Здраво Ве молам девојки кој има совет или насока да ме упати. Сакаме свадба со 150 луѓе одприлика, ама скоро сите ресторани освен Вила Веранда и Дениција не ја нудат оваа опција односно бараат минимум 200 гости за петок и недела и минимум 250 гости за сабота. Навистина ми треба совет и препораки каде би можела да ја организирам свадбата, не ми се допаѓа многу оној класичен стил на ресторани затворени огромни каде ќе се бараме со гостиве хаха но во Скопјево нема нешто што се нуди поразлично и за таа бројка. Ми се допаѓа Рагуза 360 но ете таму само од понеделник го четврток за таа бројка може
Некој искуство со ресторан Парк- Скопје? Која цена се движат менијата? Каква е услугата и просторот конкретно?
Дали некој бил/правел во следниве 3 ресторани да сподели искуство или да направи споредба, би ви била ептен благодарна 1. Ресторан Парк 2. Едера руфтоп новиот 3. Везилка
Парк имам јас правено свадба и беше прееубаво, ние бевме меѓу првите таму што правевме, навистина верувај уште сите ми зборат како поминале на нашата свадба Пред некој ден пак се распрашувавме за таму дека сакаме уште една веселба но закажавме на др место дека нема да викаме толку гости како за свадба..
Јас правев свадба со околу 160 гости во петок во ритуал летната градина. Само за во сабота бараа над 200 души. Презадоволна сум
Здраво девојки, дали има некоја од вас искуство со свадба во Хилтон, и дали имате инфо како се движат цените?
Некое убаво место за есенска свадба во Битола? До 100-120тина гости. Нешто шо можи да се украси вака. Досега вила Молика ми се виде убаво. Шумски фенери немаат капацитет и не дозволуваат жива музика.. Балукс, Вавилон ми се многу како сали, огромни и бели. Сакам нешто вака покомотно со тој стил на природни материјали да трпи есенски декор а и немаме многу гости.
Дечки да ми препорачате некој ресторан/кафана за 30тина гости? Не правиме класична свадба туку само прослава со најблиските и друштво, ама рестораниве за свадби за толку гости мислам не можат да се резервираат
Дечки, дали знаете како се движат цените по порција во рестораните за организирање свадба сега? И дали имате искуство со резервација сега за една година од сега, дали цените ви се фиксни уште од сега или ќе бидат ревидирани подоцна со оглед на цела економска ситуација? Има ли ресторани кои гарантираат дека договорената цена сега ќе биде непроменета и за една година од сега? Благодарам на сите одговори.
Не знам дали некој би направил договор со непроменливи цени. Ние закажавме ресторан еден 2019та година, за пролет 2020 по цена од 15,5 евра по лице. Со пандемијата и останата целокупна состојба успеавме да направиме свадба мај 2022 и тоа цената која ја плативме беше 22 евра и тоа затоа што веќе имавме капар оставено. Сепак можеби некој би се нафатил и на договор.