Nie odbravme restoran Glamur imaat odlicna ponuda so menito i masite im se pogodni da nema turkanici i podiumot e cist bez stolbovi pa se nadevame deka ne zgresivme so izborot.
Македонски Бисер населба Илинден Мислам дека е еден од најубавите ресторани Свежа храна Чисто Топло јадење Немам лош збор И цените се добри,во зависност од вашите барања
@sweet-fighter бев на свадба таму, реновирано, ново. Надвор кај базентчето имаше матично и баш беше убаво и цени пристојни. Но...Храна лоша и некои од масите беа на ќош и не се гледаше ништо од подиумот, некако тесно беше, раскопани улиците, паркинг ни за лек, јас лично не би го избрала.
Јас правев таму и сум презадоволна.Амбиентот супер, храната предобра, услугата исто така. Имавме околу 220 гости и во ни еден момент не се создаде гужва на подиумот, иако сите играа. Патот беше раскопан и јас бев скептик за паркингот, но си имаше надвор луѓе од ресторанот задолжени за организирање на паркингот и се излезе супер. Долго после свадбата слушавме пофалби од гостите. Топло препорачувам.
Девојки јас 2016 бев на 7 свадби, сите во различни ресторани. Ќе пробам од почеток да дадам некое свое мислење(се надевам ги имам запамтено сите) 1. Хотел Беровиќ на пат за марков манастир- искрено ми се допадна. И амбиент, и услуга, храната беше добра. (за храната и не можам јас да кажувам кој знае што, зошто не ги јадам тие сосевите со печурки, тоа варивото и компирот демек пекарски) 2. Континентал мала сала-катастрофа...од јадење тегаво, ладно, со некој чуден вкус...услуга..едни тетки ко од 60-тите облечени. Пристапот до салана незз низ некои лавиринти. Ѕирнав во градината, од прозор. Не видов баш убаво ама мн ко расштркани таму ваму ми беа масите. 3. Под кале(болеро едно време) исто така крш...салана ко да е реновирана ама се некои глупи нескладни тапети испозалепиле. Немаа онаква хватаљка па пирошките и кашкавалот со вилушка ни го бапнуваа на тањир. Цела свадба чекав лед да ми донесат. 4. Градина, задоволна сум од се, може само малце стрикно нашиот келнер на маса беше премногу опуштен ама тоа пошо се знаеше со едно девојче. Инаку се друго браво. 5. Везилка ..ок се...немам нешто замерки ама мене лично не ми е ништо толку помпезно ко што го прават, а прескапо е. 6. Журнал се како што треба од почеток до крај. И однос и храна, и амбиент, услуга....Браво 7. Мирко или рагуза- лисиче..Исто и тие колку и да реновираат пак се заборавени од времето. амбиентот не ми се допаѓа. Друго горе доле ок. Значи заклучок горе доле за сите имам добро мислење освен за кале и континентал... И за крај, јас правев во каскада, исто како и за журнал задоволна од се. Само да кажам, не постои такво нешто како совршен ресторан. Секаде има некој киск.
Бидејќи имавме мала свадбена веселба, на оние кои сакаат такво нешто, би ви ја препорачала Лира. Келнерите беа многу фер, со разбирање, се трудеа максимално да не опуштат и да ни излезат во пресрет. Храната беше одлична, можам да зборувам само во суперлативи за ресторанчево. Башка и музиката беше прекрасна. Гостите ни кажаа дека преубаво си поминале. Планираме и следните веселби да ни бидат таму
За оние кои сакаат ресторан за мала свадба.. јас лично имам околу 110 души, таман мислев да резервирам во Томче Софка (што реално ќе не собереше ама ќе беше многу кнап) патот ме наведе до Бела чардак. И више стварно не верувам на рекла казала.. немало место, не давал никој сала за мини свадби и такви тракатанци. Отидовме колку онака ради реда, но не примија супер, ни објаснија се, среќа имаше место на датумот во септември и тадаммм! Така да ви препорачувам да не верувате мн на луѓе и за се лично да си прашувате. Е сега, да не знае некој да ми предложи некој поевтин бенд, ми треба само за во ресторан.. ако некој знае нека помогне.
Феминки дали знаете во винарија Стоби како се движат цените за порција? Со пијалок? Колку е најевтината? ☺
Најдобро да се јавиш и прашаш, девојката со која контактирав е многу фина и ми ги испрати сите менија напишани и што содржат, најниската беше 1300, но ова е малку постара информација така што сепак треба да провериш..
Некое симпатично местенце за септемвриска свадба со 100тина гости? Го разгледував ресторан Маргер, има убава природа од околу, може да излезе многу симпатично, ама не знам дали би имало простор за играње и колку е погодно. Што мислите за отворената градина на хотел Континентал? Дали некој бил таму на свадба? Видов дека ресторан Ексклузив е проширен и пишува дека имаат тераса за 180 гости, ама кога сум поминувала не сум забележала нешто слично. Не мора да биде типичен свадбен ресторан, ама многу би ми помогнало ако предложите некое местенце на со природа, налик Ореов лад.
Види Александар Палас на летната тараса.. Јас правев во А. Палас на затворено, супер беше.. Храната врв, услугата топ.. http://aleksandarpalace.com.mk/Свадби_на_отворено.aspx
Благодарам Angrypepper. Таму нема место во септември, така што затоа и ми отпадна како опција. Најсериозна опција во моментов ми е Маргер. Дали некој знае колку е мени таму и дали некој бил на свадба таму да сподели искуство? Благодарам однапред.
Една од најубавите сваби на кои сум била е во Маргер. Се мислевме и ние, ама нешто со термините имавме проблем. Газдите се перектни за договарање и преговарање, многу убаво местат за свадба. 120-130 луѓе имаше ние кога бевме, се беше на место. Ќе ви предложат и повеќе распореди, вас како ви се допаѓа така ќе ви дотераат. Од тоа искуство наваму, сите фамилијарни славја ни се таму.