Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Вака значи, треба да одам да го видам ресторанов Олимпија бидејќи многу ми го испофалија.
    Еден пријател на татко ми два пати бил таму на свадба и се било супер. Ми го донесоа менито, цените се прилично нормални, значи почнувајќи од 8, па до 11 евра од порција, а неограничено пиење има од 2,3 и 4,3 еу. Од ресторанот има лимузина на целодневно располагање, апартман за прва брачна ноќ, торта, шампањ, бонови за ручек, покани, свадбен фото албум и дигитално снимање, украсување, декорација и навлаки. Мислам дека понудата им е супер, треба само да видам салата каква е, инаку вака ми фаќа око.
     
  2. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Супер ресторан :) само пофални зборови.. од супер услуга до квалитет и изглед
     
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    јас...кога би правела интимна свадба (летна) со помалку гости, би правела во Капан Ан :) ако правам поголема, многу би сакала Попова Кула (тревникот им е прекрасен, измислен за поставување елегантни бели шатори :wasntme: и целиот објект ми делува многу софистицирано ) само што тоа е доста далеку од Скопје и ќе треба на сите гости да им земам и соби таму :D
     
    На jasmina29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Значи за овие три дена ги прошетав скоро сите ресторани. Еве вчера бев во New Star и да ви кажам мене не ми се допадна. Со оглед на бројот на гостоте околу 200 одговара Горната сала, каде плафонот е многу ниско јас како што сум височка да дигнам раце и може ќе го фатам :) , маси натрупани правоаголни, воопшто не изгледа како сала за свечености. И за тоа што се лизга му викам на тој шефот дали има опција да се стави тепих :D тој ме убедуваше дека не се лизга. Вреди само опкружувањето, ама нема надвор да биде свадбата. Секако ова е индивидуално, ама мене не ми се допадна.
    За Ханибал ми се допадна и со оглед на тоа што ќе имаме 200 гости максимум мислам дека ќе биде комфорно, има простор околу масите и ми се допаѓа тоа што масите се направени големи и квадратни. Росоњерка а храната и услугата какви се?
    А за пари и не е толку ефтино, како и секаде, доаѓа 15 евра порција, со вклучено неограничено пиење со жестоки пијалоци. Скоро секаде се тие исти цени.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.824
    Моите последно беа во Каскада и благопријатно беа изненадени од амбиентот и услугата,а и храната била солидна,топла ако ништо друго.Е сеа се изнасмеав,мене лично ми е кич,младенците пристигнуваат во салата во стаклен лифт! :D Ваљда е по желба. :D

    Ма каки ресторан,у двор ќе си правам на кружни маси со шампањ боја машни и едноставно бели чаршави и такви ми ти романтики за гости до 100ка и никако више.Ако уопште се омажам,стискајте палци! :D
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Ау јас за Каскада само лоши работи имам слушано. Било скапо, а услугата никаква. Последно што беа таму рекоа дека јадењето било ладно и никакво. Може не им се погодила вечерта :wasntme:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.824
    Не знам, татко ми е цепидлака и опасен перфекционист,особено кога се работи за хигиена,уредност,услужливост и квалитетна или барем задоволнителна храна.Мислам ок му е и просек,ама јас намерно го буцкав и изненадувачки задоволен беше. Па што знам,ваљда така било,важно пијалокот бил убаво изладен! :D
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Абе ние се мислевме и за таму, ама стварно само лоши критики добивме, па затоа не го ни земавме во предвид. Јас само така слушав, а сега дали и колку е вистина... Мада луѓето за верување ми се. :)
     
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^Rainbow што направи, беше ли во Олимпија? Јас планирам после да одам, ми остана уште таму да одам. Иако сум била таму на свадба пред три години и тогаш салата ми се виде некако ладна, без топлина, долга како вагон, ама ќе идам после да видам да не се сменило нешто. А колку што се сеќавам услугата и храната беа добри.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Треба да одам попладнево, па ќе пишам како било :)
     
  11. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Олимпја на свадба пред 1 месец и ми се допадна салата , а и услугата и храната се добри.
    Е сега не е за многу големи свадби со 300-400 луге, ама за свадба до 250 луѓе мислам дека е таман .
    А и имаат и убаво дворче со фонтана .
    Се на се ми се допадна .
     
  12. maja86

    maja86 Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Ќе додадам ДОМ НА АРМ има прекрасна летна тераса до поглед према улица Македонија,сопствен паркинг,таа сала собира околу комотно 200 гости.Во тој огромниот ходник прават свадби кои сакаат да бидат одвоени младите од старите и такви има свадби кои сакаат да прават.
    Дом на АРМ пред неколку години беше лидер ресторант за свадби и разни свечености,бидејки младите си одбираа од кои бои сака на чаршави и салфети на познатата Шведска компанија ДУНИ кои беа скапи главна маса со ЦЕПТЕР комплрт на младите не им се побаруваше како сега дајте уште 1 евро за уште 1 за она но сепак државен објект разни структури и времињата се сменија.
    Персоналот е на ниво и воспитан и комуникативен и услужлив бидејки тие таму работат не се собрани од улица за свадба да служат и гајле им е дали ке ти донесат или не на време.

    Моментално во ДОМ НА АРМ се прават само на блиски луѓе или вработени во АРМ бидејки за оваа услуга не им се плака на вработените дополнително дневница која ги следува и така одбиваат да закажуваат.
    Навлаки,машни и украсување од тоа нема ништо треба сами да си барате тоа.

