Здраво ние го гледаме Ксантика за наредна година исто за во летна бавча. Дали може да споделиш твое искуство ако таму си правела свадба. Ние се мислиме меѓу Ксантика и Рагуза 360.
Бевме пред некој ден и ние го гледаме за наредно лето. Што се однесува за цена за храна имаат мени 1 - 21€, мени 2 - 24€ и мени 3 - 27€ плус мени за пијалок од 6€ и 8€. Мене мени 2 24€ и пијалок 8€ ми изгледаше баш добро има опфатено се. Ме интересира како се со услога ако некој има искуство.
Аликас колкав капацитет за гости има? Би собрало околу 250 ама да биде без буткање, да може да се игра на раат? Исто така дали сте задоволни во однос на услуга и храна?
Ние лани бевме, 270 гости имаа. Имаше место баш беше полно ама не крцаше. Е сеа масите никако не се за повеќе од 10, 8ци се таман. Јас не бев нешто задоволна од храната и услугата. Го бркавме келнерот за вода. Ама зависи и од менито. После пак бев во декември таму па менито беше топ, келнерот преуслужлив. Може така се погоди во мај коа бевме. Менито беше ужасно, стек со сува пиперка беше внатре… крш.
Искрено, совршено е Ние резервиравме лани, уште не беа ни почнати со реновирање и видовме како ќе изгледа само на 3Д проект. Ептен ни се допадна и веднаш знаевме дека тоа е тоа, не зажаливме ни секунда. Не е повеќе шатор, има огромен простор за играње, масите преубаво декорирани и слободно можам да кажам дека сѐ е многу подобро од тоа што тогаш ни го покажаа. Презадоволни сме и од нивниот однос и услуга, за сѐ беа тука, достапни во секое време пред свадба за што и да не интересираше. Денот на свадба исто така, максимално посветени и растрчани околу нас, буквално вода на сред оро ни носеа, столчиња за време на прием да седнеме измеѓу пречек на гости и уште многу ситници кои во тие моменти стварно ептен ни значеа. Свадбата беше пред некој ден и уште се сите гости под импресии од ресторанот и од тоа колку гледале на сите да им угодат. Појдете и лично видете го местото од како е реновирано, многу е поубаво од колку на сликите кои им се објавени, најтопла препорака од мене
Касијана Храната и услугата одлични, газдарицата многу фина и коректна, просторот е убав, широк, да може да се игра комотно и без буткање.
Која цена им се менијата на рагуза 360 од кога го модифицираа менито? Ако има некоја закажано за 2025та нека сподели
Некој да правел скоро свадба во Ксантика да сподели искуство, услуга, храна.. дали даваат комбинација на мени да правиш..