добра вечер, имав незаштитен однос со мм пред две недели и нешто пред овулација ( по грешка се занесовме).е сеа вчера бев на забар ваѓав умник ми направија и рентген и анестезија нормално.денес ми текна дека ми касни и ми отиде помислата да не сум бремена не направив тест во паники сум мие страв да направам
Здрави на сите. Денес правев рентген на кичма и ми кажаа дека не се препорачува забременување наредниве 6 месеци.Искрено јас планирав ова лето трета бременост и ме ставија во мисла. Ваше искуство?!
денес требаше да правам ренген на врат бидејќи подолго време ме боли а во меѓувреме се обидуваме за бебе кажав на тие таму дека е рано но можно е да сум ми рекоа тест да направам тестот го направив испадна негативен ама некако рано е има поминато 6 дена од однос. се консултирав со матичната да одам утре кај докторката да и кажам како е работата па да видиме што понатаму
Ќе носиш оловна престилка на телото додека го снимаат вратот. Се додека дирекно не се снима карлицата, и секако да не се прават многу снимки во краток период, со правилна заштита можеш да се снимаш. Ако не ти е итно снимањето, почекај после 3мес од бременоста, или додека да се потврди дека не си бремена со сигурност.
Се обидуваме за бебе и баш во овулација се случи да направм Рентген снимка на стапалото. Значи баш тој ден беше "ризичниот" однос. А веднаш потоа се случи да си го повредам стапалото. Што мислите ако се случи да бидам бремена би било ли штетно? Пред да му го прават ренггенот кажав на докторката дека се обидувам за бебе и вика па стапалото е оддалечено од стомакот, треба да ги направиме Рентген зошто не знаеме дали е скриена ногата. Ваше мислење?