Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Република Македонија 20 години независност!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Offspring, 8 септември 2011.

  1. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Прекрасна организација :clap: :clap: :clap: .Грандиозна прослава :rock: . Се беше на ниво

    И со задоцнување но сега ја видов темата.Нека ни е честит празникот :)

    Има ли линк од видео од синоќешниотнастап на Каролина Гочева од на плоштад? :)
     
  2. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91

    http://www.zdravo.com.mk/wp-content/upl ... 1-1500.jpg

    еве го фустанот...нека ни е честит празникот :)
     
    На PinkPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    [​IMG]
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Море Хрвативе да ни гризнат од задното дебело месо, се извињавам на израз |(
    Само да се мрчело |(
     
  6. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Лелее ме утепа си линков, ма дај и овие нека си гледаат своја работа и нив не им цветаат рози :(
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Работава со Хрватите е, зајакот му рекло на магарето, имаш големи уши. |( Безобразен натпис, не очекував да видам толку лутина, мислиш го мачеле новинаров качен на Ацета. Само, заборавиле да прогуглаат малку пред да ја напишат статијата. Затоа што може сите медиуми лажат, сите портали лажат... Ама коментарите на јутјуб, ние овде, по другите форуми, немаме никакви причини да лажеме под превезот на анонимноста. :) И најголемите скептици беа оставени без зборови, така да, требало човеков малку да се замисли, што и како пишува.

    Или само да се брмчи за нешто... :fubar:
     
  8. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Прекрасно беше стварнооо ептен ми беше филмскии :clap: :clap: :clap:
    организацијата беше топ, само малку со тие говорите скиснаа али нема веза, во глобала преубаво беше, еее ккој ке чека сега 30-годишнина...
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Се моли педофилот што збореше кај Јанко у емисија да се преиспита...

    Бев,видов...навистина убаво организирано и осмислено. Отидов зошто чувстував и сакав да одам и се случи тоа од кое најмногу се плашев. Се препиша на адреса на партија,на политика,а не се свесни дека кој и да беше ќе го обележеше,само што немаше да ја имаме фонтаната која патем е крива и мереле,не покажува кривина и причина за тоа,ама едноставно е крива,што значи нешто не е изработено како што треба,а плус што прави лом на сите страни,прска,не можеш да си седнеш во нејзина близина и да уживаш како на многу фонтани по светските метрополи.Треба уште пет метри обрач да се направи за да не шприца.Стоев до скалите на фонтаната и бев жива вода само по 10 мин.стоење. Друго,Ѓорѓе и говорот,браво,на место,умерен и убаво осмислен,се гледа дека не е човек бараба,говорот на Грујо...мизерија.Толку долг,толку досаден,толку без концепт,толку изгубен,толку политички,не беше ниту време,ниту место за да збори што ќе направеле...тоа нешто сериозно покажува.Тоа е човек без лице,без мерка,без чувство...краааај!
    Македонска армија им наполни срце и се дуваа ко пауни,а реалноста е друга,полицијата,еден од најкорумпираните елементи од нашиот систем,благо речено,тој што им спроведувал вежби,благе везе немал како газат тие...ко да бришачи од автомобил.Изгледаше ко сатира,а не сериозен строев чекор.Ми се допаднаа рециталите премногу,ама препрепремногу.И препиши после на политика и партија да те видам,прост народ.

    Да не мрчам,значи ми се допадна,но тотално невмровски,ниту препишувам заслуги,туку беше под листата а маст! И секако,помило ми е што не сум бугарка.Иако,ииииако,имаше елементи на кич,ко на пример Каролина на кран,Тарчуловска со песната против Љубе (мислам кое време и место...),говорот на премиерот...како и многу снобскиот потег на сдсм кои не присуствуваа,а можеле од старт да направат заедничка организација и да не се допушти капијата,фонтаната да бидат клучни елементи,зошто не се слават тие,туку денот...И друго,кога е веќе голем настан,зошто не најмиле опрема од некоја приватна телевизија?! Мислам најмување,сител се патриоти де,само требало да им се побара...

    Е сега,дали навистина сме независни...или зависни од повисоки институции воопшто како држава,а ние ко народ зависни од ситни души,друг муабет...ама на крајот,важно е како чувствуваш и што чувствуваш.Оној кој што си ја сака државата ќе знае дека вмро не е заслужна,ниту се ова беше заради нив,а Грујо збореше пред толку народ прв и последен пат,народот не простува така лесно,зошто уште денес верувам дека сите се вратиле во реалноста.
     
    На Kitten, BoaVista и Mistery им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Жал ми е што вака ќе кажам, ама Хрватите не се далеку од вистината.

    Вчера не се славеше роденден и независност на Македонија, туку владеењето на Груевски.Си направија луѓето забава за себе, овозможија да дојдат што повеќе луѓе за да се осеќаат помоќно.

