1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    42.880
    Пол:
    Женски
    Не мешам религија и морал.
    Почитувам некој да не верува во Господ или да е друга религија.
    И нема ништо неморално во тоа.
    Не морално ми е исмевањето, навредувањето или непочитувањето на туѓиот избор.
    Моралот е од самата свест на човекот така да не ги ставам во ист кош.
     
    На Snowflake97, kuc, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да бе од свеста ќе да е. Блескаат од морал племињана у Амазон и Африка.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    42.880
    Пол:
    Женски
    Па види за мене и атеистот и муслиманот и некој од Харе Кришна е морален се додека не ме навредува лично или не зборува против мојата религија.
    Неморални луѓе се оние кои прават зло, штета и мислат лошо другому не оние кои не веруваат или веруваат во различен Господ од мојот.
    Самиот си кажа ПЛЕМИЊА.Закрцани мислења, уназадени од векои и цивилизацијата.
     
    На Irreplaceablee и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    @Lella пофалба за темава, навистина е интересна за дискусија. :)

    Mоралот е директно поврзан со религијата т.е. религијата е настаната со таа причина да ги регулира односите на луѓето во едно општество.

    Дали моралот би постоел без религија?

    Би постоел бидејќи моралот настанува во дадена група луѓе многу слично како јазикот. Сепак не постои универзален морален систем бидејќи различни групи на луѓе развиле различни морални системи.

    Имам размислувано за ова и според она што до сега го знам ќе речам да. Така размислувам бидејќи според религијата моралните закони не потекнуваат од човекот, тоа значи дека човекот нема право да ги менува бидејќи му се дадени нему од Бог. Затоа според религијата тие закони се универзални.

    Универзалните морални вредности се невозможни без религија.

    Поединечно не значи дека ако некој е религиозен дека е поморален од некој кој не е. Често пати новите атеисти себе си се сметаат како морално супериорни врз верниците, но во христијанството потсои концептот на првороден грев според кој сите луѓе се грешници т.е. секој човек е способен да стори зло и треба да се труди да стане морална личност се до крајот на својот живот. Таква е човечката природа, никој не се раѓа со вродено знаење како соодветно да се однесува.

    Би рекол дека зависат. Ако некој се прогласи себе си за атеист, не ги менува своите морални вредности преку ноќ туку свесно или несвесно ги применува моралните вредности од општеството кое се под големо влијание од религијата.

    Возможно е некој да се однесува според атеистички принципи, таквата филозофија би била материјалистичка т.е би постоела целосна негација дека постои нешто надприродно. Пример за атеистичи филозофии се објективизмот, епикурејците кои ставале силен акцент на индивидуализмот. Од друга страна, го имаме ленинизмот кој ја негира индивидуата во општеството за да ја постигне целта за совршеното комунистично општество.

    Не би го сметал Хитлер за католик, но не е ни атеист. Точно е дека се декларирал како католик во(мислам беше во 1934), но тоа го направил чисто од политички причини, да добие поддрша од населението. Во Mein Kаmpf има напишано дека се восхитува на тоа како христијанството се ширело со голема брзина, но Хитлер имал големо влијание од Ниче, а Ниче немал пофални зборови за христијанството, според него тоа било религија на робовите.

    Исто така Хитлер имал планови целосно да го замени христијанството со паганската германска религија бидејќи погледите на христијанството не се поклопувале со неговите погледи за расна супериорност.

    Но моралот не произлегува од вакуум, можеш да бидеш неверник со добар морал, но не значи дека моралот кој го имаш нема да биде под влијание на религијата.

    Можеби француската револуција имала некакво позитивно влијание, но тоа не го оспорува фактот дека тој период е познат како Владеење на Теророт. Гилотината е симболот на француската револуција, во еден период имало толку многу егзекуции што немало доволен број на гилотини па морале да направат распоред како да ги користат. Комичноста е тоа што Максимилијан Робеспиер на крај бил погубен со гилотина. Се верува дека тука завршило владеењето на теророт.

    Откако револуционерите дошле на власт по секоја цена сакале да ја задржат па затоа и биле спремни да одат до крајности. Потоа станале корумпирани и биле заменети со друга револуција по што Наполеон дошол на власт.

    Имаш една единица вишок, таа првата. :)

    Aко зборуваме за тотем и табу, тоа дело е доста критикувано бидејќи Фројд својата теорија ја базирал врз неверодостојни антрополошки докази. Според oваа теорија тотемизмот претставува потекло на религијата и е извор на сета култура, морал и организацијата во општеството. На почетокот човекот живеел во мали заедници на чија глава стоел маж и група жени кои му припаѓале и нивните деца. Подоцна кога машките децата ќе достигнеле одредена возрасти биле протерувани бидејќи станувале љубоморни кон таткото. Машкото дете имало сексуални претензии кон мајката и го сметал татко си за ривал, но исто така чувствувал почит кон него т.е. имал амбивалентни чувства кон него.

    Long story short, протераните браќа се здружиле, го убиле таткото и го изеле(биле канибали во тоа време, иако тоа не е точно), и ги присвоиле жените. Ова јадење на таткото го означува почетокот на гозбата пред тотемот кое заземало место секоја година. После некое време сфатиле што направиле и почувствувале вина(бидејќи биле амбивалентни т.е. имале и позитивни чувства кон него) и заради таа вина ги создале првите табуа: да не се убие тотемот и да не се земе жена од тотемскиот клан (едиповиот комплекс гласи: потребата да се убие таткото за да се има односи со мајката).

    Според Фројд, ова покажува дека Бог е само сублимирана верзија на таткото. Истотака убивањето на таткото претставува првобитниот грев на човештвото.

    Oваа теорија е неодржлива бидејќи не постојат никакви антрополошки докази. Тотемизмот не е почетокот на човечката култура, религија. Дури и да е моралот потекнува порано од тоа. Тотемизмот не е универзален и кога се појавува се појавува подоцна во развитокот на човекот.

    Оваа теорија не е вистинита иако звучи интересно. :)

    Дали навистина луѓето би станале рационални како престанат да веруваат во религијата? Човекот не е целосно рационално суштество и не еволуирало за да биде целосно рационално, но еволуирало за да може да преживее. Ако луѓето ги гледаме како различни групи кои во одреден период биле поуспешни и успеале да преживеат тогаш религијата игра многу важна улога бидејќи секоја цивилизација успеала да го достигне својот врв со помош на религијата. Често пати се зборува за тоа како религијата разединува, но една од главните карактеристики на религијата е дека успева да соедини многу луѓе. Успехот на одредени религии и неуспехот на други може да се гледа низ еволуционерна гледна точка, оние кои преживеале и успеале да се прошират го сториле тоа бидејќи нудат нешто битно од еволуционерен аспект.

    Во изминатиот век, доста тоталитарни власти се дригеле да оформат нов човек кој ќе се согласува со идеаите за нивната утопија, оние коие не биле флексибилни не преживеале и по пат убиле десетици милиони луѓе. Тоа е така бидејќи не да зеле предвид човечката природа која никогаш не може да биде целосно разумна. :)

    Moжеби заплашеноста од божјата казна ќе натера некој да се однесува поморално, ако тоа е така тогаш не гледам ништо лошо во тоа. Штом некој мисли дека секоја постапка од животот ќе има влијание, тоа е во ред. Од друга страна, зошто некој би го спречило на направи некакво зло ако не постојат никакви последици? Јас мислам дека во секојдневниот живот луѓето (тука вклучувајќи ги верниците и неверниците) не размислуваат на таков начин (не размислуваат дали секоја постапка ќе ги води кој рајот/пеколот или ако не постои суд тогаш се е дозволено) туку нивното однесување го регулираат во однос со другите луѓе(не сите психопати убиваат луѓе).

