1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Репортажи од светот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 8 септември 2019.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.928
    Пол:
    Машки
    Имаме многу феминки кои живеат надвор од оваа грутка земја, а и онакви кои имале туристички дух и посетиле многу занимливи места насекаде низ светот за кои ние не сме чуле воопшто или знаеме нешто, но не премногу.

    Нека биде темава за тоа. За чудни, интересни места кои сте имале можност да ги посетите и за авантурите ваши што ви се случиле при оваквите посети.

    Секое локално место и неговиот дух може да се доживее само ако отидеме таму и го почувствуваме лично, но преку овакви репортажи истите ќе се приближат, а можеби и ќе се поттикне нашиот авантурички дух па и самите да ги посетиме еден ден. :D

    Се надевам дека не очекуваат интересни репортажи. Ќе раскажам и јас можеби некоја понатаму ако се развие темата.
     
    На Briar Rose, T.e.d.d.y, темјанушка и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Интересна тема и би сакала да слушнам повеќе репортажи. Посебно за Швајцарија бидејќи ми е желба да отидам таму.
    Како што знаете додека траат студиите имаме можност да отидеме преку Work and Travel програмата во САД. Така јас лани летото бев во Massachusetts, на Martha's Vineyard островот. Овој остров е и познат како Островот на богатите и кога дојдов се уверив во тоа:?:.
    Престојував во Edgartown, според мене најубав град од сите на островот. Летото е преполно со луѓе и е доста познат меѓу Американците. Претежно има продавници за облека (што се прилично скапи), голем маркет, продавници за сувенири, мало местенце во главно.
    Секоја куќа е изградена по познатиот амерички стил, со убави средени градини. Но, во Oak Bluffs (друг град) се наоѓаат таканаречените Gingerbread houses кои ми беа поинтересни и му даваат шаренило на градот.
    Gingerbread-Houses-Marthas-Vineyard-6.jpg
    Луѓето се пријателски настроени, би ти помогнале во секој момент дури имаше и луѓе кои одма на првиот разговор би збореле ко да те знаат цел живот (и разговори кои не требаше да ги знам ама ми ги кажуваа). А исто и има доста голема доверба помеѓу граѓаните.
    Lighthouses, they are everywhere, колку града има островот толку има и lighthouses. Edgartown lighthouse - от беше најпознат, свадби се оджуваа таму често ама имаше и прекрасна песочна плажа. Обично после работа се упатувавме таму и со ноќи седевме и уживавме.
    70012512_520025125439405_2350033863297728512_n.jpg 65910882_496498447769060_852867701964537856_n.jpg 70003468_2364137333903882_2039947515268169728_n.jpg
    Не знаев се додека не стигнав, за да видам дека тука всушност врие од творови:rofl: I know right. Сите бевме испаничени кога ќе видиме во ходник или во најлош случај во соба. Среќа во моја соба не влегуваа (дека бев на втор спрат не за друго). Сепак се изненадив од сите видови на животни што ги видов. Пајак - рак, секаков вид на риби и ајкули (во Oak Bluffs e снимен Jaws), зајаци..Риболовот е доста развиен таму, од толку што гледавме и ние почнавме да ловиме ама рекреативно повеќе.
    70292844_633392447067415_9077936562947227648_n.jpg 69797767_1099766006884651_2802600107785060352_n.jpg
    Автобускиот превоз е повеќе развиен па за нас како студенти ни беше супер бидејќи сите градови ги посетивме и секој од нив си имаше посебна убавина.
    Aquinnah - најубавите зајдисонца, реално доста долго чекав за да дојдам на ова место но секој пат облаци имаше :doh: ама сум задоволна од тоа што го фатив на камера.
    70494028_1100014766863992_4024472106828824576_n.jpg 69742887_2365345330181021_7714269555815612416_n.jpg
    Oak Bluffs - најразвиениот и најголем град, таму има што да се посети. Многу повеќе продавници, слаткари, пекари, единствениот клуб на островот, маркети и секако Lighthouse.
    69685052_3276374955713568_8506084525300776960_n.jpg
    Menemsha - најубава плажа според мене. Често се среќаваше дедото кој си читаше весник на плажа и неочекувано дуваше soap bubble, децата беа пресреќни, а богами и јас.
    69858301_234400450818531_1221396911236317184_n.jpg
    Тоа би било во главно за овој остров, мал е ама мене ми беше многу драг. Повеќе се поврзувам со местата отколку со луѓето, па да би имала повторно прилика одма би отишла.
    Btw дали може репортажи и за места во Македонија?:?:
     
    На theowndemon, mula, andrejko82 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.928
    Пол:
    Машки
    @Blue.Sky , Може и од Македонија. Зошто да не? И ние сме дел од светот, ваљда? :rofl:

    Го скрши мразов на темава. Прекрасна репортажа. Прекрасно напишана и доловена одлично со слики. :clap:

    Се надевам дека ќе следат уште и ќе ја активираме темава. Има потенцијал. Се надевам дека ќе успееме да ја претвориме во едно прекрасно место.

    Ќе треба и јас да напишам некоја моја иако немам искуство од некои егзотични места. :wasntme:
     
    На candy.cane, Ava.84, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.928
    Пол:
    Машки
    Истра, Хрватска

    Истра е полуостров во северо-западниот дел на Хрватска. Долги години бил под влијание на Италија и Хабсбуршката монархија. Поради самата историја и микс на локалното население посебно со Италијаните потсеќа страшно како културолошки, архитектонски, така и традиционално со Италија.
    Некои би рекле дека е Италија во мало.

    Имав можност да поминам дел од својот живот на овој полуостров и да посетам неколку градови и места, да уживам во чистите води на Јадранското море во лето, и да го шетам крајбрежјето во зима.
    Оваа репортажа ќе ја започнам од главниот град на Истра, Пула.

    Пула

    [​IMG]

    *сликата е превземена

    Пула е главниот и најголем град на полуостровот. Има околу 50тина илјади жители. Исполнет е со куќички во италијански стил од по три ката (некои и со поткровје), разделени со мали камени сокаци, со типична "калдрма" за овој крај. Пешачење низ овие мали сокаци е право искуство кое морате да го доживеете. Само треба да се талка по нив, восприемајќи ја миризбата од морето, од цвеќињата кои висат од куќите и по некоја привлечна миризба од блиската пекара каде се подготвуваат вкусни лиснати. Ви треба само придружба која ќе ве поведе низ магичните лавиринти на овој град.

    [​IMG]
    * Низ сокаците на Пула

    Главниот историски локалитет во градот е Арената изградена во стилот на Колосеумот во Рим. Иако не е со толку импонзантни димензии како онаа во Италија, сепак е огромна и во одлична состојба и е меѓу 6те арени кои се сочувани во овој свет од времето на Римското царство.
    Многубројни концерти се одржуваат во неа, меѓу кои и концертот на нашиот Влатко Стефановски кој е далеку обожуван од страна на локалната публика. Имав можност тогаш да присуствувам на неговиот концерт со Gibonni. Акустиката на Арена Пула е предобра и концертот беше право доживување. Исто така и концертот на локалецот Haustor кој е дел од дуото 2 Cellos е фантастично. Доколку некогаш се најдете во овој град и имате можност да присуствувате на некој концерт, воопшто не се мислите, направете го тоа.

    [​IMG]
    *Арена Пула

    Плажите во близина на Пула, како и на цела Истра се воглавно карпести, покриени до шума, додека меѓу карпите се наоѓаат мали делови исполнети со ситен песок. Камчињата и карпите ги има во вода, па бидете внимателни кога ќе влегувате внатре. Обратете пажња и на морските животни како медузи, морски ежови и pufferfish која е отровна.

    [​IMG]
    *Плажа во близина на Пула.

    Ровињ/Rovigno

    [​IMG]

    *Поглед од пристаништето.

