Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    48.483
    Пол:
    Женски
    И јас имам слушано за Ритуал само пофалби, ама за жал далеку ни е многу. Уствари нас и Журнал ни е далеку, ама пак е поблиску. Затоа и вереникот ми е за Континентал затоа што кумановци негови сите знаат кај е и блиску е, за овие ќе лутаат може малце ама сега тоа е :( Ама менито е многу посиромашно за истите пари за разлика од Журнал, после тоа се доплаќа за цвеќе, ракија нема треба ние да носиме и триста тракатанци. Што ќе ми бесплатни покани или фотосесија кога јас веќе ќе си имам и покани по мој вкус и фотограф. :!:
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.635
    Допаѓања:
    38.155
    Пол:
    Женски
    Баш ме зачуди за ресторан Кристал. На радио многу го рекламираат. Си помислив којзнае колку е добар.
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Овој месец правевме свадба во Контитнетал. Да, се се плаќа жирално, за ваша сигурност. Не мора да се плати истиот ден, може да се плати и со неколку дена задоцнување, башка има банки што работат до 19 часот. Храната беше феноменална, немаше кој не дојде до нас да ја пофали храната. Се беше ненормално тазе и вкусно, прекрасно аранжирано. Ракијата не ни тежеше, неколку дена порано ја однесовме. Просторот климатизиран, каков пекол беше дента, потопло беше од Јули, и никој не се испоти. Келнери имаше ко мушички, никој немаше празна чаша, се беше со распоред и по процедура. Ако мене некој ме праша како поминавме во Континентал, можам само да кажам како да сме платиле 1000 евра по човек! На 8 свадби бев лани, немаше шанси ниеден ресторан или хотел со ова што сите го доживеавме со Континентал. Сите гости тоа го рекоа, не само ние нешто да си умислуваме. Се чудеа луѓево колку е се брзо и по распоред! Не сум платена за реклама, ова ми е моето искуство! Утредента појадокот во соба ни го донесоа, затоа што се успавме. До таму значи отидоа. Да треба пак да бирам, одма истото ќе го одберам. Чиниите преполни, чашите преполни, келнери на сите страни, милина. НИе сме презадоволни! ;)
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    48.483
    Пол:
    Женски
    Во петок е неработен ден и ниедна банка не работи :( Ме изнервира мене тоа што јас убаво ги прашувам они одговараат со една реченица |( После ми викаат дури дрско НИЕ ПАРИ НА РАКА НЕ ПРИМАМЕ :?: :geek: е добро де не знаев прашав само. Им пишувам пак дали може да се резервира термин без капар затоа што само петок можеме да дојдеме заедно, а во понеделник еден од нас ќе ја донесе уплатницата како потврда. Они не ми дадоа одговор на тоа ми велат, дојдете во петок побарајте ја Жанета да ви ги покаже салите |( И што сега да трчам како они да се единствени, значи сите одговори им беа по една проста реченица. После ми викаат дојдете во сабота имаме две свадби да видите како е наместено , и како сега има свадби јас ќе се пикам на нечија свадба ли , место да кажат дојдете во толку и толку часот . Не знам можеби не се сите такви, ама особата која ми одговараше се сомневам дека има и основно образование. Толку прости , и благо кажано дрски, некултурни одговори немам добиено до сега :worried:
    Тотална незаинтересираност од нивна страна. Како они мене да ќе ми даваат пари, не јас нив :punch:
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.635
    Допаѓања:
    38.155
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум презадоволна од Континентал. Кога би правела свадба, пак би ја правела таму.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Закажавме во New Star, за 28 Јули :)
    Сакавме Gold Club, ама немаше да не собере...па затоа се решивме за New Star.
     
