Вила Веранда има правено некој? Ние бевме ама троа скапичко ни делуваа менијата, освен првото. Ќе имаме 200 гости, така што 5 илјади евра ќе не фати за толку луѓе. Убаво е местово и стварно ми е број еден, ама дали вреди за париве?
Дали би некој правел свадба до 100 души во Каскада? Некако најмногу ми одговара со оглед на цената и она што го нудат?
Слушнав дека Ресторан Ритуал отвориле нова летна тераса, дали некој има таква информација или бил па може да потврди?
Братучетка на моја другарка правеше свадба таму. Другаркава е презадоволна од се. И од амбиент, услуга, храна. Јас би ти предложила да отидеш и во Бисера.
Тетка ми за двата братучеди правеше таму свадба. Ми се допаѓа ептен и мислам дека сума-сумариум цената би била иста како за во Каскада... Ама некако уштеко за брат ми кога гледавме, ми легна на душа... Се надевам дека ќе излезат у пресред за 100 души (плус-минус)...Ми се свиѓа и МКЦ ресторанот
Дали некој правел или присуствувал на свадба во ресторан Маргер? Баш сега го разгледувам, има убаво големо дворно место па ако има некој нека сподели искуство.
Дали некој познава шеф или готвач во ресторан за свадби? Ми треба за консултација, се разбира ќе си платам за услугата.
Здраво, Ме интересира за ресторанот Riverside во Сарај, вака изгледа локациски доста добро,па ако може да кажете ваше мислење ако некој присуствувал на свадба или пак правел таму.
Здраво, Да се јавам и јас со моите налудничави идеи Дали некој знае Аурора во Берово како наплаќаат за свадби? Претпоставувам дека е бубрег, ама би направила нешто поинтимно таму на отворено отколку типичен ресторан со 300 гости (ако ми одговара цената, нАли). Фала однапред
Здраво, Ајде ако можи некои предлози на ресторани за свадби во Битола. Дали знаете некој ресторан со капацитет од околу 200-250 лица каде има летна бавча или скали во салата по кои би слегувале младоженците? Благодарам
Мојата свадба ја правев летово во Holiday Inn и сум презадоволна од односот на вработените, начинот на соработка и услужливоста на персоналот. Само пофални зборови имам, накратко ги надминаа моите очекувања. Топло ви го препорачувам.