Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Таа е интересна, доста модернистички уредена. Лани ја реновираа, нон-стоп одам таму на семинари. Тоа е сала за 200+, незнам дали ја даваат за помалку. Ние па сакавме рустикална сала со топла атмосвера, со дрво и сто такви работи, нозе искршивме барајќи, и еден ден на семинар додека бев, сосема случајно ја видов отворена вратата, и кога - изволте Елено, еве ти што си бараше. На сликите не е ич убава, а и Фонтана, анемична изгледа на сликите а во живо е милина да ти е да ја гледаш. Ти препорачувам што побргу да одиш, бидејќи ние 8 месеци порано па одвај се протнавме за на денот... Нас барем така ни се погоди, ама што порано тоа подобро. Ти види си, а на мажето само презентирај му, ти кажав еднаш. Помалку главоболки се така! ;)
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    Бевме вчера во Бисера и Каскада, вторава изгледаше одлично и очигледно е дека продаваат амбиент пред се, обрнуваа многу внимание да ни објаснат како се ќе изгледа, ми се допадна многу иако малку изгледаше како премногу ама па ми се допадна од друга страна, Бисера ми се допадна просторот, стварно преубаво е, и ефтинко прилично, со цените со евро се разликуваат со Каскада, ама ич не ме бендиса тоа патеките и тортата што иде од ресторанот, многу демоде и ич не ми се бендиса, некако сувопарно. Сега си мислам, кога ќе дојде до едно евро-две па ми се сака да биде поубавко нели. Иначе забележав дека цените во Континентал се без пијалок, добро секаде се ама на страната не видов за пијалокот цени, ако знае некој да ми каже. Во Петок продолжуваме, Журнал, 14ка, Имес, Ден и ноќ и не знам кои уште ги има. Ако имате некој коментар за овие слободно пишете ми. Засега Каскада ми е фаворит, имам само една забелешка, не ми се свиѓа малку ламперајот на плафонот ама ќе пројде покрај се останато. Вие имате некое искуство со Каскада?
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Цените за пијалокот се од 2,5, 3,5 и 5 евра во Континентал. Тие од 2,5 и 3,5 се разликуваат само во тоа дали виното ќе биде наливно или флаширано, а од 5 се сортни вина. Немаат жестоко, тоа сами треба да се снабдите и да однесете. Во имес цените се 10% покачени, во Каскада мене ми е многу некако, 100 стила има ама пак услугата им е на ниво. И малку е топло, искрено. Имес цените им се 10% покачени, во Бисера во Аеродром е најлошата свадба кај што сум била, тие столбовите ко чиреви се, се испочукавме. Журнал е добар, Ден и Ноќ не нни се бендиса понудата, Ореов лад се прееееееееескапи за тоа што го нудат, и не ми текннува друг више каде бевме... :D Секаде бевме! :lol:
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    Па и јас сум за Каскада, само и мене ми стои како да ќе биде загушливо, ако ќе биде Септември, некако како да нема прозорче, далеку е вратата и како да ќе нема свеж воздух, а и вентилација многу многу не видов. И уште нешто не ни се свиѓаше, многу беше мала невестинската маса. Ај за тоа еден совет, кој ви седи на таа маса? Овде има многу малку места, 2 за зетот и невестата и уште 6 дополнителни, кај сестра ми седеа кумовите, старосватицата и деверот и плус ние фамилијарно, и фамилијата на зетот, ќе треба да се направи малку место или пак да се организира најверојатно поинаку. Совет некој?
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Јас имам најубаво искуство од Журнал - и од услуга, и од однос, и од стоење на зборот :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    И ние бевме на свадба во Журнал лани, на истиот датум на кој сакаме да правиме свадба, 8ми Септември, многу убаво си поминавме, нив не им чини само музиката што ја препорачуваат, катастрофа се, воопшто не си стојат на зборот и рачунај што ќе си договориш друго ќе си добиеш.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А бре Енџел, вие сами ќе си одберите музика, што има врска тие што нудат.

