Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Исто и јас бев на свадба во Национален Ресторан Градина,и стварно беше многу убаво.Штета што времето не беше погодено,иначе дворот им е убаво среден и совршен за свадби.Ако не се лажам летно време и тенди ставаат.
    Како и да е препорачувам.
     
  2. Femina89

    Femina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажеш кои се цените на менијата во градина и дали декорацијата спаѓа во цената или тоа си е плус? Поздрав
     
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Здраво искусни :)
    Дали сте биле во ресторан Гламур? Каква е услугата, храната...? На хартија добро звучи, во живо е ОК, иако има подобри, ама понудите се топ во однос на цена...
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Синоќа бев на мекици таму, мене многу ми се допаѓа, храната, услугата, се е океј. За цените за свадба не знам. :)
     
  5. Boe86

    Boe86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Сум била на свадба таму и ресторанот ме бендиса, се беше супер и храната и услугата.
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Девојки јас денес шетав по ресторани за свадбата. Најпрво фаворит ми беа Имес, Градина, Везилка и Гламур, па бев таму. Имес имаат супер понуда, убаво мени е 18 евра. Градина е супер, ама нема баш место за играње, а мени им е околу 20 евра, ништо посебно не нудат и најмногу ми сметаше што нема доволно место за играње (јас имам 250 гости). Везилка е прекрасно место, ама скапо, направиле катастрофална грешка, затоа што подот им е лизгав ќе си ја скршев главата и со најниски штикли, како ќе ми играат гостите на свадба? Последно бев во Гламур и сум најзадоволна, па планирам утре да закажам таму. Газдата е супер, мени убаво е 14 евра, бесплатно е сликање и снимање, бесплатни покани, стварно е гламурозно украсено. Најголем проблем ми е паркингот, само за 70 коли имаат место!
     
  7. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    69
    Последниов период бев на 3 свадби во Гламур и ке ти кажам најдобронамерни забелешки за ресторанот па ти види си. Паркинг нема ни за 70 коли, всушност таму нема паркинг туку паркираш на тротоар и обавезно некој те блокира, што е лошо изведено решение како за еден достоен ресторан. За 250 луге мислам дека е тесен ресторанот, секако дека они ке ти постават маси и столици но тесно е - мал е просторот. Во однос на услугата, мислам дека се солидни, менијата им се добри и убаво делува ентериерот... така да размислете си убаво што ви е пресудно. Среќно :)
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.518
    Пол:
    Женски
    Гламур да , убаво е среден и се, ама од многумина слушнав дека газдата ветува многу , кажува вака-така а на крај ништо од тоа не испаѓа :?:

    Ние правевме во Континентал ( кристална сала), како што се договоривме така се испадна, цела сала беше декорирана од нивна страна, ( другине ресторани ми бараа по 1 евро од машна |( ) ние само за цвеќиња дадовме пари т.е си нарачав и дојде цвеќарка дента цела сала ја украси, торта гратис, апартман имавме за ноќевање, шампањско , храната беше топла, тортата како што им кажав така ја украсија , се беше како што ние сакавме, немаше ни една утка. :) Имаше и многу други гратиси ( покани,лимузина, сликар) ама ние ништо од тоа не искористивме затоа што јас веќе си имав зацртано што и како сакав па не сакав да менувам , ама на некој добредојдено ќе му е да си заштеди :)
     
    На BunnyGirl и savana им се допаѓа ова.
  9. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Ама сега имаат паркинг спроти булеварот направено, а и плус на тротоарот. Тоа на страна, ме загрижува ова што газдата многу ветува, а не исполнува. Затоа што денес бев потпишав договор. најмногу затоа што он ни кажа што се имаме во таа цена, па понудата од него ни се допадна. Те молам ако знаеш пиши ми што од ветеното не исполнил! ФАЛАА
     
  10. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    Во Градина има мени најниски за 16 и за 18 евра, во зависност од тоа дали сакате да бидат вклучени само стандардните пијалоци или да има повеќе избор за жестоко, видови на пиво и вино и слично. А храната мислам дека е и повеќе од доволна! Мислам дека и декорацијата е вклучена во цената, има и бесплатна торта по избор од повеќе различни, макар што не се нешто посебно :) И уште некој ваучер за покани или нешто слично има :)

    Јас не сум била таму и се прашувам дали е многу ниско таванот дали станува жешко под шаторот, има ли некој искуство? Инаку се многу ми се допаѓа!
     
  11. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Мојата свадба беше во градина и имавме 304 гости, не знам каде виде дека нема место :?: Кај нас пошто беа повеќето млади и сите беа на подиум баш беше комотно :) да не си влегла во внатрешниот дел?? Баш ме зачуди со коментарот.
     
  12. bebuvce555

    bebuvce555 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам ако може да ми посочите некои од отворените ресторани во Скопје во кој што сте биле или сте чуле дека еубаво и дека е услугата добра.
    Се работи за мала свадба до 100 луѓе.
    Ви благодарам
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    ^^
    За мала свадба имам слушано пофалби за Ореов Лад и многу добро изгледа надворешниот дел за вакви свечености. И јас сакав нашата да ја правиме таму да не беше месец Јануари :D
     
  14. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Секако дека бве надвор, мало ми изгледаше местото за играње на мене! Можеби затоа што сите други ресторани во кои бев имаа многу повеќе простор за играње
     
  15. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Топло ти ги препорачувам ИнВино и Маргер!
     
  16. bebuvce555

    bebuvce555 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви Благодарам/
    Утре планирам Вила Ина да ја посетам да видам каков амбиент има таму
     
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Сепак изборот падна на Везилка. Најмногу ми се допадна од се што видовме и нема преголема разлика во цена. Сопствениците се префини, атмосферата одлична, паркинг има. Вака на прва - врв, ќе споделам впечатоци :)
     
  18. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    awl... местото е фантазија. Еден совет- барај да постават тепих на подот, многу е лизгав, таму во средината на подиумот! И ти посакувам најубава свадба :*
     
  19. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Благодарам за убавата желба! Ко што сфатив и ти правиш свадба наскоро па да ви е најубаво :) Ќе има со што да се занимаваме периодов :D

    Инаку подот не се лизга, проверувавме 4 жени на штикли, мермерот е стружен и рапавичок. Ама и да се лизга нема да ми е голем проблем, една од причините зошто баш Везилка е изборот е затоа што нема тепих, некако психо сум за играње на тепих - заради лошо искуство од други свадби...
     
  20. bet4e

    bet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Devojki baram pomos: restoran Glamur ili New Star?