Здраво феминки, Предлог ресторан за свадба во ноември до 150 гости во Скопје? А и некоја невеста да сподели искуство што правела свадба во ноември
Мој предлог ти е ресторан Градина или за поголема свадба Касијана.Тие два ресторани ги држи еден газда инаку рестораните се совршенство. Тоа ти е мој предлог изгуглај ке ги најдеш
Дениција е за помал број на гости, провери таму. Јас бев во Рагуза на свадба во ноември ама голема ќе ти биде за толку гости. Инаку супер е периодот, раат е одењето по невеста и чекање пред црква
Веранда ако е за отворениот дел во Ноември е ладно. На високо е, отворено ( ни тие најлони не помагаат), дува. Сум била и на свадба и сум работела ладничко е за тој период.
Fala vi devojki za odgovorite, odime deneska do Gradina, Kasijana i Denicija da vidime. Edera i Ragusa gi gledav ama se nemam javeno zasho imam skici videno i se nad 150 gosti tie skici pa mislev nema ni da se javam, ama kje proveram i tamu ete. Inache svadba koga velam samo na proslavata mislam. Matichno i crkva zavrshivme
Дениција подобрата комбинација храна+пијалок над 30 евра надмина. Добро бе луѓе, значи гостиве да дојдат и барем да покријат јадење треба да остават по над 1800 денари од човек.. прескапо Касијана исто не бендиса ама жената одговорна за финансиите не беше тука, со неа следна недела. Знаете колку е порција таму, јадење и пиење?
Секаде е веќе толку порција, не е само во Дениција. А искрено на 10 свадби бев до сега, реално свадба е.. колку треба да се остави 10 евра ли.. и на некој со не ни бил близок па 40 евра сум оставала од човек. За жал инфлацијата си го направи своето, кога се случува такво нешто се знае дека првиот удар на покачување е храна и пиење, па со тоа и рестораните се поскапени.
Се вратив од поназад да читам коментари, со оглед на тоа какви се цениве, решив да не искучувам ништо ко опција: Некој да сподели скорешно искуство за Континентал, последнава година, две? Од се` што прочитав на форумов искуствата се или „Се! беше прекрасно“ или „Ужасно, ништо не чинеше“ Таму понормални цени за нашиот буџет има сакаме да одиме утре да видиме на лице место Прочитав добри и лоши искуства и за Холидеј Ин - некој скоро и таму да бил да сподели? Цени не знам треба формално барање да пратиме на маил и исто моментално салите им се реновираат и ќе бидат готови почеток септември, така на маж ми му кажале. Далиа личи ко да е добро место за 150 гости. (Некако дури од сликиве највише ме бендиса ). Дали вака како на линков е? https://termin.mk/svadba/lokacija/restoran-dalia на копчево за 360 кликнав. Исто кога зборите поделени гостите, дали на вака се мисли како тука? Јас мислев тоа е нормално...лево пример гостите од моја страна, десна од маж ми, а најблиските на првите маси до нашата главна. Ресторан Бисер - https://www.facebook.com/resbiser/?locale=mk_MK не можам убава слика од салата да најдам ама личи ко да е реновирано. Дали е многу големо за 150 души?.. тоа се максимум 20 маси со се масата за музика (планираме по 8 луѓе да ни бидат на маса) ЛаТана било какво скорешно искуство Било какви искуства и цени за овие да споделите би била благодарна. Имам и уште едно прашање ама ќе го оделам од овој дел со рестораниве
Дали некој воопшто правел и дали е можно свадба само со избор на опција мени само јадење а за пиење колку да се нарачало толку се платило да сподели искуства? Прашувам пошто низ читањево имаше една членка многу добра поделба направено: 40% мажи, 40%жени 20%деца.. реално мажите пијат повеќе од жените, децата не ни пијат толку трчаат цело време околу Исто дали знаете кога викаат пола порција се плаќа за деца под 10 години дали мислат на пола цена од храната или пола цена од храна+пиење(пакетот). Извинете на делкањево ама стварно луксуз стана свадбава а целта беше порано да идеш да прославиш љубов и да се видиш со фамилијата и сите да заминат најадени, напиени, наиграни и весели
Реално менито за пијалок е околу 5-7 еур. Вака би те фатило далеку поевтино отколку да платиш секој кој што пиел , и на крај од вечерта колку си сигурна дека нема да те украдат ?
На детски роденден во игротека со 20тина возрасни (за децата соковите беа во закупот на игротеката) плативме 150 евра, за 2 часа, па види дали ти се исплаќа да плаќаш што ќе испијат 150 души. Свадбите се од 19 до 1 по полноќ најчесто
Ми помина време за редактирање. @deteriora Види го ресторан Ексклузив во Кисела вода. Мислам дека и со цени се ок ама одамна немам поминато натака.
Dobiv i od Ekskluziv ceni ama mnogu malce gledam kontent posle 2019 po socijalnive mrezi, kje moram da vidam na lice mesto kako izgleda.