Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    @Snow white да треба гостите да си кажат дали доаѓаат или не, се согласувам, ама не секоаш испаѓа се по планот, што ако се разболеле, или нешто друго? тоа не може да се знае. За гостите се сложувам дека треба да се најават, ама дека треба да се плати нешто што ниту е послужено ниту изедено, е тоа не би требало да е така. А уше по страшно е дека за 1 порција сте доплаќале....
     
  2. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски

    Катастрофа.. :/ јас одма да ти кажам искрено уште кога ми ја носат поканата им кажувам идам неидам и крајј а свекрава ми за кај една подалечна братучеда ја поканија и непојде и не се ни јави сто пати ир ековме со мм јависе страмота е кажиму не одам не ме чекајте таа не не како ќе и кажам ми е страм ова она и не и се јавии и навистина незгодно ама шо ќе му прајш неможиш да ги натераш.. а ние одма му кажуваме освен надај боже нешто да се случи ама до сега фала му на бога се нема случено за сегде за на роденден за на крштевка за на свадба за кај и да е одма му кажуваме имаме одбиено за на некоја прослава ама му кажавме не сме дома тогаш ( и вистина не бевме ) ама со поклон појдовме одпосле... А инаку во рестораниве не дека немаат трошок имаат ама и ја претеруваат многу пати и за мн работи
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Сите ресторани за свадба се исти во овој поглед. Мислам дека имаше некоја толеранција од 10% да не дојдат и да не ги наплатат, ама ако се надмине прагот на толеранција, тогаш доплаќаш. Оваа информација е достапна уште на почетокот кога се преговара со ресторанот. Фер или не, информацијата ја знаеш.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    39.012
    Пол:
    Женски
    Ние кога закажувавме во ресторан ни рекоа да кажеме за број на гости. Отприлика колку би дошле. И ако не дојдат повеќе од 10 гости, пола ќе платиме ние, а пола тие.

    Во сите ресторани прават така. Мене ме чуди зошто е тоа така, кога храната се прави на денот на свадбата.
     
  5. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Да, знаеш дека ќе траба да доплатиш, но дали е тоа легално? во смисла не добиваш ништо за парите што ќе ги платиш...
    Мене ми е дали смеат така да наплаќаат, практично за ништо....
    Ок не е ништо, врз основа на договор е, но не дошле, не јаделе, не биле послужени...
    Барем да има некоја опција во стилот ... „дојдете на ручек утре кај нас во ресторанот, или за утре ќе ви подготвиме храна за дома да си земете, или нешто било што“... да не бидат парите за џабе дадени. Оти вака само ресторанот е у ќар, домаќините зијан...
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.847
    Допаѓања:
    39.012
    Пол:
    Женски
    Најверојатно прават така за да знаат за колку гости да спремаат порции. Сигурно нема на денот на свадбата да ги бројат. За тие гости што не дошле мислам дека треба јадењето да им се даде на младите. Секако плаќаат за тоа.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Си кажува таму +/- 10 порции. Ајде и да искочат +20 на нив им е во прилог,ама -20 не баш...
    Зависи и до ресторанот, ама многу ресторани си ја бараат сумата за тој -.
    Ако пример си кажал ќе ти дојдат 190 гости а ти доаѓаат 165, ти веќе тука си во минус -15, со дозволените -10!
    па си ги доплаќаш тие +15 порции и ќе те скрпат зависно колку ти е порција за ЏАБЕ.
    Јас сум присуствувала на таква свадба , на крај си доплаќаа луѓево и тоа цела цена на порцијата, не пола.
    Затоа не се залетувајте со бројка , убаво размислете дали ви се сигурни, да не си направите некоја беља таква.
    Ние точна бројка си кажавме, за чудо сите дојдоа и баш толку порции колку шо си пријавивме искочија
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl да, барем да им се даде јадењето...
    Искрено мнгоу се изреволтирав од ова... и не ми се верува дека вака прават рестораните.
    А гостите мора да се избројат, или се собираат онакви купончиња од секој гостин пред да му се стави храната...
    инаку како ќе се знае колку дошле колу не дошле?
    а и тоа за деца до 8 год цели порции, и тоа не ми е ок... најчесто тие не јадат све...за нив треба помали детски порции
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    @Sвездички си имаш купони, од машката мислам плави,женска розеви од самиот ресторан.
    И си се делат за време на вечерата, после се пребројуваат

    ти си кажал 180 гости тие ти даваат тебе 180 купони, и на крај вишокот се гледа, и според него си се калкулира дали ти дошле како што требале или џабе минус си одел

    А за детски порции да, имаш тие се пола цена, со оглед на тоа што ние имавме се на се максимум 8 деца не го земавме тој пакет, за сите цела порција, не знам после како би се објаснувала на која маса се децата искрено , е сега ако имаш преку 20 дечиња, тебе ти одговара да си земеш пола порција.

    Абе месеци убаво список планирање, и јавување по луѓе за сигурност, во ресторанот ќе ти кажат 5 дена пред свадба да си кажеш конечен број, барем во мојот случај беше така.
    Зависи и до газдите, до ресторанот...
     