    Ние ги имавме Битолските Боеми, преубаво, нема турбо фолк, повеќе чалгиска и староградска, и како што се договоривме - така и испадна :)
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Ние ја организиравме вака: ние двајца, кумовите, старосватовите и деверот со вереницата. Друг никој, ќе седат на маси од страна одма до невестинската ќе седат на едната мајка ми, брат ми, вујко ми со фамилијата, тетка ми со фамилијата а на другата неговите, золва ми, чичко му со фамилијата, и вујко му со фамилијата. Толку. На невестинската маса мислам дека повеќе од 8 луѓе прават гужва, а во нашата сала овој дел е подигнат на скалички, и баш е некако интимно, да не речам совршено. :lol:
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    во каскада сум била на свадба и некако ми е ту мач :lol: балони од сапуница, чад, огин од тоа базенот и дрн дрн ептен ми дојде кич
     
    На eleni23 и Moira им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    Ние си имаме музика, сакав само да напишам мислење за тие, колешка на либето со нив заглави и се зезна многу, за почеток имаа договор без ниедна српска песна, а најмногу без Мои су другови, абе ко да кажаа само српско и прва таа песна од забавниот блок :o Не си стоеле воопшто на договорот :!: Нас ќе ни свират Балкан бенд, т.е. братучед ми, мислам дека нема да имам проблем со нив, млади се и лесно ќе се договорам со братучед ми јас :D Башка, додека не направат некаква озбилна глупост и не ми е битно, секако после вечерата татко ми и другарите негови ќе ја превземат работата, се разбира со Рок`н`ролл :D
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116

    Еве јас ќе ти кажам инфо од прва рака за Ден и Ноќ бидејќи бев минатиот месец :) Порциите започнуваат од 720 ден, а пијалокот е 350 ден. со вклучени жестоки пијалоци. Горниот дел што е како галерија собира 180 луѓе и има тераса за дополнителни гости и долниот дел од салата собира околу 80 луѓе. Главната маса е во долниот дел. Е сега имаше еден битен момент што не ми се допадна, а тоа е дека од ресторанот не нудат никакво украсување, ниту навлаки за столиците, ниту било какво цвеќе, само главната маса е наместена и кога прашав за декорација ми кажаа епа еве ај на столиците на главна маса ќе ставиме навлаки, а за цвеќе - епа тоа цвеќе што ќе ви го носат гостите ќе го наредиме на главната маса :?: Значи во поглед декорација ќе треба се сама да си најдеш, е сега незнам каков ти е планот, можеби така си се одлучила. Мој впечаток беше дека ресторанот е убав, но пред се е ресторан, а свадбите им се нешто како во втор план, за разлика од другите ресторани што се, да речам, нешто како специјализирани за венчавки. Сепак тоа мое мислење, ова чисто инфорамтивно да си знаеш што нудат и кои се цените :)