    Груевски ќе зборува како се градела државата, а заборава дека кога се градела уште бил студент :x
     
    На Offspring и Kitten им се допаѓа ова.
  12. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Забележувам коментари дека прославата била Вмровска, а тоа не е точно!!! Јас ја почитувам партијата што моментално владее, но не кријам дека уште помило ќе ми беше ако таму во прв ред покрај Претседателот Ѓорѓе го видев и Бранко, и Фрчковски, и Љубе Бошковски! Ова е Македонски празник и нашата држава направи се што можеше за тоа да изгледа така како што изгледаше- грандиозно! Прекрасно!

    Страшно ме изреволтира госпа Соња што излегла пред народ патриотски расположен да пее Предавници и Јунаци, срам да и е! Не сме на митинг против Љубе, туку сме на прослава за земјата за која Љубе се бореше и лежеше 4 години во затвор, па го ослободија од таму за сега да лежи во нашите ќелии! И да не навлегувам во други теми, само сакам да кажам дека ова беше баш МАКЕДОНСКО, а не вмро-вско!
     
    На rakce69, LittleDevil, AngelGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    И мене ме интересира дали го има настапот на Каролина :?: Не бев присутна таму а на телевизија го гледав само свеченото пушкање на фонтаната.Баш ми е жал што пропуштив вакво нешто,нешто кое Македонците досега не го виделе во својата држава :clap: прекрасен спектакл!
     
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Е значи преку таквото од мрчатори !!! :@

    Се навикнав да мрчи СДСМ се навикнав да мрчат Атинцииве од ГејЛада се навикнав да мрчат Бугарите и остали кои "добро ни мислат и не сакаат " ама Хрвативе бре ? !

    Ват да фак ? :^)
    Моја работа е каква прослава ќе правам ете ќејф ми е со знамето на вергина ќејф ми е и со Аце Македонски и не 20-25 колку е вискок уште еден од 100 метри ќе правиме ако сакаме ... Шалалала криво ви е ? !
    Уште вас да ве прашаме .... |( Ко дома да им појдовме или пари им побаравме ... Нека си гледаат за нив нека не се секираат колку сме трошеле тие ќе кажеле на што личела прославата демек некој ги праша за мислење ... |(
    Ајде марш таму замарајте се со Лоповите од политичари ... Кој од кој ... |( И со Словенија се поубија за една бара што вика словенецот :D .

    Еее значи стварно се провоцирам ... Омилен народ ми се од Балканов ама ова ? :x

    Да не им удри лошо на психа поразот од Македонија :wasntme:
     
    На Dvolicen, Chupe и macysh им се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна како беше целата таа органицазија убаво склопена со еден исклучок - говорот на Грујо навистина беше мноооооооооооооооооооооооогу долг. Повеќе ме замори стоењето за време на неговиот говор отколку рипањето и играњето на следните песни. Но одлично беше, ми се допадна и отварањето на фонтаната, сепак мило ми е што испадна подобро од што очекував. Смешни бевме кога ги пуштија огнометите, сите со светкави очи свртени натаму, мртва тишина само пукотниците се слушаа и после неколку џиновски пукања голем аплауз. Убаво беше и кога не прекриваа со големото знаме и се тоа. Навистина испадна многу добро, иако на почетокот се плашев од неуспех и пропаднат план поради недоволната органицација - барем мене така ми се виде. И повторно ќе речам, градов навистина е поубав со сите тие нови работи и споменици што ги ставија, музејот и останатото, но стојам на мислењето дека можеби не беше право време за инвестирање во таа точка од целокупниот план на градот.
     
    На rakce69, Black.Beauty, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    http://www.ohridsky.com/index.php?optio ... Itemid=121
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Епа им е мерак на Турците да и удараат контра на Грција затоа што се уште војуваат со неа околу некои острови што се по Егејот - Средоземно море.
    Абе одсекогаш не сакале турците :$
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Епа хрвативе убаво ни го кажаа :D Ме изнасема статијата, и да, се приклучувам кон групата на мрчатори :) Сега вие обожавателите на хрватите видовте колку тие нас не "обожаваат" ;)

    За мој вкус кичерај до бескрај, баш беше циркус! Ми се допадна само маршот на војската и огнометот на крај. Се останато беше пренапумпано.
    Искрено се прашувам дали после еден скопски земјотрес Аце ќе издржи да не падне од фонтаната :D
     
  19. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Со големо задоцнување, дури сега ја видов темава за жал... да живее Македонија.....многу си ја сакам земјава... :inlove:
     
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    *Да се смени насловот на темата.
    Да не ги полнеме другите теми може тука да пишуваме.

    Епа,за многу години нека ни е независноста.

    http://www.youtube.com/watch?v=vTcqYaGe ... re=related