Ja следев програмата од самиот почеток на ТВ до кај 11 часот..Потоа обврските ме натераа да станам, иако не сакав да се одвојам од песните што ми го обележаа детството! Нешто спектакуларно, не очекував дека ќе биде до олку. Морам, да признам, се убив од плачење ко мало дете , прво многу емоции ме понесоа, потоа тие драмите пред музејот на ВМРО...Едноставно, направени беа да допрат и до најтврдите срца! Во кратки црти го отсликаа тешкото македонско минато, со цитати ги величеа нашите Херои, ...немам коментар. Во тие моменти не посакував ништо друго, туку да бидам таму, на лице место. Единствено заспав на говорот на Премиерот, мноогу беше долг и напорен за слушање, божем митинг беше.. И не видов кога ја пуштија фонтаната Кога се разбудив почнаа огнометите и останав ваква Браво за организаторот И да, Скопје изгледа поубаво од секогаш!
Честит да ни е празникот на сите!!! Вечен, вековит и благословен да ни е нашиот бисер балкански - Македонија!!! http://www.youtube.com/watch?v=Ty0hcBVH ... ture=share http://www.youtube.com/watch?v=Isu-ePF_Fvw
И јас ќе кажам само браво и тоа сосема заслужено. Одамна не сум имала олку добра вечер. Нека ни е честит празникот.
Преубав помин, и речете шо сакате, градот е вечерва прекрасен. И јас мрчев за фонтаната до бесвест, ама морам да признаам, преубав ни е плоштадот, и Крстот и месечината нагоре, и Калето од карши, и новите зградишта покрај Вардар... Убаво е.
Кој што сака може да каже, но јас сум презадоволна од досегашниот изглед на градот. Фонтаната е воодушевувачки добра, се наежив кога ја пуштија, секој споменик поединечно е прекрасен! Конечно градов почнува да личи на нешто и премило ми е поради тоа. Одиме напред барем во некој поглед. И, доцнам малку, но честит нека ни е роденденот, да си го славиме уште многу долго, со остварено „подобро утре“. За многу години.
Јас баш на тие драми се убив од смеење. Фонтаната е убава, сум рекла и на други теми, еуфоријата рака на срце не ја почувствував,а и не ни присуствував на сета таа прослава, гледав пред ТВ и страшно многу навлегле во филм со тие драми. Се на се, од она што ѕирнав на кратко додека јадев, ми се допаднаа ешалоните и сета таа `изведба` со Армијата и фонтаната. Другото според мене барем беше префорсирано. Јас сакам едноставност, секако дека е голем ден (според другите за мене не е ништо невообичаено побогу имаме држава како сите други народи). Да беше малку поедноставно без тие драми јас мислам дека ќе имаше подобар шмек и ќе беше церемонија од калибар на оние да речам Светските.
Само мал коментар да дадам за вечерва. Бев, видов, се воодушевив и ми се наполни душата со среќа! Ама знаете кога најмногу? Кога ги дадоа нашите кошаркари, ниту за Грујо, ниту за фонтаната, ниту за што било друго немаше такви овации и аплаузи како што имаше за нашите кошаркари... Прослава на ниво, преубаво организирано, “Воинот на коњ“ прв пат го видов денес, прекрасен е! И што ми беше интересно, погоре во мојот пост напишав еден убав стих од Гане Тодоровски, а вечерва истиот го повтори Јелена Жугиќ. КОЛКУ СМЕ, ТОЛКУ СМЕ, ТОКМУ СМЕ!
Имаше и за Грујо таков аплауз и овации кога му текна дека не е на митинг после добри 45 минути говор! Се на се одлично беше,очите со солзи ми се наполнија на песните од Тоше и на видеото од нашите модерни спортски херои,а нозете ме здоболеа од играње и скокање !
