Јас многу бев заинтересирана за Cherry Orchard, преубаво изгледа и првично се договоривме за дата. Ама отидовме на одмор пред да оставиме капар, и моите биле на свадба таму додека не бевме во Скопје. Прво ни рекоа дека собира до 350 гости, испадна дека и 300 едвај собира, и тоа еден дел од гостите на коњопои треба да се, нема доволно маси за толку луѓе. И моите начекале ден кај што врне, сите се криеле по коли да не накиснат и невестата пукнала од плачење бидејќи целата била со кал. Јас искрено откажав само заради бројката, имавме многу гости и немаше шанси да ги ставам луѓето на стоење цела свадба. За дождот знаев дека би било проблем ама не можам да знам дали ќе ми врне со месеци унапред на денот на свадбата. Спремна бев да ризикувам. Местото премногу ми се допаѓаше, и баш е несекојдневно. Ако немате многу гости и сте спремни да ризикувате со временските услови, може да биде убав избор. На крај правевме свадба во Везилка, и бев премногу задоволна. Апсолутно никаква замерка немав и воопшто не се каам за изборот.
Здраво на сите, се мислиме да правиме свадба во ресторан Ритуал (Трубарево), но не сме сигурни дали би имало доволно место за 250/260 гости и притоа да биде комфорно за играње. Иако капацитетот е 300 гости, не сме убедени дека нема да биде тесно. Дали некоја од вас може да сподели искуство од овој ресторан со отприлика таа бројка на гости?
Јас сум била на свадба таму. Голем е многу просторот, има место за многу гости, има паркинг. Ако имате помалку од 300 гости, може да изгледа празно. Храната е ок, како секаде, келнерите се услужливи.
Читав тука дека за ресторан Далија (Ханибал) се мислеше некоја членка дали за 260 гости ќе биде доволно комфорен ресторанот, а од таму викаат дека собира и до 400 гости. Дали има некој искуство од овој ресторан? За свадба со од прилика 350 гости.
Сум била на неколку свадби во Ханибал и за 250-260 гости просторот е таман. Според мене, многу се 350 гости за таа сала. Сепак, не е само да ги собере, а да се туткаат и да не се чувствуваат пријатно. Што се однесува до подиумот, има столбови и со тоа се намалува просторот за танцување, па затоа не би ти го препорачала за толку луѓе.
Имате ли некоја препорака за ресторан за од прилика 350 гости, но да биде со некоја пристојна цена на порција, барем до кај 18е? Сите со тој капацитет што ми се свиѓаат се со над 20е, а тие што ни одговараат со цената па просторот ми изгледа мал за толкав број на гости
Прашај во Ла Тана на камник, преубаво е значи, има голема сала од 300 до 550 луѓе, менија од 18е па нагоре се, со пиење со се
Ресторанот Хермес, пред Пинтија..огромен шатор и собира над 350 гости. а за порција ќе си договориш каква сакаш.
Јас бев минатата година на свадба во Cheery Orchard, искрено не би правела ни последно место да е, не ми е битен изгледот колку храната, извинете вака ама ја имаја сервирани како на стока да даваат,ужаас. Дента се погоди врнежливо, фала Богу вечерта не врнеше али паркингот... само кал. Братучетка ми плати 25 евра мислам не сум баш сигурна, не вреди дефинитивно.
Здраво, со маж ми сме загреани баш за Regusa360 ж, пошо останав бремена малце плановите се измешаа па не сакаме шпански серии со детенце, единствени слободни датуми се 18авг и 20окт, септември тешко дека некаде би нашле слободно. Сакам да ве прашам дали сте присуствувале на некоја свадба/веселба таму и дали вреди толку пари. Не сум од Скопје па би ми било огромна помош ако знаете и некое друго место слично наместено како во Regusa360.
Zdravo znae li nekoj kako se dvizat cenite vo Gradina za hrana i pijalok ? Bi vi bila blagodarka akogi imate slucajno meniata ili ako gi znaete cenite kako se dvizat da pisete. Fala mn