А каде се наога? На фб не гледам локација дека навеле. Аликас шаторот за свадби знам кај е, не е ваљда таму?
Визбегово…од задната страна на Аликас е. Ама Аликас како ресторан е баш како што видов пред некој ден. https://www.google.com/search?q=lov...sc:azCz52EJY5U,trex_id:xYV1D&lpg=cid:CgIgAQ==
Ќе поминам некогаш убаво да го видам просторот. Летниот дел кај што прават венчавки ептен ми се свиѓа ама за 2 месеци надвор нема да ми одговара... Преубаво изгледа
Даа многу е убав. Со ресторанот каде што правевме скоро иста цена на порции беше. Абе ептен ми дојде криво, мада и во ореов лад беше убаво.
Девојки вие што сте правеле годинава свадба да споделите цени за мени и подетални информации за услуга, како сте задоволни од ресторанот што сте го одбрале?
Ореов Лад 1100 за 4 саати, има и од 1300/1500/600. За 5 саати над 1600 беше менито. Лове ресторан над 1200 ден порција.
Девојки, дали некоја има инфо дали порциите од нареднава година ќе се поскапат? Го слушнав муабетов на неколку места од вработени по рестораниве, па не знам дали да верувам. Сега ако се по 22-25 евра порција, којзнае што би правеле по 30 евра да се....
Ако закажеш сега или си закажала, види во договорот дали ти стои дека цената ќе остане непроменета или препрашај и побарај си се на писмено. На колегата една цена , кога дојде ред да плаќаат друга, поската.
Да споделите мислење за Везилка и Wedding house? Може и други ресторани да предложите од кои што сте задоволни. Со капацитет од околу 250-300 луѓе.
Дали некој има искуство со изнајмување на Вила Бабин Заб на Пелистер за свадба? И кететинг и декор во Битола?
Од тој регион сум таму, и имам на доста свадби одено таму Услуга перфект Јадење перфект Местото е супер
Ragusa топ. Немаше некој кој не пофали јадењето, а јас пример повеќе сакам ресторани со потопла атмосвера, надвор за регистрација беше прееубаво. Wedding house ми беше некако како магацин и бели светла.. не. Јадењето беше добро ама не беа порции за секој по една туку на средина и да си земаш.
Во Diamond правевме преубаво беше толку гости имавме отприлика и баш беше комотно за се ,услугата врв сите гости ми ги фалеа. Све навреме сервирано топло никој не се пожали во смисла да ,,брка келнер ". Презадоволна сум.
Ми остана неостварена желба, си ја откажавме свадбената прослава во 2021 заради короната, баш кога почнаа да бараат да си вакциниран. Ама преубаво е, прекул место и баш е simple, како што сакав. Тогаш можеше со кетеринг, ќе си го платевме само просторот и музика ќе си викневме. Сега мислам дека е само со нивно мени и поскапено малку ама најдобро јави се прашај си и разгледај си, дечкото е супер услужлив.