    Ако би настанел нихилизам тогаш како би одлучиле кои морални вредности се подобри од другите бидејќи самиот нихилизам налага дека ниедна морална вредност не е подбра или полоша од друга морална вредност? Дури и оние кои се нарекуваат себе си нихилисти, не се бидејќи интеракцијата со други луѓе налага потреба од некакви морални вредности. За да не однесуваат на одреден начин треба да сметаат дека една морална вредност е подобра од друга. :)

    Oна што е common sense зависи од вредностите во општеството. Има племиња кои ги убивале новородените бебиња ако се роделе на непогоден ден. Во Индија постоел обичајот suttee според кој ја запалувале жената на оној што ќе починел. Овој обичај престанал откако Индија станала британска колонија. Можеби нам ни изгледаат чудно овие обичаи и овие постапки ги сметаме за убиство, но за луѓето кои живееле таму биле common sense. :)

    Прашањето е, зошто нам ни се чудни овие обичаи?
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Како прво, рационалноста ја означува способноста да се дојде до одредени заклучоци базирани врз логика и докази. Спротивното од рационалноста, т.е. вербата, ја означува појавата да се прифати нешто без докази.

    Не може да се очекува целосна рационалност од луѓе кои првично живееле во општество кое по нашите станадарди било крајно примитивно. Но покрај зачетоците на религиозните верувања, почнале да се развиваат и првите рационални мисли, почетоците на науката, експериментирањето и слично.

    Кога станува збор за развојот и појавувањето на религијата, моралот и интелигенцијата, на прво место се појавил моралот (во мојот прв коментар на темава имам подетално објанувано зошто), потоа се појавила 'религијата" односно нејзините првобитни и примитивни форми како тотемизам и политеизмот (бидејќи раниот човек живеел во средина каде сеуште не бил доволно способен од умстев аспект да ги објасни појавите околу него) и на крајот започнала да се развива интелигенцијата, паралелно со развојот на свеста, когнациите и слично.

    Една од основните причини поради кои религијата, особено во денешно време, доаѓала до судир со рационалноста е поради тоа што интелигенцијата почнала да се појавува и развива кога религиозните елементи веќе биле присутни и зацврстени во човечките когнации. Како што двете појави имаат контрадикторна природа, одредени луѓе не биле навикнати да пронајдат рационалност во нешто ново и спротивно на нивното верување, и тоа го следале на негативен начин.

    Со други зборови, настанува еден ментален конфликт каде верувањата (во овој случај религиозните) се на некој начин психолошки "предизвикани" и човекот го гледа тоа ново (рационално) верување како закана.

    Бидејќи религијата веќе се смета како дел од човековиот каракер, во умот се активираат оние делови одговорни за персонален идентитет и емоционална реакција на закани. Така, тие се спротиставуваат на она што е прикажано како "вистина".

    Религиското верување претставувало само еден фрагмент од целокупниот умствен развиток на луѓето, главно бидејќи без постоење на одредена смисла за нивното постоење, тие не би можеле да се соочат со самостоен стремеж за живот.

    Слична појава имаме и денес - доколку некој човек не ја пронаоѓа смислата во неговиот живот и постоење, тогаш веднаш посегнува кон самоубиството. Смислата на животот кај интелигентните суштества кај луѓето не е толку едноставна како кај останатите животни, чии основни цели се да се нахранат, да се размножуваат и генерално само да преживеат во природата колку што можат подолго.

    Позната карактеристика кај човекот е да се задржува за одредени верувања, навики, мислења, обичаи дури и кога ќе престане потребата истите да бидат и понатаму манифестирани во човековото општество.

    Во таква слична намена спаѓа и религијата, но за да се утврди нејзиното развивање, и како што веќе ја спомена и самата еволуција, познато е дека религијата се развила (иако не во својата форма како што е позната денес) многу рано во човековата историја, но постои дилема во врска со механизмите кои воопшто довеле до еволуцијата на религиозниот ум.

    Според примерот кој ти го објасни, генерално се претпоставува дека религијата претставувала одредена еволуциска предност.

    Но дали постои можност религијата да претставува една нус-појава? Можеби заради одредено прилагодување кое навидум не изгледа така?

    Малку ми е нелогично како религијата, која оргинално изобилува со целибат, трошоци, ризични ритуали, губење време, да се перцепираат како корисни за природното постоење за човекот. По правилно, природната селекција треба да делува против религиозното однесување кое човекот го манифестира, секако освен во случаите кога религиозното однесување претставува некаква предност за човештвото.

    Човекот е социјално суштество кое не може да преживее без соработка и соживот со другите луѓе. Доколку одредена група на луѓе, можеби дефинирана како доминантна, практикувала религиско однесување, тогаш и останатите би започнале да го практикуваат истото за да не бидат отфрлени и одбиени од социјалната група, притоа зацврстувајќи ја кохезијата и соработката меѓу нив.

    Меѓутоа, ако анализираме подлабоко, во поглед на духовноста, истото претставува комплексен феномен за кој се верува дека постојат повеќе области на мозокот кои се одговорни за многу аспекти од духовното искуство. Со други зборови, не постои 'God Spot' односно специфичен дел или област од мозокот која ја определува нашата духовна ориентација, туку тоа зависи од верувањето на самата личност.

    Додатно на ова, когнитивниот антрополог Pascal Boyer во неговата книга "Religion Explained" сугерира дека не постои едноставно објаснување за религиската свест. Можеби тоа е поради фактот што религијата не припаѓа како дел на класичната психологија, туку како дел на она што е познато како "folk psychology". Човечкиот капацитет да се објасни и да се предвиди однесувањето и менталната состојба на другите луѓе, претставува еден вид на обид за социјално адаптирање за да се рационализира однесувањето и верувањето на другите, во овој случај религиското.

    Поимот за "folk psychology" во голема мера се разликува од класичната психологија (која инаку е категоризирана како наука) по тоа што нејзиното толкување на ја вршат обичните, секојдневни луѓе кои немаат формална обука во различни академски полиња на науката, за да припишуваат ментални состојби.

    Од моралот зависи развивањето на нашето однесување кое ги зголемува шансите за преживување и репродукција, како и дека ние се колебаме преку доброто и злото, а од историски аспект тоа би зависело од тоа како паралелно би дејствувале нашето верување во нешто натприродно со состојбата на животната средина.

    Во денешно време, божјата казна не е единствениот метод за заплашување; Доколку одредена личност не е морална и реши да стори одредено дело, и притоа не е религиозна, истата личност може да биде спречена од повеќе фактори и влијанија, како на пример самиот закон и примената на санкциите.

    Погубувањата и измачувањето во минатото со причина биле вршени во јавност, за да може целиот народ да види - имале поучно дејство кон оние кои помислиле да сторат одредено протовправно дело кое не е во согласност со социјалните норми.

    Луѓето би се однесувале примитивно и би правеле злодела кога буквално не би постоело никакви мерки кои би го заплашувале и казнувале, и тука не спаѓа само религиозното суеверие.