  7. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    707
    Најпрво честитки Сноу,да сте среќни и заљубени цел живот :*
    Си направила добар избор на ресторан,нема да згрешиш зашто од личнио искуство знам дека се е супер(таму правев свадба)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Годинава сум на 5 свадби ,едната помина беше во Имес и супер беше ресторанот и услугата и се ,следната свадба е во Ексклузив во К.Вода до сега сум била таму на свадба ама не ми се допаѓаше поради поделеноста на гостите ние на пр.бевме сместени доле а горе се играше некако ко отфрлени се тие доле што седат .ма да сега ми рекоа дека е реновирано па ќе видиме како ќе биде .Следната свадба е во Бисера никогаш не сум била таму па се надевам дека ќе биде убаво ,после тоа сум во Јана (ми кажаа дека биле ефтини порцииите ама мене местото ич не ми се допаѓа искрено некако многу ми е кич) и на крај сум во Палас таа ми е најбитната свадба летово кај што ќе бидам старосватица :)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Палас и Холидеј Ин, сум била на еден куп свадби и не е воопшто на ниво на кое треба да биде за еден таков хотел. Плаќате дефинитивно имиџ и име но не и квалитет, бидете сигурни. И за нашата свадба пред две години ги обиколивме но дефинитивно НЕ. Ние правевме свадба во Њу Стар и бев презадоволна, секому ги препорачувам. Има и други квалитетни ресторани/хотели за големи веселби но за свадба ние баравме голема сала за повеќе луѓе бидејќи имавме околу 400 гости (и тоа со тотално кратен список).
     
  10. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Има во Дебар маало во кафанската уличка ресторан ,,Галерија,, со прекрасна голема тераса, мислам дека надвор собира над 100 и внатре исто толку гости. Преубава тераса баш за такви прослави. Јас бев таму на матурска и се беше на место,од храна,услуга,амбиент,музика а како што разбрав имале и многу пристојни цени. Го има и на ресторани.мк.
     
  11. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    1.166
    Пол:
    Женски
    Ја лани бев на неколку свадби едната беше во Ореов лад и мн ми се допадна амбиентот беше преубав некако романтично беше летна свадба баш онака за мала интимна свадба и храната беше супер,бев во Белви не ме воодушеви нешто го замислував поинаку ама само името што му излегло само мостчињата и зеленилото го прават а храната е крш ладна мислев камења дека јадам е сеа нз Мулино Воденица мн го фалат не сум била ама гледав слики преубаво е.
     
  12. Maja06

    Maja06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Пред 2 недели бев на свадба во ресторан Гламур на Првомајска и искрено сум воодушевена од буквално се! Свадбата беше за 180 луѓе. Прво и основно приемот е преубав мала меѓутоа убаво средена тераса со цвеќиња и зеленило и мала фонтана. Од едната страна се сликаш со младенците а од другата страна после сликањето има шанк на кој сите гости се послужуваат со шампањ и ситни колачи. На прием од ресторанот имаш хостеси со списоци за да ги примаат гостите. Салата е убава со тепих што искрено мене многу ме бендисува и нема столбови. Е сега масите се малку збиени меѓутоа има простор за поминување. За храната немам збор се беше преубаво ама буквално се посебно похованиот ордевер и свадбената торта а за келнерите секоја чест. На 2 маси по 1 келнер буквално стоеја покрај масите и летаа ама буквално за се што требаше. Имаат прекрасно осветлување и како оди темпото на песните така затемнуваат или се палат столни ламби на секоја маса и палат свеќи. Многу сум пријатно изненадена и од менито и од услугата и секако сега за сега мој прв избор за ресторан за свадба. Единствен проблем е паркинг просторот кој е многу мал.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. audrey90

    audrey90 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки, јас да препорачам ресторан прво мразам ресторани каде нема место кола да паркираш како Гламур Ритуал, значи бев на две свадби на две свадби ограбени автомобили, сеа ти си идеш од веселба среќен и те чека изненадување, услугата да може им била океј али едноставно не ми се допаѓа местото. Препораувам нешто ново ГРАДИНА ресторанов е фантазија значи прекрасно разработено и ресторанот РОМЕО И ЈУЛИЈА 2 бев на свадби во него и сум супер воодушевена а летово е реновиран со летна тераса како од бајките е буквално , келнерите се постојано на дофат да помогнат послужат немам никаква замерка според мене овие 2 се едни кои брзо ќе достигнат број 1 во Скопје. :)
     
  14. majcka123

    majcka123 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите.