  10. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    а оти не си ги зедовте порциите шо ќе ви дојдат одпосле луѓе на торта ќе ги почестите кога веќе се плаќаат
     
  11. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски


    Па договорете се по пола порција и кај нас имаше самите родители рекоа по пола порција оти нема да ја изедат и келнерите рекоа сами кај шо треба по пола порција купончињата на пола да бидат скинати
     
  12. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.039
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за помош... случајно го открив ресторанов од Маџари Гранд Гарден, па некоја ако била да ми каже дали е добар или некоја ако правела свадба да сподели искуство. Фалааа :))
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    E ова е баш интересно прашање.
    Дали само си плаќаш , а ништо не ти даваат?И ако си побараш ајде пакувај 15 порции дали ќе ти ги дадат?
    Овие нашите пријатели ништо не побараа, само си отидоа зијан.
    Има ли некој минус што отишол и да си ги земал порциите кога веќе си ги доплаќа? Што и посекако е најпаметно :D
     
  14. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Нас точно ни беа ама мислам дека пошто куварот кај шо ја праевме свадбава ни беше комшија и баш на татко ми му рекол ако случајно ви останат порции повеќе побарајте му на келнерите да ви ги спаковаат и да ви ги дадат оти ако не си побарате нема ни да си ги добиете а ќе си ги платите за среќа точно порции се погодија кај нас само 1 фазла доплативме башка за жените дома шо беа мислам за нив си побаравме 4 порции спаковани и ненаправија проблем пошто и точна си беше бројката со се нив.. Ама ако не си побараш ништо нема да ти дадат а вистина ко веќе плаќаш да си ги земиш барем секако идат луѓе на торта од после во овал ќе си ги ставиш месото само го даваат без сос и гарнир има ама башка паковани во пластичнине бели тајнири шо се ( кај нас така беа) башка месо башка гарнир ама само порцијата месо ја даваат без ордевери и салати
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Тоа што повеќето ресторани вака наплаќаат, не значи дека е исправно, тоа ми е муабетот. А ние како муштерии си молчиме „бидејќи сите така прават“

    а треба да си мудар и да мислиш на све... тоа е решението за секој поединечен случај....
    Сакам да испратам прашање до здружение на потрошувачи на темава, па да видам што ќе ми кажат...

    Надвор од темава, еднаш ги „гњавев“ во здружение на потрошувачи зошто е дозволено на тегли кои имаат „вештачки мед“ да пишува само мед, без објаснување за составот на производот внатре. Мед е произвид од пчели и ништо друго. Све што има некаков друг состав, без оглед колку личи на мед - не е мед. А на теглите во продавница пишува мед... како така? и ми одговорија дека тие не се надлежни за тоа :)))) веријатно ни за ова нема да бидат... сепак ќе им пишам ...
     
    Последна измена: 7 август 2017
    На schmookie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Бев јас брзо да го видам мене воопшто не ми се допадна просторот.
     
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    18.067
    Секогаш се кажува помала бројка. Пример, ако имаш список од 200 гости ќе кажеш 190. И од нив да се смета отстапката од 10%. На угостителите воопшто не им е проблем да спремат 10/20порции плус. Напротив... Во ќар се.
    На нашата свадба плативме 3 порции плус и фино лепо си ги земавме дома.
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.722
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство на ваква тема, баш се замислив сега.
    Логично ми е ако останат вишок порции и треба да ги платам, дека би си ги зела дома...?
    Па денес скоро секаде после прослава во кафана, пицерија ти пакуваат за дома.
    Сум видела дека и 2-3 парченца од средна пица ќе ги спакуваат, зошто па да не цели порции х неколку такви.
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  19. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    136
    Мислам дека е соодветно да дадат некој процент отстапка, меѓутоа уште не сме напреднати како менталитет да планираме однапред и уште се откажуваат термини со причините како некој се разболел, и понекогаш не се криви самите гости туку и некој не го пуштиле од работа на време, некој морал да работи ненадејно во друга смена .. и целиот систем всушност не ти дозволува да си планираш порано, особено за тие што навистина сакаат да дојдат а нешто излегува во последен момент. Оние пак кои не се јавуваат да потврдат и не се појавуваат се друга приказна.

    Она што ми смета од страната на угостителите е тоа што во договорот не пишува што се случува ако дојдат повеќе гости од пријавените, или дојдат многу помалку како што напишавте погоре - дали порциите се плаќаат, кој ги плаќа дали се подразбира дека ќе ги спакуваат.. Не разбирам зошто едноставно не напишат во договорот или во понудата, кога и онака тоа е информација која сите ги интересира.

    Додатно, @Ѕвездички ако веќе пишуваш до здружението, ќе те замолам и за следново: зошто на менијата не ја пишува ниту грамажата на порцијата ниту количината на парчињата во предјадењето или салатата. На пример, во салата поставена во овали пишува домат, а салатата е за тројца. Тоа значи дека еден домат ќе го делат тројца?? Или предјадење се состои од кашкавал, пршута (пак нејасно која количина). Многу на бегло и тоа опишано. Ниту составот на салатите (на пример цезар салата, да позната салата но на различни места различни состојки ставаат и пак се вика цезар). Исто и за пијалоците, кај оние што имаат негазирани сокови, водка, џин.. не дека јас лично пребирам бренд за (алкохолни) пијалоци, ама кога ќе се трудиш се да биде како што треба на тој ден, а ситниците не ги покажуваат малку е безвеза.

    Секоја чест на исклучоците, затоа што од еден ресторан добив понуда со грамажа, и веднаш знаеш дали е доволно за да изгледа како богата вечера или колку да се послужи нешто.
     
    На Dust и Ѕвездички им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    Уффф...
    Јас не шетав баш многу, имав 2 опции, ама од телефонски повици колку што памтам за €1 горе-доле вака се движат:
    -Парк €22
    -Градина €20
    -Бисер €14
    -Амор €16
    -Аликас€21
    -Везилка€22
    -Ла Тана €25

    Извинете за закаснет одговор, во хаос сум. :)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.