    Со други зборови, заплашувањето претставува доста ефективен метод за да се диктира човековото однесување, генерално, и истото не мора да има религиски карактеристики.

    Религијата има повеќе главни цели, кои би рекла дека има тенденција да ги задоволува одредените потреби на човекот (како пронаоѓање на смислата на неговиот живот), но и неговите стремежи кои во реалниот свет се невозможни (како концептот за живот по смртта, за да се креира илузија за постигнување на човековата бесмртност).

    Не мора автоматски да се претпостави дека нихилизмот ќе предизвика морал како нус појава (кој притоа не е извлечен од религиско верување).

    Кај верниците, кога најосновните верувања за реалноста (дотогаш диктирани од религијата) почнуваат да се распаѓаат, често поврзани со неисполнети очекувања за кои се верува дека одредено натприродно суштество треба да ги исполни како возврат за лојалноста, а во реалноста истите тие очекувања се всушност околности надвор од сечија контрола, може да настане егзистенцијална криза.

    Верниците имаат одреден поглед кон светот, и кога истата таа перцепција ќе се уништи, во самата суштина на тоа човечко битие постои опасност од губење на неговата првобитно развиената коганција и свест.
     
    На BoneMachine и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine
    Пола од тврдењата во олкавиов реферат што си го пишал се сведуваат на „моралните вредности се невозможни без религија... според самата религија“. You don't say?
    Тоа време е одамна веќе поминато, цивилизациите стигнале до тука каде што се, големи уметнички и архитектонски споменици имаме поради религијата и тоа е неоспорно. Но, денес религијата не е воопшто потребна ни за оддржување на редот и мирот во општеството (напротив, многу често и ги нарушува истите), а не пак за преживување. Универзалните и вистински хуманистички морални вредности, дури и некогаш да потекнувале од религија, сега се доволно вградени во општеството и без неа - нерелигиозни луѓе и тоа како ги имаат, и би им ги пренесувале на наредни генерации без да вклучат ниедна религија во воспитување.

    Кога сите би размислувале подлабоко и реално на темата религиозност (секако, секој има легитимно право да не се интересира толку на темата) или би ги прифатиле сите правила на една религија, или би ја отфрлиле како концепт. Со прифаќањето на сите, вклучени се сексизам, хомофобија, насилство, потчинет менталитет итн. Па, не е ни чудно оние кои се свесни за тоа, да се сметаат за морално и слободарски освестени. :)

    Again, одамна веќе постојат и секуларни методи на „заплашување“ т.е. последици, и тоа реални за сите во овој живот - а тоа се законите, полицијата и судството, затворските казни. И тие се занимаваат со неморал кој навистина му штети на општеството, дејства кои ги повредуваат другите - убиства, силувања, кражби итн. Кога ќе се вмеша религијата во нив (како шеријатскиот закон во арапските земји на пример) - почнува да ги контролира луѓето како да постапуваат со своето тело, во своите спални, што да облекуваат и слично, се разбира посебно жените.
    Јасно е кон што (не) треба да се стремиме. :)
    Атеизмот не е еднаков на нихилизам. Нихилизмот оди подалеку од негирање само на натприродното и вишите сили.
    И паганските религии се религии, како што е германската на Хитлер што ја спомна, така и племињата имаат некаква религија - па ги правеле овие обичаи. Инаку обичаите општо ни малку не се common sense освен за тие што ги практицираат, без разлика дали само апсурдни или и насилни, дали се во некоја прашума на другиот крај на светот или и тука кај помалку едуцираните луѓе.

    П.С. Зарем не беше ти атеист?
     
    Последна измена: 13 мај 2019
    На BoneMachine и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Kaко прво, ви благодарам @Briar Rose и @Someonespecial за одговорите. Сакав да се започне дискусија на темава. Се надевам нема да ми замерите ако не се согласувам со вас. :)

    Се согласувам со дефиницијата за рационалноста. Ја разбирам логиката дека во човечкиот ум може да дојде до судир на овие две нешта бидејќи двете нудат различно објаснување за светот. Тоа е така кај оние кои религијата ја разбираат фундаментално и секој дел го сметаат за факт, На пример: воскреснувањето на Исус, геоцентричната теорија итн.

    Мојата критика се однесуваше на тоа дека со престанувањето на вербата во религија можно е повеќе луѓе да се интересираат за наука. Дури и тоа да се случи, сепак тоа нема да понуди решение за моралот, бидејќи самата наука служи за објаснување, а не може да понуди морален систем кој се заснова врз науката. Иако има преколпување помеѓу науката и фундаменталното разбирање на религијата, сепак постои разлика помеѓу нив. Ако религијата ја гледаме само како морален кодекс, а науката како средство со кое може да се објасни физичкиот свет тогаш тие се две различни нешта.

    Претходно напиша дека судот за доброто и злото доаѓаат од самата свест на човекот и зависно од околностите, едното може да доминира врз другото. Дали постојат објактивни критериуми за доброто и злото?

    Да тоа е така бидејќи религијата му дава посебно место на човекот во универзумот. Може да се претпостави дека религијата се појавила како потреба откако човекот добил свесност, штом е свесен може да дојде до заклучокот дека неговото постоење нема смисла, но религијата е тука за да му даде смисла.


    Дури и да е нус појава сепак тоа не ги негира успесите кои ги нуди на групата која ги применува.

    Иако религијата изобилува со ритуали кои навидум се чудни, и покрај тоа нуди некаква предност кај оние кои ја практикуваат. Охрабрува поголема соработка, доверба и кохезија во групата. Општо земено оние верници кои редовно одат во цркава донираат повеќе во добротворни цели, помагаат во заедницата, имаат повеќе деца, побрзо закрепнуваат од рак, имаат помали шанси да страдаат од депресија. Имаше една студија која покажуваше дека ортодоксните Евреи го доминирале пазарот за дијаманти бидејќи имале поголема меѓусебна соработка, доверба и не давале пари на адвокати за да се осигураат од меѓусебно мамење.

    Како што спомна, кохезијата игра битна улога. Затоа оние групи кои имале пониско ниво на кохезија биле присвоени од оние кои имале повисоко. Всушност ширењето на христијанството низ римското царство не е случајност. Како што брзото ширење на исламот исто така не е случајност.

    Друг пример се водените храмови во Бали кои служат за наводнување на оризовите полиња. Овој систем на наводнување е доста ефикасен, а се базира на храмовите. Секој храм припаѓа на различен бог, врвниот бог се наоѓа на врвот од планинате каде што потекнува изворот. Група фармери се собираат во секој храм и се договараат како треба да се изведе наводнувањето. Во овој случај инженерството го споиле со религијата со цел ефикасно да соработуваат.

    Дополнително:

    Атеизмот како појава не е нова, како идеологија се појавува, но никогаш не успева да се распространи и опстои бидејќи не нуди никаква кохезија за групата. Причината поради која монотеизмот успеал да се рашири е бидејќи според тоа верување постои само еден Бог и не постои признавање на други. Патем, тоа е причината зошто христијаните биле протерувани во Рим, бидејќи одбивале да се поклонуваат пред другите богови.

    Звучи како интересна книга, би сакал да ја прочитам.

    Законот е оној кој ги регулира односите во општеството и тоа е неспорно.

    Суровиот начин на погубување е знак дека општеството не било толку стабилно, со стабилност на општеството се намалиле и потребите за сурово казнување.

