Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Религијата и моралот

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 15 август 2017.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ви се тоооолку тажни религиите.
    Ако во нешто се наоѓа мир и правец. Моралните вредности се основа на секоја религија, но не би рекла дека лиѓето се стремат кон нивно почитување стриктно ради страв од казна од Бога, туку се учи што е правилно, а што не. Повеќе е поврзано со страв од осуда или од казна од земјени фактори :D Дали е тоа од Библија, Куран или учебник, не е битно.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    ... и нивото на емпатија и common sense.

    *надополнувам
     
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    3.128
    Пол:
    Машки

    „Авторитетите“ (во наводници, затоа што сакам да ја потенцирам релативноста на поимите), сами по себе не се „лоши“, тие може да се и „здрави“ и да придонесуваат кон благосостојбата на заедницата, општеството, и самата личност во целина (кога тоа соодвествува на фазата на развој), дури и ако е тоа “Бог“ за некои. Зар Науката? Родителите? Образованието? Другарите? Културата не се авторитети? Секој има свој „начин“ и право на тоа. Проблемот е кога тој „авторитет“ вклучува несиметричност во односите меѓу луѓето и нивните права и тоа ѝ штети на целината.
     
    На Lella и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Авторитетите треба да се валидизираат само долколку има бенефит од нив.
    Да не биди само 'во име на' и/или од страв.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    3.128
    Пол:
    Машки
    Сосема се согласувам, ама ова е само повторување на она моето „да биде во корист на целината“, без тоа да внесува асиметричност на односи и права.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Аааах... a girl can dream :*:

    :D
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Што е добро и лошо децата учат и од родителите. Родителот е авторитет од кој децата учат многу работи. Родител, учител, наставник. Тоа не е тажно, зошто би било тажно ако луѓето учат полезни работи од Бог? Како може да е тажно нешто што е корисно и некого го прави подобра личност?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Затоа што не е се' поврзано со социјални правила, туку и со имањето емпатија и здравиот разум кој треба да не 'научи' да разликуваме добро од лошо.

    Ако со 'стап' треба да се учат луѓето на моралност, тогаш, тоа многу кажува за нив.

    А моделот на религиите е тоа: Страв и ветување за 'нов живот'.

    Се' е сега, тука.
    Не знаеме за натаму.
     
    На Amellie13 и theBride им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Пак се' е до човекот. Некој врши убиства во име на религија, за некој друг тоа е само извор на мирољубивост. Не е до религијата, до човекот е, што носи во себе.
    Нема врска дека станува збор за страв, верувањето во Бог и воопшто религијата носи смирение што не може да му се објасни на тој што не почувствувал. Религијата може да му помогне на човек да стане подобар од што некогаш бил, а како што пишав, не може да е тажно тоа што за некого е полезно.
     
  10. theBride

    theBride Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека е тажно ако луѓето учат добри работи од религијата.

    Но, не ми се допаѓа тоа што некои луѓе на "неверниците" им ставаат етикета на луѓе без морал, поради тоа што не веруваат во "доброто" и во "правилното".
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Не ми се тажни религиите, разбирам зошто постојат. Само често слушам разни дефиниции за господ, а тоа е збунувачки и некако губи логика ако секој различно го дефинира. Всушност, не ни знам во која насока да размислувам за воопшто да дојдам до заклучок. Дали господ е тоа што ти дава смисла за постоење? Дали господ е тој/таа/тоа што те/нè создало? Дали господ е тоа што ти дава мир, спокој, надеж? Ако може да биде сè и сешто, како воопшто да издвојам една работа? За сите тие прашања и слични на нив, можам да дадам различен одговор.

    Патем, за мене најважно е човек да е хуман. Да се труди да не штети, да помага доколку може, да биде емпатичен, добродушен, културен. Тоа го гледам како битна еволуција за човекот општо, а не нешто поврзано со религии. A guess, повеќе е филозофија или општа перцепција кон животот. Не верувам во казни и награди надвор од соодносот помеѓу нас луѓето, ние сме тие што си правиме убави или грди нешта помеѓу. Истовремено, на секого му се случуваат убави и грди нешта додека е живи, после смртта не постојат убави и грди нешта, или казни и награди. Затоа е битно додека сме живи да правиме што е можно поубави нешта, да се подржуваме и бодриме, да напреднуваме во секој можен поглед, да еволуираме. Во име на човекот и убавината на живеењето, не за друго.
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Не ме разбирате баш.Ви викам дека тоа под какво влијание и авторитет растеме, во тоа и ќе се претвориме.Премногу сте сигурни во себе, односно во своето чувство на моралност и праведност, кога тоа не е ништо друго освен производ на многу филозофии и подоцна организирани религии кои извршиле огромно влијание да се сега вкоренети во нас.Да се родевте во џунгла и да немавте контакт со луѓе, а потоа дојдовте во оваа цивилизација, што мислите, ќе го имавте истиот ум што го имате сега за разликување "добро" и "лошо"?Не, немаше, доброто се учи, не се раѓаме со тоа, затоа е добро што постојат ваков тип на авторитети.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Демек луѓето што живеат во џунгла не знаат што е добро, а што лошо?

    Многу е едноставно: Лошо е се' што повредува некого или ја оштетува околината во која живееш.

    Не ти треба никаква длабока филозофија да знаеш дека ако го удриш некого, ќе го боли.

    Башка и тие имаат религии.
    Овој твој муабет е ко: Мојата религија чини, твојата не.
     
