За Белви лани нас не кошташе 1450 по човек, со тоа што одбравме мени за пиење со сите пијалаци 400 ден и за храна мени со средна цена.
Јас на сите ресторани што ме интересираа им пишав e-mail, и ми пратија понуди за мени. Еве го на Cherry Orchard:
Девојки дали некоја скоро била бо белви на свадба .... конкретно ме интересира храната и услугата какви се?
Јас бев лани во септември, се беше одлично во однос на храна и услуга, и самиот балкон е убав, келнерите се сите убаво облечени, дури и со бели ракавици, секојпат кога ќе побарав имаше некој во близина. Јас сум малце и пипава за храна, па барав нешто да ми сменат, средија без проблем. Само немаат украсување (или младите не земале од ресторанот), знам дека сами ги декорираа невестинската и останатите маси.
Оваа година следува украсување и се баш се ми е топ само малку бев скептик за храната ама убаво мо дојде твоево искуство тнх !
Бев на свадба во Белви со најскапото мени. Главна тема следниот месец беше како сите гости гладни си отишле од свадбата. Не дека се оди за јадење, ама греота е кога толку пари некој плаќа да гледаш луѓе по маси како макаат леб со салата Инаку освен белите ракавици на келнерите (абе страшна работа) баш ништо посебно не беше. Местото е на проврев и во Август на 40 степени да отидеш таму дува и е свежо, а за Мај да не зборам- се измрзнавме. Местото за играње е реално мало и кога ќе станат 70% од гостите многу е гужва и нема кај да мрдаш. А да, и подот беше мнооооогу прљав. На сите фустаните доле кафени им беа, а црните цели со прашина. Генерално една од полошите свадби на кои сум била- за ресторанот мислам.
Види, за кој и да се одлучиш ќе чуеш и вакви и онакви работи. Совршен ресторан во Скопје не постои. Сите со нешто подбацуваат, а навистина е жал и срам на толку пари кои им се плаќаат. Фино е да прочиташ и чуеш мислења од луѓе кои биле гости на свадбата а не младите и тие околу нив, зошто нивната перспектива е сосема поинаква. Последна свадба на која бев беше во Аликас, за прв пат. Местото е фино средено. Ако ги прашаш младите и фамилијата ќе ти речат дека било супер. Ако го прашаш секој гостин што не седеше на главната маса и околу неа ќе ти рече дека цела вечер ја поминал во молење на келнерите да затворат врати т.е. стакла на преклопување зошто не однесе ветер и промаја. Излегувавме надвор за да "се стоплиме". Џабе е се ако укочена од свадба си одам. Моабетот ми е- секаде нешто не чини, а за жал во Скопје барем со цениве и избор на ресторани не треба да е толку лошо. Има 1000 работи, поголеми и помали од кои зависи целосната импресија. Со повеќето од нив скопските угостители не се замараат, а кога одиш да се договараш се може и се ќе ти направат. Не се разочарувај, реалноста е таа. Разгледај ги добро сите опции и за која и да се одлучиш немој да очекуваш совршенство. Ти посакувам среќа и се надевам ќе прочитаме некое добро искуство овде.
Потполно си во право баш тоа се убедуваме со вереникот, дека секаде постои ризик нешто да киксне, тоа е нашето чудесно Ск...фала на муабетчево и убав ден да си имаш
Маж ми беше таму на свадба. Презадоволен е од се. И од амбиент, услуга, храна. Знам дека еден период таму не се правеа свадби. Оној период пред да се смени името.
Една пријателка правеше таму, симпатично е ама ако ти заврне голем ризик да ти се упропасти цела свадба. А и масите се во трева.. штиклите лом