Се надоврзувам на погоре напишаното, бидејќи гледам дека повеќето идни невестички имаат проблеми околу бројката на гости, Holiday Inn ни излегоа пресрет, односно не не условуваа за минимална бројка и доплата на порции, доколку истата не се постигне. Напротив, менаџерот беше многу љубезен и инсистираше анексот на договорот, кој го скличивме недела дена пред свадба да биде за помала бројка на луѓе за да не заштити нас, т.е да не плаќаме плус во случај некој да откаже во заден момент.
Од 20,5 евра па нагоре, со тоа што може да си направиш комбинација од повеќе менија со иста цена. Во цената на секое мени вклучено е бело и црвено вино, пиво и газирани и негазирани сокови. Ракија, узо и виски (по желба) си купувате сами, а ви кажуваат количина во ресторанот зависно од бр. на гости, меѓутоа служењето на истите не го наплаќаат.
Da ve prasam, dali imate slusnato za noviot restoran za svadba Diamond Wedding House? Nov e od ovoj meseci pocna da raboti ama ako nekoja of vas slusnala nesto ve molam da mi piste. Fala mnogu, od tel sum zatoa e latinica
Има ли некој искуство со Дениција??? Услуга, храна, задоволни/незадоволни и причини? Многу ќе ми значи
Има ли Кавадарчанки меѓу вас што имаат правено свадба во стаклената сала на Ангропромет мислам се викаше ресторанот?
Јас бев на свадба таму, местото ми е ептен убаво, особено со тоа текстот на ѕидот, ептен елегантно, убаво местенце. Храната одлична! Уникатно, со интересни салати, предјадења, не е класично како на секоја свадба, ептен вкусно беше се. Друго искуство немам да кажам, ама вака ресторанот ми се допадна ептен, тоа беше една од поубавите свадби на кои сум била. Незнам осветлувањето дали е исто организирано од ресторанот, но и тоа беше ептен убаво.
Женски помагајте се двоумам дали да закажам свадба во далиа-ханибал...местото како место не е лошо али би одела на ризик бидејќи ветуваат дека ке се реновира имаат и слики како би изгледало. Само ме плаши подиумот за играње да не биде мал бидејќи ќе имаме 250 луѓе, страв ми е да не е ептен тесно..дајте ми некој совет што имал идено или правено свадби, и за храна, осветлување и услуга..секоја инфо ми е добредојдена П.с. ми кажаа ако резервираме сега ќе бидат сегашните цени, зш ќе ги зголемувале за 2евра ради реновирањето- што ми прави плус притисок да треба сега да одлучиме дали да резервираме
Здраво, дали некој правел мала свадба во Скопје и дали има предлог за каде би се одржала истата? Станува збор за максимум 50 луѓе, иницијално сакаме ресторан, кафана со музика да си има и после матично да си седнеме, да си јадеме, да се журкаме малце и секој по дома? Идеи ве молаааам, врвка ми е работава..
Rossonerka знаеш колку гости имале во Ханибал на савадбата кај што ви беше тесно за играње..те прашувам сега затоа што јас планирам таму а ќе имам 250 гости..страв ми е да не е тесно за играње
Те молаѓ за импресии од свадбата и инфо колку гости имавте дали ви беше тесно за играње или загушно ..и јас ќе правам таму свадба па секоја инфо ѓи е добредојдена
Baby те молам за инфо во поглед на просторот за играње во ханибал...дали би бил таман за 250 гости да не биде ептен тесно јас бев на една свадба таму ама не можам да се решам за да закажам
Лани беа од 9ипол 10 11 и 12евра плус 2ипол со 4е за пијалок си правиш комбинација и газдата е супер човек се постигнува договор
Здраво девојки, ме интересираат искуства од Вила Ина, дали имаат алтернатива во случај на дожд, каква е храната бидејки знам дека таму нема кујна. Имате ли некој предлог за нешто во тој стил меѓутоа со покриен дел?