    Ровињ е мало градче (15К жители), оддалечено околу 30тина км од Пула и е главно туристичко место во Истра, ако не и во цела Хрватска. Градот е двојазичен, Хрватски и Италијански. Во него живеат доста италијани измешани со хрвати па неретко ќе чуете како локалците зборат на италијански јазик или на истарски дијалект во кој употребуваат доста италијански зборови.
    Градчето е како излезено од бајките. Плени со одличната архитектура на стари трокатни куќи кои како да пловат во морето. Неретко истите се мета на големите морски бранови кои удираат во нив.
    Неретко измеѓу нив ќе најдете простор од две до три масички и малечко ресторанче кое е совршено романтично место за вечера со саканите. Погледот е преубав, ќе ги чувствувате брановите под вашите нозе, додека вие пробувате некој Истарски деликатес од морски плодови комбинирани со италијанска паста (шпагети, њоки) и истарско црвено вино.

    [​IMG]
    * Романтичен поглед

    Колку и да изгледаат магично овие места, толку се и магично скапи по вашиот џеб. Па доколку сакате да вкусите една вечера овде видете спремни да потрошите неколку стотици евра. Ровињ е екстремно скап град посетуван од најголемите богаташи во Европа. Јас имав можност да ја видам јахтата на Абрамович закотвена во градот.
    Оние европјани пак со не толку длабок џеб, можете често да ги видите со домашен сендвич во рака како јадат на крајбрежјето.
    На само неколку чекори подалеку од овие места, можете слободно да седнете на големите карпи и со шише вино купено од маркет да го уживате истиот романтичен поглед.

    [​IMG]
    * Пристаништето во Ровињ.

    На врвот на стариот дел на градот, кој всушност претставува мал полуостров исполнет со градациски издигнати куќи се наоѓа и црквата Света Фума која е заштитничка на градот. Од нејзината камбанарија имате прекрасен поглед на архипелагот исполнет со малечки островчиња до кои можете да стигнете со еден од многубројните чамци или пак ако сте похрабри како мене, со пливање.

    [​IMG]
    *Ровињска плажа

    При искачувањето до црквата ќе поминете низ безброј сокачиња со истата калдрма како во Пула. Уште помали и по магични. Неретко на аглите ќе пронајдете мали продавнички, пекари или пак кафетерии каде може да пиете кафе. Едно такво продавниче беше полно со сувенири и уникатни предмети изработени од дрво, стара хартија кое ние си го нарековме хипи продавниче. Бидејќи не му го знам името, ако некогаш отидете, истражете наоколу и ќе го најдете сигурно. Купете си некој сувенир или пак магнет за фрижидер кој ќе ве потсеќа на времето поминато таму. Не заборавајте, и овие ситници се огин скапи. Има добро да ве измолзат за се што ќе купите во градот.
    Неретко можете да забележите мали моторчиња, веспи кои граѓаните ги користат. Во поголемиот дел од градот е забранет сообраќајот за возила и е претворен во пешачка зона.

    [​IMG]
    *сликата е превземена.

    Всушност и немате потреба од кола. Доволно ви е едно овакво мало моторче со кое можете да излезете од малите сокаци и да "лутате" во околината барајќи скриени плажи, берејќи разни бобинки или шпароги кои локалците ги користат често во различни рецепти.

    Пореч

    [​IMG]

    *сликата е превземена

    Пореч е уште едно мало градче, оддалечено околу 30тина км од Ровињ. Доколку немате доволно длабок џеб, а сепак сакате да уживате во убавините на Истра, тогаш ова е совршено место за вас. Пореч е Ровињ за сиромашни. Добро, не баш за толку сиромашни, и тука е поприлично скапо, но не може да се спореди со она во Ровињ. Градчето е слично како и Ровињ, со стар град кој е градациски изграден на мал полуостров на кој на врвот се наоѓа црква. Околу него изобилува со мали островчиња. Иако во градот има слични сокачиња како во Ровињ, најчесто улиците се асфалтирани и го нема дотолку тој италијански шмек. Пореч делува повеќе Хрватски, како и луѓето во него.

