални начела бидејќи, како што кажа, се плаши од божјата казна. Но, кажи ми кој е поморален овде: оној кој е принуден да прави добро за да не биде казнет или оној кој прави добро иако смета дека нема да биде казнет ако прави лошо.

    За тоа дека атеист има поголеми шанси да биде понеморален, би рекла дека единствено за што би имал поголеми шанси е да биде проблематичен, а тоа се должи единствено на фактот што верникот не смее да биде проблематичен, бидејќи во спротивно ќе биде казнет.
    На тој начин се држат верниците под контрола, што не е нужно нешто лошо, ама дефинитвно не оди во прилог на тезата дека моралот на религиозните луѓе necessarily потекнува од инспирација од многу добриот Бог. Вистинската испирација, би рекла, е стравот од казната. Бидејќи не верувам дека некој од нас ќе правеше добро ако за тоа се одеше во пеколот. :)
     
    На Mishela, daylight, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Религијата не е на никаков начин поврзана со моралот, иако прилично се труди да нѐ убеди во тоа и да си го присвои како сопствена заслуга, без разлика што добар дел од овие морални вредности на кои „нѐ учи” религијата всушност се всадени во секој човек, уште од самото раѓање.

    Прилично сум сигурен дека сите ќе се сложат дека „Не убивај” е добро начело за живеење на животот. Но прилично сум сигурен и дека луѓето ова го знаеле и пред Мојсеј да се симне Синај со Десетте божји заповеди.

    Религијата е амалгам од основни човечки и морални вредности, со еден збор - здраворазумски ствари - како „Не убивај, не кради, не лажи” и небулози со сомнителна морална и етичка, лична и општествена вредност - како потценување на женскиот пол, осуда на хомосексуалноста и стигматизација на сексуалноста, генерално.

    Религијата ја користи валидноста на првите за да ги оправда вторите и да ги стави на исто рамниште, т.н. truth by association.

    Во смисла, ако дел од работите запишани во дадена света книга делуваат разумно, логично, исправно и се вистинити, тогаш и сѐ друго запишано во таа книга мора да е точно и вистинито, бидејќи потекнуваат од истиот извор.
     
    На theowndemon, Црна Ружа, Dim40 и 2 други им се допаѓа ова.