    Исто така законот произлегува од системот на вредности во општеството. Неспорно е дека еднаквите права на секој човек се одраз на влијанието на христијанството дека секој е поеднакво создаден од Бог.

    Тоа е така, но интересно е што постои и секуларна верзија на истото и се нарекува трансхуманизам чија цел е да го унапреди човештвото со помош на технологијата и евентуално бесмртност.

    Несомнено е дека ќе има потреба од морал и ќе се создаде. Прашањето е како и според кои критериуми?

    Можеби постојат такви верници кои се молат за да добијат нешто за возврат, и губат верба. Tоа е нивен проблем.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Не реков дека "моралните вредности се невозможни" туку дека "универзалните морални вредности се невозможни".

    Опаѓањето на религиознаста е често пати синонимна со опаѓањето на цивилизацијата бидејќи ја зголемува недовербата, не постојат универзални морални вредности во општеството, ги резредува семејните вредности со што опаѓа наталитетот и настанува аномија.

    Хуманизмот како квази-религија не би можел да настане, но и опстои без христијанството. Ако го тргнеме христијанството на страна, врз што би се засновал хуманизмот? Науката? Не, бидејќи според науката сме само еден незначаен вид на мајмуни кои пловат низ бескраниот универзум и која е потребата од сите луѓе да бидат еднакви кога сите луѓе не се еднакви според способностите. Додека во христијанството секој е подеднакво создаден од Бог, а бидејќи тој е севишен тоа е прифатено за вистина.

    Сепак и тие вредности доаѓаат од религијата на општеството во кое припаѓаш, еднаков третман за сите.

    Тоа е во ред, ни јас не би сакал да живеам под шеријатски закон иако звучи примамливо. :)

    Не ни кажав дека секој атеист е нихилист.

    Не реков дека не се, но сите религии не се исти како што и сите атеисти не се марксисти.

    За Хитлер, всушност неговата идеологија била поткрепена од "наука" поточно квази-наука за супериорноста на расите и социјалниот дарвинизам.

    Сум, т.е. агностик. Сепак сметам дека има корисни аспекти од религијата.

    Ако се прашуваш, не тролам туку сакав да дискутирам на темава.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ова би се случило доколку самиот морал произлегува од религијата, кога во реалноста ситуацијата е сосема обратна. Патем, и психологот Matt J. Rossano претпоставува дека религијата се појавила по моралот и била изградена врз моралот преку проширување на општествената контрола на индивидуалното однесување за да вклучи натприродни агенти.

    Со други зборови, религијата претставувала само еден психолошки механизам за да се контролира и ограничи себичноста на луѓето, и секако дека придонело кон социјално групирање.

    Меѓутоа, иако ова звучи како себичноста, позната како негативна човекова карактеристика и воедно препознаена како секундарна емоција, која не е вообиачено манифестирана од морална личност, таа претставува само еден вид на емоција меѓу спектарот на целокупниот човечки карактер, и воедно психолошки живот.

    Напротив, одвратноста, позната како една од примарните емоции, може да има огромна улога во детерминирањето, потеклото и развивањето на човековиот морал - главно бидејќи нашата манифестирана реакција автоматски дава одговор на одредени работи или однесувања кои се опасни или непосакувани од еволутивна перспектива.

    Претставуваат различни поими бидејќи субјективната перспектива е ограничена и пристрасна - и повторно ова е само едно толкување кое не ја преставува абсолутната, објективна вистина.

    Една од главните причини за тоа е што, во најчест број случаи, не и се дозволува на науката да навлезе во суштината на религијата и да даде рационално, издржано објаснување за нејзиното појавување и развој.

    Како што една од од основните особини на религијата, поточно вербата е да се прифати нешто без докази, нормално дека обидот за било каква понуда на рационално и научно објаснување би било перцепирано од страната на верниците како нешто абсурдно, слично како богохулие, бидејќи тие тоа го сфаќаат како закана на нивниот персонален и емоционал карактер и ризик од кршење на нивниот субјективен и непрецизен принцип за реалност.

    Одговорот на ова прашање може да се детермирира ако се прави разлика, односно споредба помеѓу животните кои живеат во природата, и човекот, кој живее во вештачка творба позната како општество;

    Имено, животните, како што немаат развиено морал како дел од нивната животниска свест (кое всушност е единствената форма на "психолошки живот" ако воопшто можам така да го опишам) не можат да разликуваат добро од лошо со нивните постапки кои се главно од егзистенцијална природа, вклучувајќи го тоа да се прехранат, преживеат и да се размножуваат.
    Во нивното место на живеење - природата, постојат само законот "survival of the fittest" кој е неутрален.

    Од друга страна, и човекот и покрај тоа што претставува уште едно суштество кое првично потекнува од природата, успеало да развие морал, покрај останатите карактеристики кои се дел од неговиот психолошки живот.
    Сепак, не игра толку голема улога моралот колку што игра неговата социјалната природа и неговата подготвеност да припаѓа во одредена заедница и, генерално, да биде прифатен од останатите.

    Во општеството каде живее човекот, како што не претставува природна творба, почнуваат да се поставуваат одредени социјални норми, стандарди и правила од кои сите имаат одраз на социјално однесување.
    Спротивните однесувања кои се манифестирани во човекото општество како убиство, кражба и слично, имаат една заедничка особина по тоа што наместо да ја засилуваат социјалната природа меѓу луѓето, таа ги разделува истите.

    Така, и самиот морал е диктиран на некој начин од природата и видот на социјалните норми, и бидејќи истите тие социјални норми и правила се креација на општеството, кое патем, споменав дека е вештачка а не природна творба, тогаш и самиот морал и критериумите за доброто и злото на човекот се субјективни, а не објективни.

    Но дали ги негира и сите војни, сите уништени животи, научно уназадување, сите заблуди на глобално ниво од кое човештвото страдало ?

    Можеби нејзината првична замисла била да нуди одредени предности во корист на општеството, но набрзо надвладеала себичната природа на човекот кој сфатил дека луѓето се како овци и дека може да ги искористи и изманипулира луѓето да вршат дејствија кои воопшто не се сметаат за предности. Типичен пример за тоа се војните од минатото кои се воделе во името на религијата.

    Така, освен што религијата може да послужи за социјално однесување, така може да послужи и за антисоцијално однесување, а причината за тоа лежи во фактот дека религијата преставува психолошки механизам за контролирање на луѓето.

    Тоа малку му звучи контрадикторно со оглед на фактот дека во минатото "луѓето подеднакво создадени од бог" воопшто немале еднаков третман - напротив имало изобилие од робство, сексизам, родова преференција...

    Овие импулси постојат од самото постоење на човештвото и истите потекнуваат од нарцисоидната природа на човекот и претпоставката дека ако се разликува од останатите животни на било каков начин (во супериорна смисла на зборот), тогаш и самиот верува дека не треба и дека не заслужува да го дели истиот крај, односно судбина како и нив.

    Ова верувања иако има поголема тенденција да се развие од религиозно убедување, раното трансхуманистичко размислување има и други концепти како на пример eugenics, кои за карактеристика имаат за обид да се обидат преку научни методи да го остварат тој импулс.

    Со други зборови, сите појави, желби и стремежи на човекот, без разлика колку се реални или нереални, се поделени на верба, од една страна, и рационалност, од друга страна.

