Јас бев на мала свадба на балконот на Белви, преубаво беше, секако ако ви дозволуваат временските услови.
Здраво феминки! Нова сум на форумов. Сакам да закажам свадба во ресторанот хиподром, па ве молам да споделите ваши искуства. Ќе ми биде од големо значење.
Јас бев лани таму на свадба кај другарка, и може ќе те разочарам ама не ми се допадна услугата (и невестата и младоженецот не беа баш задоволни). Храната беше камен ладна кога ја донесоа, и не беше вкусна... Општо целокупно мислење за ресторанот ми е а и другаркава да ја цитирам (пошто и јас треба да правам свадба наскоро: Немој случајно да си резервирала таму, катастрофа ич не сум задоволна...
Дали некој во брзо време бил или правел свадба во Маркиз Делукс или Бела Чардак? Доколку некој има искуство го замолувам да сподели, моментално разгледуваме ресторани и овие се најдоа на нашата листа. Информации во поглед на цена, храна, услуга се најдобредојдени. Поназад во темава од пред неколку години видов некој пишувал за Маркиз Делукс и немаше баш позитивни коментари... затоа ме интересира сега како е? Фала однапред!
Некои информации и впечатоци за ресторан Каскада во Влае? Ми се допаѓа амбиентот и цените на мениата за свадба се доста пристапни!
Не сум слушнала лош коментар за Каскада. Знам дека младите се качуваат на подиум со лифт. Доста спектакуларно. И храна тазе, услуга квалитетна. Само пофалби слушам.
А со хотел New Star има ли некој искуство околу свадбиве, присуствувал ли можеби на некоја или правел свадба таму? Го открив вчера и се заљубив скрос, преубава летна тераса има со голем базен и се изгледа многу убаво стокмено.
Ima mnogu mislenja za restoranov, pobaraj nanazad.. Jas mojata svadba prvo ja zakazav vo New Star nadvor na bazenot no posle go vidov Park i tamu prezakazavme Inaku restoranot e top usluga i hrana na visoko nivo
Да, преубави ресторани има. Поготово сега се повеќе и повеќе стануваат актуелни и барани рестораните на отворено, и се повеќе се отвараат нови. Нас првично опциите ни беа Cherry Orchard, Ксантика, Парк, Ла Тана... ама сите се од 22 евра нагоре, а тоа е за нас премногу. Сега ги гледаме Бела Чардак, Маркиз Делукс и најнов што го открив беше New Star, цените ако сум добро информирана им се околу 18 евра што не е мала разлика со другиве. Не знам само каков е просторот за играње во New Star, пошто базенот е доста голем и зафаќа многу од просторот...
А што има во тоа мени? Средното која цена е? Штета што немаат ценовници, па мора вака да се информираме.
Јас мислам дека Kсантика ќе биде еден од најдобрите и најубавите ресторани, уште не е отворен ама како изгледа на сликиве... сон! Само и цените се високи, исто од 22 евра нагоре...