Се снајде за во Бела? Поефтино ти е на чардакот, ма да тоа ако си за доцна пролет/лето/рана есен.. Ако не пиши ми, да видам дали е расположен Мартин за попуст
Ja renoviraat li salata vo Desaret? I znaes li sto tocno vo nea? Zosto kolku sto se sekavam, masite ne se trkalezni
Ние бевме во Амор на свадба, после Градина е ресторанот, презадоволна сум од тоа што го видов. Убава, нова и пространа сала, превкусно и богато јадење. Само ако некој се одлучува за таму или веќе се одлучил, внимавајте многу на келнерите, многу се неспретни, спори и мрзливи, цело време инсистирајте да брзаат и да не се влечкаат, ако треба доплатете за уште еден или двајца келнери бидејќи се малце тие што ги има. Откако влегоа младите каснеше шампањот, до толку се аљкави. Но другото вреди да се оди
@MissDaisy јас правев свадба во Ханибал пред неполн месец и сме пре пре презадоволни од секој аспект. Не знам како да им се заблагодарам на луѓето. Се што беше договорено беше испочитувано, дури и повеќе од тоа. Цените се коректни, во споредба со другите ресторани што ги гледавме. Плус не наплаќаат за декорација, а на секоја маса има цветен аранжман на таков висок сталак. Ресторанот е реновиран, има нова фасада, летна бавча со базен. Кај базенот ни беше матичното и приемот на гости. Имавме 300 гости и се направи одлична атмосфера. Храната и услугата беспрекорни... Цела недела после свадбата ни се јавуваа дома и на моите дека на поубава свадба не биле Можеш да видиш на фб слики од ресторанот https://www.facebook.com/pages/Restoran-Hanibal/129496287100347?fref=ts
Ти благодарам на одговорот за Ханибал, и нашата свадба ќе биде таму, па затоа и прашувам за искуство. Сакав да те прашам, невестинската торта ти беше од кај нив, ако да, дали беше задоволна? Или си ја нарача преку друга слаткарница?
@MissDaisy Невестинската торта ми беше од кај нив и беше преубава и на вкус и на изглед. Имаат своја слаткара и таму ги изработуваат, така да можеш да порачаш каква сакаш и ги декорираат ептен убаво со онаа шеќерна маса. Јас отидов директно во слаткарата (се наоѓа блиску до ресторанот) и таму се договорив директно со слаткарот што ја прави, откако претходно испратив слика. Мојата беше цела ист вкус, зошто претходно ја пробав и многу ми се допадна, а инаку може и секој спрат да ти биде различен. Сите гости многу ја бендисаа тортата и прашуваа од каде е порачана...така што мислам дека нема да згрешиш ако си порачаш од кај нив.
Супер, фала ти многу за информациите. Планираме да отидеме и да пробаме и која ќе ни се допадне по вкус, таа да ни ја направат. Твојата како се вика? Инаку имам слика од тоа како сакам да изгледа, се надевам дека ќе ја направат.
Дали некоја феминка била на свадба во Ореов Лад,искуство? Ние резервиравме за таму за 30 Август, малку ме загрижува просторот за играње ми изгледа малку тесничок, ама ке видиме како ќе испадне
Сум била на свадба во многу ресторани низ МК и Скопје,ама дефинитвно НАЈЛОША ПОРЦИЈА има ресторан Бела, а највкуснА Холидеј ин.
Јас правев во Ханибал свадба на 9 мај. Презадоволни сме сите по дома, а и гостите исто. Келнереот што беше задолжен за невестинската маса беше постојано тука, што и да треба веднаш носеше. Немам зборови. Јадењето беше тазе и вкусно. Тортата исто така ни беше од Ханибал, Јас не успеав да ја пробам искрено, ама сигурно била прекрасна. Не сте погрешиле со изборот Инаку позади невестинската маса има апартман за младенците со посебно веце и соби каде поклоните да си ги оставите. Можете и да одморите, да се истуширате ако имате време. ПРашајте си, одма ќе ви дадат клуч дечките.
Препорачајте ми проверен ресторан на отворено. Мулино Гарден е прекрасен на слики но незнам какви им се услугите, каква е храната??
Здраво на сите Сакам да прашам за искуства со ресторан Болеро,бившо Под Кале,дали некоја од вас правела таму или знаете некој што правел таму свадба во брзо време ? Ви благодарам ,
Се што знам за везилка е дека доколку би имала 200 лица пак ке си платиш за 250. И за храната кога била другарка на свадба, кажа дека им ја донеле веќе изладена.
Мојата свадба беше во Ореов Лад пред околу 2 месеци. Поубаво место за свадба не си можела да избереш . Што се однесува до просторот за играње зависи колку души ќе има на свадбата. Ние малку имавме околу 150 и совршено беше, но секако има простор и за повеќе.