1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Aко, баш денес ќе проверам само не знам мислам дека таму идат повеќе млади, ние имаме и постари луѓе не знам дали ќе се вклопат со амбиентот, иначе гледавме и во Гурмет во Дебар маало, ама па таму нема жива музика а инаку нешт во тој стил многу ни се допаѓа.
     
  2. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Мене многу ми се свиѓа Два Елена...внатре е многу убаво средено, храната вкусна, цените пристапни, а капацитетот е негде до 80-90 гости ако не се лажам и има жива музика. Исто така мноооогу ми се свиѓа Окарина. Таму јас правев дипломска и моите сребрена свадба. Имаат убави понуди и жива музика. Таму многу често прават прослави со помалку луѓе. И Балканика е преубаво место, само малку поскапо во одонс на другите. Проверете во Дуомо, мислам дека имаат своја музика. Местото е преубаво, а воопшто не е скапо. И има уште еден ресторан мој пријател правеше регистрација таму и презадоволни беа. Бела Роза мислам дека се вика. Тоа е нов ресторан, преубаво уреден, жива музика има сигурно. Се наоѓа во близина на гостилница Љуц. Поздрав и се најубаво
     
  3. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Девојки колку време пред свадба закажавте ресторант? Ние се мислиме да правиме свадба во септември ама уште не сме одлучиле дали да биде во Скопје и немам побарано ништо :(
     
  4. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Време ви е за закажување, обично сега закажуваат една година порано (и јас се чудев како е можно толку рано :o ). Ние почнавме да бараме ресторан 6 месеци пред терминот и скоро се беше зафатено... :( Да не те плашам ама почнете си веќе со разгледување понуди за да немате после непотребни нервози како нас затоа што и ние правевме свадба во Септември а тоа е најсвадбарски и најбаран месец :D
     
  5. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Ние закажавме 8 месеци пред свадбата и веќе имаше резервирано термини. Свадбата ќе ми биде во мај, а се знае дека мај и септември се сезони за свадби :) Затоа моја најискрена препорака е кога веќе знаеш дека ќе правиш во септември, барај уште од сега. Немаш зошто да чекаш. А одма полсе ресторан во матично што е можно побрзо, така јас направив. Ресторанот, а два дена подоцна матично..за датумот кој го избравме веќе беа речиси полни термините. Затоа се со време и на раат направи си. Поздрав
     
  6. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Незнам како се движат овде цените, ама местово е сон! хотел roger piano,скопје
     

    Прикачени фајлови:

    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    ^ Околу 30ина евра/ порција. Поприлично многу.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мое мислење за хотел roger piano,скопје - премногу КИЧ

    Од друга страна, ноќ на вештерките може да се одржува таму.
     
    На CameliaMiller, BoaVista, Antebellum и 4 други им се допаѓа ова.
  9. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Еве набрзина најдов некои добри...
    Хотел-ресторан New Star 5* http://www.facebook.com/pages/Hotel-New-Star-5/144271755583864
    ресторан ТВРДИНА КАЛЕ http://www.facebook.com/profile.php?id=100001219155742
    Боними ресторан http://www.facebook.com/profile.php?id=100002608220677
    Ресторан Каскада http://www.facebook.com/restorankaskada
    Ресторан Олимпија http://www.facebook.com/profile.php?id=100002583360743

    Имаш и Ромео и Јулија,Хотел Белви...не ми текнуваат други. :D
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Хехехе, имаш право, вришти од кичерај, уште додека се правеше се чудев што гнасно ќе излезе од тоа и не сум погрешила, трупале трупале па се заборавиле. Од надвор мислиш дека е џунгла некоја со тие бои, па нешто крокодили, игуани а скалите, страв да те фати, таму не смеат деца да одат, уплав ќе добијат.
    Внатре не сум била, ама според сликиве не ми делува ич убаво, големо, ладно, мрачно, пре натрупано со "стилови". Не знам кај им одговараат крокодилските форми со човечките статуи. Замисли колку креација има за фотографите таму, можат да ја сликаат невестата во глава на крокодил а младоженецот како ја спасува, да си играат криенка низ мноштвото од статуи, фигури, или да му се фати за мочалото од статуите, да седне, стане и сл :lol: Добро може не се крокодили баш ама имаше нешто слично од страничниот дел на скалите. :rofl:
    Од ресторантиве кои ги набројавте Олимпија е нај добар според мене, два пати одев на свадби таму, ма да мене ми беше некако далеку за избор за моја свадба.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски

    Според мене New Star е full, од убаво средено, услуга,храна...а и цена
    А Олимпија исто така мнооогу ми се допадна, баш братот на дечко ми,таму правеа, се се е убаво, можеби малку малку пошироко треба да е местото за играње но супер е сепак.

    Нешто ново што имам видено, што навистина ми се допаѓа е Голд Клуб
    http://www.facebook.com/pages/Gold-Klub ... 3357751294 :up:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Каскада и Белви дефинитивно.А можеи она новоно отворено на автопат што е, во рустичев стил.
     
    На N.Kety и BurstBerry им се допаѓа ова.
  13. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
  14. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Девојки, во потрагата по ресторан за свадба кој нема да биде нешто веќе видено или комунистичко налетав на овој. Мене многу ми се допадна, а и цените не им се лоши. од 11 евра па нагоре.
    http://www.facebook.com/restoranavanti
     
  15. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Сум била на неколку свадби во ресторан Ромео и Јулија и можам да кажам дека се екстра.
    Јадењето е преубаво, услугата исто, а и ресторанот е супер среден, башка шо и китењето ви спаѓа во цената. Менијата не им се скапи, во споредба со други ресторани кои се надвор од центар на Скопје.
    Еве го нивниот сајт
    http://www.romeoijulija.com/
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Да се е ок во Ромео и Јулија само мене ме изнервираа со нивното понашање дека мали свадби прават во петок и недела а само големи во сабота е тоа стварно ме изнервира а истото го имаше и во други ресторани низ скопјево. Е што сега некој ме ограничува ако сакам да правам мала свадба да неможам да си ја правам во сабота е како да не кога сакам тогаш ќе си ја правам и точка ;)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Слаба е климатизацијата во Ромео и Јулија,лани бев на свадба таму во септември гостите беа како да се туширале,особено оние што играа повеќе,а се друго беше многу убаво!
     
  18. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    64
     

    Прикачени фајлови:

    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Овој Роџер пијано ми е катастрофа невидена. Човекот сакал да направи нешто од бајките ама дефинитивно малку забегал па неколку стилови му се испомешани и тоа доста нескладно :?:
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    може некоја роднина во постари години пупу недај боже и срце ќе ја фати од изгледов на ресторанот :D