1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Всушност, верувам дека кога самиот човек решил да се оддели од природата и живеењето со другите животни, тогаш започнале да се менуваат улогите на мажот и жената.

    Имено, матријархатот прво преовладувал во раното човеково општество, односно кога луѓето сеуште живееле во орди и кога нашите далечни предци најмногу ја почитувале божицата- мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на земјата.

    Од тогаш, култот на жената станал почитуван и така жената била главната во општеството но овде се поставува кога матријархатот се заменил со патријархатот.
    Одговорот на ова лежи во самиот процес и причините на менувањето на улогите.

    Првично, функцијата на жената да раѓа деца и да се грижи за домаќинството било од големо значење но тоа било поради тоа што единствено на тој начин се обезбедувала личната егзистенција на семејството. Но со развивањето на општеството и со појавата на работата, се сфатило дека мажите поради нивната телесна сила и физичка развиеност биле поспособни да работаат потешки физички работи и со тоа да го издржуваат семејството. Односно, во овој период важело правилото дека оној кој го носи лебот на масата има главна улога во семејството,а и ужива високо место во самото општество.
    Од овој момент па натака жените биле потчинети врз волјата на мажите и главно служеле за задоволување на потребите на машкиот пол.
     
    На BoneMachine и +++ им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ах, не ми ја оправдувај сега. Јас знам дека ова е нормална работа за тоа време, исто како што знам дека сексизмот во книгите на Бокачо е очекуван во тоа време. Ама не гледам никој овде да ми шета со Декамерон и да ми вели дека книгата е света и од неа тече морал.

    Јас би ти ги цитирала деловите од Библијата каде што се поддржува геноцид, ама страв ми е дека ќе се согласиш.
     
    На Bender Rodriguez, crimson, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Некој од тука не прочитал за амигдалата и за нејзината функција. :)
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Слободно постирај ќе разјасниме, ќе го повикаме и Евангелос ако сакаш сепак тој ја знае Библијата подобро.
    Не е можно Бог да вели да не убиваме а од друга страна да поддржува геноцид.
     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @+++ амигдалата игра примарна улога во процесирањето на меморијата, одлучувањето и емоционалните реакции, како дел од лимбичкиот систем.
    Таа е заслужна за нашата сексуална ориентација, социјална интеракција, агресија, страв, алкохолизам, вознемиреност, политичката ориентација, биполарното растројство, како и PTSD.

    Ама во поглед на духовноста, или на англиски како што сум го сретнала терминот 'God Spot' духовноста е комплексен феномен за кој се верува дека постојат повеќе области на мозокот кои се одговорни за многу аспекти од духовното искуство.
    Со ова сакам да кажам дека не постои 'God Spot' односно специфичен дел или област од мозокот која ја определува нашата духовна ориентација, туку тоа зависи од верувањето на самата личност.
    Има повеќе видови на духовни искуства кои Христијаните го нарекуваат Бог, а за атеистите тоа е чувството да се биде поврзано со Земјата.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Да. Тоа е така. Ама исто така е заслужна и за тоа што ние го нарекуваме „среќа“, „радост“ и.т.н.
    Поентата ми беше дека медицински е веќе докажано зошто ние тоа го чувствуваме. Далеку е во секој случај од тоа дека е божја работа. :)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ајде бидејќи инсистираш, ама да ти кажам уште сега дека не сум расположена да слушам triggered христијани како ги бранат сите нешта во Библијата, морални и неморални, наместо да истапат и да кажат ова не е во ред.
    Не сакам разјаснувања, ни толкувања, ни извртувања, факт е дека Библијата ги содржи овие работи.


    Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги разоривме сите градови, а и жените и децата не ги оставивме живи;
    (Второзаконие, 2:34)

    И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот васански, и целиот народ негов; и го разбивме него, така што од него не остана никој жив.
    Тогаш му ги презедовма сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив; шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог васански.
    (Второзаконие, 3:3-4)

    И ние ги поразивме, како што направивме со Сиона, царот есевонски, уништувајќи ги сите градови заедно со жените и децата;
    (Второзаконие, 3:6)

    И ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ги разбиеш, – тогаш предај ги на клетва, не прави со нив сојуз и немој да ги помилуваш;
    и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој,
    зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господа и Он ќе те истреби.
    Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги и дабовите нивни исечете ги и резаните ликови нивни со оган изгорете ги;
    зашто ти си свет народ на Господа, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов соспствен народ меѓу сите народи, што се на земјата.

    (Второзаконие, 7:2-6)

    Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твоја, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‘да одиме и да им служиме на други богови’, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
    на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, –
    не се согласувај со него и не го слушај; и да не ти се смили окото твое над него, не го жали и не го сокривај,
    туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, – а потоа рацете на целиот народ;
    убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
    (Второзаконие, 13:6-10)

    Но во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш земјата нивна, не оставај ни една жива душа,
    туку предај ги на заклетва: Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Јевусејците и Гергесијците, како што ти беше заповедал Господ, твојот Бог,

    (Второзаконие, 20:16-17)

    па нека им кажат на градските старешини: „Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница;”-
    тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ќе чујат и ќе се уплашат.
    (Второзаконие, 21:20-21)

    И проколна Исус сè што беше во градот, – мажите и жените, младите и старите, овците и ослите; сè се истреби со меч.
    (Исус Навин, 6:21)

    И ја порази Исус целата планинска земја, и Нагев и рамницата и Асидот и сите цареви нивни; не остави никого да преживее, и сè живо погуби, како што беше заповедал Господ, Бог Изриалев.
    (Исус Навин, 10:40)
     
    На Briar Rose и Читател им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Постоењето на морал никако не ја негира еволуцијата. Моралот постои од самите почетоци на човештвото. И најнеразвиените цивилизации преку тотемизмот и верувањата ги забранувале работите кои во денешно време се сметаат за неморални.
     
