Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.849
    Допаѓања:
    202.942
    Пол:
    Женски
    Рагуза ти е одличен избор за помала свадба, барем мене ми се допадна. Последната свадба кај што бевме беше токму во овој ресторан, и таман некако дојде, не мислам дека имаа повеќе од 150-200 души максимум. Ама таму паркингот може да биде проблем, бидејќи се наплаќа.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Прашај во ресторанот три бисери. Сум била таму на помала свадба и ми беше убаво.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас ќе имам уште помала свадба од твојата, затоа ти викам побарај си убаво. Види ја Рагуза, види го Континентал ( ние за таму се решивме), види некој од тие ресторанчиња со тој капацитет. Мислам дека за 150 луѓе Рагуза е супер, последната свадба на која бев беше со толку луѓе. Разгледајте си! ;)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    52
    Сите сакаат оригинална идеја за свадба, а на никој не му текнало да го изнајми плоштад и да викне кетеринг од некаде. Сите меинстрим, уште кога ќе ги видам оние сликите како го влечат младоженецот, ми се темни.
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    ние кога прашувавме за свадба а имавме 150 гости тука негде, сите ни викаа петок или недела сабота не ни ја даваа за толку малку. Па фала богу не зависевме ние од нив туку тие од нас па си закажавме во континентал и беше феноменално
     
    На anastasijaki и elena.mak им се допаѓа ова.
  6. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Веројатно повеќето од вас ја знаат странава, за тие што не, ќе ви биде од голема корист затоа што ги има повеќето ресторани сосе локации, менија, број на гости, слики од ресторанот... Ќе ви заштеди време и бензин ако ништо друго.
    http://www.restorani.com.mk/
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Во која сала имавте закажано?
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.449
    Допаѓања:
    108.326
    Пол:
    Женски
    Рагуза е позади Градска болница? Колку е порција? Нешо искуства?
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    48.411
    Пол:
    Женски
    http://www.ragusa.com.mk/aboutus.asp
    Еве тука има мени :) Инаку во зградата на ССМ е , бар јас така знам :wasntme:
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Имам многу негативно искуство од ресторант Јана, поранешен Роџер пијано. Услуга катастофа, изглед внатре-кич невиден, скалите да ти се смачи да ги погледнеш а не па со фустан и штикли да се качуваш, келнерите поминуваат покрај тебе како брзи Гонзалес, не сакаат ниту да свртат поглед кон тебе а не па да ти донесат нешто. Нарачав бунарче, и по интервенција од маж ми директно на шанк дека заборавија на нарачката, келнеров ми носи бело вино, лимон во тацна и мраз, чаша, за да си го направам сама :rofl: , уште да ми дадеше цел лимон па да си го исецкам. Катастрофа а порциите мислам дека нај ефтини им се од 18 евра, не ме фаќајте за збор. Уште кога влегов ми труеше салата внатре како на смрдени чорапи и после некое време дознав дека мирисот доаѓал од топчето салата со урда во ордеверот. А храната, па немам доволно зборови за критика, пред ручек, ниту малку не замириса на убаво тазе печено, на ништо не замириса. Јадењето беше очајно, ладно и не мирисаше на ништо, тврдо.
    :puke:
    А пред да отидам на свадбата бев возбудена што ќе отидам во таков "елитен" ресторант.
     
    На Valentina.Vaki, eli25 и Moira им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.449
    Допаѓања:
    108.326
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу Анастасијаки ;) Абеја фала и на тебе за советот, не дека се потрчав во тој кич да правам свадба ама барем го шртнав од листата ;)
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    во кристална горе десно :lol: отвори си на страната на континентал можеш да си го видиш и распоредот на маси, можеш и да си правиш вариации да тргнеш некој, нели се според бројот на гостите. Но ако си заинтересирана помини си и се топ ќе ти објаснат
     
  13. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Салите на континентал се прекрасни таму одев во средно на пракса и ја имав честа некој од нив да ги докорирам беа толу едноставни , убави и со елеганција а не како кичерајот во Роџер пијано
     
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ние веќе резервиравме таму, само во националниот ресторан, бидејќи имаме малку гости, башка ја сакавме таа рустикална топла атмосвера. Се е дрвено, и некако како дома, опуштено! Инаку не да се супер, не да имаа нерви со мене, алал да им е... :lol:
     
    На karak и homealone им се допаѓа ова.
  15. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    искуство за правење свадба на базенот во њу стар? и колку е порција ?фала :) и ако има некој интересен предлог за свадба на отворено освен белви нека предложи
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.449
    Допаѓања:
    108.326
    Пол:
    Женски
    Колку е порција во Континентал? Има на страната?
     
  17. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    За отворено во њу стар се доплаќа плус 3 евра од човек од менито кое ќе го избереш ,и треба да имаш над 300 гости односно можеш и помалку да имаш ама ќе си платиш 300 порции.
    А за убаво преубаво е услуга ,храната тазе превкусна,паркинг голем е сега малку е одалечено но го знаат повеќето така да немаш гајле.
    И во белви сум била повеќе пати на отворено на свадба убаво е ама од храната ич не сум задоволна,не од менито но храната од три свадби на сите три ладни порции на главно јадење да се носат незнам дали е случајност.
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Има различни цени, има и на сајтот а најдобро ти е да отидеш таму, и ќе ти објаснат, и салите ќе ги видиш, се. Нас се убаво ни објаснија, не прошетаа, ни покажаа аранжмани, цени и се. Многу беа услужливи, и ако се пола од тоа што не истинтраа кога закажувавме, одлично е! ;)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.449
    Допаѓања:
    108.326
    Пол:
    Женски
    Леле фала ви многу, јас скроз поинакво мислење си имав за цениве :D Си мислев цените се од 20 евра па нагоре, искрено ова ме спушти малку на земја, фала богу. Најмногу ми се допадна од Континентал оваа салава Клуб Фонтана, другиве не ме бендисаа, е сеа треба да прашаме за капацитетите и место кога има. Јас ќе треба малку повеќе да се заангажирам деновиве, од либето мое нема абер :D се си мисли рано е :lol: