Јас бев на свадба во Вила Ина 2022 кај братучед, храната ужас, услуга НУЛА, иако им беше кажано дека во случај на дожд имаат обезбедено некакви си тенди .... Сите покиснавме, џабе пари за шминка и фризура и плус гратис трошоци за хемиско од фустани до штикли/чевли се комплет...
Јас сум била гостин на свадба во дворот, надвор. Мене ми беше многу убава атмосферата…кога беше приемот имаше многу убав залез и поглед на градот и даваше дополнително убав амбиент. За летно време мислам дека е супер избор, имаш опција и внатре за секој случај од невреме и надвор. За храна не се сеќавам али беше добра сигурно пошо мене буквално на сите места и свадби јадењето ми е горе доле исто малку подобро или полошо. Јас сакав да правам свадба таму годинава ама нема термин за жал. За внатрешниот дел ми изгледа интересно индустриски и убаво изгледа само ако се игра добро со светло како диско дава атмосфера иначе е многу сив. Како и да е според мене модерен концепт.
Девојки,препорачајте ми ресторан/локал кој има надворешна градина или отворен дел кој што би бил соодветен за регистрација,за околу 15луѓе ?
Женски, предлог вила за 50 тина гости венчавка? Живци искинав сегде бараат мин 150 а не сакам толкава веселба..
Машала. Што направија со цениве? Еден познаник муслиман скоро ќе прави свадба, 18€ по порција му зима ресторанот. Само не знам кој ресторан. Некој албански.
Пред 2 години правев во Ragusa Rooftop најефтината комбинација беше 27 евра 10 евра поефтино од сега. Ама искрено и сега би ги дала парите знам дека е скапо ама се дефинитивно број еден во Македонија. Не може мана да им се најде. Услуга, храна, простор се е на највисоко ниво.
Рачунај дека тогаш беше ковид пандемија и беа приморани да ги намалат цените за да имаат гости. Таа цена не е воопшто скапа, туку реална. 40€ од порција е веќе претерано, па кој сака ресторан нека биде. Повеќе името на Рагуза им го плаќаш, отколку храната и услугата. Скоро во повеќето добри ресторани имаш добра храна и услуга за прослава на свадба.
2023 не беше пандемија. Тоа време беше во Мериот 40€ а за Хилтон да не збориме ама не ми се прави свадба во конференциска сала. Не викам дека другите ресторани не се добри ама за мене се Рагуза број еден. За услуга нема еден гостин што не ги пофали. Плус секаде е поскапено не само таму. И бендови и фотографи се поскапени. Луксуз е да правиш свадба денес.
Сакав да кажам дека рестораните после пандемијата беа со намалени цени од тие ненормалните цени, но еве 2025 се вратија со ненормалните цени. Боље во Косовë ќе правам свадба, отколку тука со изгор цени, ко во Лондон да правам свадба. Но секој со своето искуство.
Предложете некое убав ресторан со градина кај што може да дојде матичар за венчавка , а да биде за 20-50 гости.
Ние во Парк правевме, исто 2023та, нашата 28 евра беше, второто мени. Исто, презадоволна, нема кој не ги пофали храната и услугата. Пак би ги избрала нив да бирам.