    Пред три месеци закажавме свадба на отворено во Ореов лад на 8ми Септември (се паѓа недела , но наредниот ден е неработен бидејки е државен празник . Дадовме капар , но мораме да го смениме датумот поради одредени причини. Дали има некој заинтересиран на овој ден да прави свадба во овој ресторант да го продадеме датумот , односно капарот што го дадовме .
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    48.483
    Пол:
    Женски
    Ние закажавме свадба во Континентал - Кристална сала. Прво ја избравме клуб Фонтана али не ни беше баш по ќеиф, на слики делува многу поубаво отколку во живо , после тоа испадна дека познаваме една вработена во хотелот па она среди да ни ја почуваат кристалната додека дојдеме да ја видиме, и на крај се одлучивме за неа :D Наскоро ќе купуваат нови навлаки за столиците и нови машни и ќе ја имам таа привилегија прва да си одберам :wasntme: ^_^

    Иначе од Журнал се разочарав бараат по евро за секоја машна, нека се гонат и да имам не давам пари за тоа, ни го испофалија Ханибал дека е добар, има добра услуга, на слики фино делуваше и отидовме и таму , ама не ни влеговме кога видовме колку е за нигде од надвор , катастрофа , нема кај да се свртиш и делуваше на биртија, свртевме кола и да не нема :lol:
    Искрено јас сакав на друго место ама запна мојов Континентал да биде па викам кога веќе се согласи да е свадбата во Скопје да не претерувам и јас се да е по мое..а и на неговите гости ептен ќе им одговара и сите знаат каде е, за другиве ќе требаше да лутаат низ градов.
    И сакам да кажам дека уште си стојам на тоа дека воопшто не се услужливи од Континетал, т.е не е само една особа, истата онаа која и ми враќаше прости реченици на пораките, одма се примети, не објаснува, се јас прашував, али не ми е гајле кога си имам таму јас моја особа и ми гарантира дека се ќе е како што јас сакам и се ќе е најдобро ^_^ :makeup:
     
  16. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Ние закажавме свадба во Ханибал. Мислам дека нема ресторан каде што не поминавме за да видиме што нудат и мислам дека го одбравме најдоброто ;)
    Со сите што праевме муабет што биле на свадба биле презадоволни од храна и од услуга, а и ентериерот е преубав, дури поубав од сликите...салата е висока - што мене многу ми се свиѓа (во некои ресторани имаш чувство како да те гуши зошто плафоните им се ниски), и што е најбитно цените им се многу прифатливи... :)
    Плус, има и летна бавча со базен, нешто преубаво...Таму ќе ни биде приемот на гостите и матичното, онака филмски :P
    Кога отидовме да закажуваме, бевме во период на свадба и имавме прилика да видиме како сето изгледа стварно, а не како ќе ни кажуваат, така што сум убедена дека ќе биде преубаво и баш онака како што сакаме ;)
    Уште малку па ќе ви пишам импресии :rofl:
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    48.483
    Пол:
    Женски
    ^
    Се согласувам дека Ханибал е преубав внатре, има и бавчичка, и добра услуга и се, ама од надвор е ужасен, таа корална боја ли што е не знам ама многу просто делуваше, згора на тоа од сите страни тука камиони продаваат зеленчук, ѓубре наоколу се осетив како во ромска населба да сум :^) и уличката нема кај да се свртиш ти се чини :|
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.569
    Допаѓања:
    108.777
    Пол:
    Женски
    Ние викендов бевме во Лешок на свадба, дефинитивно не се разочарав што закажав таму, феноменално е, ептен убаво и ептен задоволна, од услугата пред се, по двајца келнери имаше ми се чини во секое време околу нас. Приемот е надвор, само да даде Бог да ни се погоди времето, феноменално беше. Не ми се допадна единствено тоа што дозволија да се пуши и планирам да потенцирам во никој случај да не се дозволи кај мене пушење, иначе не плаќам ни денар. Местото, околината, се беше совршено. Инаку и ние правиме Мајчка на 8ми Септември, не знам зошто сте презакажале ама денот е феноменален за свадба :D
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.635
    Допаѓања:
    38.155
    Пол:
    Женски
    Не е важно каков е ресторанот однадвор, туку каков е внатре. Надвор нема да се веселиш со гостите, туку внатре. Инаку, убав ресторан е Ханибал. Има убав амбиент.
     
  20. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    сте слушнале за ресторанот Бизнис, некаде во Чаир бил? :?:
    Ако некој бил таму, нека ми напише прв впечаток, како си поминал итн итн... :D
    Не, сериозна сум. Ај позз. :)