Девојки, искуства од Камник? Колку им се движат цените и дали некоја правела свадба или присуствувала на свадба таму неодамна? Исто и за Вила Ина ме интересира. Притоа, да напоменам дека би имале максимум 160-170 луѓе, би сакале да биде на отворено (со опција за нешто затворено/покриено за недај боже :')) Предлог за нешто вакво? Секако дека ќе отидам да прашам во овие, но собирам информации кон кои места да се насочиме и да испланираме кога би отишле.
Сега бевме на Камник, порцијата им беше 50 евра, шведка маса од пиле млеко буквално, ама пиењето си е од вас. Е сеа малку лошо само послуга. Надвор имаа шатор ставено бидејќи заврна, али супер беше. Ама јас не би правела со шведска маса. Исто и претесно е со шатор.
Искуство со Винарија Сопот во Велес и Ресторан Дворец во Скопје? Ме интересира за цена како се, дали се нуди само опција со порција или може и со шведска маса? Би имале околку 130-150 гости, исто ми би можеле да ми предложите и други места во Ск. Не сакаме класична свадба, бараме така нешто на отворено со можност да се наместат конопои и маси за седење на страна за повозрасни.
Чисто да си пишам мое мислење за рестораните во Скопје кај што бевме годинава а имавме повеќе свадби заради пауза од 3 години што немавме барем кај нас од фамилија веселба. Може на некој ќе му послужи за идната година. Ресторан Парк- Одлична услуга , амбиент и услужливи келнери едноставно не можам да имам замерка. Рагуса Руф топ - Исто како Парк. Едера руф топ - Живи компири јадевме . И викам ај може само мојата порција се погодила така ама сепак не цела маса што седевме на сите живи компири. Вила Веранда - Освен погледот мене стварно овој ресторан не ми остави впечаток. Плус што ме изненади е што место десерт торта добивме шлаг во чаша. Не знам како може така дали младоженците барале или од ресторанот али ств без веза. Аликас - Одличен ресторан и услужлив персонал. Градината ми се допадна премногу .
Мислење/совети/искуства за свадба во Билјанини Извори -ОХРИД ? Што мислите за локацијата? Знам дека не е типичен свадбен ресторан, луксузно,кристали итн но ми се допаѓа етно амбиентот.. блиску е до градот .. Дали е добра локација за свадба? Какви се чаршиските муабети и оценки?
Со Везилка имам искуство, прекрасно, без замерка од прв момент до реализација на свадбата, се си беше под конец, храната превкусна, келнер нон-стоп достапен, дури ни се „жалеа“ гостите дека пребрзо им носеле пијачки па се опијаниле, секогаш спремни да објаснат, испорачаат нешто различно на наше барање и достапни за контакт во секое време Прават пробна вечера на менито што ќе го изберете за да видите како ви се допаѓа и дали сакате да се измени нешто. Во Вила Касијана бевме на свадба лани, убаво е и таму, фенси изгледаше, храната беше фина ама ми се чинеше потесно, немаше многу место за играње.
Здраво, ако може искуства за ресторан Ксантика имаат сала и летна бавча, конкретно сум заинтересирана за бавча бидејќи летно време ке биде свадбата, ми го испратија менито со цените тие се шо се, вака во споредба со изгледот на ресторанот по мене и соодвестуваат да бидат такви, 27€ најевтиното мени со пијалоци. Меѓутоа ме интересира услугата,храната,квалитетот…
Здраво, ве молам за искуства со Ресторан Потковица Хиподром и Ресторан Дајмонд Скопје за поголема свадба?
Ние правевме свадба 2019 во Дајмонд, презадоволни од се. Услугата беше врв што е мислам најважно, келнерите растрчани цело време, уште не допиена пијачката носеа нова, јадењето беше исто супер. Просторот е голем, ние имавме околу 330 гости и беше таман за играње.
Јас сега бев на свадба таму, искрено хангар, прелош, храната па уште полоша, услужливост никаква, го бркавме келнероте, за на крај да дојде да ни ги бара чашите зашто им снемало па тие за вода ни ги зема. И според мене ресторан што наплаќа кафе на гостите а им плаќаш толкава сума на пари и на нив до 2000 ден им е дојдено, ми е тешка мизерија. Ние правевме у Парк и искрено презадоволна од услуга од однос храна, буквално се.