    На theBride му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    А ако се родиме во атеистичко општество (каде преку 90% се атеисти) немаше да разликуваме добро и зло?
    Религијата не е еднаква на добро/морал/етика, треба еден човек да биди добар без тоа неговата религија да му го наложи. Колку насилства и убиства има и во самите религиски книги, колку војни се водени во име на религија. И христијанството така е распространето, немало сакаш нејќиш.
    Колку добри и лоши верници има, како што има добри и лоши неверници. Тоа е доволно да кажеме дека моралот не произлегува од религија.
     
    На WildMk и theBride им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Кај сум рекла дека некоја религија чини некоја не?

    Прашањето за морал е многу посложено од тоа дека сѐ што повредува некој друг е лошо.Лесно е да се каже, оди објасни го и постави јасни граници.Го кажуваш зашто е најлесно, не зашто е целосно вистина.
    Примерот со џунгла беше дека ако растеш изолиран од човечка интеракција, најголеми се шансите дека твојот живот повеќе ќе наликува на оној на животно, воден најмногу од инстинктите, а многу помалку од емоционалната интелигенција, што води до тоа дека ние како цивилизација сме работеле напорно за да стигнеме до ова ниво каде што сме сега.Религијата е на некој начин сумација на човековите обиди да воспоставиме универзален систем според кој ќе ставиме ред во општството и во нашите меѓусебни односи.Истите работи што ја чинат основата на сите религии што се сега најраспространети постоеле и претходно, но во форма на најразлични учења , на пример христијанството само обединило од се по нешто.И луѓето кои живеат и живееле во племиња имат свои богови, духови, сили, што и да е, на кои им веруваат и бараат утеха, знаење, водство.Тоа само докажува дека онака комплексни како што сме, отсекогаш ни бил потребен некаков водач за да можеме да постигнеме да живееме во одредена хармонија, колку и да е несовршена.

    Секако дека е лесно да се апстрахирате од духовните учења и да кажете ама не е потребна религија да се биде добар, во ред, ама со тоа автоматски ја бришете целата историја на идеи која ве довела да размислувате за добро и лошо на начинот на кој размислувате сега, иако воглавно несвесно.
    Ти скроз ми ја имаш промашено поентата, не знам ни што да ти кажам на ова, прочитај горе.
     
    Последна измена: 5 март 2021
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Ти зборуваш за религијата како авторитет за да се држиме до добро однесување, а самата религија има направено страшни работи за да стигни до овде каде што е.
    Си има закони за луѓето да се држат до добро однесување, и пак ќе речам, не ти треба религија за да бидиш добар човек.
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Не мислиш дека како цивилизација треба да се стремиме да го следиме интринзичното чувство на морал кое сме го развиле, наместо да следиме морален авторитет? Не те напаѓам, вистинско прашање ми е ова. Се согласувам дека религиите претставуваат еден вид оригинално и првично обликување на морал, ама сметам дека баш тоа е клучниот момент. Религиски спакуван морал е одлика на почетните фази на етиката, нешто како прото-морал, базично, лесно, разбирливо морално насочување. Не треба веќе да сме ги надминале тие фази?

    Сфаќам од каде ти доаѓа поентата, сметаш дека нашата денешна идеја за морал е изградена на темелот што го поставиле религиите, ама јас не се согласувам. Религијата е само инфантниот израз на истиот тој морал за кој збориме денес. Baby-talk морал. Kако и скоро сè друго, моралот е производ на селективност во преживувањето. Едноставно не се работи за општествени религиски влијанија, туку за отпечатоците кои човештвото ги оставило во формите кои ги креирало (религиите). Ова секако важи ако збориме за „не кради, не лажи, не убивај“ тип на морал, а сосема друга тема се дупките во моралот на светите книги, иако и тие се одлик на нискиот степен на цивилизација во времето кога биле пишувани.

    Затоа не мислам дека религиите заслужуваат толку кредит кога се работи за „измислување“ морал, бидејќи религиите се first and foremost човечки творевини, па какви и да се моралните дијаманти што можете да ги извлечете од нив, факт е дека веќе постоеле во човечката психа од претходно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Извини што вака ви се убацувам во муабетот. Дали ти си либералист? И што според тебе е морално а што не.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Уф, тешко прашање. :D Би рекла дека индивидуалната слобода е клучна кога се зборува за морал, така што да, може да се каже дека сум либералист. Во однос на тоа што е морално, а што не, сметам дека има простор за вакви оценувања само ако некое дејство е свесно направено и ако влијае на нечија добросостојба. И мислам дека овој принцип е прилично едноставен и јасен, и ги надминува религиските ограничувања.
     
    На WildMk и JasminaB29 им се допаѓа ова.
  20. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Не дека сум нешто фанатик или религиозна, мавам накај "либерал" да речам ама сепак сметам дека коренот на моралот е религијата, мислам Христијанството, не Исламот или Хиндуизмот и слично.
    Мислам дека тоа што е морално така и треба да остане. Пример да речам дека не треба прељуба да се врши, блуд и слично. Тоа е морално и мислам дека така треба да остане. А ние како луѓе со поразличен став, или пак сличен до тоа мислам дека треба да се оградиме од тоа, да живееме по свое, наместо да им наметнуваме наши ставови кои најчесто се контра нивните.
    По муабетов верувам дека уште си млада, пошто иста бев и ми сметаа многу работи и сакав да си ги искажам и се тоа.