    За ова, на главна маса седат: невеста, младоженец, кум со кума, старосватица и старосват и девер со вереница (ако ја има). Мама, тато и сите други од фамилијата се на посебни маси кои стојат веднаш спроти или до главната маса. За кај сестра ти може така сакале, имале желба, инаку по правило седат само тие што ги напишав погоре. Ама, ако ти сакаш ќе си ги седнеш и фамилиите, твоја желба ;)
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.520
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh а кажи ми за Каскада се доплаќа плус тоа украсувањето? Во смисол цвекиња, навлаки, машни на столици или влегува во цената на менито? :?:
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    Не се доплаќа плус, ништо плус, само основното, декорацијата е од салата и морам да кажам супер е декорирано, ко за свадба, со убави светлечки едни на масите, со свеќиња, со се, а и самата сала си е декорирана, со фонтатнче, со сето тоа. Леле не ми се верувало дека ќе ми се свиде нешто такво ама ете, кога ќе ми текне дека иначе и за тоа треба да се замарам епа топ си е :D
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.520
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаќа такво нешто, истото го нуди и Журнал комплетно украсување без доплата, не планирам да се замарам и за тоа, и Континентал нуди исто така ама таму без цвеќе, цвеќињата се доплаќаат или си носиш ти, во цела таа фрка уште на тоа ли да мислам |(
    А, менијата за пијалок во Каскада колку се? На нивната страна нема цени, и ја даваат салата за помалце гости? :?:
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    ^ Ако се почне се со време да се прави, нема фрка! Мене свадбата ми е за 3 месеци, и немам за ништо фрка затоа што се си средив со време. Аранжманите за цвеќиња ми се договорени уште истиот ден кога закажавме ресторан, и се останато што е потребно - значи потрошив 1000 ден за капари ваму-таму, и сега си свиркам! Фрката сами си ја создавате според мене, и секако зависи што сакате.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    Каскада не ја издаваат салата за помалку од 200 гости, т.е. ти си плаќаш за 200 па нека дојдат и помалку не им е битно. Друго, салата си има во менито, без разлика колку гости се си има во менито вклучено салата и во зависност од тоа која опција ја одбираш имаш ордевер или пирошка. Стандард пијалокот е 2.5 евра без ракија и слично, со 1.6 евра доплата добиваш ракија, узо, коњак и водка, со доплата од уште 1.80 евра добиваш и сортни вина. Менијата се од 10.80, 12 и 13 евра, јас би го одбрала ова средново од 12 евра со плус стандард пијалокот и жестокиве, без вината. Но мислам дека ако не се погодиме околу ЗАМП нема да правиме таму свадба, но тоа е за друга тема :D

    ~Имаш некое искуство со ова и Каскада, ако имаш кажи слободно да ја чкртнам одма од листата. Јас веќе си се изјаснив во темата, на овие хоштаплери не плаќам па што сака нека биде.
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.520
    Пол:
    Женски
    Ау многу паметни бе тие |( да им дадам 1000 евра гратис :lol: не се точни :P Фала што ми кажа одма ја шкртам од листа , ма да и преходно тие нивни услови не ми се допаднаа, ако се остане повеќе од предвиденото 150 евра од саат :| , нема играње по столици, не знам ова не знам она ептен услови имаат :swear: Не дека ја на стол одма ќе се качам ама не ми се допадна тоа што го потенцираат ]:) Инаку другарка моја била на две свадби до сега и нејзе и се допаднало, малце кич било , многу некако натрупано, ама другото се било ок :)


    Некој да не има искуство со ресторан Кристал? Случајно го најдов на фејсбук и делува фино

    http://www.facebook.com/kristalrestorant?fref=ts
     
  18. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Во Каскада бевме на свадба пред 2 месеца,и останав без коментар.......
    Пирошките и тоа кашкавалот ко месец пред свадбата да беа правени,дотур на салата нема а овалот за 4 лица е како мешана салата за двајца во подпросечна кафана. :@
    Маж ми побара коњак,бидејќи имаше и жестоко,но доби ароматизирана ракија во коњак боја......
    И кога се побунивме ни рекоа,домашен ни е коњакот прва класа,како тоа не ви се свиѓа (беше коментарот на келнерот)
    А кога сме кај келнерите,да се давиш пред него нема ни да те погледне,те ставаат на игнор,повеќе од времето.

    Јас имав вакво искуство со Каскада и дефинитивно не ја препорачувам,барем во поглед на храната,пијалокот и услугата.
    А амбиентот и декорацијата ок беше,можеби малку кич но воглавно ок ;)
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    110.000
    Пол:
    Женски
    Значи чкрт и на Каскада а? Остана само Бисера и утре другиве да ги прегледаме ;) Додуша Елена мислам спомна дека и Бисера не е нај нај ама ај ќе видиме.
     
  20. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Не знам дали го имаш во предвид Под Кале - ама не ти препорачувам, бев 2 пати на свадба таму и не ми се допаѓа, а незнам дали си го планирала Тврдина Кале има летна тераса еве разгледај http://www.tvrdinakale.blogspot.com/
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.