И јас мислам дека Мулино Гарден е еден од најдобрите ресторани во Скопје. Не треба да се замараш ни дали ќе ти заврне, затоа што цел подиум е покриен. Е сега цените...
девојки ваш совет и мислење за сала во прилеп? да не е салида оти е премногу ниска за помалку гости до кај 150 мах се двоумам помеѓу кристал палас и романса
Девојки, колку пари е порција во Воденица, а колку во Мулино и дали и во Воденица има таков шатор како во Мулино? Ми требаат информации од прва рака
феминки ме интерсира мислење за ресторант грација на излезот од куманово накај к.паланка и за хотелите во велес не сум многу запознаена бидејки во штип до мај-јуни неможеме да најдеме сабота ни за лек
јас правев свадба во Каскада и преубаво беше многу сум задоволна од се услугата и храната на прво место немам коментари супер
За Воденица незнам, не сум била, ама со цени како што сум чула од блиски што славеле, е тука негде со Уранија. Воденица нема шатор како Мулино, иако е нивен ресторан, ама тој е специјално за тие намени и се разликуваат. Цена на порција во Мулино немаш, функционира на принцип шведска маса, каде фали уште од пиле млеко што се вика, или поблиску кажано - меса повеќе видови, морски специјалитети, салати разно разни, значи се е на маса поставено, фино и префинето. Се рачуна по човек по 100 евра, а замислете, жестоките пијалоци не се вклучени и тие се плус. Шаторот се наплаќа 2000 евра. Тоа е јас што знам, и оваа математика несфатена незнам да ви ја објаснам, само пренесувам од луѓе кои правеле свадби таму. Се на се, местото е сон!
Летово бев на две свадби од кои едната во Њу Стар и е можеби најлошата локација за свадба на која сум присуствувала. На спрат во една сала, ама ептен за нигде беше. Во Белви бев на крштевка, а допрва ќе одам на свадба, но е прекрасно место и од едно гледање. Зборувам за преку лето, на отворено, водени површини, патки, факли, зеленило, пространо... Прва лига, мене премногу ми се допадна. За цени не знам ни ваму ни таму, зборувам естетски дека ми остави прекрасен впечаток второво место.
100 евра по човек, тоа е болно многу, јас имам слушнато за многу помала цена 25 евра, најниска цена до 45 евра со се вклучено, но никој не спомнал шатор, матот, 100 евра, 2000 евра. Абе овие нормални ли се? Јас искрено се разочарувам еј, на крај ќе си ги викнам само моите во кафана на ќебапчиња жими се. А се испотепав во темана за и против свадба Јас сакам во Лешок, веќе имам нагласено, сакам да биде во Септември. И таму има убава природа, зеленило, манастирче, Љубам има да си има работа Но не ми иде во предвид да дадам толку пари за ресторан, премногу се и не знам дали воопшто би размислувала за таму, па ако сакаат и печени марсовци и она млеко од пиле што сите го зборат а нигде го нема да се купи да ми донесат на шведска маса Среќо сакаш да праиме кај мене у двор у Валандово? И шаторско крило ќе го натерам татко му да постави, да видиме кој ќе биде пофраер
Здраво девојки, јас и мојот вереник сме одлучни да правиме свадба на отворено, па како опција ја разгледавме терасата на Ресторан Тврдина Кале. Има ли некоја од вас искуство со овој ресторан, услуга, храна и воопшто дали некоја правела свадба на терасата на овој ресторан?
Потпис и печат. Локацијата и приодот на ресторанот се никакви, тие што се од Скопје едвај може да го најдат, а тие што се надвор од Скопје, може комотно да свртат неколку долги кругови додека стигнат до ова префалено место. Околу тебе ниви, бавчи, село-весело... впечатокот општо уште на самиот почеток е нула. Мене ми ги испофалија и салата и услугата, а не беше ништо посебно. Просек. Таваните се премногу ниски, а лустерите исклучително кичести. Храната не беше ништо посебно, а вечерата на светлина од свеќи, ко тајната вечера... искрено се разочарав, очекував многу повеќе во секој поглед.
А надвор??? Покрај базенот е константно мокро, човек може комотно несакајќи да си приреди едно свадбарско бањање. Столиците и масите се прееееемногу блиску, на свадбата каде што бев мислам дека клаустрофобија добив... Со еден збор, потпишувам и јас...
Ние со либево мое уште сме во ""борба дали да се прави Скопје или Куманово ама не се давам јас тука ќе си правиме ќе попушти мора Е сега, јас прво сакам да прашам идам во Мирко 919 ресторанов ми се допаѓа бааги, исто не ми е лош и Бисера, е сега овој новиов што го рекламираат Гламур на Првомајска што е има доста пристапни цени, има ли некој искуство со него? Пак јас да прашам нешто, бааги предвреме мене ме фаќа паника, а како ќе е кога ќе се приближи времево Ние ќе имаме некаде максимум 150 гости, мислам дека ни толку нема да се , ама ете да заокружиме..повеќето ресторани и оние што ми се на листа и оние што не ми се , се со капацитет од 300-350 гости ги даваат ли салите за толку малку? Како иде сето ова ако сака некој да ми објасни
Обично не ги даваат за толку малку. Едно е поради тоа што не им се исплати, ама и изгледа многу празно ако е поголема салата, не е воопшто убаво. Подобро разгледувај ресторани со помал капацитет.
Прашањево во сосема друга тема отишло а го пишав во друга ау кај ќе најдам ресторан за 150 гости треба во некое кафанче, не сум сретнала ресторан до сега со толку мал капацитет
Во некои ресторани даваат, во некои не, ова ти кажувам бидејќи слушав лично кога прашуваше еден пар...е сега обично во сабота не даваат сала под 250 гости, ќе ти кажат или петок или недела. Во Журнал даваат за помалку луѓе ама ќе мора да прашаш за кој ден. И нема да ти изгледа празно салата бидејќи знаат во ресторанот како да направат да изгледа полна, тоа им е некој маркетиншки трик И оваа информација ми ја кажа еден пар што баш во овој период бараше ресторан за свадба
Колку сакаат нека се трудат, сум била на свадби со малку луѓе во големи сали, брканица се игра... Посебно во Бисера во Аеродром, Александар палас и Гламур. Орото е во еден круг, и тоа рашириле сите раце мислиш се бркаат, масите се ко расфрлани, едноставно не е убаво. Колку и да украсуваат. Во Бисера пак сите маси што не се искористени ги нафукале во ќош и тоа така голи. Подобро помали сали како Рагуза или нешто во тој стил ги заборавив веке кои ги гледав...
Епа сега тоа е, како сака нека изгледа, што да правам што не сме голема фамилија а и не сакам да канам небитни луѓе само за да ми биде полна салата А, кажете ми за Боними прават свадби таму? На слики ми делува како помалечок така..збор два за него?