Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Република Македонија 20 години независност!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Offspring, 8 септември 2011.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    За многу години нека е празников.
    Нека е вечна нашата Македонија!

    [​IMG]
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Нека ни е честит празникот, за многу години.
    Ми ги кине живците оваа мала државичка, ама моја си е, т.е. наша, да си ја чуваме, каква е - таква е, таа е нашиот дом.

    Се надевам следуваат поубави времиња за сите нас.
    Мене некако ми е дојде топло на срцето за утрешната прослава, макар била исполитизирана, ваква или онаква.
    20 години чекориме по овој пат, и во добри и во лоши времиња - повеќе во лоши... :?:
    Утре дечињата ќе поминат низ триумфалната порта која ја симболизира иднината на македонската држава - она гревната недовршена...
    :(

    Вакви гафови имаше , ама гајле ми е, празник ни е, македонка сум, ќе умрам, ама турчинка не станувам!
    :devil:
    Ете така.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Нека ни е среќен празникот, да не следат успеси и сите заедно да ја направиме нашата држава уште поубаво место за живеење.
    Македонија во срцето :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=TFEHwyrN-Js
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ми текнува дека бев нешто поголемо дете. Ми текнува дека тато и мама ме фатија за рака и отидовме да гласаме. Не. Тато гласаше како единствен со право на гласање во нашето семејство, шкртна да, плукна, залепи и ми рече - ајде фрли го пликцето.
    Го фрлив во кутијата. Мислев дека со мојот потег сум допринела многу. Дека сум ја направила Македонија република а сум го шкртнала Социјалистичка федеративна и ... Југославија.

    Не направив ништо такво. Други направија. Јас си го добив заслужениот сладолед и боза. Затоа што фрлив пликце и затоа што денот беше створен за семејна прошетка.
    Референдум, колку тоа моќно звучеше.
    После еден дедо (покоен Кљусев) и еден Киро и не знам уште кој си честитаа на плоштадот. Со писклив глас се равика - да живее независна република Македонија. Се сеќавам на гласот негов како да беше вчера. Аплаузи и знамиња, ора и извици. На истиот оној плоштад кој денес изгледа троа поинаку. Троа појќе поинаку.
    И сите бевме трогнати. Независност. Колку тоа моќно звучи. Тато а што е тоа независност?
    Тоа ти е ќерко, ми као хочемо да се отцепимо. Од што? Од Југославија. Ама нели више сите се отцепија. Епа да де, останавме уште ние. Значи не се отцепивме, останавме. Да. Аха.

    И 20 години од тогаш сцили и харибди, угорници удолници, рачни кочници и лерови, прва и петта, 3та и 6та. Дизел или бензин. Ембарго или членство. Војни и смирувања. Пукотници и мир. Оаза на Балканот. Македонијо quo vadis? Со оглед на тоа колку Македонци се иселени - Македонијо, каде одат твоите луѓе?

    Кој си оди, а кој останува? Кој жали а кој не. На крајот вака или онака сите ја пееме Бисер балкански и солзи ни ги полнат очиве.

    Ти се плукнам у коњи, воини, фонтани, Каролини на кран, Гоцевци на коњ, шалвари у двор, шмизли у парк или тролчиња на рекорд. Не е тоа мојата Македонија.

    Мојата Македонија е нешто многу повеќе - луѓето и она што јас го носам во срцето.

    Патриотизам колку тоа моќно звучи. Звучи, ако е употребен со вистинско значење.

    Среќен ти роденден, ти ги тегнам ушињата и ти посакувам помалку лажговци, продадени души и евтини битија. Јас те сакам. Ти си мојата мала оаза на Балканот. Можеби сум испомешана како мешаната салата носејќи го твоето име во Италија, но не заборавам од каде сум и кој ме воспитал.

    А колку ли му чини на Кољо чифликот? Е тоа не знам, тоа Дуке ќе ни каже. Уживајте :)

    http://www.youtube.com/watch?v=u7DDBxDw9fk
     
    На MaxyMax, TennisBabe, JuLleE и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    МАКЕДОНИЈА - колку гордо звучи, нели ? :sun:

    [​IMG]

    Какви сме такви сме. Наши сме.

    Честит празник. :f:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Каква и да е, колку сиромашна и потчинета да е... Ја сакам!, се гордеам што сум Македонка, се гордеам со нашите кошаркари што последнава недела ни донесоа неизмерна радост! Полна ми е душава!

    20 години независност... Само на лист! Никогаш не сме биле такви, а кога ќе бидеме- не знам. Ќе беше ли подобро да останевме?- Не знам, мала сум. Колку што имам години, толку има и НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ама знам дека(како што кажа и Пирамида) имав само 9 месеци, а мајка ми в раце ме носела кога гласала на Референдум. Независна, а БИВША!

    Среќна сум! Среќна сум за нашата мала државичка, затоа што е убава и многу храбра. Храбра е бре, се бори, се труди...!

