Не најдов ваква тема, па решив да отворам. Има некој пробано да работи со ресин? Тоа е хемиска реакција од смола, која по 24 часа станува како стакло. Моментално е многу популарна и од тоа се прави буквално се, од украси, накит, маси, па и пархети. Јас засега сум почетник и почнав со приврзоци за клучеви. Ако има некој повеќе искуство да споделуваме
Од каде купуваш метријал? Се мислам и јас да почнам, гледав АСМР видео со ресин и ме бендиса, па се мислев ми јас да почнам, барем со поедноставни работи.
Исто ти е, разликата е само во времето на сушење, ресин се суши многу по бавно со саати, а епокси за 5 до 10 минути.
Да колку што разбрав од видеата епокс почесто користат за изработување мебел и уметнички слики, а ресин за помали предмети