    На Irreplaceablee, Bender Rodriguez, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Точно, праисториските луѓе верувале дека водат потекло од некое животно и дека од него зависи нивниот живот и опстанок. Таквото верување се нарекува Тотемизам, според зборот тотем што значи предок, зачетник на родот или на племето.
    Тоа би значело дека дури и праисторискиот човек не верувал дека е создаден од некое божество, туку дека потекнува од некое животно,предок а ова е многу слично со теоријата на Еволуцијата. :)
     
    На Someonespecial, Читател и DAngel им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не само тоа, туку преку тотемизмот и табуто ставале забрани на инцестот, крадењето, прељубата, почит кон владетелот, и што ли уште не. Значи тие цивилизации знаеле дека некои работи не треба да ги прават, и не ги правеле под оправдување на тотемизмот.
     
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Овде сме за дискусија а не наметнување свои ставови. ;) Ако не си спремна да слушаш мислења од верници незнам зошто воопшто не цитираш.
     
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Нема што да се дискутира за нешто фиксно. Прашањето беше дали од Библијата излегува морал? Одговорот е да, има морални работи кои спаѓаат во common sense, но исто така има и вакви брутални грдотии. Тука завршува дискусијата, сè понатамошно е само оправдување.

    Тоа не е мој став, тоа е факт.
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Нема врска не е кај сите така. Нашите предци кои верувале во Перун, Велес, Сверог и др. верувале дека тие богови се нивни предци. А ова на што е слично?

    Не е ништо фиксно официјално. Фиксно во твојот разум е само. Значи наметнуваш мислења и ставови. Гледам не сакаш дискусија а се случува често да ме цитираш во повеќе теми. Нема што да ти се оправдувам за библијата тебе ниту на некој друг.
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2018
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ах... Обично би застанала овде и не би те цитирала повеќе, ама веќе неколкупати вака истапувате со пасив-агресив коментар. :D
    Фиксни се цитатите што ги поставив. Единствено мислење што го приложив е дека тие чинови се неморални.
    Со тоа ли мислење не се согласуваш, па се жалиш дека ти го наметнувам? :o
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тотемизмот бил покарактеристичен за времето пред античкиот свет и бил присутен во многу култури, почнувајќи од Африка каде и првиот homo sapiens се појавил, и тоа симболизиран на пештерски слики, па раскошен накит, резби, и се до безброј приказни и легенди.

    Сметам дека тотемизмот се појавил пред паганството, т.е. многубоштвото поради концептот на верувањето.
    Имено, пред воопшто да се има замисла за богови, раните луѓе верувале во духови кои биле добри и лоши, а во овој случај тотемизмот означувал обожување на животното поради неговата силите (дух) кои биле внатре во него.

    Дури подоцна кај различните народи се развило паганството, односно верувањето во повеќе богови.
    И секако дека секој народ имал различна митологија.
    Словенската митологија еволуирала во текот на период од околу 3000 години.

    Денес кога ќе се спомне тотемизам, најчесто се асоцира со индијанците од Северна Америка.
    Кога и да одам назад во Канада, секогаш има паркови, места и туристички атракции каде тотемите се присутни но тоа е поради присутноста на одредено животно или неколку животни на одредено место каде и раните луѓе биле присутни.
    На пример, кај оние кои се занимавале со риболов, рибите или некое друго водно животно претставувале тотем (крокодил, морска птица).
     
    Последна измена: 8 јануари 2018
    На BoneMachine, Someonespecial, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Се гледа којa го читалa Зигмунд Фројд. :)
     
    Последна измена: 8 јануари 2018
    На Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    :wasntme:
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Моралот во никој случај не произлегува од религијата. Моралот произлегува од свеста на човекот, значи од самиот човек. Не ни треба религија за да бидеме добри луѓе. Ако моралот произлегуваше од религијата, злото во светот ќе беше значително помало, бидејќи бројот на верници е значително поголем од бројот на атеисти. Религијата во теорија треба да ги поттикнува луѓето на ширење добрина, но тоа не е секогаш случај во реалноста. Пред некое време на фејсбук прочитав многу интересен цитат, вака некако гласеше: „Понекогаш најдобрите луѓе се покриени со тетоважи, а најголемите злосторници одат во црква во недела“. Таман работа ако ти треба религија за да бидеш добар, ако е така ти не си добар од срце, туку од страв од „Божја казна“.
     
    На Irreplaceablee, daylight, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ако ти не си, тогаш или зборувам лично со Фројд или пак си читала ама не се сеќаваш. :D
    Баш ја најдов книгата од домашната библиотека, цитирам:

    "... Ако не се лажеме, разбирањето на табуто фрла светлина и врз карактерот и врз потеклото на совеста... Што е тоа „совест“? Според јазичните правила, таа му припаѓа на она што најсигурно се знае, а во некои јазици нејзиното значење одвај се одделува од совеста. Совеста е внатрешна перцепција за одбивање на определени сакани поттици коишто постојат во нас; акцентот е, меѓутоа, врз тоа дека ова одбивање не мора да се повикува на нешто друго, бидејќи е сигурно самото во себе. Ова станува уште појасно при свеста за својата вина, при перцепцијата на внатрешната осуда на ваквата постапка со којашто сме задоволиле определен посакуван поттик... Истиот овој карактер го покажува ставот на дивјакот кон табуто; табуто е заповед на совеста, неговото прекршување доведува до ужасно чувство на вина коешто е исто толку разбирливо само по себе колку што е непознато според своето потекло."


    - Зигмунд Фројд
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ја имам читано :wasntme:
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.