    Со самото тоа што религијата и науката сеуште се контрадикторорни, нормално е и истите тенденции да бидат поделени на сличен начин.

    Човековата желба да биде супериорен, перферктен и бесмртен од религиски аспект е поткрепена со неговата верба во задгробниот живот, давајќи му таква невозможна илузија. Но од друга страна, се смета дека е лицемерно кога науката, на рационален начин се обидува да ги тестира тие желби и стремежи.

    Човекот уште во античкото време, со првите појави на општеството развил морал, кој не зависи ниту пак потекнува од религијата, и претходно во овој коментар веќе објаснив како.

    Моралот е психолошка карактеристика која е заедничка за сите луѓе, без разлика на нивната религиска (не)определба.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не. Ама ич...
     
  11. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Се согласувам дека моралот можно е да се појавил пред религијата, дури првобитната религија не била толку тесно поврзана со моралот. Таа служела да го одреди односот на човекот со неговата средина. Во политеистичките религии боговите се претставени како луѓе со посебни моќи кои не се однесуваат подоблесно од самите луѓе.

    Со доаѓањето на монотеизмот нештата почнуваат да се менуваат, веќе не постојат мнозинство богови туку само еден семоќен Бог. Дури еврејскиот бог Јахве бил бог на војната и како таков бил само еден од многуте богови, но потоа се издвоил како единствениот еврејски бог.

    Придонесот кон моралот на религијата во овој период е што дава посебен акцент на секоја индивидуа во општеството, но не до тој степен да ја направи себична. Освен тоа што треба да се води според законите, секој има должност кон останатите луѓе, но и кон себе, да се однесува доблесно. Моралот станува универзален, не само што секој треба да се однесува така кон луѓето блиски кон него туку кон сите останати. Тоа е можно бидејќи не постојат безброј богови туку само еден и тој е универзален и е загрижен со моралното однесување на секој човек.

    Битно во овој период е што религијата понудила една друга димензија, во материјалниот свет човекот е склон да биде себичен, да ги искористува другите во свои цели итн., но од религиски аспект треба да одолее на тие инстинкти со што ќе биде награден.

    Бидејќи во овој период чевекот живее во градови со голем број на луѓе кои не ги знае, потребно било развивањето на таква религија која служела за одржување на социјалниот ред

    Како што спомна, служи за контролирање на себичноста, но и на завидливоста и останатите карактиристики кои се сметаат за негативни т.е. во религиски контекст тие се гревови. Бидејќи тоа е така секој треба да се стреми на ги надмине тие инстинкти.

    Покрај овој универзализам, сепак религијата понекогаш служела да резединува луѓе, но успеала да соедини доста повеќе од што претходно било возможно. Таков пример е Европа, во која имало имало безброј разединети племиња кои војувале меѓу себе. Религијата усепала да ги спои во поголеми групи од кои подоцна настанале кралства и држави кои успевале да соработуват меѓусебе бидејќи имале нешто заедничко.

    Во главно, како што кажа, религиското искуство е субјективно, како и други искуства во животот, секој е религиозен од различни причини. Не секогаш значи дека религиозниот човек е нерационален, како што не секој атеист е рационален. Човекот во доста аспекти од животот не се води според докази, почнувајќи од политичкото убедување до личните размислувања. Најчесто ставовите се водат од емотивноста, како и луѓето во нивната околина.

    Религиските институции понекогаш се противеле на науката. Тоа главно заради тоа што тие институции сметале дека тие истражувања ќе го поткопаат авторитетот на самата црква или друга религиска институција. Сепак тоа не значи дека религијата сама по себе била одговорна за тоа бидејќи постоеле луѓе кои биле религиозни, но во исто време биле посветени на науката.

    Исто така религијата има заслуга во развојот на науката бидејќи религиската замисла била дека универзумот се раководи според одредени закони, како морални така и природни. Поради тоа имало поттик да се истражува природниот свет со цел да се осознаат тие закони. Затоа христијанството вложувало во образованието. Модерните универзитети се наследство од универзитетите кои биле основани во средновековието.

    Науката имала напредок во златната доба на Исламот, но заради одредени фундаметалисти не успеала да се развие до тој степен како во земјите во Европа кои биле христијански. Причината за тоа е дека Тома Аквински успеал да разграничи дека постојат природни закои кои не соодвествуваат со описите во библијата која во такви случаи не треба да се смета како книга за историски факти. Затоа според него било прифатливо некој да е истовремено разумен и религиозен.

    Треба да се разграничи помеѓу религијата, што таа проповедала и луѓето кои раководеле со религиските институции. Човечка карактеристика е да ја злоупотреби моќта и да ја користи во сопствени цели. Спротивно на популарното верување, само мал процент од сите војни кои се забележани во историјата се како директна последица на религиите(6.98%). Оваа бројка е опширна,тука спаѓа војната по распадот на Југославија која е во главно етнички конфликт. Религијата со најголема застапеност во овие војни е Исламот чиј пророк бил војсководец.

    Христијанството како такво било спротивствено кон водење на каква било војна во корист на религијата, но сепак постојат крстоносните војни. Тие биле започнати заради политички причини. Папата ја искористил оваа прилика за да ги спои западното и источното христијанство во заедничка цел.

    Ретко која војна се води стрикно само заради религиски причини, често пати војните имаат друга заднина.
    Дури и да не би постоела религијата, војната секогаш би била присутна. Иако некои религии се пацифистички сепакт не можат целосно да ја променат човечката природа.

    Понекогаш религијата била злоупотребувана за контролирање на луѓето, но тоа не е нејзината главна функција. Одредени луѓе кои биле на позиција ја користеле за сопстена корист или да ги истакнат сопствените ставови. Слично како што луѓето ја користат демократијата во сопствени цели.
     
    Последна измена: 20 мај 2019
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Малку ми е нелогично таквиот бог кој претпоставено е "загрижен со моралното однесување на секој човек" да "создал" и луѓе кои не поседуваат никаков морал, како убијци, силувачи и други злосторници...

    Нивото на морал не претставува нешто генерално, и сите луѓе поседуваат поголем или помал степен, и тоа секако зависи како од внатрешни, така и од надворешни фактори.

    Луѓето во минатото не биле сигурни дали нивното однесување и верување не било во ред, па успеале да ја развијат религијата со цел да ги оправдаат, убедувајќи се себеси и другите дека нивниот начин на живот е "за поголема цел" и "одредена од некој кој е на повисоко место од човештвото".

    Една од причините поради кој политеизмот бил заменет со монотеизмот е поради тендецијата и стремежот на монотеистичките христијани и муслиманите да конверитраат аутсајдери, додека политеистите немале некои посебни напори или тенденции да ја прошируваат својата религија надвор од нивната етничка група;

    Имено, политеистите немале изразен интерес да го прошируваат многубоштвото надвор од нивните граници. Ама монотеистите секогаш настојувале да ги преобразуваат другите, односно да ги конвертираат според нивната религија и нивното верување.

    Од овие две различни аспекти, мислам дека е мошне јасен и резултатот: Монотеистите ги конвертираат аутсајдерите, додека политеистите не го прават тоа. Монотеистите се подготвени да водат војна за промена на верската припадност на другите, а политеистите не се подготвени и немаат волја за тоа.

    Ова значи дека монотеистичките религии добивале следбеници на сметка на политеистите, а не обратно - и тука лежи клучот за намалување на повеќето следбеници на политеизмот.

