Прашај во ресторанот и зависи од годините на децата. Кај мене имаше ( што си ги донесоа де) две малецки од година ипол и 5, ама за нив мени немаше зашто јадат како врапчиња. Другото беше 10 год и стандарт мени имаше , зашто си јаде како возрасен.
***претходно го поставив во другата тема за свадбени совети etc Ве молам за идеи Во ОХРИД за околу 70 гости, некласчина свадба туку како еден свадбен свечен ручек со добра атмосфера и музиче некое (live) во позадина каде може да се организира -предлози за ресторанчиња? Венчавка со крштевка така планираме да е ама само со најблиските *Биљанини веќе ми ги предложија
Здраво. Кога се ставаат китенките (ако така се викаат) на кумовите и деверите? Имено проблемот е тоа што нема да имаме класично земање на невеста (заедно живееме одамна) и ќе биде без музика . Планираме да биде само кратко дарување на кумовите и многу малку време да се задржуваме дома пред венчавката во црква. Кога е најпаметно да ги ставиме китенките, како да се одвива целата ситуација што би ме советувале? Благодарам ❤️
Па со оглед на тоа што ќе немате по невеста кумот секако последен доаѓа, може кога ќе дојдат да ги накитиш, секако не одзема многу време тоа, една минутка.
Кај Местоно- Пештани..еднаш кога бевме имаше свадба, на прием девојки со виолини, после цело време одеше некоја забавна музика, ептен ми остави впечаток
Знаете некој ресторан за свадба околку 100-120 гости, со конопои и маси за седење за постарите но да нудат шветска маса не порција за вечера? Може и некоја вила што изнајмуваат за прослави. Во скопје
Здраво девојки! Ве молам да ми препорачате некое романтично место што може и надвор- за свадба. Нешто како ресторан Love или Вила Касијана, ама да биде до 80 луѓе на пр. Дали тие сами украсуваат или треба сама да организирам? фала ви од срце
Здраво девојки, има ли некоја што правела свадба скоро во Потковица или Ла Тана да сподели искуство? Ви благодарам
Здраво девојки, некоја што правела свадба или сте биле гости во Ла Тана или Рагуза 919 да сподели искуства? Се двоумиме помеѓу овие два ресторани и не можеме да се одлучиме сеуште...
Рагуза 919 не ми се допаѓа, не е нешто лошо ама е темно според мене, и плус од страната кај што е надвор пушачкиот дел дува шиба кога се излага надвор.. Ние закажавме ла тана, ќе видиме како ќе е
Јас бев на свадба како гостин овој месец во двата па имам свежи импресии. Рагуза е класа над Ла Тана по мене, а очекував да биде обратно. Просторот на Рагуза и мене ми делува малку мрачен ама имаат навистина многу добро осветлување па не се забележува тоа што по некое мое видување плафонот треба да е повисок. Услугата беше врвна, келнер до маса во секое време -реакција веднаш, јадењето топло и вкусно, нема пластични шишиња по маси (ситница, ама мене ми боде очи), во случајов паркингот беше платен за гостите од свадбата (сум била и кога не бил, па се направи застој за одење). Од Ла Тана очекував повеќе од Рагуза зошто по слики ми е поубав ама се разочарав. Можеби мене ми се погоди така, не знам. Бевме на масата до младите, маж ми втората пијачка ја чекаше 40 мин. Шаторот беше прљав, со флеки (можеби сега го средиле), ми пречеше столбот на средина, јадењето ок- ништо посебно. Тоа е мое лично искуство, само споделувам. Можеби некој поминал поинаку.