Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ....јас конкретно ќе кажам зА NEW STAR ,значи тоа според мене е само добра фасада , и ништо особено .
    Однадвор си е убаво, тренди, средено и сето тоа пропратно што треба за убав изглед , меѓутоа тој што има помалку гости тешко него што ќе го бутнат во горната сала, светат тоа столиците со тој мизерниот сатен , плафонот низок да те фати клаустофобија, а место за играње ИЧ, да не збораме ако некој би се лизнал по тоа мемермерот :lol: , на сето тоа убутано горе од друг влез скали човек да не може да ги дооди ......
    Е сега долната сала за нијанса е подобра ма да не одскокнува во ништо особено со ете некои други по тренди ресторани , а цените горе долу истите намирници ама со 2 -3 евра поскапи , кога ќе напраиш пресметка ќе сватиш дека радо би правела на друго место свадбуле , како јас вака :rofl: .
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Ден и ноќ не ми се допаѓа како ресторан за свадба. Цените се скапи, а услугата катастрофа. Амбиентот е многу лош. Гостите цело време играат околу маси. Јас не сум била таму на свадба. Ова ми го има кажано една прјателка.
     
  3. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    што мислите за новиот ресторант бела накај марков манастир што е
     
  4. PrincessWarrior

    PrincessWarrior Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите,
    бидејќи наскоро ќе закажувам свадба ме заинтересира оваа тема. Фала ви за корисните информации, на некои од местата кои сте ги посочиле ќе одам и самата да видам како е што е. Сепак ако имате некој совет за мене бидејќи планирам помала свадба (не повеќе од 100 луѓе) за јуни или септември? Не мора да е класичен ресторан.
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Од такви мали ресторани, Рагуза е убав, малата сала во Континентал, и има доста уствари. Треба да прошеташ и да видиш по поголемите од обичните (несвадбарски) ресторани. Како Македонска куќа и др, сум била на такви свадбички и супер било. Тешко е за помалку луѓе, дефинитивно е полесно да сместиш 300 луѓе, сите те сакаат. Ако бараш по свадбарските ресторани, да знаеш дека ќе ти биде проблем ако сакаш ноќна свадба, сите форсираат за дневна испод 200 луѓе. Со чесни исклучоци, нормално! ;)
     
    На PrincessWarrior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PrincessWarrior

    PrincessWarrior Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    А уште па ако знаат дека не планирам многу да потрошам ќе ми речат во среда може :D Само уште оваа информација да не знаеш случајно колку се движат во рагуза цените?

    P.S. го најдов http://www.restorani.com.mk/images/Ragusa_Meni_za_svadbi.pdf
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ја само навратив да ви кажам дека Хотел Континентал не вреди за ништо може бил нешто некогаш ама сега не не |( . Јас таму бев на пракса и персоналот е катастрофа,први се за оговарање а хигената е нула. Знаете ли таму како се работи??? :shake: :fubar: :fubar: со крпата која што бришеме на маса за да работиме бришеме и доле на под па кој сака да добие некооја болест и да не знае што му е слободно нека оди :!:
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.520
    Пол:
    Женски
    Леле како е можно ова :o па зар нема инспекции? :^)
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    грешка си баш не е така цел персонал го знам и ете свадба правев таму но не е така само ако сака некој за инает да збори ок. Може би нели хотелот е стар факт е дека има нови и модерни но е задржано нивото, а впрочем ете кој ќе си сака ќе оди и ќе провери и каков пречек за закажување и се ќе добие
     
  10. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Не си во право. Јас правев свадба во хотел Континентал пред скоро 2 години и можам да кажам дека хотелот е прекрасен. Се е реновирано таму. А за услугата и храната немам зборови. Се беше на ниво.
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Се придружувам на Summer girl и Karak, затоа што закажана ми е свадба таму за месец дена, свети. На семинари сум таму во просек еднаш месечно. Што не сум барала, какви се не захтеви имало, и се било исполнето. Она за крпите неми држи вода, од причина што имаат системи за менаџирање кои јас им ги проверувам, каде хигиената им е на многу завидно ниво. Неможат да ме излажат, затоа што количината на дезинфициенси, крпи, четки, метли и секакви бакрачи според фактури е огромна! Во секој момент може да им се избаци на врата санитарна која не се најавува, и сема брисеви од секаде, вклучувајќи и маси, и раце на вработени, се. Јас не работам таму за да им вршам реклама, само ги проверувам. Затоа можам да гарантирам за хигиената! :!:
     
  13. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Дали можеби знаете колкава е терасата на Континентал? Се распрашував за свадба па ми рекоа дека собира 180 луѓе.Уште не сум била да ја видам поради обврски па некој дали ја има видено??
     
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    ^ Терасата не е многу голема, освен ако не се брои тревата. Барем според тоа јас што го видов, а салата каде што ние правиме свадба е токму таму, излегува на терасата. Најдобро е да одиш и да провериш, се ќе ти објаснат! ;)
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Јас правев свадба во салата за семинари, бидејќи беше мала свадба. Терасата е со средна големина и на мене многу ми се допадна.
     
  16. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Мене ме интересира дали цела свадба од 150-180 души би ја собрало на терасата.По телефон ми рекоа може,ама сепак да одам да видам
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Зависи на која тераса. Мислам дека до секоја сала има по една тераса. Најдобро ќе биде лично да отидеш и да видиш. Според тоа, ќе можеш да си направиш распоред на масите. Ние кога закажувавме за свадбата, ја видовме салата и после тоа си направивме распоред на масите.
     
  18. lusijana

    lusijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сестра ми правеше пред 2 години во кристална сала и беше преубаво.На истиот ден имаше свадба и долу во Националниот ресторан со тераса заедно ( ѕирнавме за кратко ) беше прекрасно и аранжирано и градината со преубавите цвекиња си го направила своето.
    За наредната година здравје мојата свадба таму ќе се одржи.Појдете верувајте нема да зажалите.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Сите сали во хотел Континентал се убаво реновирани. Доколку правевме голема свадба, сигурно ќе ја правевме во Кристалната сала или во Националниот ресторан. Не знам дали и двете сали имаат тераси или само едната.
     
  20. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Jaс ви го кажувам тоа што го гледав таму секој ден бидејки некогаш и ја бев на пракса таму. :x Да не ве потчетувам за ракоматери или кошаркари и што и да беа ставрно не ми текнува али имаше на вести каква е точно хигиената таму.Не сакам никого да убедувам тоа најмалку ако ви е убаво таму ок е изборот е ваш но ако не е ок тогаш не заборавајте дека сум напишала овде ок.Персонал како персонал мора да биде добар бидејки гостинот е секогаш во право зар не ??? :)
    Им посакувам среќа на сите идни невести :rofl: :rofl: :rofl: па се надевам дека некогаш и мојот ред ке дојде :lol: :lol:
    И уште нешто фактурата за се што е потребно за да се одржи хигиената во хотелот е голема да.Ама ако немате појма колку сето тоа се користи и како се користи тогаш ве молам немојте некој коментарчиња бидејки ја си знам најдобро.Без љутиш,најмалку што сакам е вас феминки да ви згрешам нешто. :* :* :*