Јас сум била н свадба таму,услугата е многу добра,собира минимум 400 гости,ресторан на ниво во секој случај .
Женцки, ние си резервиравме ресторан Градина идната година. Ми се исполни желбата, што повеќе да кажам
Фала ти Илипили, ми олесна малку...А во Прециз сум била два пати на свадба, се беше прекрасно, од украсувањето, послугата, до менито. Поздрав!
А може ли некој да ми каже нешто за Мотел Македонија кој се наоѓа на автопатот Велес-Гевгелија.Блиску е до Велес, некои 5 км.Гледам дека е реновиран, ама би сакала мислење.
мојата свадба ја правевме во хотел Глигоров - Струмица, во градината, мене ми се допаѓа многу повеќе за разлика од ројал парк, поотворено е, услугата беше перфектна, цената доста добра... сега малце просоторот за играње не е баш голем но преубаво е, е сега и зафркнато е во врска со тоа дека може да заврне, ама на нас времето ни се погоди премногу...
Devojki.... da ne znae nekoj mesto za americki stil na svadbi? Tendi, bina mala, svedska masa, otvoreno nebo.... ? Sakame vo avgust da pravime, ama nemozeme da go najdeme pravoto mesto sto go sakame.... Fala odnapred
Моја другарка беше на свадба во ресторан Олимпија и е презадоволна. Ресторанот имал убав амбиент, храна и услуга. Просторот за играње бил голем. А и цените на менито биле ефтини. Таа сака таму да прави свадба.
Ние правевме свадба во мај во ресторан Боними кај МИДА и сме презадоволни, од храна, услуга, музика, амбиент, се беше прекрасно за млади што сакаат мали свадби до 120-130 луѓе ви го препорачувам и мислам дека нема да зажалите.
Девојки јас планирам да правам мала свадба(100 гости) во мај или јуни. Шетав по рстораниве меѓутоа за оваа бројка на гости никој не дава сала освен работен ден или за дневна свадба.Затоа решив да си побарам некое мало културно местенеце па отидов до Томче Софка и менито што ми го понудија не е лошо.Во моментов сеуште бараме и размислуваме,па ако може некој да сподели искуство ако правел или бил таму на свадба и ако може да ми дадете некој предлог за ресторан за мала свадбичка Ви благодарам однапред
Моја братучетка правеше свадба во Томче Софка и е многу задоволна. Ресторанот има убав амбиент, храната беше вкусна. Келнерите беа многу услужливи. Свадбата беше пред 7 години. Ресторан Маракана е исто така добар за мали свадби. Се наоѓа после Градски Стадион. Моја братучетка (сестра на претходнава) таму правеше свадба. Ресторан Ексклузив и ресторан Бисера се добри ресторани за мали свадби.
Девојки вечерва со вереникот сакаме да одиме да разгледуваме ресторани низ Скопјево за свадба, па кој би ми ги препорачале?
Вчера бев на свадба во Журнал. Културно, средено, убава храна, малце просторот за играње е тесен, ама ресторанот е ок. За голема свадба, над 300 гости - холидеј ин го препорачувам. Исто така во Боними кај Мида може да отидете.
Mоето гајле околу свадбата помина....стресно до немајкаде е сега да ми рецат пак ке правам ама нема да бидам толку нервозна имавме мала свадба со некои си 90 луге.знаев сто сакам и каков реторант,па така да не акав многу туку дирекно во Домини-феријален.свадбата ми беше во јуни и беше на терасата на две нивоа.ресторанот е во етно стил и се ми бесе онака топ.услугата одлицна,менито исто.имаат три опции на мени и си бираш нормално кое одговара.Задоволна сум навистина
Јас пред извесен период бев во журнал на свадба (во кисела вода, случајно да не сум го помешала) мене па ич не ми се свиѓаше. Како главен впечаток ми остана лошата услуга, и вечното чекање на келнерот за било што. Што знам некако многу безличен ми беше самиот ресторан, некако празен, ко да му фали нешто, дали можеби младоженциве не се потрудиле да го декорираат малку просторот. Па се погоди за беља и доста од гостите не им дојдоа, па имаше неколку маси празни, а на неколку по три четворица, што допринесе сигурно за општиот впечаток на празнина. А и самите скали на влезот не ми се свиѓаат. Некако многу се стрмни и бројни.