    Така, во христијанството и во муслиманството, една од главните цели е да конвертираат други луѓе. И со оваа динамика на одвивање на нештата, политеистички религии ги губеле следбениците заради монотеистичките.

    Да не се сфати оваа причина на пластичен начин и во буквална смисла на зборот, во текот на историјата постоеле многу серии на движење за политеистичките религии да се оживеат, развиваат и растат.
    Ама поради проблемите кои лежат во монотеистичките религии,а тоа е нетолеранција кон социјалните разлики, како и строгото буквално толкување на светите текстови, тоа не се остварило во целост.

    Инаку, политеизмот и монотеизмот имаат различна суштина, односно карактеристиките за тоа што тие забранувале, а што дозволувале;

    Кај политеистичката религија, целта е да се заврши или да се оствари одредена работа, и така се верува дека ако се помолиш на некој дух или бог за нешто, или ако принесеш жртва, тоа ќе овозможи да го добиеш тоа што го сакаш (на пример, да победиш во некоја битка или некој болен член од семејството да оздрави).

    Политеистичките богови се неетички и покрај тоа што имаат капацитет да сочувствуваат и да чувствуваат тага.

    Главниот проблем со политестичката религија е тоа што станало очигледно дека истата не функционира подобро од случајната веројатност и многу малку луѓе (со образование) го сфаќаат тоа како чиста традиција.

    Од друга страна, монотеизмот во својата суштина не функционира на начин како политеистичката религија, туку нејзината цел е како да се живее добар живот и која е суштината на самиот живот (иако луѓето и денес постојано се молат за лекови, здравје, подобри резултати, итн - слично како и политеизмот).

    Перцепцијата дека имаме замена за father figure кој се грижи за нас и дека имаме релевантност и важност за креаторот на универзумот, е многу привлечна за луѓето, и далеку поблага отколку ладниот и омразувачки карактер кај политеистичките богови и духови.

    Ова воедно е и доказ дека човекот има длабока желба да биде релевантен и згрижен. Бидејќи нема достапна изолираност, желбата на луѓето за значење и љубов може да се исполни и не е изненадувачки дека концептот е добар.

    Со текот на годините, ова е рафинирано, особено во христијанството, кое има најширока варијанта на верување и пракса. Еден многу атрактивен елемент е да се создаде Бог двојно, така што креаторот на се, кој е далечен, е истата личност како и грижливо човечко суштество кое страда, овозможувајќи стравопочит и љубов да се мешаат.

    Тогаш тоа "морално" однесување не е доброволно ако веруваш дека за тоа ќе бидеш награден, или ако не се однесуваш "морално" ќе бидеш казнет.

    Ова претставува еден вид на психолошка принуда, и е токму манифестација на себичност, за човекот за сопствена добрососотојба, да биде добар и човечен кон другите.

    Да се однесуваш добро кон некого по сопствена волја, а притоа да не чувствуваш никаков притисок, е главната улога на моралот, а не на религијата.

    Доколку одреден човек не е себичен само бидејќи религијата така му налага, најверојатно под некаква закана, дали тој човек е навистина несебичен?

    Има разлика во тоа да правиш нешто своеволно и да веруваш дека ќе бидеш казнет ако не постапуваш на одреден начин.

    Меѓутоа постои разлика во тоа да оформуваш сопствен карактер каде една од главните особини се когнитивните размислувања од една страна, и да веруваш во нешто за кое не постојат докази од друга страна, а притоа да си горд на тоа како да е некакво животно достигнување.

    Едното претставува фрагмент од твоето лично себе (гледано од психолошки аспект), додека другото претставува незнаење и неукост.

    Луѓето уште во античките држави биле посветени на науката, од каде започнале да се појавуваат зачетоците на модерните науки кои ги познаваме денес, и тоа кога политеизмот сеуште постоел.

    Од каде тоа дека религиската замисла била дека универзумот се раководи и според морални закони, освен природните?

    Навистина е нерационален тој концепт бидејќи моралот не се дефинира строго како "закон", и освен тоа, не е можно моралот да биде присутен во универумот - тој е само дел од развиениот психолошки живот на луѓето.

    Причините за водењето на Крстоносните војни се посложени и не може да се негира дека религиозните причини едноставно биле "наметнати".

    Накратко објаснето, тие се одвивале како одговор на муслиманската експанзија, како можност за папата да го зголеми своето влијание, како метод за црквата да ги одвлече Европејците да се убиваат меѓусебно, но и како одговор на Византија за пре-освојување на изгубените провинции.
     
    На Angie1432 и BoneMachine им се допаѓа ова.
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Кога христијанството се раширило низ Европа ропството било широко распространето особено низ римското царство, во Рим живееле повеќе робови од слободни луѓе.

    Христијанството се противело кон насилното третирање на робовите(силување, тепање итн.) исто така дозволило брак помеѓу нив(претходно бил забренет). Дури некои од папите во раното христијанство биле поранешни робови.

    Ропството било присутно се до распадот на римското царство, но црквата се противела бидејќи во христијанството постои концептот на слободна воља. Доколку секој има слободно воља тогаш не треба да поседува други луѓе кои исто така ја поседуваат. Претходно, робовите биле сметани како обични предмети и се сметало дека тие со право се робови бидејќи немаат сопствена воља. Поради ова, во 10-от век ропството, за прв пат се укинало во Европа. Сепак во одредени делови тоа постоело(во Шпанија која се борела против Маврите), но тоа не било подржано од црквата.

    Подоцна во со откривањето на Новиот Свет, нештата не биле толку црно бели, имало силни политички притисоци да се поддржи ропството, пред се, заради економски причини. Дури и кога некои папи се противеле на ропството, тие биле игнорирани. Некои бискупи во Америка биле на страната на робовладетелите се до укиновањето на ропството.

    Иако ропството не било веднаш укинато, сепак идејата дека сите се еднакви и секој има слободна воља придонело кон целосно укинување на ропството во светот.

    Што се однесува до сексизмот, раното христијанство се сметало за женска религија бидејќи имало значително повеќе жени преку кои мажите ја прифатиле религијата. Имало причина за ова бидејќи тие имале значително помалку права во тогашните општества. На пример, во Рим убивањето на женски бебиња и абортусот биле чести појави, тоа допринело да има поголема машка популација и некои жени станувале неплодни заради абортусот кој морале да го направат под притисо на мажот. Бидејќи имало поголема машка популација девојките биле давани во брак уште на 11-12 години, некои дури биле помлади. Нешата се промениле кога мажите имале се поголема улога во религијата.

    Трансхуманизмот се претпоставува дека потекнува од Гностицизмот што претставувал рана христијанска секта според која секој човек има божествена душа заробена во материјалниот свет, за да се ослободи од материјалниот свет човекот мора да поседува посебен вид на знаење наречено гноса.

    Малку познат факт за Лелин е дека неговото тело било замрзнато со години, целта била да биде оживеан. Ова е дело на God-Builders кои сметале дека со развојот на науката во иднина ќе можат да го воскреснат својот лидер. Дали ова не потсеќа на некој?

    Иако човекот може да престане да биде религиозен сепак не може да го напушти религиозниот начин на размислување.

    Постојат објаснувања за тоа. Некои сметаат дека на човекот му е дадена слободна воља и самиот може да избере дали да верува или не, како и дали да прави добро или зло.

