Сум била во двата, Рагуза919 е далку подобра. Поубав амбиент, услуга 10ка. Храната е одлична. Мислам дека и со цената се различни ако не се лажам. 8/10 Се согласувам со членката погоре во врска со Ла Тана. Мислам дека никој веќе не служи од пластични шишиња освен нив. Храната ништо посебно, а за пијачки чекавме по 15минути, останавме трезни со другарките. Хигиената беше океј, ама се друго 3/10.
Кога вака се двоумиш може да ти помогне да ги видиш по инстаграм/facebook профилите, како е претставен ресторанот како изгледаст свадбите итн..
Рагуза е мноогу поубава и многу по квалитетно јадење имаат. Ла тана е многу нискобуџетно јадењето и неквалитетно. Неспоредливо
Бидејќи е од лани прашањето, да прашам дали најдовте ресторан кој ја нудат опцијата за гости ди 100 -150?
Ние сме во потрага по ресторан во Скопје што ќе се нафати за свадба со малку гости (максимум 130 ќе имаме). Дали имате некаков предлог?
Супер да ти кажам. Постојано имаше келнери околу масите, топла и вкусна храна ( јас многу малце пробав ама месото беше преубаво). Имаш опција со 4 саати и со 5 саати. Разликата е во тоа што во таа со 5 саати вината биле во флаша и некои такви ситници и разлика во цената. Ние избравме со 4 саати и беше доволно, плус ден недел, викам нека одмараат луѓето утре за на работа хахахах За ако имате и деца гости имаат реквизити и огромен парк да си трчкааг. Се на се , задолна сум во секој поглед. А јас инаку се истурив од повраќање и одговорниот ми викна дискретно брза помош од заден дел да ме дигнат за прославата. Ииии напомени си дека ќе имаш твоја музика, бидејќи они имаат некои чалгии од сам ресторан.
Премногу ти благодарам за информацииве. Дефинитивно со вереникот ова место ќе го разгледаме, а и мило ми е што слушнав позитивно искуство од тебе. Битно ми е се да биде убаво и сите гости да бидат задоволни.
И нешто што јас го пропуштив е фотосесија кај водападчето што им е, од повраќање едвај со гости се сликав хахаха
Во Охрид со убав поглед да предложитр ресторан да не е скап нормален од ваше искуство за венчавка и крштевка август месец сакаме
Девојки, препорачајте ми не толку скапо убаво ресторанче во Скопје за 20тина души. Некое по можност со маси што се малку по настрана од другите гости.
Пред неполна година правевме, 1100-1150 беше за 4 саати, според мене небитна ,,услуга” во разликата во цената ( флаширани вина и нешто околу предјадењето), но на нас ни се допадна. Мислам дека може и уште ми стои менито, да го побарам и да ти пратам доколку сакаш?
Здраво феминки, дали некоја од вас правела свадба или била на свадба во Куршуми ан? Ако може да споделите ваши искуства, колку е цената за изнајмување на просторот, и дали има паркинг?
Здраво девојки. Дали знаете колку % капар се остава од прилика по рестораните? Конкретно ме интересира за Рагуза и Парк, но добредојдено е секое искуство.