Па треба да си го прашате менаџерот/менаџерката на ресторанот .. има разлика дали е петок или сабота/недела.
Здраво на сите, Дали некој има искуство со 'Euphoria Wedding center" во Битола? Лани го отвориле и ме интересира каква е храната и услугата
од тоа што се распрашував, услугата не била баш на место. Гостите тешко доаѓале до келнер. За останатото во однос на храна и амбиент сите што ги прашав беа задоволни.
И ние ја гледаме Ксантика, бевме пред некој ден. Местото е стварно преубаво и надвор и внатре. Ако правел некој таму, нека сподели искуство. Цените за разлика од некој други места во Ск се малку повисоки или мене така ми се виде..
Немаат објавено цени на нивната веб страна, можеш да споделиш отприлика како се движат цените за храна и пиење? Нас уште ни е рано за да гледаме ама собирам информации
Предлог ресторант за свадба надвор и да има можност за внатре/надвор опција при лоши временски услови?
Прослава правевме во Одисеја во Лисиче. Замислата ни беше ручек со најблиските и местото ни одговараше ептен. Менаџерот/газдата е многу коректен за договор. Се видовме еднаш и се слушнавме неколку пати. Услугата им е одлична, храната превкусна, се на се презадоволни. Се договоривме освен договорените порции да може да си донарача кој што сака. Имаше многу кафиња ама на крај излегоа од нив. Топло ги препорачувам за мали, мирни прослави. Мислев дека минус ќе е што нема простор за деца ама има парк карши и децата беа претежно надвор со по 1, 2 возрасни што и не е така лошо.