    Според монотеистичката религија должност е човек подобро да ги тертира останатите, но не е принуден. Принуда не е вистинскиот збор бидејќи ако некој прави нешто под принуда нема да го прави долготрајно и нема да има желба за тоа. Исто така никој не е принуден да го прави тоа бидејќи на секој му е даден избор. Религијата во овој аспект е битна бидејќи го тера човекот да се чувствува како дел од една поширока зедница кон која има должности, атеизмот од друга страна не може да го понуди тоа дури и да има општо прифатен морал.

    Да се биде горд подари вербата во монотеистичка религија е контрадикторно бидејќи во монотеистичките религии гордоста е грев.

    Зачетоците на науката се во Античка Грција, во овој период имало некаков напредок, но сепак науката не успеала да се развие како што се развила подоцна за многу пократок период. Долго време науката не напреднала поради тоа што луѓето кои се занимавале со наука се придржувале кон античката наука.

    Исто така таа не била добро развиена бидејќи научната терија не била поткрепена со експерименти, Аристотел сметал дека ако две тела паѓаат со различна тежина, она кое е потешко ќе паѓа со поголема брзина, што не е точно. Атомистите сметале дека сите нешта се создадени од атоми кои се неделиви, но немале начин како да го докажат тоа.

    Не само што науката не е контрадикторна со религијата, таа не би се развила доколку не би постоела религијата. За да се истражува природниот свет мора да постои причина за тоа, мора да постои некаков ред во универзумот кој е создаден од рационално битие. Од тука е произлезен поимот на закони во науката, мора да се претпостави дека постојат закони кои човекот може да ги открие користејќи го научниот метод. Затоа астрологијата успеала да премине во астрономија во Европа, но не во остатокот од светот.

    Не ја негирам улогата на религијата, но постојат и други фактори. Во подоцнежните крстоносни војни имало битки во кои едни муслимани оформувале сојузи со христијани против други муслимани и христијани. Крстоносните војни биле доста хаотични и непотребни.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Од историски аспект ова е точно, и јас не го негирав тоа за христијанството, меѓутоа темава се вика "религијата и моралот", што значи дека не треба да се прави исклучок во поглед на другите религии - од историски аспект, робството било или регулирано, или поддржувано, или спротиставувано врз верска основа.

    На пример, ропството е дел од историјата на исламот уште од самиот почеток. Куранот како Стариот и Новиот завет, го претпоставува постоењето на ропство. Исламот се обидувал да го регулира ропството и со тоа имплицитно го прифаќал како поим.
    Мухамед и неговите придружници имале робови, а некои од нив се здобиле со робови преку освојувања.

    Исламскиот закон (шеријат) дозволувал преземање на неверници (немуслимани) како робови, карактеристично за време на религиозните војни кои, исто така, се нарекуваат свети војни или џихади.

    Во раните исламски заедници, според Кесиа Али, "животот и правото беа заситени со робови и ропство". Војната, почитта од вазалните држави, купувањето и децата кои го наследиле ропството на родителот, биле извори на робови во исламот.

    Ова докажува дека не треба да се фокусираме само на христијанството бидејќи таа не претстува универзална религија. Само бидејќи христијанството не поддржувало робство, тоа не значи дека и останатите религии, како Исламот, ги поседувале и практикувале истите принципи и вредности.

    Освен тоа, смислата на она што го кажав дека во минатото луѓето немале еднаков третман, не го поврзав со појавата на религиите, туку пред тоа.
    Самиот статус за еднаквоста односно нееднаквоста на луѓето се менувала и првично не зависела врз основа на било која религија, туку врз основа на првите правила на општеството создадени од луѓето.

    Со други зборови, статусот се базирал врз основа на верувања за тоа кои членови на едно општество веруваат дека имаат релативно помалку или повеќе општествена вредност, а ова примарно потекнувало од старешината на едно примитивно општество кое уживал најмногу права и придобивки како и членовите кои му биле поблиски. Останатите го здобивале своето место во општеството главно според заслугата.

    Притоа, овие културни убедувања прават нерамномерна распределба на ресурсите и моќта да изгледаат природни и фер, поддржувачки системи на социјална стратификација, давајќи вредни бенефиции за оние кои ги заземаат повисоките скали, како што се подобро здравје, социјално одобрение, ресурси, влијание и слобода.

    Со самото тоа што дури подоцна со развојот на некои религии, започнала да се промовирала (делумната) еднаквост меѓу луѓето, значи дека не се смета за целосна еднаквост ако некои религии поддржуваат, додека некои религии забрануваат робство. Различни луѓе припаѓаат на различни религии и нивното право на слобода не е универзално признаено, туку зависи од тоа на која религија припаѓаат. Тоа допридонесува до дискриминација.

    Повторно се фокусираш само на христијанството како да е тоа универзална религија. Во Исламот, на пример, мажите ја задржувале и сеуште ја задржуваат доминантната позиција и од жените се бара да бидат послушни на своите сопрузи, татковци и синови. Всушност, и пред појавата на исламот, луѓето од Блискиот Исток живееле во домаќинства во кои жените се сметале за сопственост на нивните сопрузи и само требало да ги извршуваат задачите во домаќинството, што на крајот ги дехуманизирало. Ова значи дека исламот како религија воопшто не придонела кон подобрување на положбата на жените во општеството.

    Не велам дека жените биле целосно лишени од секакви права или привилегии, но и ден денес многу муслимански држави се водат по шеријатското право. На пример, муслиманската жена во однос на наследното право или треба да се откаже од наследството на нејзините родители, или пак ако евентуално не се откаже, ќе добие многу помал дел од што би добил нејзиниот брат.

    Така, гледано од глобален аспект, жените зависно од тоа на која религија припаѓаат, вооопшто не се еднакви како што треба да бидат според основните човекови права и слободи.

    Всушност, поимот за бесмртноста не потекнува од религијата, или барем од христијанството како што ти тврдиш, туку од најраните почетоци на античката цивилизација, токму поради фактот што човекот се плашел од смртта и се гледал на повисоко ниво од останатите животни, и поради тоа сметал дека не заслужува да умре, барем не како сите живи суштества.

    Класичен пример за ова е Епот за Гилгамеш, како и во историските потраги за Фонтаната на младоста, еликсирот на животот и други напори да се спречи стареење и смртта.

    Всушност, фундаменталните почетоци и концепти на трансхуманизамот опишувани од страна на Британскиот генетичар J. B. S. Haldane во неговиот есеј "Daedalus: Science and the Future", предвидел дека големи бенефиции ќе дојдат од примената на напредните науки во човековата биологија и дека секој таков напредок на луѓето ќе им изгледа како богохулство или перверзија ", непристојнo и неприроднo".

    Инаку, како што трансхуманизмот претставува меѓународно филозофско движење, тоа значи дека е достапно за интелектуална манифестација за сите луѓе на универзално ниво, а не дека е ограничено за одредени луѓе базирани врз нивните верувања или недостаток на верувања.

    И покрај тоа што мнозинството трансхуманисти се атеисти, агностици и / или секуларни хуманисти, некои имаат верски гледишта. Со други зборови, постојат и трансуманисти (обично верници) кои веруваат во надежи кои традиционално се залагаат преку религиите, како што е бесмртноста.