    Имам познавање другарче на брат ми работи таму и со брат ми кога идеме таму од муабети ви пренесувам.
     
  13. maja86

    maja86 Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Ресторани за свадби има многу во Скопјево и во другите градови,никој од тие ресторани немаат свој персонал туку се снаоѓаат пред свадбата,сите се различни по конструкција кој со столбови во средина кој лошо направен, во глобала нашминкани се малце од малце покриени да не се гледаат недостатоците.
    Секој од нас има различен вкус така да само совети ке си делиме и тоа е тоа.
    За една свадба најбитно нешто е услугата(персоналот) и музиката со тоа гостите се осекаат пријатно и убаво за јадење секој кој дошол ке се најаде ке се напие и секој ресторант е убав бидејки во глобала сите се нашминкани.
    Музика како музика на времето беа скапи сега на пазарот како што се јавуваат се повеке и повеке цената им паѓа ама сепак од вечер не се под 70 евра без бакшиш.
    Проблемот е кај персоналот бидејки има недостаток сите заминаа по печалба новите келнери се катастрофа со патики служат така да нема кај нас услуга многу ретко и тешко.
    Газдите ке земат од вечер 3000-5000 евра во завист и ке им дадат по 700 денари негде и 1000 од кои за такси ке им земе 200-300 и више слабо идат затоа нема квалитет на услуга.
    Во Гостивар и Кичево почнале од Скопје да им идат да служат за 1500 денари плус превоз платен.
    Друго порано кога се правеја свадби луѓето кои правеја свадби си ставаа свој маркер на пијалок и така да прилична ефтина цена излегуваше.
    Сега ги залажаа лугето демек неограничено пиење и платете 3,4,5 евра по човек за пиење па драги мои
    свадба од 200 гости од кои 40%мажи 40%жени 10%деца 10% стари луѓе изнемоштени колку можат да испијат 600,800,1000 евра колку што се наплака на неограницено пиење нема шанси толку да испијат али тоа е зимаат лапаат рестораните им се може.

    Извините што ве заморив ама имам доста разбирање околу угостителствово и така да ви посакувам убава свадбена веселба.

    По мене најубаво место во Македонија за свадба на отворено е св.Наум ресторант Острово и тука и венчавање во манастирот само далеку е многу.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Бев во Олимпија и морам да кажам дека салата е прекрасна. Ќерката на газдата беше таму, ни објасни се убаво, и навистина е евтино, а од ресторанот даваат се што пишав погоре во еден пост. Дефинитивно ние таму догодина ќе ја правиме свадбата, мислам дека нема да згрешиме :)
     
  15. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    296
    Јас сум била на свадба во Рагуса и се беше одлично .. од изгледот на ресторанот , целата атмосфера па до храната која беше ептен вкусна.
     
  16. Sanjicka987

    Sanjicka987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Девојки, да не имате информации колку се движат цените во Холидеј Ин?
    Инаку и мене вака на слика ми се допаѓа реновираната сала во Континентал, да не случајно знаете колкав е капацитетот на гости за таму? свадба секако планираме наредна година ама уште од сега почнавме со разгледување по рестораниве :)
    Како и да е некоја информација добро би ми дошла :)
     
  17. happy23

    happy23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    A како се движат цените во белви?и дали некој знае која е цената на група молика?
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Се распишав јас по ова темиве за свадба.

    Прв ќе го предложам Велчево меанче, во Маџари (ваљда така се вика местото).
    Брат ми правеше таму свадба и беше најубавата свадба на која сум била. Не сум пристрасна, туку искрена, но ние имавме многу привилегии од тоа да можам да се качувам по маси и столици, ни направија посебно мени брат ми и снаа ми си кажаа што сакаат, и на крај им дадоа и попуст бајаѓи.

    Фото-студиото и бендот им беа од ресторанот, и се беше на ниво, но брат ми е добар другар со сопственикот и затоа наплати само продукти и дневници, а не зема профит.
    Платија окулу 3000-4000 евра, но таква свадба реално би чинела дупло повеќе.

    Но јас би сакала свадба на отворено, затоа Хотел Белви, на излезот на Скопје ми е одлично место...
    Баш ова лето некако многу е актуелен, како што гледав по фотографии и солидно е опремен.
    Е сега за цените незнам, не сум се заинтересирала зошто има време до мојата свадба, но би сакала таму да ја правам. Имаат и страна на ФБ, може да си разгледате цурици...
    Е сега услугата и атмосферата во живо какви се незнам, зошто не сум присуствувала на некоја свадба таму, туку мене ми се допаѓа како е средено од фотографиите што видов.
    Еве ви линкче од ФБ, може да разгледате http://www.facebook.com/profile.php?id=100001336925025 ако ова се смета за реклама модераторите нека го избришат
     
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Бев на свадба во Белви и сум одушевена! Местото е прекрасно особено на лето..прекрасно осветлено со езерце,водоскоци,патки си пливаат,романтични сијалички..немам коментар! Услугата и персоналот прекрасни,цело време се вртат околу тебе да не ти притреба нешто..лајт шоу,голем подиум за играње на средината а масите софистицирано аранжирани околу подиумот..мовче мало кое ве води од др.страна каде се врши регистрацијата...немам зборови..уште сега знам,ако не ја праам мојата свадба здравје на Капри на плажа или у пештера :lol: :lol: тогаш ќе биде во Белви!
     
  20. macika1

    macika1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Дали некој бил во MULINO GARDEN во воденица и колку се движат цените по особа