Везилка, парк и градина ти се горе-доле исти. Зависи како си ја замислуваш свадбата.За сите 3 имам слушнато само добри комњнтари, никој се нема пожалено ни пд услуга ни од храна. Јас ќе правам во градина, таму најмногу ми се свиѓаше а и математиката ми успадна многу поефтина во однос на другите 2. плус наредна година ќе ја реновираат, ќе ставаат бели столови како во парк и мн ми се допадна свадба на ново
Јас сум задоволна од Континентал. Таму правев свадба. Сестра ми во мај беше на свадба во Аква Стар и многу е задоволна од ресторанот. Амбиентот, услугата и храната биле одлични. Лошо е што ресторанот е далеку.
Континентал беа супер, барем пред 3-4 години јас кога правев свадба. Сите бевме задоволни, топло препорачувам.
Драги поранешни и идни невести Ве молам за информации околу следните ресторани: 1. Гламур летна градина- ми одговорија на меил дека има менија од 15, 17 евра за јадење и 3 евра за пиење, но не ми кажаа дали друго нешто е вклучено во таа цена, како осветлување, невестинска торта, декорација? 2. Ресторан Парк- ми одговорија дека има менија од 15, 17 евра за јадење и 4 евра за пиење плус 1 евро за декорација и осветлување 3. Везилка- ми одговорија дека има менија од 15, 17 евра за јадење и 4 евра за пиење, во таа цена влегува и декорација на маси и столици,декорација на невестинска маса, осветлување во боја, шампањ за наздравување 4.Градина- немам никакви информации 5.Веранда- немам никакви информации Фаворит ми е Гламур, уште додека се спремаше летната тераса следам на фб и ептен ми се допадна, но секако мора да се елиминираат другите, па ќе видиме на крај што ќе испадне. Ве молам за секаква дополнителна информација за било кој од рестораниве, колку сте задоволни од услугата, од амбиентот, од просторот за играње, од вклученото бесплатно декорирање и осветлување...
Кажи ми ова со реновирањето сега скоро ти го кажаа? И ние имаме закажано во Градина за свадба 2017, но сега прочитав дека ќе досредувале.
Ве молам искуство со Гламур летна градина, ми се допадна ресторанот но слушам муабети како газдата многу ветувал а ништо не исполнувал? Демек ќе има ова она, а на крај ништо од тоа
да, да кога закажуваме за свадба тогаш и ни кажаа. Малку сум во неизвесност но мислам дека ќе биде поубаво од претходно
А што точно ќе реновираат? Ме интересира ептен,бидејќи правам планови околу декорација што како ќе испадне
Jas si zakazav vo Glamur zatvoreniot restoran... mnogu e skapo vo letnata gradina plus po 5 evra porcija od gostin e premnogu...
Ние закажавме сега после нова година во New Star за во август и тешко најдовме термин што ќе ни одговара.Скоро се беше веќе зафатено,но најдовме.Се одлучивме за таму поради големиот простор и салата ,бидејќи планираме околу 500 гости.
Со Градина дефинитивно нема да погрешиш. Пред се, поради професионалниот однос на вработените и газдите и поради поволностите кои Градина ги нуди. Издвои време отиди до таму, закажи термин за договор,да ти објаснат се, слушнав оваа година има и нови столчиња. Јас правев свадба таму, и сум пре пре презадоволна/ Осветлување декорации и торта и шампањ спаѓаа во цена. Менито беше од 19 евра сосе пиење, па нагоре. Има невестинска соба, Исто така и за парк имам слушнато позитивни коментари, и за везилка. И двете се преубави.