    Со други зборови, постојат верници кои само сакаат да ја искористат науката за да ги "докажат" своите религиозни верувања, односно е само обид за таа да стане "оправдана" во очите на луѓето, искористувајќи ја науката и технологијата за да може да опстане колку што може подолго во модерниот свет каде науката секојдневно успева да ги оспорува религиозните верувања - религијата секогаш ќе прави напори "to blend in" со модерната наука и технологија за да изгледа како и самата да е нормален дел од тоа, кога во реалноста не е, односно е токму спротивното од тоа.

    Тоа не е религиозен начин на размислување, туку пронаоѓање на смислата на животот и постоењето на човекот кое е вродено прашање кое го поставува секој човек. Разликата е што не секој го асоцира одговорот на тоа прашање со религијата.

    Од биолошки аспект, животот претставува само правилно функционирање на органите по раѓање на одредено суштество и главните карактеристики за тоа суштество да биде одржано во живот е да преживува врз основа на своите инстинкти, и под влијание на хемиската реакција на хормоните, да се размножува со цел да не изумре како вид.

    Така е и со човекот бидејќи и самиот тој претставува суштество. Со појавата на свеста, когнациите, моралот, интелигенцијата, човекот станал многу збунет и се прашувал зошто воопшто постои.

    А одговорот на ова прашање е дека човекот нема посебна цел за животот. Тоа останува како една празнина која никогаш дотогаш не постоела, и до човекот зависи како тој ќе ја пополни таа празнина.

    Би рекла дека ова е како една последица која не била предвидена во рамките на сите животни, но кај човекот тоа сега преставува еден исклучок.

    Многу луѓе со векови, уште со самата појава на античките цивилизации, луѓето ја барале причината за своето постоење, а најголемата мисконцепција е тоа што претпоставиле дека смислата на животот е дел од објективната реалност, а тоа не е точно.

    Кога смислата на животот би била дел од објективната реалност, тогаш и сите други суштества на оваа планета би го знаеле тоа, и истата би била универзална за сите.

    Но бидејќи кај човекот, како исклучок, се појавило ова прашање, тој не е свесен дека мора самиот да создава норми, правила и принципи по кои ќе живее и тоа бидејќи тој едноставно не може да живее како животно.

    Така, смислата на животот е дел од субјективната реалност, слично како што во неа спаѓаат и сите човекови илузии.

    Човекот, би рекла, дека чувствува притисок. Притисок кој постојано го прогонува со помислата дека залудно го троши својот живот и своето ограничено време на планетата Земја.

    Тоа е бидејќи тој не може да психички да поднесе дека нема никава цел во животот. Затоа многу луѓе кои се соочуваат со егзистенцијална криза се најчесто под депресија.

    Па, мојот заклучок од ова е дека, оригинално, смислата на животот не постои како објективна реалност и зависи до секој човек посебно да одреди што ќе прави во неговиот живот за да се чувствува исполнето.

    Со други зборови, смислата на животот е вметната во субјективната реалност поради една причина, а тоа е дека човекот никогаш не би можел да остане ментално и психички здрав кога само би живеел во објективната реалност, како животните.

    Смислата на нашето постоење е само уште една илузија која не спречува да извршиме самоубиство, бидејќи сме премногу нарцисоидни да го прифатиме фактот дека сме само уште едно животно во шумата.

    Слободната волја како теорија која претпоставено го објаснува човекото однесување, не е целосно и валидно призната во научната заедница и се верува дека претставува само една илузија. Со самото тоа што рече "некои сметаат" значи дека слободната волја не е универзално потврден и признат факт.

    Познатиот експеримент, инаку спроведен од Libet et al, резултирал со закличокот дека моторни области на мозокот се активираат пред поединецот да направи свесна одлука да почне да го движи прстот. Ова значи дека слободната волја не постои бидејќи одлуката за движење на прстот веќе била формулирана во моторните региони на мозокот пред да се знае свеста за одлуката на поединецот.

    Детерминизмот, од друга страна, е кога човековото однесување е контролирано од внатрешни или надворешни фактори кои дејствуваат врз поединецот. Постојат многу различни видови на детерминизам, вклучувајќи: биолошки, еколошки и психички.

    Лично, сметам дека ова е малку комплексно прашање кое не може така механички да биде потврдено од едната или од другата теорија. И покрај тоа што верувам дека детерминизмот е главниот одлучувачки фактор кое го објаснува нашето целокупно однесување, односно и покрај тоа што многу биолошки или околински влијание дејствуваат врз нас, тоа не значи дека ние не можеме да дејствуваме по своја слободна волја, дури и ако тоа значи дека имаме повеќе ограничувања како резултат на други фактори што делуваат врз нас. Меѓутоа, она што обично се нарекува "слободна волја" би го опишала главно како отстапување поради одредени нагони кои преовладуваат во психолошкиот живот на човекот.

    Атеистите, кои се исто така човечки суштества, припаѓаат кон заедницата наречена општество. Луѓето се социјални суштества кои сакаат да се чувствуваат како да се дел од една група, и иако религијата од одреден аспект го поттикнува тоа, сепак не е главен фактор за тоа поради биолошката карактеристика на луѓето која се манифестирала дури во праисториските орди кога општеството не ни постоело.

    Не може да се споредува биолошка карактеристика на еден вид со една подоцна креирана човекова творба.

    Тоа е поради фактот дека теистичкото верување не играло толкава улога како опција, отколку како неопходна фаза во човековата еволуција. Човекот во раните општества не го поседувал знаењето кое го има денес. Боговите (поради првобитната појава на политеизмот), во која било форма, претставувале нашите први обиди за објаснување на природните појави, рационализација, одговор на прашањата кој, што, кога, каде и зошто, како и самата причина за нашето постоење.

    Како атеист, за мене е неразумно постоењето на бог, но не го игнорирам фактот дека се поголемото внимание насочено кон науката ќе придонесе да имаме нешто сосема спротивно она кое примарно било нашата мотивација. Развојот на науката која би можела да биде без репресии, не би морала да вклучува се што го знаеме денес, без оглед на религијата. И покрај тоа што таквото хипотетичко размлсување звучи разумно, факт е дека истото станува сега останува на се помалку и помалку одржлива позиција, бидејќи нашата основа на знаење продолжува да расте.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Не секогаш високиот морал е тесно поврзан со религиските погледи.И агностикот и атеистот можат и се високоморални битиа,ако ги почитуваат универзалните морални начела т.е 10 те божји начела од религиска перспектива.
    Моралот произлегува од домашното воспитување пред се,а религиозноста е нешто сосема друго,верба во Бог како креатор на се видливо и невидливо.
    Незначи ако веруваш во Бог, следствено на тоа и си високоморална личност,односно се подвизуваш во верата и ако си атеист си секогаш неморална личност.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Не си свесна изгледа колку голем процент од тоа што сега го цениме како морално и правилно е од влијанието на религиите.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theBride

    theBride Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Не е тажно тоа?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    А зошто да е тажно? Не се раѓаме научени, отсекогаш постоеле верувања и филозофии што на некој начин им го насочувале животот на луѓето.Само религии како христијанството и исламот имаат направено најголемо влијание.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Тажно е оти на луѓето им треба авторитет (Бог во случајов), за да разликуваат добро од лошо.
     
    На Lella, Amellie13 и theBride им се допаѓа ова.
  20. theBride

    theBride Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Тажно е тоа што го кажа - дека голем процент од тоа што го цениме како морално и правилно се поврзува со религија.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.