    [​IMG]
    * Низ поречките улици.

    Плажите се слични како и во останатите делови. Мали, каменити со чисто кристално топла вода. Неретко ќе најдете и доста деца на нив, бидејќи Пореч е повеќе семејно место, наспроти луксузот кој го нуди Ровињ.
    Не заборавајте да пробате локално бело вино и црно пиво во неколкуте мали биртии и пабови кои се наоѓаат во градот. Запознајте се со некој локалец и слушнете различни стории за овој регион, за историјата, традицијата и културата.
    Доколку пак сакате да дознаете повеќе за храната, појдете на локалното пазарче и замолете некоја од тетките која продава зеленчук да ви каже некој традиционален морски рецепт, гарниран со доста зеленчук.
    Не заборавајте и дека овој регион честопати е мета на бури во летниот период, па доколку се спрема некоја, сокријте се со време во местото каде што престојувате.
    Доколку сакате да го доживеете вистинскиот дух, избегнувајте модерни хотели и најдете сместување кај локалци во старите куќи.
    Во вечерните часови, на плоштадите во овие градчиња неретко се одржуваат и типични Истарски концерти со многубројни мандолини и традиционална музика, измешана со добриот стар Рок. Не заборавајте, од овој предел доста рок бендови потекнуваат меѓу кои и легендарните Атомско Склониште.

    Бријуни

    [​IMG]
    *сликата е превземена

    Бријуни се група острови во близина на Пула. Прогласени се за национален парк и пленат со неверојатна убавина. На нив се наоѓа и познатата вила на Тито. Истите може да се посетат преку крстарење од Пула. За жал, јас сум немал досега можност да стапнам на нив, единствено сум ги посматрал од далечина.

    Умаг е уште еден град кој сум немал можност да го истражам. Се наоѓа северно од Пореч.

    Внатрешноста на Истра е убава иако истата не е толку атрактивна како крајбрежниот дел. Пазин е дефинитивно место кое треба да го посетите доколку сте љубител на средновековна архитектура и екстремни спортови.

    [​IMG]
    *сликата е превземена

    Малото градче се наоѓа на ивица на карпа, од каде започнува огромна провалија. Доколку сакате да пробате нешто екстремно, спуштете се по zip line-от.
    Доколку пак се плашите, истражете го замокот во градот, локалните пештери и водопади.

    Не заборавајте да поминете некој ден и во некое локално село/градче како Ровињско село, Мотовун, Грозњан, Лабин и некои други во близина, да го искусите countryside-от на Истра, опкружени со лозови насади, напијте се вино во некоја од многубројните винарии и уживајте во прекрасната глетка.

    [​IMG]
    *Поглед кон виногорјето.

    Доколку сакате луди, техно забави, Истра не е за вас. Истра е место за авантуристи, вљубеници во природата, морето, традицијата... Луѓе со романтична душа кои сакаат да минуваат мигови со некои малку слични на нив гледајќи ги ѕвездите на ведрото небо и дишејќи го морскиот воздух и слушајќи ја музиката на брановите додека го наоѓаат сопствениот мир на ова мало парче рај на Земјата.

    [​IMG]
     
    На Val-Dim, Love 83, Ostaveniot и 23 други им се допаѓа ова.
  5. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Преубава тема дефинитивно :hug:

    Јас би сакала да пишувам за еден мал рај во преубавата Италија,место кое би сакала повторно да го посетам,бидејќи има толку околни други места кои за жал не ги видов,а се исто толку убави како Санта Маргерита Лигуре.:l:
    4E6D5703-C3D7-4DFD-BD0C-E7A271764F55.jpeg
    C80FCB70-5025-4029-8A93-811F2F98DD04.jpeg
    F2F827DF-6B25-4552-BE36-9F22EFEBC9F9.jpeg
    *Санта Маргерита е сместена во Италијанскиот регион Лигурија и
    се наоѓа на околу 35 километри југоисточно од Џенова, во областа традиционално позната како Тигулио. Има пристаниште, користено и за туризам и за риболов. Санта Маргерита Лигуре граничи со следниве општини: Камогли, Портофино, Рапало и други.

