Јас правев свадба таму. Задоволна сум од се. Салите се добри, храната тазе. А имаат и некои гратиси. Гратис апартман (само за таа вечер). Јас кога правев свадба (пред 6 години) само тоа беше гратис. Сега имаат повеќе понуди. Свадбата може да продолжи и после еден часот, ама се доплаќа плус. На нас така ни кажаа.
Искрено јас не сум чула некој гостин да се пофалил од Континентал. Сум била на 4 свадби таму, од кои последната скоро и за жал ништо не се променило. Најмогу примедби има околу услугата- 2ка од 1 до 10, пијалоците (ако ги добиеш) топли, храната 3ка и за вкус и за изглед. Просторот зависи дали надвор или внатре - ако е внатре никако кристална сала. Мислам дека имаш други подобри опции, сепак твој избор. Јас лично не би.
убаво е надвор и на двете тераси. Внатре, не, за во лето. Оди види кога ќе има некоја свадба надвор атмосферата е преубава. Храна и пијалок зависи како ќе се договориш, нормално... мене таа градината со трева ми е најубава интимна е, се добива уваба акустика од бендот и може убаво да се осветли.
Еве го одговорот на мојот маил: „ Различни ресторани нудат различни услуги и договори, па така не е секаде исто, и во пазарна економија трговецот има право да ја формира цената по сопствен избор во согласност на одредбите од законите на Р. Македонија. Во случај одреден број на гости да не дојдат, тоа се смета за „кривица“ на потрошувачот, поради тоа што сигурно во случај да дојдат сите гости ресторанот е спремен да ја исполни услугата. Ова важи за сите видови на услуги, пр. Кога имате услуга за користење на мобилна телефонија, и цел месец да не го вклучите мобилниот телефон, фиксната месечна сума морате да ја платите итн. Во овие договори со рестораните можат да се вметнат одредби кои се поволни за потрошувачот, но за тоа мора тој да се избори (или да побара друг ресторан кој нуди поповолни услови), поради тоа што законски обврски за враќање на дел од сумата во опишаните случаи, нема. Агенцијата за храна и ветеринарство, со новиот правилник за означување на храната, ги задолжи угостителите на своите менија да ја означуваат грамажата, нутритивните состојки, алергените и останати важни информации за потрошувачите, и овој правилник треба да стапи во сила на почетокот на следната година, но веќе е започната негова доброволна примена во бројни угостителски објекти. Имено, ресторанот е должен да ги даде сите информации на потрошувачот при склучување на договор, па доколку сметате дека нешто недостасува имате право да барате измени во договорот и вметнување на најразлични одредби со кои ќе биде на писмено договорена грамажата на храната односно сите делови на понудата.“ на кратко што би се рекло : 1. Имаат право да наплатат за недојдени гости 2. Грамажи во менијата ќе бидат задолжителни од следната година
Здраво девојки, дали некоја од вас има правено свадба или било каква прослава во Вила Ина? https://www.facebook.com/vilaina/ Јас сакам ваков амбиент, не типична хотелска свадба ама цениве ми се малку скапи, најевтиното мени храна+пијалок ке ме фати околу 2500 од човек Исто така уште еден ресторан најдов ама не сум прашала за цени https://www.facebook.com/cherryorchardmk/. Имате ли искуство со овие 2 и дали има некој сличен ваков освен градина и везилка, а да е мааалку поевтин, не ми се даваат 13к евра само за просторот кога има уште еден куп трошкови ох Однапред благодарам Edit: Дали мислите дека ќе успее ова што имаат и понуда шведска маса, за 300 гости? Страв ми е да не настане хаос да снема храна па некој да не проба ништо
http://termin.mk/svadba/lokacija/hotel-kontinental - мене и континентал ми се допаѓа, на линков има слики, навечер е уште по убаво. најдобро е појдеш да видиш кога има свадба, секој има раличен вкус. Инаку во вила ина е супер, само што ако заврне нема кај да се скриеш инаку преубаво, и навечер е малку свежо накај ладно. http://termin.mk/svadba/lokacija/vila-veranda види го и ова, не сум била, ама го фалат.
Хелоу женски. Ве молам за помош. Значи денес сакаме да одиме во ресторан да оставиме капар , па ме интересира дали даваат некој доказ,потврда или што и да е за сигурно дека си платил за тој и тој датум. Зошто цело време сме во комуникација со некоја девојка вработена таму не со газда, па и на неа ќе и даваме пари, па ме интересира како и што е процедурата со тоа. Многу ви благодарам
Што е со цениве по рестораните во Скопје бе луѓе? Порано Воденица беше како најскапа, но сега гледам дека тешко да најдеш мени под 20е, па испаѓа дека Воденица со 23 и 27евра не е скапа опција... Палас е исто тука околу 30е... Многу ми изгледаат 20е од човек, дали јас сум станала скржава или цениве се високи за мк стандарт?