Велиш, имаме држава како и сите други народи, НО запрашај се како сме дошле до сето ова што го имаме, после толку притисоци, грабања, делења, парчосувања, негирања на народ, држава, јазик, црква..... Ако погледнеш наназад во овие 20 години и подетално ги анализираш состојбите, верувам дека нема ,,само да ѕирнеш на кратко додека јадеш,, туку ќе ги доживееш истите емоции како и секој прав македонец. Морам да изреагирам и на, како што велиш ,,ќе беше церемонија од калибар на оние Светските,,.....токму така, какви се тие Светските?... вештачки, без никакво чувство од ничија страна, вредни милионски суми, наперчени со скапа гардероба и шминка и да не набројувам. Ако дојдеше вчера на прославата ќе го видеше вистинскиот македонски народ, просто Македонија во мало, никаква лажна емоција. Какви се такви се, си ги сакам, од сите делови на Македонија, се туркаат, викаат, пеат, слават, тоа е Македонија. Не велам не, треба уште мнооооогу да работиме на манирите и културното однесување, ама и тоа ќе дојде, па млада е самостојна Македонија, каква е таква е , наша е! Честит нека е 8ми септември , и нека е вечна и вековита РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Дваесет години подоцна, на исто место, во исто време, со онаа иста возбуда, чувство на гордост и возвишеност. Тогаш на нашето скромно плоштадче, а сега поевропско (или помакедонско). Тогаш со другарките, растрчани наваму натаму, што од возбуда по ново стечената независност, што да го видам НЕГО (а не се сеќавам ни кој ми беше во срцето тој период). Ах, младост. Толку надежи, очекувања во тоа лето, после завршување на средно, тазе бруцош, најдолгото и едно од најубавите лета во мојот живот. Ден, вчера. Јас со 10 килограми повеќе, и со пар брчки, што од тагите, што од радостите во изминативе дваесет години. Сега во друштво на синот, и со истата возбуда, надежи. Но, многу помалку толерантна на гужви, турканици, дооооооолги говори.... И со нови ХЕРОИ, кои таму негде на север, на лице место покажуваат како се брани татковината.
Искрено се изнајадов г***а во други теми за прославата....али ќе бидам искрена максимално! Премногу ми се допадна, стварно беше многу многу на високо ниво, се беше прекрасно.... само со тоа говорите ја иступија работата ама ајде и тоа е дел од протоколот и една забелешка тоа што не ја интонираа химната им е страшна грешка али ајде да се надеваме дека такава им беше замислата со намера, инаку стварно ни требаше вакво нешто ипак беше јубилеј и стварно се осеќавме празнично со поголем морал ....знаевме дека е голем ден. Значи, без оглед на се партии и такви ствари, јас сум прво Македонка после се друго и горда сум на тоа, мислам дека опозицијата направи катастрофална грешка што не учествуваше па мајку му биди фер им текнало нив да направват вакво нешто иди..за сите е денот пушти им рака ете тие се сетиле...ама тоа е од предрасуди во оваа држава уште малце ќе се отепаме еден со друг. Се надевам дека после овој ден ќе се сплоти народот и редно време е да заборавиме на партии него да се гледаме како луѓе. Јас не ја поддржувам актуелната власт...но ова што го направија стварно ми се допадна и беше на нај нај ниво и им честитам...а ако ова па не обедини тогаш ќе бидам уште посреќна. Честит празник на сите, честит празник Македонијао каде и да си, биди ни вековита и сплотена!
До кога бе ваквото исмевање на се што е наше, а воодушевување на се’ туѓо? Кој не се наежил вчера,кому не му затреперил срцето, кој не се почувствувал горд,не е човек.Да, не е човек. Ја сакам Македонија.Таа е моја татковина. Ја сакам Македонија,поради сите херои кои изгинале за мене,тебе,за нас,за својата држава. Не 1, 101 споменик треба да се направи за сите борци кои се бореле за нас. А ние како им враќаме? Нашите кошаркари, Александар Македонски,Гоце Делчев, Цар Самоил и многу други херои ме направија горда вчера,горда што сум Македонка. Тие ’драми’ како што спомна една феминка погоре се дел од нашата историја,дел од нас. Срамота е тоа што се зборува. Ми беше убаво вчера,многу.Настанот ми го стопли срцето.Се осеќаше таа еуфорија во сите, сите беа воодушевени и среќни,горди.. Чест ми беше што присуствував на таков настан. Да си жива и здрава земјо уште многу години.