    Мирно место,кога шетате по улиците и пристаништето гледката е незаборавна,како да сте лик во некоја уметничка слика,толку бои и шаренила насекаде.
    Шетајќи низ улиците пронајдов толку многу слатки coffee shops,слаткарници,ресторани,продавници,ги меркав нормално за да ги посетам сите додека сум тука.
    9D72844A-D046-45ED-8571-05ED1A12C973.jpeg
    7A73F636-530C-405D-858B-268B75F4A8B7.jpeg
    И нормално,го има најубавиот сладолед на свет!:inlove:

    Во Санта Маргерита Лигуре има неколку цркви од кои најважна е Базиликата ди Санта Маргерита ди Антиохија.А најатрактивно место е вилата Дурацо (Durazzo),кој е опкружена со убав парк (отворен за јавноста) кој вклучува градина во типичен италијански стил.
    Во рамките на Вилата Дурацо (Durazzo) можете да посетите некои од кралските станови и таму исто така има мала уметничка галерија со слики од уметници од 17 и 18 век, додека од градините имате прекрасна глетка низ градот и исто така можете да бидете сведок на некоја бајковита свадба,бидејќи често се организираат свадби овде.Јас бев сведок на една,беше исто како рекламите на Долче и Габана,магична.
    416C660B-A68A-4C1E-B82A-EE36A910167F.jpeg
    BEDD2A97-8D19-4EF6-AB26-30BE38C79B77.jpeg

    Портофино :l:

    *Портофино е приказна сама по себе.Немаше нешто што не е убаво за гледање,исто мирно крајбрежно место,исполнето со многу културни и историски атракции.
    Сепак,вреди да се посетат и да се види црквата на Патронот Свети Сан Џорџо(San Giorgio), изградба од 12-от век; во внатрешноста се моштите што ги вратиле морнарите по крстоносните војни, како и прекрасната панорама од парвисот (дворот на црквата).
    Во близина, замокот Браун (Castello Brown) е тврдина сместена среде огромна градина и се карактеризира со прегради со прекрасни скулптури и архитектонски украси од мермер.

    73D204D3-A479-463B-AEBA-CB64DE00D32F.jpeg
    EB422989-385F-4D5F-B79E-B4412A56C8D3.jpeg
    E4138A91-D200-4B42-B061-F520634C658A.jpeg

    Ако пиете Аперол Сприц на плоштадот(Piazza Martiri Dell’Olivetta) со поглед на пристаништето, можеби ќе сакате да се фокусирате да видите кој ги спушта мега-јахтите што штотуку влегоа во пристаништето.
    Имам многу работи да кажам за Портофино, но ако треба да сумирам една реченица, би рекла:” Портофино е вистински дел од рајот”.

    Si innamorò di questo posto :sun::inlove:

    Фотографиите се сликани од моја страна:$


     
    На Val-Dim, темјанушка, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Луцерн, Швајцарија

    Имав прилика да престојувам одреден временски период во Швајцарија, па помеѓу неколкуте градови кои што ги посетив и видов е и Луцерн, град во кој уште во првиот момент се вљубив и посакав да живеам таму.

    Луцерн е град кој е сместен во срцето на преубавата Швајцарија. Изобилува со голем број на знаменитости кои ве оставаат без зборови и навистина вреди да се видат. Сместен измеѓу истоименото езеро Луцерн, од кое истекува реката Ројс и падините на Алпите (планините Пилатус и Риги), Луцерн е еден од најпосетуваните и најобожуваните градови за туристите од целиот свет.