@Rubiii не си скржава цените во Скопските ресторани се превисоки за наш стандард, што значи в плико од човек треба минимум да остави 1.500ден
Епа од таа причина дел од луѓево одбираат поклончиња. На пр. моја другарка која има одлични примања, не прашуваше за совет за поклон до 1000 ден (а ќе одат заедно со партнерот, со поклон од 1000 ден), во ресторан каде порција е 20-23е од човек... Не е работава да ја извадиш свадбата, ама навистина е трошок, а народов си оди по свадби за гага журка,храна,пијачка, мн ниско размислување е тоа според мене. Дали знае некој во Аликас како се движат цените? Вила Ина мислев е поевтино... Истото го мислев и за Парк и за Ла Тана... Има ли некаде само простор да ти изнајмат, сам да организираш се (храна,столови, маси, украсување, пиење, декорации, келнери...)? Би се исплатело ли ова?
Аман бе,23-25е од порција тоа е премногу. Па не се само тие исфурани ресторани во Скопје има и поевтино со сортни вина и поховано плус јас никогаш не би дала +20е али секој со чергата. Па кога ќе видам плус осветлување декодирање си доплаќаш ауу.. Мојата порција беше 17е со плус похованици и сортни вина,декорација торта осветлување се вклучено во цената а со 1000 е жив срам двајца да одат на свадба искрено.. Барем 1000ка од човек
Лудо, зошто мислам дека ти не си од Скопје? Или грешка сум, тука правеше свадба? Верувај тие се рестораните горе доле во Ск, иако има и така поселски како од Тито ресторани (барем имаше таков, моја рода правеше свадба пред добри 15 год, 10-12е беше порција), ама веќе не знам дали постојат такви ресторани и тие цени, гледам свадбите се вртат по следниве ресторани: Везилка, Градина, Гламур, Рагуза, Ореов Лад,Палас, Воденица (се повеќе тука прават, што збори дека со цените се приближија и останатите ресторани, па барем Воденица е како некој бренд), Континентал, Вила Ина, Вила Веранда,Белви,Гарденија Велес,Имес,Ден и Ноќ, новиве Ла Тана, Парк... Толку ми текнаа во моментов.
Дада од Скопје сум јас Во Рагуза толку ни искочи со вина сортни жестоко ордевер плус похованици се друго гратис ни дадоа. осветлување ефекти при танц украсување маси столици. Плус тортата е гратис од самиот ресторан. И Замп е гратис Ние тек февруари закажавме пошто многу имаше навала за градски ресторан е сосема пристојно, јас сум задоволна. А Има и уште поевтини опции надвор од градот како АКВА ПАРК или ритуал итн итн ама мене ми беше битно во град да е, не секој има кола и превоз
Зависи какви гости ќе имаш на свадба, ако дојдат некои побогати можно е да ги извадиш парите ама повеќето не им е гајле доаѓаат за гага.. Во однос на самостојно организирање, зависи колку ти е буџетот, јас за украсување се распрашував, под 350 евра нема, оние цвекиња и слични дрангулии посебно ги наплаќаат, кетерингот е од 350ден нагоре само храната, за пијалок не знам. Ама кога ќе додадеш и осветлување, маси и столови да изнајмиш за поголема свадба мислам дека не се исплати. Ако е до 100 души нешто или помало има опции вили изнајмуваат сопиште и тој дел за забави се по ~200 евра па можеби ќе се најде нешто и за свадба (отворена). Ама живееме во Македонија такашто не верувам дека ќе се поклопат сите коцки и се' ќе искочи како што треба.. Јас лично сакам отворена свадба а ла пинтерест ама или ќе кратам на гости или нема да е толку фенси ресторан
Еве сега за покривање на свадбата. Ние не само што ја покривме туку бевме +80 посто во ќар од тоа што го потрошивме за свадбата. Свадбата верувам дека минимум ќе си ја покриете, не се секирајте посебно од блиските Работата е тоа што многу ги имаат набилдано цените, а реално не вредат да се толку Пример Ла Тана е тазе сега, јас кога спремав свадба уште не беше отворена. Вака убаво делува, ама предпоставувам дека е скапо Ако сакате поевтино да си поминете има ресторани приградски сум била на неколку такви, и сосема ок ресторани за цената биле Епа има разлика од 14-15е и 25е од човек реално. Една златна средина да си најде човек да си се распараша убаво и да разгледа опции Јас никогаш не сум била на свадба во Везилка Парк,очигледно им е скапо на луѓето... не познавам јас лично во мое опкружување некој таму да правел А тие декорации и осветлување изгор плус и да ги доплаќаш ама ете сепак се сведува на секој со можностите и чергата желбата, јас не сакав да трошам премногу.
@ludoto19 извини, мој привид за градот. Рагуза затворена има само така? Одлично сте поминале, баш ми даде надеж дека незначи свадбената прослава да чини едно мало скромно богатство. И јас сакам на отворено, некоја ливада, зеленило, со украси, сама би си направила декорации зошто ме бива...И за светлото си имам некоја замисла во глава.. Затоа ако слушнете некој да изнајмува простор, споделете....
Чичко ми кога правеше свадба на Кале некои од гостите што не дојдоа,на крај ни ја спакуваа храната.Зошто да не земе нешто што платил.Самиот газда кажува дека не е во ќар ако треба да има толку гости а не дојдат и да не им наплати ако нема за некој ден свадба во ресторан он нема што да и прави на храната и во загуба е.Мене многу ми се допаѓа ресторан Аликас,Њу Стар и Холивуд,има и Калабриа на отворено