1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ресторани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 21 април 2011.

  1. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    367
    Здраво на сите! Има некоја што правела свадба до 100 гости по коронава? Како сте задоволни? Општо, дали знаетр кои места се за до 100 гости... ко што гледам повеќето ресторани имаат капацитети за 250+ гости, дали тоа значи дека можат да ги приспособат за помалку? На сајтовиве не пишува ништо :/
     
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Континентал имаат опција и за мали свадби
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    8.294
    Пол:
    Женски
    Ореов лад, Лове позади Аликас што е, Меана буре, Етно село Кучково…
     
    На Shaya и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  4. mucka3

    mucka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има контакт од Винарија Тиквеш или знае цени за мени за свадба?
     
  5. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Парк е на истите газди од Рагуса 360 и Рагуса 919.. тоа значи на луѓе што си ја знаат работата и се сериозен бренд во угостителството. Сум била, преубаво е и знам дека беа многу беа задоволни младенците од менаџерот.

    Едера ми е некако копија на Рагуса 360, барем од сликиве.. не сум била но ми изгледа помало. Знам имаат и они уште еден ресторан во Лисиче.

    Везилка е ако памтам меѓу првите отворени ресторани кај нас, доста луѓе имаат правено свадби таму. Сум имала прилика и таму да бидам гостин убаво е.

    Сепак најубаво е некоја невеста од прва рака да сподели за сите :)))
     
    На mssuniquee и angel4444 им се допаѓа ова.
  6. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    И едера се истите газди од парк и рагуза
     
  7. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Мајка ми беше на прослава за НГ таму… ладно јадење и крш атмосфера.. не знам за свадби како е
     
  8. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Не се истите газди, знам од другарка што ги познава
     
  9. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Летово бев во Аликас и Вила Касијана.
    Прекрасна услуга на двете места, одлична храна, доволно келнери, нови модерни ентериери.
    Двата се за над 250 гости.
    Би рекла Касијана повеќе ми се допадна, има убав двор со романтично место за матично.
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Би сакала да ми предложите и да ме советувате околу изборот за локации за свадба на отворено.
    Не барам ништо фенси, сакам да е лабава забава на отворено.
    Дали некоја од вас има искуство со Atk premium club или Cherry Orchard?
    Би била благодарна да ми предложите нешто слично на тие две локации.
     
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    8.294
    Пол:
    Женски
    Јас би ти предложила и Ореов лад, Лове во склоп на Аликас.
    Убави и пријатни за свадба на отворено. Убава храна, услуга исто супер. На едно место правев свадба, на другото бев присутна .
     
    На Annabel Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sarajaz

    sarajaz Нов член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, заинтересирани сме за свадба во септември во Вила Веранда, исто така ги гледавме како опции едера руфтоп и рагуза 919, дали некој има искуство со овие места и кое е вашето мислење? Благодарам однапред:)
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    И во двете сум била, Cherry Orchard не ми се бендиса нешто во вкус јадењето.. а и сервирано ужас, само бапнато на тањир. Atk пак си имаа кетеринг викнато, бевме околу 50 луѓе, нешто многу не можам да кажам оти од сите сончеви дена, дента беше небо и земја споено, стеснати бевме на подоумот уствари кај што беше планирано за играње.. би било супер ама опција ако нема за внатре, јас не би ризиковала.
     
    На simonce97 и Annabel Lee им се допаѓа ова.
  14. Kris30333

    Kris30333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво. Би сакала да Ве прашам дали некоја од Вас имала свадба, или сте присуствувале на некоја прослава во ресторанот Ederra rooftop, и какво е вашето искуство?
    Благодарам однапред.
     
    На Radmilla и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  15. Sugamama11

    Sugamama11 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    И мене исто така ме интересира какво е во Едера за свадби, дали услугата е добра и како се храната и пијачките.
     
    На Kris30333 и Radmilla им се допаѓа ова.
  16. Ivan4e04

    Ivan4e04 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Предлог за ресторани во Струмица?
     
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    4.647
    Етерно!!! Нов е, и преубаво е. Бев прв пат пред некое време, и искрено да не беше мојата веќе капарисана на друго место, одма ќе сменев локација. Ги видов и мениата што ги нудат, воопшто не се скапи, а има многу храна и пијалоци, и услугата е топ.
     
    На Ambitious и Ivan4e04 им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    4.647
    Дали за деца ви намалуваат на цена, или целосна порција плаќавте?
     
  19. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    52.100
    Пол:
    Женски
    Зависи како ќе договориш со ресторанот, последно што правев веселба во ресторан имав детска порција од плескавица и помфрит :D
     
  20. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Зависи каде , еве на пример јас плаќав цела порција таму кај што правевме свадба , без да се распрашам низ други ресторани како е . (Не сум од Скопје) Распрашај се убаво кој ресторан што нуди :D.