    Езерото Луцерн и Дрвениот Мост
    Едно од најубавите места во Луцерн е истоименото езеро, од кое истекува реката Ројс. На оваа река е изграден првиот дрвен мост, Kapellbruеcke, уште во 14ти век, кој ги поврзува двата дела на градот, стариот и новиот. Во внатрешноста на овој преубав мост има голем број слики, со триаголна форма, кои прикажуваат настани од историјата на градот. Шетањето по овој мост преставува вистинска атракција. Покрај мостот, се наоѓа кулата Water Tower, која датира од 13ти век.

    1024px-Kapellbruecke.jpg
    *Сликата е превземена од интернет.

    DSCN5606.jpg
    *Сликите кои се наоѓаат во внатрешноста на мостот.

    СТАРИОТ ГРАД
    На десната страна на реката Ројс се наоѓа стариот град, кој претставува идеално место за неколку часовна квалитетна прошетка низ трговските улици кои се затворени за сообраќај. Огромна калдрма, со голем број тезги и продавници на секој агол, почнувајќи од продавници за чоколади, сирење и кашкавал, облека, ресторани и барови, како и голем број згради со преубави мурали на фасадите.

    DSCN5619.jpg DSCN5615.jpg DSCN5608.jpg DSCN5622.jpg DSCN5604.jpg


    Hofkirche St.Leodegar (Courth Church of St. Leodegar)
    Преубава катедрала со извонредна архитектура.

    135237_Lucerne_Hofkirche_865.jpg
    *Сликата е превземена од интернет.

    Швајцарскиот музеј за транспортни возила во Луцерн
    Најпопуларниот музеј во целата држава, во кој се наоѓаат транспортни средства од секаков вид и секое време кои се вистински предизвик за посета.

    Verkehrshaus3.jpg
    *Сликата е превземена од интернет.

    verkehrshaus-luzern-007.jpg
    *Сликата е превземена од интернет.
     
    На Val-Dim, sweet-cherry, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Оддамна сакав да ја активирам темава, па еве нова репортажа за едно место недалеку од Скопје.
    Местово ми е идеално за есенските денови кога сакам да се одморам на кратко во природа.
    Се наоѓа близу селото Бродец, до кое може да стигнете со кола или пак со автобус па пешки 2 часа во еден правец. Бродец е воедно и на повисока надморска височина од Водно и лично мене овој предел ми се допаѓа многу повеќе. Одејќи по патот ќе се воодушевите од природата - шума, река, цвеќиња...
    51026330_1011668979041246_1861637953655144448_n.jpg 50902083_341402666462548_4608064411809087488_n.jpg 78507589_747241662424546_8212781857196998656_n.jpg 78361940_2639166239471544_1524441368326307840_n.jpg
    Штом ќе ја поминете шумата, по патот ќе го видете селото во кое голем дел се викендици. Не сум сигурна дали има жители, а и да има, најчесто се постари лица бидејќи во околина нема ни продавници, ни училишта. Порано околу '80 постоело основно училиште, но како што луѓето се преселувале во други предели и тоа е затворено. Освен викендици тука има Етно ресторан каде што можете да се одморите и да вкусите традиционална храна.
    Причината поради која почнав да го пишувам постов е водопадот во шумата. Малкумина знаат за него, јас го дознав пред две години бидејќи е длабоко скрие во шумата. Се оди по козји пат во шумата за да се стигне до водопадот. На почетокот немавме претстава дека би можел да се крие водопад бидејќи немаше траги од вода и патот скоро и се губеше. Но талкајќи по патот наидовме на водопадот. Околу него можат да се забележат саламандери (во есен) но тие не смеат да се допрат бидејќи се отровни, така да имајте на ум.
    78206687_549178799205089_3654344581312413696_n.jpg
    77181312_2550750751814718_8268417334541025280_n.jpg
    77208849_2579279018846540_6796884616067153920_n.jpg 77041943_577027836411537_7014670879955091456_n.jpg
    Бидејќи Бродец се наоѓа на Скопска Црна Гора, планинарењето подалеку од Бродец се препорачува да биде во група или со куче бидејќи во овие предели се видени волк или мечка. 8-|
     
    На mileystar, candy.cane, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.