Морам да кажам. Не знам дали вие приметивте, но вчера, како да го снема тој т.н. балкански менталитет. Луѓето беа многу среќни, љубезни, се насмевнуваа. Не слушнав некој да опцуе, да се испокара. Сите некако ми беа задоволни, исполнети. Убаво се чувствуваа. Дури... дури, сите беа расположени да помогнат. Ми наполнија вода од машките вц во ГТЦ; И тоа батки од по 150кг, со тетоважи, веднаш, дури и насмеани беа кога им реков фала. Двапати ме поминаа со бебешка количка по малите прстиња, ми се ИЗВИНИЈА, а јас, покрај и сета болка, само им реков, ништо не е. По ова, можам да кажам дека ние самите си ги правиме сите тие збрки, демек сме вакви, глупави, смотани... Вчера се виде дека и Македончето е љубезно, културно, исто како и секој друг народ. Всушност, ние сме такви какви што ние сакаме да бидеме. Ние си одлучуваме бе, никој друг не не тера со сила. За првпат, ама најозбилно, гледам дека НЕШТО барем се случува со луѓево. Не знам што е, ама битно се случува. Spoiler Исклучок од ова за буткањето и трчањето преку оградите. Добро бе, па и од едно метро поназад исто се гледа, мајка му стара. И тоа ѓубренцата, ама ај да не си противречам со аргументи.
Најпрво, нека ни е честит празникот и уште многу години да ја славиме нашата независност! Во врска со прославата, пред да се случи, бев малку скептична, но на крај убаво излезе. Криво ми е што ја следев пред тв, и тоа не цела, туку до огнометот. А баш сакав да ги слушнам песните. Има некое видео на Јутјуб?
Не реплицирам никого за да не се потресе некој ама морам да си пишам од тоа вчера што ми падна во очи . Премиерот ни наш не само што ја утупи со говорот и предаваше Економија. Повеќе од очигледно за неговите дела и политичка реклама. И второ кај беше Преседателот на државата освен во публика. Како преседател на РМ мислам дека требаше тој да излезе на плоштад и да каже некоја реченица, со исклучок на говорот што го одржа претходно на 07,09 затоа што морал, ама мислам дека и вчера на плоштад требаше да каже нешто. Претпоставувам имаше многу новинари па и од др. земји па чисто информативно само да го сликаа и така слабо се појавува секаде. Чист пр. во било која др. земја кога има некаква прослава или што и да е, се јавува преседателот а не Премиерот. Тоа беше моја забелешка, а чисто јубилејот 20 год независност, која и да беше власт на власт мораше да го направи
Се извинувам...касно сум се вклучила! Ја интонирале химната! Значи се беше ПРЕКРАСНО! ИЗВИНЕТЕ УШТЕ ЕДНАШ! LONG LIVE MACEDONIA!!!!!
така им било организирано Трајко пред собрание, Ѓорѓе во музеј а Грујо на плоштад, маф работа ако беа сите на едно место и ако беа долги како премиерот. Инаку најсупер помин изненадувања еден куп , се чудиш што поправо да видиш, а и се беше супер организирано едно по едно без утки. Пофалби за се што е направено, вчера изгледаше насмеано со толку народ околу себе чиниш и статуите слават, и само се слуша ЕЕЕЕЕЕЕЕЕ од публиката за секоја новост што се случува и сите таму гледаат , а пак кога беше пораката од кошаркарите сите со насмеани лица , и ушите од радост се смејат . Гордост е да се случува ова во твојата земја. Браво за организацијата!!! Најзаслужна е ! И малку касно ама среќен роденден татковино (задоцнив поради прославата)