Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. Elenche87

    Elenche87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.722
    Здраво на сите :)
    Наскоро планираме да правиме свадба со вереникот, па се мислиме да биде во александар палас.. ќе ве замолам да ми кажете дали имате некакво искуство/ ваше мислење за овој хотел :)
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    Во никој случај немој да правиш свадба во Александар Палас. Катастрофа е. Нема никаков амбиент за свадба, а храна и услуга - нула. Пред 5 месеци бев таму на свадба и покатастрофа хотел немам видено. Само името им вреди. Друго ништо.
     
  3. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски

    Moe мислење хотел АЛЕКСАНДАР ПАЛАС е најубавото нешто во Македонија,услугата им е на врв,менито прексрасно,убаво знаат да организираат се,собите им се екстра квалитет и многу се позитивни. Ако имате пари изборот е одличен,секој сонува да прави таму,да рече не може само човек што е самобемдисан. Поздрав и со срека нека ви е :*
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека менито е прекрасно, со оглед на тоа што храната не им е како што треба. Како може еден хотел како што е Александар Палас да си дозволи храната да ја понуди жива, т.е. неподготвена како што треба. А за тоа дека секој сонува да прави таму свадба, не се согласувам. А ти девојко очигледно имаш некоја задна намера, штом велиш дека се самобендисани оние на кои што не им се допаѓа Александар Палас.
     
  5. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Не не не немам никаква намера и не мислев на никој во моментот кога го напишав тоа,едноставно така ми дојде и така напишав.Се извинувам на сите кој што мислат дека сум ги навредила,немам таква намера :!:
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    Јас не се навредив, ама можеби другите што не го делат истото мислење со тебе, ќе се навредат. Кога отидов на свадбата се разочарав од хотелот. Не очекував толку ниско да паднат готвачите. Кај што беше месото живо, па и десертот (сладолед), не беше тазе. Беше полу-одмрзнат. Единствено што вредеше беа салатите. Другото се беше катастрофа. Можеби друг нема да го дели истото мислење со мене.

    А што мислите за ресторан Имес?

    Јас сум задоволна од тој ресторан. Прво сакавме таму да правиме свадба, ама немаше термин.
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Незнам,ама ја кога правев таму матура беше ок Мислам на Палас, ина4е темава е супер ако некогаш правам свадба туке ке дознаам за сите ресторани :rofl: :*
     
  8. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Јас би сакала мојата свадба да биде во хотел Романтик на Велешко езеро.Едноставно прекрасен ресторан.Интимен,модерен баш по моја мерка.Навистина не сакам свадба во некоја биртија затоа што е многу поефтино,подобро ќе си канам помалку луѓе отколку многу гости кои едвај ги познавам.Еднаш ја правам таа свадба и сакам јас и сите гости да се чувствуваме релаксирано.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    И мојата матура беше во Александар Палас, само што јас не отидов токму затоа што беше таму. И пред матурата бев таму на свадба и тогаш беше катастрофа.

    Што се однесува до хотел Романтик, многу го фалат. Во Велес тој бил најдобар за правење свадби.
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    SummerGirl моето искуство со Александар палас пак е сосема спротивно од твоето, имав можност да бидам таму на свадба. Ама стварно се си беше на ниво и на висина на задачата. Храната вкусна и тазе, келнерите стручни и љубезни, целиот амбиент и целата вечер си течеше како подмачкана. Еве нешто што посебно ми се допадна таму беше тоа како беше организиран приемот на гостите во фоајето,некоја тиха музика свиреше, зетот и невестата си се поздравуваат со гостите, еден од вработените цело време на лагер да ги прифаќа цеќињата и се што треба, а низ фоајето столчиња и сепариња гостите да почекаат и келнери ги служат(на некои свадби имам видено редици од гости чекаат во колона да се поздрават, ко за во банка на шалтер)можеби ова не е важно, ама ете мене впечаток пак ми оставило :)
    Знаеш јас сепак мислам дека амбиентот зависи од многу нешта. Пример ако ангажираш лоша музика и во Хилтон да правиш свадба џабе ти е се. Ако имаш гости сељачишта па се испијанат и прават глупости не те вади ни најскапиот хотел. Испаѓа дека од многу моменти зависи амбиентот, се е индивидуално. Мене ако ме прашате јас топло го препорачувам А.палас.
     