    Нека ни е честит празникот, да го славиме во иднина уште понезависни, да го славиме под нашето име, насекаде!

    [​IMG]

    “Колку сме, толку сме, ТОКМУ СМЕ!“
     
    На zhap4e и Rozich им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ајде и од мене среќен роденден Македонијо наша.:hug: Во твоја чест денеска ќе ја ислушам химната и ќе ти направам еден салут. :bow:
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ајде уште многу години да си го чекаме овај ден.... Македонија независна .... :clap: :clap: :clap: :clap:
     
  11. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Еее далеку беше ’91 кога Македонците излегоа и гласаа за САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. И еве денес по 20 години независност Македонија пак е трн во око на соседите, Грците не ни го сакаат името, Србите црквата, Бугарите јазикот... :worried:

    Но македонскиот народ е горд, а и јас сум горда што сум Македонка, најубаво ми е дома, најтопло, најзаштитено си се чувствувам дома.

    20 години по трње газиме, ама не се откажуваме. Ќе дојде денот кога сето тоа ќе биде само минато. Се ќе биде подобро, барем на тоа сите се надеваме. И ќе дојде денот кога Македонија конечно ќе ја почувствува комплетната независност.

    Каква ни е таква ни е, наша си е. Секој ја има прифатено таква каква што е, со мани и доблести, секој мрчи против секого и сешто , на секого срцето му се стега кога ќе ја слушне Бисер Балкански.

    http://www.youtube.com/watch?v=FsOyVnHYkF4

    СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО, во иднина помалце газолижачи, патриотски политичари и продадени души, уште многу години да го славиме овој роденден и да си ни вечна. :l: :l:
     
    На TennisBabe и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    каква и да си барем наша си...Среќен Роденден
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Синоќа пишувајќи на скајп со една драга личност и зафркавајќи се за спомениците, за програмата за денешната прослава и пратив знаменце на Македонија еве вакво мало [​IMG] и викам прати ми го и ти ако знаеш- се зафркававме, ама кога ги видов двете наши знамиња едно под друго се наежив, едно такво мало симболче ме натера да сфатам дека колку и да ми сметаат условите за живење, политичките партии, па и нашиот менталитет јас многу ја сакам Македонија.
    Знам дека денес кога ќе ја гледам прославата ќе плачам, а впрочем кој може да издржи на првите тактови од нашата химна?
    Кој може да не се наежи на снимката од пред 20години кога чукнаа една од друга двете чаши со шампањ за здравје и долг живот на државата?

    Јас сепак се гордеам што сум Македонка.
    И покрај се, ние успеваме.

    Не за џабе рекол Петре М. Андреевски дека сме како пиреј- мачи го народот, корни го од неговото живеалиште, уништи го- тој пак ќе никне, пак има сила за нов сјај во очите, за нова надеж дека ќе биде подобро...
    И во моите очи ја има таа надеж, а во срцето топлина и покрај се`

    За многу години, Македонци- каде и да сте!

    http://www.youtube.com/watch?v=wCB2_yA-KWE
     
    На EnnieFabulous, green.eyes, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    неможам да пишувам многу.. се наежив коа ја видов темата
    Среќен роденден мајко Македонијо !
    со тебе до смрт !
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Среќен празник на сите Македонци,нека ни е за многу години празникот,да сме сите живи,здрави и среќни другото се ќе се среди со тек на времето .

    Го сакам Македонскиот народ,и нашава мала но најубава Македонија.Земјата каде сонцето вечно сјае.
    Никаде не е како дома што е .Каде и да одам секогаш тука се враќам,тука припаѓам.

    Делете ја,парчете ја - Таа пак ќе биде наша најмила Македонија :l: :sun:
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
  17. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“...Ете тоа е Македонија,со векови поробувана,напаѓана,посакувана и ограбувана ама не престанува да постои! Опстојува гордо и се развива..тоа е нашата татковина каде се врежани нашето минато сегашност и иднина! Ме обзема убаво чувство кога ќе го споменам нејзиното име! Среќен празник македонци каде и да сте! :* ;)
     
    На Hopeful, green.eyes, unique123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    За прославата
    ја со кој да правев муабет 90% идат да видат дали ке се откачи јажето и пејачката ке се набоде на александар :devil: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:


    Сепак Честитки до 20 години независност

    За многу години !!
     
    На green.eyes и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Нека ни е среќен празникот. Секогаш да си го празнуваме ведри, расположени, насмеани.
    Нека вечно, гордо се вее знамето наше Македноско!

    За многу години Македонци !!!

    [​IMG]
     
    На EnnieFabulous му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Вчера присуствував на пробата кај новиот музеј и да ви кажам право до сега не сум почувствувала такво чувство...тага ,гордост ,радост незнам што беше тоа.Вечер незнам дали ке одам ама да ви кажам преубаво ке биде сигурно.Честитки до сите Македонци!