  11. Elenche87

    Elenche87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.722
    Фала многу на помошта девојки, мислам дека дефинитивно ќе закажеме во Палас инаку и ние планираме да го изнајмиме фојето за пречек на гостите..Ви посакувам многу среќа на сите при изборот на ресторан :)
     
  12. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Дали од идниве невести некоја знае колку е порција во Имес?имаат ли некои гратиси ??
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    Најефтината порција во Имес е 11 или 11.5 евра. Од ресторанот нема гратиси. Освен од фото-студио Имиџ. Од фото-студиото даваат гратис свадбени покани, бонови за вечера и поефтини цени за сликите и снимањето.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.531
    Допаѓања:
    108.656
    Пол:
    Женски
    Ние закажавме во Лешок, последен пат кога го видовме се реновираше и појма немавме дека ќе биде направен толку бргу и толку добро, ние си мислевме ќе си бидеме како досега на терасата заградена со церада, ама тоа воопшто не ни сметаше пошто ни кажаа може и да се тргне церадата, небитно за нас во секој случај. Но се запрепастивме кога отидовме пред некоја недела да закажеме, супер реновирано, супер си изгледа сега, терасата воопшто не изгледа како претходно, тепихот заменет со плочки, церадата со убави прозори на клизање, од мерак. Да не разговараме за односот на газдата, феноменално не прифати, оставивме капар колку што носевме и се договоривме, на 8ми Септември. Менито е фантастично, се имаме уверено неколку пати, а за цената да не збориме, за таа цена која ја добиваме во Лешок во Скопје едвај ќе добиеме салата и ордевер, а овде добиваме два вида салата, ордевер и пирошка, главно јадење од две меса со гарнир и плус десерт, и пијалокот во истата цена. Мене искрено не ми се свиѓаат навлаките на столиците и на ум сум да сошијам нови и да ги однесам ама па и се мислам искрено, кој ќе ми гледа столици, нема да китам многу, нека биде се најнормално, ко на свадба, а не да се убијам од нервози ако ми пуштат балоните или ми падне декорацијата. Е сеа сигурно ќе набавам свеќички и ќе поставам по масите, а на главната маса ќе купам убави свеќи од поголемите и евентуално по еден цвет од истиот вид од бидермаерот за секој гостин на чинија со картичката за вечера на цветот закачена. Искрено се занесував со балони и слично ама изгубив желба, сега сакам поедноставно и поелегантно, така и ресторанот ќе дојде до израз а не да се угуши во декорација. Е така, се распишав јас ама си кажав се што ми требаше :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lusijana

    lusijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    https://www.facebook.com/groups/118569264873711/
     
  16. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    23
    Jac закажав во Гламур,само таму имаше недели во септември, ај ве молам пишете како е на свадба услуга вентилација и се што ќе ви текне. Инаку ќе имаме околу 230 гости. Фала многу
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    На 3 свадби сум до септември, сите на различни локации и бидете подготвени за импресии и искрени коментари.
    Братучед ми закажал во Журнал, таму сум била пред некои 7-8 години на свадба и супер беше, сега е и потсредено, реновирано, очекувам топ свадба, иако реално музиката во најголем дел ја прави свадбата, секако и гостите, никој нема да се сеќава што јадел/пиел толку многу, поважни се други работи.

    Кај него ќе свират Амајлија, е тука нема утка, момците се ненормално добри, они се стокмени и за мојата свадба, здравје некогаш... можеби ќе станат евергрин дотогаш.
    :D

    Другата е во Голд или Голден Клуб, а третата уште непотврдено, можно е да биде и надвор од Ск.
    :)
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    48.442
    Пол:
    Женски
    Ние сме во голема недоумица, во петок идеме да закажеме а уште не знаеме каде :tmi: Јас сум дефинитивно за Журнал , а мажево за Континентал. Ме изнервираа бе им пишав да прашам за капарот и некои други прашања имав ми одговорија ко на пазар да сме |( со едно проста реченица, попроста и од нив :@ Додека од Журнал неколку пати им пишав се гледа култура на ниво, се убаво ми објаснија , ама баш се што ме интересираше. Плус и вчера пријателка на мајка ми , ми кажа дека храната во Континентал не била убава кога била она последниот пат на свадба, и сега уште ми викаат се уплаќа капарот жирално, е кај ќе им најдам јас отворена банка во петок :devil: А, само тогаш можеме да дојдеме, тогаш мажево ми е слободно :(
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    Ние кога бевме да закажуваме во Континентал, персоналот беше многу љубезен. Од храната сум задоволна. Журнал е убав ресторан. Има голем простор за играње, убав амбиент, добра храна и добра услуга.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Уште еден ресторант на мојата негативна листа-Кристал , поранешна менза на Железара.
    Значи голем минус, прво амбиентот за никаде, масите едни до други, нема кај да се разминеш помеѓу столчиња, тесно, нема место за играње, услугата катастрофа, значи треба да молиш келнер да ти донесе пијалок, врукина ненормална, како во сауна да бевме, храната не беше тазе, ордеверот беше топол, како замрзнат па отпуштен, главно јадење исто не убаво, не тазе, лепчињата :x кришки леб тенки како на циркулар.
    Уште еднаш потврдувам дека направив вистински избор за мојата свадба кога го одбравме ресторант Ритуал.